Велимир Смилевски не живее во Бутел, а се кандидираше за градоначалник

Велимир Смилевски општо познато е дека не живее во Бутел туку во Скопски аеродром, а тој се кандидираше за градоначалник од редовите на СДСМ токму од редовите на оваа партија.

– Бутел не го познава Велимир и незнам зошто воопшто го ставија за кандидат за градоначалник, вели разочаран член од СДСМ. Нема никаков сентимент за населбата, а со сила не тераат да трчаме за него. Како да трчам кога главна потпора му се криминалци, и криминалното подземје. Се врзал со учките, и со нив сака да го освои Бутел, вели член на СДСМ кој сакаше да остане анонимен.

-Ни забранија да збориме за оваа тема. На еден внатрепартиски состанок го отворивме ова прашање за живеалиштето на Велимир. Насилниците кои ги води со него истурија гнев и омраза, додека Велимир молчеше и се смешкаше. Од тогаш не стапнав во штабот. Цел живот сум СДСМ но нема да работам за човек што не е од Бутел, вели член на СДСМ.

– Велимир нема врска со Бутел. Човекот не знае каде да оди, само со пари и полиција работат. Толку од СДСМ, вели жител на Љубанци.