Смрт наместо живот: Никој не одговара за тоа што умираат бебиња

Низа трагедии ја потресоа македонската јавност, неколку семејства се завиени во црно затоа што им умреа најмилите, а Владата на чело со Зоран Заев си молчи.

Црн биланс ги одбележува случувањата во македонското здравство изминативе неколку месеци. Умираат бебиња и деца во клиниките ширум Македонија, а Заев си тера кампања за да придобие гласачи за своите кандидати за градоначалници.

Дрско е и арогантно премиерот да ветува подобар живот додека бебиња и деца умираат во клиниките кои сега се во надлежност на неговата Влада и каде тој постави директори од својот партиски кадар.

Две ипол годишно дете од Велес почина пред неколку дена на Детска клиника. Детето било хоспитализирано на одделот за неврологија со симптоми на губење свест, односно тешка општа состојба со знаци на сепса и менингитис. Поради овие симптоми и влошувањето на состојбата на детето според информации од Министерството за здравство, проценката на докторите била тоа да биде префрлено на интензивната нега на Клиниката за детски болести. Според неофицијални информации, детето веднаш не било пренесено на интензивната нега бидејќи немало место. Веќе Канал 5 објави дека токму на интензивната нега се располага само со шест места за итни деца, за што е добиена и потврда од шефот на одделот Лилја Којиќ.

Хорор во здравството, Заев си тера кампања!

Случајот со починатото детенце на Детска клиника е само една од низата трагедии кои ја потресоа цела јавност, откако Заев е премиер, а неговите луѓе се поставени како директори на клиниките.

Додека премиерот Зоран Заев си тера кампања, во македонското здравство се случува вистински хорор и хаос. За жал, смртните случаи во болниците стануваат се почеста појава, а никој од одговорните се уште нема понесено никаква одговорност.

Минатата сабота во тетовската болница почина триесетгодишна родилка, а неколку дена подоцна почина и бебето, кое беше беше префрлено во Детската клиника во Скопје.

Шест дечиња ги загубија животите за само неколку дена во месец август. Четири новороденчиња починаа на ГАК, две ипол годишно детенце во Охрид и 7-месечно бебе во Струга. Црниот биланс е поголем. Вкупно 9 дечиња ги загубија животите за само два месеци.

Наместо живот, смрт: Иднината на државата умира по болниците, Владата нема одговор за смртноста на новороденчињата!

Бебиња и деца умираат, а Владата избегнува одговорност обидувајќи се да ги заташка грозоморните случаи. СДСМ ветуваше дека ќе донесе живот во Македонија, а наместо живот донесе смрт. По секоја трагедија, Заев молчеше и згора на тоа се обидуваше да го заташка случајот за да се спаси себеси и неговите соработници од одговорност. Во друга држава, премиерот лично ќе бара одговорност, ќе ги истражи случаите, а ако се докаже дека во прашање се грешки на луѓето кои сам ги постави на функции, треба да си поднесе оставка. Но, Заев е зафатен со одржување на митинзите и за големите потресителни трагедии, очигледно нема време. Одговорност од Заев бараат дури и неговите најжестоки поддржувачи.

Живот за сите, освен за бебињата?!

Дури и најжестоките поддржувачи на Заев и неговите политики, излегоа со остри пораки за ваквиот игноранстки однос на Заев и неговите министри пред големите трагедии.

Со низа критики за постапките и непревземањето одговорност од страна на Заев и за неговите луѓе излезе и Сашо Ордановски. Тој во колумна насловена како „Живот за сите, освен за бебињата?!“, удри по политичарот чии постапки со години јавно ги фалеше и поздравуваше.

-Во нормални држави, кога ќе ви умрат 130 бебиња за неполни десет месеци во главното државно породилиште во земјата, се одлагаат сите други активности и се решава тој проблем ИТНО и БЕЗ ОДЛАГАЊЕ! Само во Македонија може да се случи надлежниот министер (за здравство) да се даде во нова изборна кампања, додека има криза од ваков обем во ресорот, а при тоа да се надева и дека ќе ги добие изборите! И само во Македонија премиерот ветува здравствени ДОНАЦИИ, качен на бина на предизборен митинг – дополнителен популистички митингашки безобразлук е што тоа ќе го направел со парите заработени од продажбата на мајбахот на Грујо! Па, каков „Живот за сите“ ветува Заев по митинзи, кога ни/му умираат бебиња по државни инкубатори како да се вински мушички?! И кои се тие други приоритети во државата, за надлежното Министерство да не може да набави – без тендер! – толку нови инкубатори (20, 50, 100?) колку што се неопходни. Всушност, зошто веќе ВЧЕРА, итно и без одлагање, не се набавени тие неопходни апаратури?!, напиша Ордановски.

Јоци: Каде се сега шарените, оние кои се вработија во влада да реагираат за смртните случаи на бебиња

Нема кој да организира протест за 6 починати бебиња за десет дена. Ни да пише отровна колумна, да гукне бар. Сите “граѓански активисти”, кои, претходно се колнеа во чесност и партиска необоеност, се вработени во Влада, по кабинети, носат бурек, точат зелка за некој министер, напиша Јорданка Ивановска – Јоци на својот Фејсбук профил.

-Вазалство е мал збор. За греота е правиот. Направија кариери врз мртви деца, а сега си прават селфија, пишува Јоци.

Ивор Мицковски до Владата на СДСМ: Сега се молчи за бебињата, ќе преземе ли некој одговорност, а партиски слуги дволични?

Вистински хорор и хаос се случува во македонското здравство во последниот период, смртните слуачаи по болниците во Македонија стануваат се почести. Лошите политики на новата власт во здравството, наидоа на голема и силна критика и кај луге од СДСМ. Ивор Мицковски е уште еден во низата кои јавно излегоа со критика за работата на оваа Влада, тој прашува дали некој конечно ќе преземе одговорност.

-Имаме министер за здравство кој си брка политика. Сега се молчи за бебињата, а директорката кажа, ништо не се инвестира, ништо не е подоборено. Ќе преземе некој одговорност, ќе преземе некој одговорност нешто да подобри, а партиски слуги дволични?!, напиша во статус на Фејсбук, Ивор Мицковски.

Ставриќ: Катастрофа!

Лошото менаџирање со здравството кое го прави новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев, наиде на остра критика и кај доктор Дејан Ставриќ, кој организираше протести против поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој вели дека кадровските промени кои ги направи новата власт штетни, а доколку не се реагира соодветни, последиците би можеле да бидат сериозни според него.

-Катастрофа! Се боревме да го смениме амбиентот, квази реформите и ступидните проекти кои доведоа до смртни последици и енормни долгови, а што добивме? Само континуитет, бидејќи де факто во здравствениот систем ништо не е сменето. Состојбата не е само наследена, нема реална и суштинска промена, нема нови програми, туку само кадровски промени кои во поголем дел ја продолжуваат штетната политика во работењето на своите претходници. Доколку не се реагира соодветно, последиците можат да бидат посериозни, а крахот би бил неизбежен, предупредува д-р Дејан Ставриќ, поранешен прв синдикалец на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје, во изјава за Дојче Веле.

Познавачите на состојбите велат е навистина загрижувачки фактот што и понатаму продолжува низата на трагичните случаи на македонските клини, тие велат дека овие четири месеци се најцрниот период во нашето здравство. Тие велат дека некој мора да понесе одговорност за оваа состојба и големиот број на смртни случаи, од кои најголем дел се деца и новороденчиња.

Граѓаните бараат одговорност од раководните лица во врвот на власта, бидејќи како што велат во здравството се случува вистинска чума, откако Зоран Заев е премиер.