Сѐ повеќе информации кои ја доведуваат во прашање регуларноста на изборите: Бугарски воз во Росоман, пронајдени 4 ливчиња плус

Покрај тоа што кампањата помина во крајно нефер и нерегуларни услови, владеачката СДСМ ја стави државата и полицијата во партиска служба, сега се повеќе информации се појавуваат дека голем број на нерегуларности и прекршувања на изборниот законик, до редакцијата на Журнал стигна „бугарски воз“ имало на гласањето во Росоман.

Според нашите информации има сериозни сомненија дека имало „бугарски воз“ при гласањето, бидејќи најдени се четири ливчиња плус. Ова е само еден од многу примери каде во прашање се доведува регуларноста ова локални избори во Република Македонија.

Инаку, што е „бугарски воз“? Бугарски воз е политички поим со којшто се означува злоупотреба на правото на гласање со цел да се издејствуваат изборни резултати во сопствена полза. Карактеристично за гласањето со „бугарски воз“ е тоа што едно лице гласа на повеќе гласачки места во корист на својата опција и така создава резултат што не одговара на вистинското расположение во гласачкото тело. Ваквиот поим најчесто се користи делумно на Балканот, а се инспирира од недемократските избори во Бугарија кон крајот на 20 век.

Локомотивата (организаторот) некако зема празно ливче, и на него го заокружува редниот број на посакуваната партија. Потоа, тоа ливче го предава на некој гласач, кој зема празно ливче, истото го става в џеб, а заокруженото го пушта во гласачката кутија. Потоа, празното ливче се предава на локомотивата, кој одново го заокружува посакуваниот реден број, па повторно го предава ливчето на некој друг гласач. Постапката продолжува на ист начин понатаму, при што со сигурност се знае дека гласачите ќе „гласаат“ за посакуваната партија.

Големиот број на неважечки ливчиња, каде граѓаните не гласале за ниту еден кандидат, иако на прв поглед не треба да претставуваат закана за регуларноста, сепак до нашата редакција пристигна видео, како може да се тргне мастилото од пенкалото до ливче со материјал каков што е изборниот лист, а тоа е премногу лесно, само со користење на запалка за околу 5 секунди.

Со ова навистина се поставува прашањето дали токму ова е причината поради нетипично големиот број неважечки гласачки ливчиња, кои ги има околу 50.000.