Груевски: Наша цел е да го зголемиме квалитетот на животот и животниот стандард на нашите граѓани

На централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска во Шуто Оризари, пред граѓаните се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ произлегува од проекти и решенија. Дека решенијата и проектите ја формираат нивната политика.

-Нашата политика е заснована на помош на луѓето и тоа го правевме редовно и со Амди Бајрам и со Елвис Бајрам и секогаш се трудевме да помогнеме на луѓето, да најдеме решение, да се изгради нешто за Шуто Оризари. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера на 150 илјади нови работни места, тоа го нудиме ние оваа Коалиција која веќе во минатата декада отвори 173 илјади работни места и невработеноста ја намали од без малку 40 на 22 проценти. Ние можеме да ветиме дека ќе отвориме нови 150 илјади работни места и ќе ја намалиме невработеноста под 10 проценти. Секој што сака да работи ако е упорен и ако сака да најде работа ќе ја најде. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари. Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови.