Енергетиката последна на листата за финансирање на владата – Кој сака од државата да направи целосно енергетско зависна?

Енергетиката очигледно не е на планот за развој на оваа влада. СДСМ во Предлог-буџетот за 2018 година кој го достави до Собранието на Република Македонија, во делот на енергетиката е целосно рестриктивен, без нови проекти и кратење на проекти предвидени од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено во Буџетот не се предвидува стратегија за инвестициони вложувања кои би извршиле позитивно влијание врз електро-енергетскиот систем во функција на намалена зависност од увоз на електрична енергија.

Нема пари ни за проектот за топлификација на Битола, кој беше во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука се гледа дека наводните заложби на владата за заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот се всушност само манипулација за граѓаните пред избори.

Предлог-буџетот не предвидува ни изградба на нови термо блокови, како ни подобра искористеност на постојните преку инвестиции во нови јагленокопи. Имено во програмата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше предвидено изградба на нова термо централа во делчевско со предвидени јагленокопи во делчевско и пехчевско, но и инвестиции во нови јаглено копи во битолскиот крај кои ќе гио продолжат енергетскиот век на РЕК Битола, проекти кои доколку се реализираа во целост ќе ја решеа енергетската зависност на Република Македонија од увоз на електрична енергија во одредени периоди од годината, со што се доаѓа до заклучок дека енергетската независност на државата и не е на прв план на оваа влада.

СДСМ исто така не предвидува ни изградба на малихидроцентрали, кои го искористуваат хидропотенцијалот на малите водотеци, но исто така нема ни подршка, ни можност за користење на други алтернативни начини на добивање на енергија.

Во пределот на гасификацијата на земјата, која во изминатиов период интензивно почна да се спроведува и имаше планови за брза гасификации очигледно ќе се забави. Имено освен продолжувањето на изградбата на двата крака за транспорт на гас кон Неготино-Битола и Тетово-Гостивар, не се предвидени никакви нови инвестициски вложувања, а се потребни. Нема средства за дистрибуција на гас во Скопје. Нема средства барем за проект за нови когенеративни постројки, за што е направена студија за 3 постројки со капацитет над 100 MW.

Дополнително не е предвидена ни модернизација на котларата во Клинички центар, а воопшто не се предвидени средства за реализација на Акциониот план за енергетска ефикасност, кој е усвоен од влада и прифатен од Енергетска заедница, еден од условите на пат кон ЕУ, а е дел од Стратегијата за енергетска ефикасност и е алатка за исполнување на Уредбата за смалување потрошувачка на енергија за 9% до крај на 2018.

Малиот број на проекти и големиот број на кратења наведува на тоа дека владата наместо да влијае на подобрување на енергетската независност на државата истата ја зголемува. Граѓаните по објавувањето на буџетот се прашуваат дали нкој свесно ја претвора Македонија во целосно зависна држава од увоз на електрична енергија.

За потстеување е дека Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија во владата има фирма за трговија и увоз на електрична енергија, истата се јавува на пазарот како продавач на енергија и истата ќе има зголемена добивка доколку државната ЕЛЕМ има помало произвдство и ќе мора да се увезува струја од странство.