Насилниците и криминалците на СДСМ под полициска заштита, МВР не постапува по пријавите за поткуп, уцени и закани

Медиумите секојдневно објавуваат информации, фотографии, видео снимки од низа нерегуларности и грубо кршење на изборната кампања, но од Министерството за внатрешни работи нема никаква реакција. И додека насилството цвета, поткупот на гласачи секојдневно се регистрира на разни локации ширум Македонија и додека граѓаните се соочуваат со закани по живот од насилници и криминалци на СДСМ, МВР не постапува ставајќи се во одбрана на криминалните активности што ги одбележаа овие локални избори.

Девет дена нема одговор од МВР на поставените прашања од страна на редакцијата на Курир за тоа какви мерки се преземаат и дали се идентификувани лицата кои употребувале оружје при славење во неделата, по завршувањето на првиот круг од локалните избори. МВР молчи и на денешните поставени прашања кои се однесуваат на низа криминални дејствија и нерегуларности за време на локалните избори.

Граѓаните не можат да добијат одговор за тоа што е постапено во врска со брачниот пар од Демир Капија кој добивал закани од активисти на СДСМ и познати криминалци од градот.

Не е познато ниту дали некое или некои лице/а е/се пријавено/и во врска со  пукањето во Шуто Оризари, по првиот круг од локалните избори. Нема одговори што преземало Министерството за внатрешни работи во врска со лицата кои со огнено оружје се фотографираа пред или во партиски штабови на СДСМ и сликите ги објавуваа на социјалните мрежи, а за кои медиумите пишуваа дека партиски членови и советници.

„Ажурноста“ на МВР оди дотаму што не е утврдено ниту во чија сопственост се комбињата со кои се врши поткуп на гласачи делејќи им се зејтин, брашно и други прехрамбени продукти. Поткуп се вршеше и со пари.

Молк и за искршените партиски штабови, не е познато што е преземено и до каде е расчистувањето и на овие случаи.

Молкот од МВР за сите овие настани само потврдува дека СДСМ ја користи полицијата во изборната кампања, и дека токму дел од полицијата е ставена во функција на штитење на насилството во изборниот процес.