Колариќ: СДС ги излажа докторите, нема да им ги зголемат платите

СДС ги потцени и ги излажа докторите – нема да им ги покачат платите според ветуваните 100.000 денари од пред изборите
, обвинува денес Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо ветената плата од 100.000 денари, докторите специјалисти од клиниките раководени од СДС ќе добијат само минимално покачување на платата од само 5%, што не е ниту приближно до тоа што го ветуваа во предизборната програма. Тие во својата програма ветуваа покачување на платите за 15% во првите 6 месеци, а после 6 месеци немаат покачено ниту 1% плата на докторите. Срамно и безобразно. СДС бесрамно ги излажа докторите и не го исполни помпезно најавуваното ветување, кое беше предвидено и во Програмата на Владата. 

 СДС со ова ја потцени интелигенцијата на врвните специјалисти во јавното здравство, на докторите кои третираат пациенти во најтешка состојба и кои секојдневно спасуваат човечки животи. Ова е вторпат како СДСМ е против покачувањето на платата од 100.000 денари која ја ветуваше, но и по поднесениот закон од страна на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието за покачување на платите, тие сепак не ги покачија, порачува таа.

Колариќ го прашува СДСМ: За ваков третман ли баравте да гласаат за вас докторите?

-Дали сте свесни дека на истите тие доктори специјалисти од клиниките, Владата на ВМРО ДПМНЕ им ја покачи платата за повеќе од 24%. Покрај тоа, и сите специјалисти во здравствените домови во Македонија добија зголемување на платите за 14,5 %, а лекарите од Итната медицинска помош за 11 %.
 Исто така, платата им се покачи и на сите здравствени работници со завршено високо образование со цел соодветно да се вреднува и нивното стекнато образование. 

 Ова се примери за достоинствен третман на здравствени работници. За СДС е непознат терминот достоинствен третман бидејќи тие освен со лаги и манипулации, на друг начин ниту знаат и не се способни да ги третираат своите гласачи. Ова ли е здравството што го ветуваше СДС? Ќе исполни ли СДС барем едно предизборно ветување? Не, очигледно нема да исполни ништо од тоа што им ветуваше на докторите. Впрочем ние неколку пати укажавме на тоа, истакна таа.