Земјоделците ја плаќаат цената на лагите на Заев – Им ветуваа високи цени на откупот на оризот, а сега има проблем и со откупот

Пред декемвриските избори Зоран Заев ги лажеше оризарите дека целата количина ориз ќе им биде откупена уште од првиот ден откако ќе дошле на власт. Ветувањата на Заев одеа дотаму што СДСМ лепеше плакати дека загарантираната откупна цена на оризовата арпа ќе била 25 денари за килограм, додека загарантираната откупна цена за килограм бел ориз ќе била 50 денари за килограм.

SDSM-lagi-za-otkup-na-oriz

Вистината е следна – Во моментов има сеуште неоткупени количини од минатогодишната реколта, а тоа што се откупува , се откупува по значително пониски цени. Оризарите се жалат дека цените што им се нудат за откуп на оризовата арпа изнесуваат околу 16 денари за килограм, додека за белиот ориз им се нудат цени од околу 35 денари од килограм. Оризарите се разочарани од повиците на СДСМ да гласаат за сигурен откуп и за сигурна цена на оризот. Тие велат дека прашање на време е кога ќе се излее незадоволството, бидејќи пристигнува и новата реколта.