Максим Димитриевски купил куќа во Ханиоти во Грција за половина милион евра

СДСМ можеби не ги исполнува ветувањата дадени пред граѓаните за подобар живот, ветувања како што беше повисока просечна плата, која што откако дојде новата власт, после долги години падна, нема веќе покачување на пензиите, земјоделците ќе останат без субвенции. Сепак подобар живот дојде, но за лицата од раководството на партијата, како на пример Максим Димитриевски, кој си купил куќа од половина милион евра во Ханиоти, Грција.

Додека економијата паѓа, на граѓаните им се заканува голема сиромаштија, државата за четири месеци е задолжена за повеќе од 400 милиони евра, Максим Димитриевски изгледа се обогатил, па успеал да си купи и куќа во атрактивното туристичко место во Грција, куќа вредна половина милион евра.

Инаку Максим Димитриевски е познат и од минатото по низа инциденти кои ги предизвикувал и по својата арогантност и демонстрирање сила. Пред околу еден месец со обезбедување од 5-6 луге Максим Димитриевски, пратеникот на СДСМ и кандидат за градоначалник на Куманово и Марјан Даскаловски, претседател на СДСМ ОО Струмица и пратеник до 2016 влегле во ноќниот клуб Куба Либре во Охрид.

Тие во локалот биле гости на резервирано сепаре, каде според информациите кои ги добивме од гости во клубот, можеле да се забежелат скапи пијалоци кои ги пиеле двојката од СДСМ.

Инаку, Максим Димитриевски е познат по своето проблематично однесување, тој пред некое време нападна момче во ресторан, слуај кој медиумите под контрола на СДСМ, пробаа да го извртат и да го претстават Димитриевски како жртва, што беше демантирано од полицискиот извештај