Криминалот царува: Трајче и Вице Заеви бараат рекет од бизнисмени за да местат тендери

Криминалот царува откако Зоран Заев стана премиер, а СДСМ формираше Влада во Македонија. Цветаат бизнисите на неговите најблиски соработници, се постапува незаконски и се заобиколуваат законите со криминални дејствувања.

Како што дознаваме, Трајче и Вице Заеви изминатиов период канат бизнисмени во еден елитен скопски хотел каде им бараат рекет и местат тендери. Се уште не се расчистени скандалозните тендери за Кочо Анѓушев, а веќе нови скандали излегоа на повидок.

Еден од бизнисмените кои биле повикани на состанок со Заеви, вели дека бил викнат во еден елитен хотел во Скопје, каде во една од просториите биле Трајче и Вице Заев кој бил со обезбедување. Според неговото сведоштво, Вице Заев дрско побарал да му биде понудена цена за еден од тендерите кои ќе ги доделува државата.

Станува збор за милионски тендер од кој најмногу ќе има корист повторно фамилијата Заеви.