Младите разочарани од празните ветувања на СДС: Каде е таа младинска гаранција, не се сите деца на директори!

Ова што само пред околу три месеци го зборуваа и ветуваа како една од главните мреки која треба да им помогне на младите во двржавата, се чини дека владата на СДС го заборави во истиот момент кога дојде на власт. Од мерката т.н. младинска гаранција со која во предизборието на сите млади им ветуваа три опции по завршувањето на високото образование,да бидат вработени, да го продолжат образованието или пак да одат на дообучување, нема ниту трага.

Голем дел од младите кои на овие ветувања гледале со надеж за подобра иднина веќе ја согледаа реалната ситуација, дена младинската гаранција звучеше добро како верување, но дека само тоа и ќе остане.

Тие својот револт и незадоволство деновиве јавно го искажуваат на социјалните мрежи каде ги прозиваат сите оние кои има ветуваа се и сешто пред да дојдат на власт.