ГО ЗЕЗААТ И НЕГОВИТЕ: Сдсмовските медиуми му порачаа на владиниот генерален секретар: РАШКОВСКИ, ВРАТИ СЕ НА ПРАВЕН!

Владиниот генерален секретар Драги Рашковски стана предмет на потсмев по низата свои непромислени изјави и постапки, притоа станивајќи синоним за непотизам во новата владата на СДСМ и Зоран Заев.

Ако досега главните критики кон Рашковски се упатуваа воглавно од опозициските медиуми, сега дури и медиуми кои се под директна контрола на СДСМ и Зоран Заев, како владиното гласило „Фокус“ се подбиваат со Рашковски.

„Фокус“ на својата насловна страна му порачува на Рашковски да се врател на правен и дека владиниот генерален секретар „не и се погодил на јавноста“.

–Кога Заев го постави професорот Драги Рашковски за генерален секретар на Владата, за многумина тоа беше вистински потег, зашто своите иновации и идеи тој ќе може да ги примени во интерес на два милиони граѓани. За жал, Рашковски почна да заличува на крава која дава десетпати повеќе млеко од другите во стадото, но на крајот знае да ја клоцне кофата и да го истури млекото, пишува гласилото на Заев за Рашковски.

Останува отворено прашање дали на овој начин премиерот и лидер на СДСМ сака да му укаже на Рашковски за неговата неспособност, па преку медиуми му праќа пораки да се повлече?