ВИДЕО: Партиската полицијата на Спасовски апси граѓани поради неносење на лична карта

По два часа распит во полициската станица Автокоманда, Александар Василевски – Нинџа беше пуштен.

Во изјава за ТВ 24 вели дека бил случајно сопрен на улица додека се возел со својот пријател, Блаже Петровски, вработен во Шестата управа и вели дека го претресувале „Алфи“ и му барале лична карта, го проверувале дали има нешто недозволено.

Потоа бил качен во посебно полициско возило, однесен во полициска станица.

-Одеднаш забележавме три непознати возила, ни го блокираа патот, почнаа да извикуваат полиција, полиција, излезете од возило. Ние излеговме од возило и одредени полициски службеници се свртеа кон мене, ме прашаа дали имам нешто недозволено, ми извршија претрес буквален, вели Василевски.

Кога виделе дека нема ништо, освен мобилниот телефон, раскажува тој, се тргнале од него, почнале да разговараат со некои нивни старешини по мобилен и ми рекле дека мораат да го задржат.

-Потоа ме однесоа во полициска станица Автокоманда, каде што бев задржан околу два часа и потоа ми рекоа дека сум приведен заради неносење на лична карта и псоле два часа, како што гледате, излегувам од полициска станица, рече Василевски.