Заврши протестот: Скандирајќи „УЧК“ и „Косово“ бараа меѓународна истрага за Диво насеље

Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, помина протестот против пресудите за случајот “Диво насеље“.
Заврши протестот во Скопје против пресудите за обвинетите во случајот „Диво насеље“. Семејствата на обвинетите на плоштадот „Скендербег“ се обратија пред помала група на поддржувачи.

Од плоштадот „Скендербег“ протестот продолжи пред Кривичниот суд каде заврши. Иако првично беше најавено, учесниците на протестот не се упатија кон Собранието на Република Македонија.

Организаторите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија. Покрај за Диво Насеље се бара слобода и за други осудени Албанци за случаите Монструм, Бродец и други.

По завршување на протестот сообраќајот е нормализиран. За време на протестот забележително беше зголемено присуство на полицијата, а сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен