СМРТ НАМЕСТО ЖИВОТ: Починаа 130 бебиња – Владата нема одговор за смртноста на новороденчињата

Низа трагедии ја потресоа македонската јавност, а Зоран Заев си тера кампања пред локалните избори. Бебиња и деца умираат, а Владата избегнува одговорност обидувајќи се да ги заташка грозоморните случаи.

СДСМ ветуваше дека ќе донесе живот во Македонија, а наместо живот донесе смрт. Пред неколку дена две ипол годишно детенце го загуби животот на Детска клиника. Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што добивме и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.

Случајот со починатото детенце на Детска клиника е само една од низата трагедии кои ја потресоа цела јавност, откако Заев е премиер, а неговите луѓе се поставени како директори на клиниките.

Додека премиерот Зоран Заев си тера кампања, во македонското здравство се случува вистински хорор и хаос. За жал, смртните случаи во болниците стануваат се почеста појава, никој од одговорните се уште нема понесено никаква одговорност.

Минатата сабота во тетовската болница почина триесетгодишна родилка, а неколку дена подоцна почина и бебето, кое беше беше префрлено во Детската клиника во Скопје. На родилката која заврши трагично во тетовската клиника ова и било втора бременост.

Шест дечиња ги загубија животите за само неколку дена во месец август. Четири новороденчиња починаа на ГАК, две ипол годишно детенце во Охрид и 7-месечно бебе во Струга. Црниот биланс е поголем. Вкупно 9 дечиња ги загубија животите за само два месеци.

Владата не сака да понесе одговорност, додека повеќе семејства се завиени во црно, голем број на родители стравуваат за иднината на сопствените деца, а јавноста бара некој да одговара за црниот биланс.

Живот за сите, освен за бебињата?!

Дури и најжестоките поддржувачи на Заев и неговите политики, излегоа со остри пораки за ваквиот игноранстки однос на Заев и неговите министри пред големите трагедии.

Со низа критики за постапките и непревземањето одговорност од страна на Заев и за неговите луѓе излезе и Сашо Ордановски. Тој во колумна насловена како „Живот за сите, освен за бебињата?!“, удри по политичарот чии постапки со години јавно ги фалеше и поздравуваше.

-Во нормални држави, кога ќе ви умрат 130 бебиња за неполни десет месеци во главното државно породилиште во земјата, се одлагаат сите други активности и се решава тој проблем ИТНО и БЕЗ ОДЛАГАЊЕ! Само во Македонија може да се случи надлежниот министер (за здравство) да се даде во нова изборна кампања, додека има криза од ваков обем во ресорот, а при тоа да се надева и дека ќе ги добие изборите! И само во Македонија премиерот ветува здравствени ДОНАЦИИ, качен на бина на предизборен митинг – дополнителен популистички митингашки безобразлук е што тоа ќе го направел со парите заработени од продажбата на мајбахот на Грујо! Па, каков „Живот за сите“ ветува Заев по митинзи, кога ни/му умираат бебиња по државни инкубатори како да се вински мушички?! И кои се тие други приоритети во државата, за надлежното Министерство да не може да набави – без тендер! – толку нови инкубатори (20, 50, 100?) колку што се неопходни. Всушност, зошто веќе ВЧЕРА, итно и без одлагање, не се набавени тие неопходни апаратури?!, напиша Ордановски.

Политички поени на грбот на починатите деца!

Деца умираат низ клиниките, а Заев си собира политички поени на митинг говорејќи за Мерцедесот.

На митинг во Скопје најави дека со парите од овој автомобил ќе купува амбулантни возила, сакајќи пред јавноста да покаже дека, ете, се грижи за здравството.

По секоја трагедија, Заев молчеше и згора на тоа се обидуваше да го заташка случајот за да се спаси себеси и неговите соработници од одговорност. Во друга држава, премиерот лично ќе бара одговорност, ќе ги истражи случаите, а ако се докаже дека во прашање се грешки на луѓето кои сам ги постави на функции, треба да си поднесе оставка. Но, Заев е зафатен со одржување на митинзите и за големите потресителни трагедии, очигледно нема време.

ВМРО-ДПМНЕ: Инспекцијата на ГАК ги потврди нашите наводи за низа неправилности во работењето на клиниката

Санитарниот инспекторат по извршената инспекција на Клиниката за гинекологија во Скопје одржа прес конференција во која беа посочени низа неправилности во работењето. На директорката Ирина Сотирова Бухова очигледно според снимките во медиумите најважно и беше како и стои фризурата која неколкупати ја корегираше во текот на кратката и празна изјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие наоди на инспекторатот укажуваат дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, одржаните редица прес конференции пред самата клиника и привлекувањето на вниманието на јавноста како аларм и притисок на надлежните било оправдано и корисно доколку се превземат мерки и остранат недостатоците. Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму одблиску да го следи спроведувањето на потребните интервенции од власта.

-Прв лош сигнал е што по смртта на 30-тина новороденчиња нема реална одговорност за никого освен само дисциплинска одговорност за едно лице што е недозволиво и е прикривање на катастрофалното работење на раководството на клиниката кое предизвика смрт на 30-тина новороденчиња, се наведува во соопштението.