ВМРО-ДПМНЕ: Силеџиите и криминалците од СДС ќе бидат изнесени пред лицето на правдата кога ќе се вратиме на власт

Од ВМРО-ДПМНЕ ја прашуваат владеачката за каква лажна вест зборува СДС кога има пријава во полиција од луѓе со име презиме кои потврдиле дека биле предмет на притисоци и закани од локалните насилници на СДС во Гази Баба.

-Силеџиството на СДС се случи само поради тоа што насилници се заканувале по семејството на советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба да гласа за СДС, со цел СДС да формира мнозинство. Условот бил јасен или награда доколку советникот потклекне на притисокот и уцените или молотов коктел за неговиот дом, ако остане на својот став, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека притисокот е начин на работа на СДС и тој го применуваат систематски од изборната кампања до денес, на секаде низ државата, но граѓаните веќе се охрабрени и не им се плашат на бандитите на СДС и затоа јавно зборуваат.

-Ако партиската испостава на СДС, МВР на Спасовски не излезе со детално расветлување на овој скандал кој е само продолжение на криминалните избори тие стануваат соучесник и заштитник на силиџиите, тогаш со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ овој и сите други криминали ќе бидат расчистени, а криминалците и силеџиите изнесени пред лицето на правдата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија порачуваат дека тој што со криминал дошол на власт со криминал ќе владее, граѓаните тоа го знаат и затоа отворено се спротиставуваат и ќе се спротиставуваат и во иднина, се додека не падне оваа криминална, недемократска и силеџиска власт.