Рашковски се надмина со ароганцијата: Не се откажува од дополнителните 500 евра од Телеком

Генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев Драги Рашковски треба да има само еден грам морал за да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата член на собранието на акционери на Телеком. Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал.

Од опозицискаа ВМРО-ДПМНЕ, неколку дена по ред потсетуваат дека членувањето на Рашковски во управен одбор е против законско, но од негова страна нема никаква реакција.

Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, вели Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

За секое присуство на седница на собранието на акционери, во кое Рашковски сам се назначи, тој ќе добива по 500 евра, а му следуваат и службен телефон со неограничен лимит, компјутери, користење на службено возило на негово барање.

СЗгора на тоа Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции. Не е доволно само повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска што се именуваше во второстепената владина комисија и повлекувањето на неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ. Овие лица треба веднаш да ги вратат народните пари кои ги испумпаа од буџетот на Република Македонија. Република Македонија не е ничија приватна сопственост и Рашковски заедно со Заев не можат да се однесуваат кон државата како кон колач кој ќе го поделат неколку фамилии од власта.