Златко Марин барал рекет по фирми: Албански портал објави документи како се финансира кампањата на СДСМ и ДУИ

Нашата редакција дојде до шокантен документ потпишан лично од Златко Марин, претседател на ОО СДСМ Аеродром и кандидат за градоначалник на истата општина, во кое тој запишувал колку рекет од која фирма земал. Сумите се фрапантни и се движат и до неколку илјади евра, пишува албанскиот портал Portalishkupi.

-Документот како што може да се прочита од истиот бил презентиран пред ОО СДСМ Аеродром и за истиот било известени поширокото раководство на партијата. Според напишаното во извештајот може да прочитаме дека за ваквата активност на Марин бил информиран и Зоран Заев и поширокото раководство на централата на СДСМ.
Ова е скандал и покажува како функционира двоецот СДСМ-ДУИ, рекетира, уценува и зема илјадници евра од фирмите и бизнисмените кои мора да даваат пари за кампањата на власта, доколку сакаат да бидат поштедени од инспекции, но и со ветување дека после избори ќе бидат поштедени од секаков вид на контроли на државните инспекторати, пишува порталот.

marin-1640Од документот, како што пишува Portalishkupi јасно се гледа дека Марин од фирмата МП компјутерс земал 500 евра во кеш и 500 евра како репрезентација во кафеана. Одреден Дуле дал 300.000 денари. Ресторанот Тга за југ имал отворено сметка за СДСМ за време на парламентарните избори и не се знае колку е потрошено, истата поддршка е ветена и за локалните избори.

-Ресторанот Рулет исто така е изрекетиран со отварање на отворена сметка за членовите на СДСМ, но и за организирање за бесплатна забава за млади. Фирмата Изградба Комерц била изрекетирана 1000 евра, и исто така е ветен пропаганден материјал. Ова се само дел од изрекетираните фирми од страна на двоецот СДСМ – ДУИ, ваквиот тип на работа е пример за сите општини каде овие две партии имаат интерес. Ниту една од овие фирми ја нема во списокот на донатори кои се пријавени од страна на СДСМ и ДУИ до државниот завод за ревизија, пишува Portalishkupi.