Изборниот процес чист само за Заев: Села обвини за злоупотреба на полицијата и купување гласови со притисок и закани

Добивам информации од терен дека има уцени кон граѓаните, кон бизнисмените итн. Треба да прекине тоа, вели Зијадин Села во гостувањето на Топ Тема.

Тој вели дека државата треба да го сработи своето и дека полицијата треба да биде на терен. Според него треба институциите на државата да се занимаваат со тоа и посочи дека не би сакал да има инцидиденти како оние во Струга каде што резултатот беше извртен помеѓу ДУИ и СДСМ.

– Ако сакаме да имаме фер и демократски избори не треба да се занимаваме со гласачкото место и што се случува на 50 метра од него. Треба да се фокусираме на тоа што се случува и на една вечер пред избори. Се купуваат гласови. Има луѓе кои кружат без таблички на колите како да не нема правна држава и да нема полиција и на тој начин купуваат гласови. Полиција треба да биде на терен и таквите луѓе треба да бидат неутрализирани, треба да ги контролира и ако има такви што одат и уценуваат и носат големи суми на пари со себе и да го спречи тоа. Добиваме информации дека продолжуваат заканите, рече Села.

Според Села, СДСМ и ДУИ имаат договор за коалиција и треба тие да појаснат зошто тоа тие го прават и да не се осмелат да направат таква работа, бидејќи сега илјадници нивни подржувачи доаѓаат од дијаспората и смета дека такви сценарија не би биле добри и за Струга и за државата како и за реформите.