СКАНДАЛ: Александар Наумовски и ветил на Царовска изградба на згради за мигранти во Ѓорче Петров, во населба Хром

Доколку кандидатот на СДСМ за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, ѓорчепетровци ќе имаат соседи мигранти. Имено, Наумовски и ветил на Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика и ветил изградба на згради во населба Хром.

Иако голем број на граѓани бараа референдуми против планот на Владата за населување на мигранти во Македонија, а голем дел од општинските совети донесоа одлука за одржување на истите, Инспекторатот за локална самоуправа, кој е под контора на СДСМ, донесе одлука за стопирање на истите.

Реалната закана за населување на мигранти постои во сите општини, а според нашите информации дел од населба Хром, во Општина Ѓорче Петров е планиран да биде искористен за изградба на згради за нив доколку Александар Наумовски стане градоначалник на Ѓорче Петров.

Како што вели нашиот извор, СДСМ мора да го исплати цехот на оние кои што ги донесоа на власт и ќе се обидат преку Наумовски, како нивни човек да донесат мигранти во Ѓорче Петров, нешто што претставува сериозна закана за менување на демографската слика на оваа општина.

Доказ дека заканата за населување на мигранти е сериозна е и ставот на министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Ескпертската јавност предупредува дека ова прашање мора да се земе со голема сериозност, бидејќи претставува голема опасност за менување на демографската слика на Македонија. Според експертите доказ дека Македонија е подготвена да ги прими мигрантите е изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров.

-Македонија е подготвена да досели мигранти, кажа шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во изјава за Дојче Веле.

Позади одлуката за неодржување на референдумите, најверојатно се крие стравот на СДСМ од исходот, па тие на сите начини се обидуваа да ги минираат референдумите. Доказ дека стравот кај владеачката партија е голем е и кривичната пријава за Видан Лазарев кој ја водеше кампањата на „Будење Штип“. Ова е само еден од примерите каде СДСМ преку кривични пријави се обидува да ги заплаши и замолчи граѓаните на Република Македонија. Како што вели активистот Лазарев, кривичната пријавата на СДСМ е нелогична.

-Оваа кривична пријава на СДСМ е врв на притисоците, уцените и заканите кон мене, како предводник на граѓанската иницијатива „Будење“. Оваа кривична пријава и сите уцени, закани, притисоци се со цел да ме замолчат мене и граѓанската иницијатива, но и да ги замолчат граѓаните, изјави Лазарев.

Тој смета дека со ваквата кривична пријава СДСМ со покажување на сила од позиција на власт, сака да го спречи отстварувањето на најосновнот и демократско право на граѓаните преку референдум да решаваат за најсуштинските прашања кои ги засегаат.

-Со ова СДСМ уште еднаш покажува дека нема демократски капацитет и дека не може да се соочи со гласот на граѓаните, порача Лазарев.

Доколку се реализира националната стратегија и Акцискиот план за интеграција на странци и бегалци на Владата на Зоран Заев, план кој многу полесно ќе се реализира ако локалната власт е под контрола на неговите градоначалници, освен за Ѓорче Петров ќе претставува голема закана и за многу други општини. Охрид, Куманово, Кавадарци, Битола, Прилеп, Кочани, Радовиш, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Аеродром, Неготино, Дојран, Богданци, Гевгелија и Штип, се 17-те општини во кои Владата планира да се населат мигрантите.

Ѓорчепетровци порачуваа дека не сакаат во своето соседство населување на мигранти, не сакаат менување на демографската слика на општината, нешто што Александар Наумовски го ветил на своите претпоставени во СДСМ, премиерот Зоран Заев и министерката Мила Царовска.