СКАНДАЛОЗНО: Алфите на Спасовски во служба на СДСМ и ДУИ – Го следат секој чекор на Билал Касами (ФОТО)

Специјалната полициска единица Алфи го следат секој чекор на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, кој исто така е кандидиран и за градоначалник на Тетово, тврдат од оваа партија.

-Алфите на Оливер Спасовски и ДУИ го следат секој чекор на Билал Касами, велат од оваа партија. Ова е скандалозно, но немаме намера да се плашиме.

Нека ја донесат и српската и руската полиција ако сакаат, не можат да не исплашат. Ние сме со Албанците, па ниту една провокација не може да не спречи да победиме, велат од Движењето Беса, пренесува Gazeta lajm.