ГИ ИНТЕРЕСИРААТ САМО ПАРИ: Владата на СДСМ ги брка инвеститорите за да цветаат бизнисите на Заев и Анѓушев

Додека неколку илјади македонски граѓани стравуваат дека ќе останат без работно место и егзистенција ако странски компании одлучат да ја напуштат земјава, челниците во македонската Влада тријат раце.

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во првите 100 дена откако седнаа на столчињата на „Илинденска“, покажаа дека ќе се грижат единствено за бизнисите на своите семејства и пријателите.

Само 10 дена откако е назначен новиот генерален директор на ЕЛЕМ, Драган Миновски, на својот претпоставен во Владата, вицепремиерот Кочо Анѓушев, му доделил тендер на фирмата „Фероинвест“, која ја основа токму Анѓушев и од која само козметички се повлече од местото управител. Вредноста на доделениот тендер изнесува 165 милиони денари со ДДВ или 2.6 милиони евра, ова значи дека вицепремиерот Анѓушев со криминалниот тендер на ЕЛЕМ ќе има над 30 милиони евра лично богатство, а и Заеви може да се омрсат од државните тендери.

Додека Анѓушев користејќи ја својата функција продолжува да се богати иако веќе е мултимилионер, додека тој како вицепремиер и натаму е во план да си доделува тендери и да му цвета бизнисот, странски компании поради неспособноста на новата Влада, веќе најавуваат дека ќе ја напуштат нашата земја. Ваква одлука би им одговарала на Заев и Анѓушев бидејќи сакаат да ги избркаат инвеститорите за единствениот бизнис кој ќе цвета да бидат семејните бизниси на овие двајца политичари.

Од „Фероинвест“ истакнуваат дека не само овој, туку се во план да добијат и други тендери. Велат дека и во иднина ќе учествуваат на сите јавни огласи каде има деловен интерес и каде може да понуди  свои производи.

Ниту премиерот Заев нема намера да престане да доделува милионски тендери на своите најблиски. Она што го правеше на локално ниво, сега го пренесе на централно.

Заев: Анѓушев ќе добива тендери, моето семејство ќе продава ајвар

 

Zaev-Angjusev-pari

Заев вели дека нема судир на интереси во тоа што фирмата Фероинвест, во која што вицепремиерот Кочо Анѓушев е еден од сопствениците, учествува на тендер на ЕЛЕМ вреден 2,6 милиони евра.

-Драго ми е што медиумите ја водат оваа постапка и јавноста треба да знае за тоа. Но, дали тоа значи дека семејството Заеви што произведува ајвар, од нив не треба да набавува ниту една државна институција која има исхрана во заеднички мензи!? Фирмите во Македонија мора да работат, но важно е да се разграничи и да нема влијание при одлучувањето или во управување со фирмата, истовремено истото лице кое е во Владата. Како ќе привлечеме квалитетни луѓе од бизнис заедницата да помогнат во работата, ако од нив бараме да ги затворат фирмите и да ги отпуштат вработените“, изјави Заев за време на посетата на затворот „Идризово“.

Корупцијата во Владата цвета!

Вицепремиерот Анѓушев од државата добива криминален тендер во вредност од 2,6 милиони евра. Во обидот да го премолчи кршењето на законот добива поддршка од премиерот Заев.

Заев, пак, продолжува да собира добробити само за членови на своето семејство. Она што го правеше како градоначалник на Струмица, кога доделуваше тендери само на свои роднини и пријатели, од локално го преврла на централно ниво. Очигледно е дека милионските тендери ќе завршуваат во џебовите на неговите соработници и членови на семејството. Корупцијата во Владата цвета, а највисоките функционери продолжуваат да ја мамат јавноста. Предизборните ветувања секој ден “паѓаат во вода“. Така, ветувањето дека пари ќе се враќале во џебовите на граѓаните, се реализира како ново ветување парите да завршуваат во џебовите на најблиските на Зоран Заев.

СДСМ ги брка инвеститорите, многу граѓани ќе останат без работа

Македонија изминативе години стана позната како земја со најповолна инвестициска клима. Огромен број на странски компании од секаде во светот одлучија тука да го вложат својот капитал и да го продолжат својот бизнис. Придобивка од тоа најмногу имаа граѓаните бидејќи овие компании вработија илјадници лица. Но, бенефит добија и домашните фирми кои соработуваа со странските.

Светските бизнисмени со години даваа само пофални зборови за земјава како локација каде сакаат да инвестираат, ги селеа своите бизниси во Македонија, ја препорачуваа на соработниците, обучуваа кадар кој го вработуваа, обезбедија егзистенција за огромен број на семејства, го ширеа бизнисот, набавуваа од домашните фирми, извозот растеше, помагаа во нагорна линија на економски раст. Но, потоа на власт во Македонија дојде Зоран Заев и работите веќе тргнаа во погрешна насока

Со доаѓањето на СДСМ на власт, се отвори ризикот дел од странските компании да ја напуштат државата.Освен што не се привлекуваат нови инвеститори, со ваков начин на работа ќе се избркаат и оние кои веќе вложија или планираа да инвестираат во Македонија. Доколку владата на Заев продолжи со ваквата политика и инвеститорите ја напуштат Македонија, многу лица ќе останат без работа.

Сепак, најголема грижа за Заев останува како да продолжат да растат неговите семејни бизниси, а не му е грижа колку семејства можат да останат без егзистенција!