ВМРО-ДПМНЕ: ЕЛЕМ станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и Анѓушев

ЕЛЕМ станува фирма задолжена за перење на пари и матни тендери на пријателите на Заев и вицепремиерот Анѓушев, стои во денешната рекација од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Драган Миновски.

-Манипулативните напади насочени кон претходните раководни лица, објавени на денешната прес конференција се само обид да се избега од реалните скандали на владата на СДС. ЕЛЕМ е компанијата која намести тендер и од кој требаше да се офајди фирмата на вицепремиерот Анѓушев во износ од 2.6 милиони евра. ЕЛЕМ е компанијата која поништи легален тендер за РЕК Битола со која требаше на долг рок да ги намали трошоците за ископ на јаглен и со сопствени средства да обезбедува ископ, нешто што не му одговара на актуелното раководство, велат од партијата.