УКИНУВАЊЕ НА СÈ МАКЕДОНСКО: СДСМ ја укина наградата на „23 Октомври“ за годинава

Министерството за култура на седницата на владата достави информација  заедно со предлог  годинава да не биде доделена наградата „23 октомври“.

Владата го усвои предлогот врз основа на информацијата дека на комисијата за доделување на оваа награда мандатот  завршил во февруари оваа година и дека претходната влада не покренала постапка за формирање нова.

Заради оваа ситуација биле пробиени и сите други рокови за пријавување на кандидати за оваа награда.