„Македонски манифест“ со отворено писмо до Владата: Зошто албанските партии го решаваат спорот со името?

Македонски манифест сака да ја сподели со Владата на Република Македонија својата размисла во врска со темата: Албанските партии и спорот со името со Грција.

Нивното отворено писмо го пренесуваме во целост:

Цврсто сме убедени дека што се однесува до Името, за него како есенцијален проблем, наметнат од надвор и однатре со најгруби средства на присила, имаат повод да се изјаснуваат и да го решаваат единствено Македонците по род. Тоа затоа што Името е колективен архетип, идентитет, историја и меморија исклучиво на Македонците. Вклучително од тоа произлегува дека истото е  и нивна и болка и рана која крвари сега. Се разбира, добродојдена е секоја добронамерна помош во овој навистина идентитетски и мачен спор, но  не и учество во него со задни намери, мимикрија, иронија и умисла за некоја своја крајна добивка.

Навистина е невкусно, на пример, нашиот евроинтегративец, Бујар Османи, во таа смисла да тврди дека новата влада ја добила апсолутно довербата на народот да го реши еднаш за секогаш тој проблем, а притоа отворено да повикува на промена и на другите идентитетски симболи и знаци на македонскиот народ и држава како што се: знамето, химната и други. А тоа од своја страна значи план за систематско бришење на сите знаци на македонскиот колективен идентитет. Во прилог на тоа зборува и непризнавањето на автентичното македонско име од страна на владата во Тирана, иако тоа е признаено од вкупно 138 држави во целиот свет. Таканаречената, со геноциден мирис, Тиранска платформа што ја изготви таа во соработка на ЦИА за деструктивните потреби на албанските политички партии кај нас се вклопува во истиот план за докусурување на македонскиот колективен идентитет, национален суверенитет и држава.

Македонскиот манифест, ако некому, вклучително и на нашата актуелна влада, не му е јасно, потсетува дека Името над кое сега се наднесени толку многу и надворешни и внатрешни мршојадци, по дефиниција не е политичко, туку, чисто онтолошко прашање, прашање на македонското колективно битие. На никој друг. Сите други, ако немаат намера искрено да помогнат, нека ги тргнат грабливите раце од него. Засекогаш!

Македонски манифест