Два дена молк за убиството на фудбалерот Мартин: Зошто кријат МВР и Спасовски?

Два дена не се откриваат ниту мотивот, ниту пак сторителот/сторителите на убиството на 28-годишниот фудбалер Мартин Јанушев, кој во петокот пред неговиот дом во скопската општина Аеродром беше изрешетан со пет куршуми во пределот на вратот и главата од лице кое МВР се уште го води како „непознат сторител“.

Граѓаните на социјалните мрежи се повеќе се сомневаат дека со се она што се прави овие два дена по убиството, МВР му отвора простор на сторителот да избега од државата. Се поставува прашањето: Зошто се уште не е распишана потерница за сторителот? Сведоци веќе зборуваат за неговото име, чаршијата го коментира настанот, граѓаните бараат крај на шпекулациите.

Во исто време, се поставува прашањето што е со безбедносните камери кои се наоѓаат во близина на местото? Со какво возило дошле и избегале сторителите и дали се трага по него? Иако очевидци тврдат дека по убиството со возилото чии таблици се пријавени во полицијата, убиецот се упатил во правец на Скопски Саем.

Се шпекулира и со повеќе имиња и мотиви, а МВР наместо да стави крај на шпекулациите до медиумите блиски до власта лиферува со нови шпекулации кои се разликуваат од тие од вчера.

Она што отвора најголем сомнеж во јавноста е колумната на новинарот Сашо Орданоски, кои пред само една недела тврдеше дека во Скопје се појавила нова рекетарска група која наплаќа рекет за владејачката СДСМ. Ова создава уште поголем страв и загриженост кај граѓаните, кои се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите семејства.