Славески до Тевдовски: Не кажавте дека ќе ги покачувате даноците пред изборите, а излажавте за поврат на ДДВ-то

Многу од проектите за подобар живот кои ги ветуваше сегашната Влада не ги исполнува, но затоа исполнува мерки кои не ги вети, а се на директен терет по буџетот на граѓаните. Еден од таквите примери е зголемувањето на акцизата на нафтата за 3 денари, што значи дека со се данокот граѓаните ќе плаќаат најмалку 3,54 поскапа нафта по литар.

Во дебата на Телевизија 24, поранешниот министер на финансии Трајко Славески му порача на сегашниот министер дека во нивните програми немало ветувања за вакви покачувања, како на акцизите, така и на даноците, туку имало ветување за поврат на ДДВ-то, нешто што сега го нема.

-Една од ударните мерки најавувани и за време на кампањите и во предизборните програма, во програмата на Владата беше наводно враќањето на 15 проценти од данокот на додадена вредност кој што сите ние го плаќаме купувајќи производи и услуги. Некако како да се заборави, изјави Тевдовски.

Славевски му порача на Тевдовски дека граѓаните проектите на власта ги очекуваат од првиот ден, а не дека очекуваат пилот проекти какви што најави Тевдовски во дебатата.