Вашата одлука е конечна – Само граѓаните одлучуваат за иднината на Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во Гевгелија истакна дека граѓаните се оние кои на 15-ти октомври ќе одлучат дали ќе продолжи слободното паѓање или тоа ќе биде сопрено и ќе почне новата ера во Македонија.

-Вашата одлука е многу важна – тоа не е само уште една обична одлука. Ние не гласаме само за нашите градоначалници, за нашите градови туку сите ние заедно ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15-ти октомври. Вашата одлука е конечна. Вие го имате последниот збор. Запомнете дека само граѓаните на Македонија, вие одлучувате за заедничката иднина, за иднината на нашите градови и за иднината на нашата држава, вели Груевски.

Тој нагласи дека се партија на граѓаните на Македонија и се гаранција за силна Македонија.

Груевски посочи дека во изминатиот период од 5 месеци видовме катастрофална економска политика од владата при што преполовени се капиталните инвестиции, индустријата оди надоле, а градежништвото тоне.

-Извоз кој опаѓа, девизни резерви кои секој ден се топат. Просечни плати кои наместо да растат опаѓаат, а беше ветувано раст на просечната плата за 500 евра за секој граѓанин Пензии чие зголемување е укинато, субвенции за земјоделци кои се намалуваат. Ова е сликата за денес. Сиромаштија која расте, а граѓаните ја губат сигурноста. Афери кои се случуваат на дневна основа. Тендери кои си ги делат на луѓето од власта. Ветуваат воздух и живот, ама така апстрактно, несуштински, како ветар и магла. Колата тргна надоле. Ова допира и влијае на сите граѓани. Ова се однесува на судбината на секој од вас. Се работи за нашата држава,
вели Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика и оние кои гласаат за СДСМ, да му се придружат на ВМРО-ДПМНЕ и напорите да се обединат за да направат посилна Македонија.

Груевски нагласи дека Заев не вреди, аграѓаните заслужуваат подобро.

Овој човек не е загрижен за намалување на невработеноста. Тој не е загрижен за развојот и напредокот на нашите градови и општини, не е загрижен за обезбедување на среќата и спокојството на вашите семејства. Погледнете дека тој не е загрижен за земјоделците, работниците, невработените. Тој ги нема сите во својата агенда. Тој нема љубов кон знамето и татковината. Тој многу добро знае дека нема капацитет и способност да превземе одговорност за она што треба да го направи и да го надгради она што ние досега сме го направиле.Тој нема храброст да ги реализира сите решенија и проекти што ги замислуваме за нашата земја. Тој воопшто не може да ја оствари визијата и соништата што ги подготвуваме за Македонија. Дури и соништата на овој човек не можат да нѐ фатат, дури и неговите соништа се зад она што реално го нудиме. Тој е празен. Неговиот капацитет, неговата визија, не се доволни да го направат она што можеме ние да го направиме, дециден е Груевски.