ЕМ ПЕДЕР, ЕМ ПРЕДАВНИК: Димитров призна „Договоривме комисија со Грција, ќе ги менуваме учебниците по историја“

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров призна дека продолжува праксата на новата Влада на распродавање на македонската историја, играњето со националните интереси и рушење на позициите кои државата напорно ги градеше со години. Граѓаните гласно коментираат дека не им дале мандат на Зоран Заев, Никола Димитров и СДСМ, за да си играат со националните интереси на Македонија.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

-Ќе видиме дали новата Влада добива поголема сила или не, и потоа Владата во Скопје да покаже дали може да влезе во сериозни преговори за името. Сакам да ви кажам дека проблемот за името зад себе крие и еден проблем на иредентизам, се надевам дека од нивна страна ќе бидат преземени мерки за ограничување на иредентизмот. Во Њујорк имавме средба со министерот за надворешни работи на соседната земја, Никола Димитров. Сакам да ви кажам дека станува збор за извонредно интересна личност, со кого се договоривме да создадеме комисија која ќе изврши надзор на сузбивање на иредентизмот во учебниците. До крајот на ноември се надеваме дека ќе имаме првични резултати од ова, односно да се изврши удар врз иредентизмот и врз картите со територијални претензии. Ова е многу значаен чекор, вели Коѕијас.

Шефот на грчката дипломатија во интервјуто рече дека се надева оти до крајот на ноември ќе има први резутати од договорот со Димитров за ревидирање на учебниците.

Откако Коѕијас изјави дека се разговарало за формирање на комисии за разгледување на историските учебници, Димитров вели дека нема ништо лошо во разговори во кои ќе се утврди историскиот поглед што Скопје и Атина го имаат.

-Разговаравме во основа, тргнувајќи од цитатот на Черчил дека Балканот содава историја што нема капацитет да ја процесуира, и сите наративи на балканските држави имаат историски предрасуди, кога 2 земји решиле да се смируваат, убаво е историчарите од една и од другата страна да седнат и да разговараат за наративите на двете земји – и за тоа како Грција не гледа нас и за тоа како ние ја гледаме Грција, изјави Димитров.

Попоски признава дека договорил комисија за историјата, по што ќе следи измена на учебниците по историја по мерка на Грција, нешто што до вчера го негираше, исто како што беше случајот со договорот со Бугарија, каде што потоа се потпише промена на спорните делови за Бугарија од учебниците за историја.

Комисијата треба да биде составена и со работа да почне од ноември, т.е. после локалните избори, што буди сомнеж дека СДСМ после изборите сака повторно да почне со преговори штетни по државноста на Македонија, а во предизборниот период да ги лаже граѓаните дека ништо нема да биде променето. Експертската јавност вели дека од авион се гледа дека токму тоа е идејата на Владата, по изборите да почне да ги плаќа сметките на оние кои ги донесоа на власт.

Никола Димитров вели дека се` уште се исцртуваат контурите и се размислува за тоа во каков формат ќе се води процесот кој веќе неколку години е статус-кво. Она што се најавува е дека ќе има раздвижување по завршувањето на локалните избори, по кои се очекува и засилен ангажман на посредникот Метју Нимиц.

-Многу е важно да гледаме напред, да се извлечат идентитеските прашања од процесот и комункиација и разбирање на грижите на другата страна. Јасно е дека на Грција и пречи кога се објавуваат мапи со територија на Грција, како што и нам ни пречат мапи кои навлегуваат на наша територија, изјави Димитров.

Експертската јавност вели дека ова значи дека целта е да се смени името, а идентитетот на државата да не е предмет на преговори на договорот. Како што велат тие тоа пред се беше цел на Грција, а Димитров ја покажува како цел на Македонија. Ставот на Грција е дека идентитетот, името на јазикот и името на нацијата треба да ја следи судбината на името на државата.

Експертите велат дека тука се кријат многу интриги, тие се едногласни дека власта се обидува да продаде теза дека се менува името на државата, но не и идентитетот. Тие велат дека логично е од Грција во овој момент да се бара да се признае идентитетот на Македонците, со македонски јазик и македонска нација.

Се погласно се зборува и дека оваа попустлива политика на Владата предводена од Зоран Заев, ќе значи дека Грција ќе бара да попуштиме во сите полиња, веројатно ќе бараат промена на пасоши, лични карти и други документи, каде е запишано името на националноста.

Експертите велат дека дефинитивно се поставуваат контурите на преговорите за промена на името веднаш по локалните избори. Како што сметаат тие се чека да поминат локалните избори, а пред тоа граѓаните да бидат лажени дека ништо од ова нема да биде.

Експертската јавност вели дека овие најави не треба да претставуваат изненадување, посебно откако Заев веќе и самиот најави дека ќе има промени и во учебниците по историја, според желбата на Бугарија, како што тој кажа ќе има ревидирање на спорните делови од учебниците, а спорни делови за Бугарија се револуционери како Гоце Делчев, Никола Карев, Јане Сандански и многу други историски личности на Македонија.

-Едно од отворените теми во Македонија е дел од прашањето за несоодветна употреба на зборови во учебниците и во одредени други материјали, кои официјално државни материјали. Постои консензус во Македонија по ова прашње и сите нови изданија ќе имаат отстрането сите грешки кои што оставаат трага, во најблага форма кажано, на непријатност, која што не е во функција на она што се залагаме сите. Како што знаете, веќе се направени одредени чекори за таа соработка да расте, и тоа во минатото, не само од нашата нова Влада. Има многу датуми кога се се чествуваат настани пред гробишта на покојни војници, се обновуваат одредени обележја кои што се значајни и за нашата, но и за бугарската историја. Спомен плочата во Струмица го има отклонето зборчето „фашистички“. Значи, нема да дефинирам поими за да навлезам директно во историјата оти ние сме политичари, но сигурно ќе биде во духот на тоа што се залагаме дека тоа е заедничка историска личност овдека на Балканите, рече Заев во скандалозната изјава.