Душко Млекарот: Претседателе, кажете како ме праќавте по телевизии за да зборам, а сега се правите шерифи (ФОТО)

Големо незадоволство од работата на Владата на СДСМ изразуваат и луге кои беа најмногу користење во кампањата на оваа партија во минативе години. Душан Илиевски, познат како Душко млекарот, повторно со големи критики за однесувањето на лугето од владеачката партија. Незадоволство и разочараност од работата на новата Влада покажуваат најголем дел од граѓаните, кои коментираат дека како новата власт да ги заборавила зборовите и ветувањата кои ги дала пред изборите.

Душко млекарот преку Фејсбук испрати порака до пратеникот Васко Ковачевски, кој е од Битола. Тој во пораката вели дека ја сака СДСМ и дека ќе остане СДСМ, но тој вели дека сегашното раководство на партијата, гледа само да профитира од партијата и да го наполни својот џеб.

Во друг пост на Фејсбук Илиевски освен Ковачевкси го напаѓа и генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, тој им порача дека и на двајцата кариерата ќе им заврши исто како и на Менде Диневски од Битола. Тој го прашува дали се сеќава на заедничкиот прес кој го држеле пред Министерството за внатрешни работи и вели дека тие сега се однесуваат како шерифи во партијата.

Тој на Фејсбук напиша и дека Васко Ковачевкси кажувал да не се фотографира на средба со бизнисмени, бидејќи тие не сакале да бидат фотографирани. Тој во постот вели дека бизнисмените не можело, а обичниот народ како него може да биде фотографиран за ТВ маркетинг од страна на СДСМ.

Тој објави и фотографија каде што вели дека потпретседателката на СДСМ и министерка на внатрешни работа, Радмила Шекеринска барале да бидат исклучени телефоните на средба со граѓани, за да не снимале.

Незадоволството од работата и односот на Владата на СДСМ покажуваат најголемиот дел од граѓаните на Република Македонија, а голем е делот и на оние нивни членови и силни подрржувачи кои силно ја критикуваат работата на новата Владата.

Граѓаните велат дека СДСМ не исполнува ништо од ветувањата, место 500 евра просечна плата, откако е СДСМ на власт просечната плата паѓа, пензионерите нема веќе да го имаат покачувањето на пензиите, земјоделците ќе останат без субвенциите. Граѓаните се чувствуваат прелажани од новата власт, за која што како што велат, гледа само да го наполни својот џеб, според нив животот дојде само на лугето блиски до раководството на СДСМ.