Владата на СДСМ ја прекина градбата на болницата „Св. Еразмо“ затоа што е започната од ВМРО-ДПМНЕ

Владеачката гарнитура очигледно најмалку мисли на потребите на граѓаните, многу од проектите кои што беа започнати од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, сега се стопирани, а еден од нив е и изградбата на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, со што директно се удира по здравјето на граѓаните.

Стопирани работите за реконструкција и адапатација на објектот на специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Според информациите кои се појавија во јавноста градежните работи се сопрени конк рајот на октомври поради тоа што не се ослободени старите операциони сали за уривање.

На потег сега е Министерството за здравство кое ќе треба да пронајде решение за проблемот, а дотогаш градежните работи ќе бидат прекинати. За да продолжи адаптацијата на просторот неопходно е да се набави нова опрема за идните операциони сали, но со подигнатиот креди за градежниот зафат не се предвидени средства за оваа намена.

Градежната фирма „ВИА“ од Вевчани во моментов има изведено околу 80% од севкупните работи за реконструкција и адаптација на специјалната болница „Св. Еразмо“. Сепак, проблемите со изведбата ќе го одложат пуштањето во употреба на објектот.

Реализацијата на проектот започна во текот на минатата година, за што се обезбедија средства од 219 милиони денари преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Реконструктивниот зафат опфаќа површина од 5.623 метри квадратни, вклучувајќи ги операционите сали, лабораторијата, амбулантите и останатите простории. Со проектот треба да се доврши старата болничка зграда.