ВЛАДАТА ОСЛОБОДУВА КРИМИНАЛЦИ: По Красниќи пуштен на слобода и Бајруш, на Заев му требаат пред изборите

Осуденици за тешки кривични дела излегуваат од затвор во пресрет на локалните избори. Владата ги ослободува, а за возврат очекува нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори. Зоран Заев и Владата по ослободувањето на Агим Красниќи од затвор, на слобода го пуштија и Бајруш Сејдиу.

Вчера на пладне од затворот во Штип, дома за Куманово си замина Сејдиу, кој повеќе од шест години е во затвор за перење пари, насилство, злосторничко здружување и фалсификување.

Сејдиу е пуштен по молба за прекин на казната, а со дозвола на директорот на Управата за извршување санкции. Сејдиу доби привремен отпуст до четврти октомври, а како што официјално е наведено од медицински причини.

Бајруш Сејдиу е осуден на казна затвор од 12 години. Во придружба на полицијата често беше носен на прегледи и интервенција во Клиничката болница во Штип.

Ова е втор затвореник со звучно име како привремено го напушта штипскиот затвор. Неодамна, на викенд беше пуштен Кондовецот Агим Красниќи, осуден за изборни насилства, но тој не се врати назад во затворот.

Прв пат по девет години, Агим Красниќи, познат по кондовската опсада на Скопје, влезе во своето село Кондово на 8 септември. Неговите соселани му посакаа добредојде, со пароли на кои што пишуваше „Добредојде команданту”, јавија медиумите на почетокот на месецов.

Красниќи заедно со својата седумчлена вооружена дружина беше уапсен во 2008 година за нерегуларности и предизвикување инциденти за време на тогашните парламентарни избори, поседување оружје и злосторничко здружување. Вкупно им беа изречени преку 50 години затвор.

Красниќи од Кондово, водач на Кондовската група, која се поврзуваше со повеќе кривични дела, беше приведен после неколкудневното држење на Скопје под опсада и закани за во оружен напад од Кондово кон главниот град. Красниќи ја одлежа казната во Штипскиот затвор, каде и се венчаше со својата избраничка.

Во минатото Красниќи важеше за многу близок до претседателот на ДПА, Мендух Тачи.