Бајруш и Красниќи започнаа со извршување на нарачките на Заев: Притисок и уцени врз гласачите да гласаат за СДСМ

Структурите на Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи започнаа со извршување на црното сценарио на СДСМ за фалсификат и кражба на локалните избори. Двајцата осудени криминалци Заев и СДСМ ги пуштија на слобода за викенд „поради здравствени причини“ после што тие не се вратија во затворите.

Bajrus-Krasniki

Сега, за да останат на слобода и по локалните договорот со СДСМ е да извршат валкана работа на локалните избори преку притисоци, закани и уцени кон населението во западниот дел на Македонија, кумановскиот регион и особено фокус на Скопје, каде што преку уценети и купени гласови СДСМ се надева дека може да ја спречи очекуваната победа на Коце Трајановски.

Во Скопје и низ други градови во Македонија, според нашите информации, Красниќи и Бајруш преку свои канали во подземјето имаат за цел да учествуваат во фалсификатот на 40.000 гласови кои СДСМ пресметал дека му се неопходни за да се спаси од катастрофален пораз на локалните избори.

Нашата редакција во неколку наврати пишуваше за плановите на СДСМ преку ослободување криминалци од затвор и подземјето, преку МВР и други клучни министерства да уценуваат луѓе и со невиден притисок и со купување гласови каде што е возможно да украдат десетици илјади гласови на локалните избори.

Bajrus-Krasniki-1

Заев започна да ослободува криминалци од затворите, МВР и финансовите полиции започнаа со спроведувањето хајки – доказ дека СДСМ започна со реализација на очајничкиот план за спас од катастрофален пораз.

Но, расположението меѓу граѓаните за ваквите потези на СДСМ кои не се воопшто незабележани се гледа на анкетите. СДСМ го чека тежок пораз и казна од народот не само за неспособните политики и штетните одлуки за Македонија, туку и за обидите после насилното доаѓање на власт, преку насилство, криминал и уцени да се заробат што повеќе локални самоуправи во државата.