ЛУКСУЗ СО НАШИ ПАРИ: Колку ги чинат граѓаните патувањата на Заев, само во Словенија 10 лица од владиниот кабинет

Над 10 лица од владиниот кабинет на Зоран Заев, беа присутни за време на официјалната посета на Љубљана, членови на кабинетот, посебно ангажиран фоторепортер, камерман, дополнет со советникот за јавност Бојаровски, сите тие на државна сметка.

Во платеното патување на владините чиновници е вклучено патувањето, а како што дознавме тие пристигнале авионски од Приштина за Љубљана, а се сместени во хотел со 5 ѕвезди, што само ја зголемува сумата на трошоци. Згора на тоа земаат дневница која од град во град кој се посетува е различна, а се движи од 60 до 90 евра по ден. Само за овие 10 лица вкупните вкупните трошоци во кои е билетот, сместувањето, покриените трошоци за јадење и плус дневниците, изнесуваат над 20 илјади евра.

Владините административци кои отишле во необично голем број сместени се неколку дена во хотелот во центарот на Љубљана „Grand Hotel Union“, кој е на само 150 метри од централниот плоштад. Хотелот располага со сопствен затворен базен, спа центар, фитнес центар, голема концертна и кино сала.

Исто така новопечените владините административци не пропуштија на своите Фејсбук профили да се фотографираат за време на посетата како и да објават панорамски фотографии од зимската идила на Љубљана. И сето тоа додека премиерот Заев ја објаснува потребата за кратења и повисоката акциза за нафта, која треба да ја платат граѓаните.