Ѓорчевци ќе го казнат Александар Наумоски- лабилна и подвоена личност полна со омраза, која маваше со бекатон по македонските полицајци

„Класичен неработник или џаболебар, како што би кажале ѓорчевци, е синонимот за Александар Наумовски. Кавгаџија и човек што не почитува ништо и никого…“

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Наумоски од СДСМ во недела ќе ги „вкрстат копјата“ во Ѓорче Петров. Додека едниот зад себе има огромен број на реализирани капитални проекти додека беше министер за транспорт и врски, другиот може да се „пофали“ само со деструкција, насилство, хулгански постапки во минатото.

Оние што го познаваат Наумоски, велат дека станува збор за лабилна и подвоена личност, полна со ароганција. Наумоски, или во Ѓорче попознат како Аце Бекатонка, откако ја каменуваше македонската полиција, надежите за изборна победа не ги заснова врз програмата и довербата од граѓаните, туку врз основа на разни интриги, поткупување на гласачи, соработка со разни криминални групи кои му даваат поддршка.

Во јули годинава, Наумоски од Владата на Зоран Заев беше поставен за директор на Истражниот затвор Шутка, по што добил ветување од одредени криминални структури дека ќе добие поддршка на терен за изборите во Ѓорче, а за возврат Наумоски да помогне во нивно ослободување. Токму поради ваквата соработка Наумоски и доби поддршка од Зоран Заев, кој дојде на власт благодарение на такви криминални коалиции.

Имено, според сите најави во изминатиот период, најсериозен градоначалничка кандидатура од редовите на СДСМ во Ѓорче Петров, беше Снежана Анѓелковска Трајковска, зад која застана членството и целото раководство на ОО на СДСМ. Меѓутоа, централното раководство на партијата, ја смени оваа одлука, заради конекцијата на Наумовски со одредени ликови од подземјето, кои на големо одработуваат за одржување на коалицијата централната власт.

Во минатиот период, медиумите пишуваа за рекетот кој Аце Бекатонка го барал од локалните бизниси, за финансирање на сопствената кампања, но, од друга страна пак, оние кои не му ја дале својата „послушност“, ставени се „на тапет“, за доколку добие доверба од граѓаните на изборите што следат, да си го платат данокот.

Меѓутоа, собраниот рекет, сепак не бил само за финансирање на кампањата. Голем дел од тие средства ги трошел по локалните меани, прославувал победа, за избори кои сеуште не се завршени. Собрани во друштво со локални рекетари, кандидатот за градоначалник од СДС за Ѓорче Петров е фатен како во пијана состојба, до раните утрински часови, ги забавува своите „пријатели“ со песни од Азис… а на неколку пати лично тој ја изведе и „Не сме безгрешни но сме истински…“, веројатно песна во која се наоѓа самиот, заедно со неговите пајташи.

На ваквите „собиранки“, кои се се почести, Аце Бекатонка ветува една функција на повеќе луѓе, а кога некој од нив ќе дознае за начинот на којшто делува, веднаш настапува фронтално кон него, со навреди и омаловажувања.

alkohol

Полн со омраза, манипулант, нестабилна и конфликтна личност, неработник и љубител на „добрата“, а по можност и голема чашка, е описот на кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДС – Александар Наумовски, попознат како Аце Бекатонка.