Криминалци, дилери и рекетари се советниците на Александар Наумовски

Кандидатот на СДСМ за општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, како и пред четири години, така и сега, на сила сака да стане градоначалник.

Во 2013-та година, тој со вреќи брашно сакаше да ги поткупи своите соседи да гласаат за него, но на овие избори тоа го прави со закани и уцени.

Наумовски како свои кандидати за советници промовира криминалци, дилери и рекетари. Тоа се лица од Ѓорче Петров кои сограѓаните многу добро ги познаваат и затоа нема да им ја дадат својата доверба.

naumovski-gorcepЗошто Наумовски постави вакви луѓе на својата листа? Овој кандидат на СДСМ веќе загуби на избори во Ѓорче петров. Виде дека довербата кај сограѓаните ја нема. Сега на дрзок и валкан начин, со советници кои се закануваат и вршат притисок, сака да добие гласови.

Ѓорчепетровци ќе се побунат против СДСМ и ќе му кажат НЕ на Наумовски и неговите дилери, рекетари и криминалци.