АЛБАНИЗАЦИЈА НА МАKЕДОНИЈА: Зошто се бара двојазичност?

Risto-Nikovski

Државите може да функционираат и да опстанат само ако е овозможена нормална комуникација меѓу граѓаните. Тоа значи дека сите треба да се разбираат на еден јазик. Ова не важи за федерациите кои се поделени во одвоени целини. Во нив, обично, се зборува еден јазик, а на федерално ниво се изнаоѓа некаков modus vivendi поради реализација на заедничките интереси.

Индија е одличен пример. Таму се зборуваат преку 200 јазици, најмногу се користи хинди ама сите се разбираат преку англискиот! Тој е клучот за меѓусебната комуникација. Тоа е една од ретките позитивни последици на колонијализмот во оваа земја. Во Југославија, на пример, српско-хрватскиот јазик беше прифатен за користење во органите на федерацијата, во армијата и дипломатијата. Истовремено, во Македонија се зборуваше на македонски, во Словенија на словенечки… Ако ние и тие зборувавме на нашите јазици во Белград, Југославија многу порано ќе се распаднеше како нефункционална држава.

Македонските голготи почнаа по распадот на Југославија (непризнавање, суспензија на името…), а во трагедија се претворија со војната од 2001 преку Охридскиот рамковен договор (ОРД). Тој е меѓникот од кој почна забрзаното уништување на Македонија и нема сомнеж дека историјата жестоко ќе ги осуди неговите потписници. Тие не разбраа ниту дека „рамковен“ беше намерно наречен бидејќи планот беше да се шири. Мораме да се држиме до потпишаното, ама не смее да се дозволуваат нови нелегитимни барања. ОРД беше мировен договор и неговата улога заврши со преточувањето во Уставот и законите. Сите ни повторуваат ОРД, ОРД… а ние дозволуваме да н` уценуваат со нешто што е потрошено и беспредметно.

По ОРД, сите Албанци што се на чело на државни институции или јавни претпријатија, истите максимално и без скрупули ги албанизираат. Албанскиот јазик го користат како рамноправен на македонскиот, игнорирајќи ги Уставот и законите. На мала врата, тие ја воведуваат двојазичноста како силен исчекор кон федерализација. Фактот што така се однесуваат апсолутно сите функционери Албанци, без исклучок, е крунска потврда дека се работи за строго дефинирана политика на ДУИ, а не за изолирани лични злоупотреби. Власта замижуваше на ваквото нивно однесување, а опозицијата им се умилкуваше критикувајќи ја власта дека е – антиалбанска! Македонскиот синдром на самоуништување функционира беспрекорно во сите услови.

Игнорирање на правниот поредок

Примери за албанизирање на институциите има безброј, секојдневно. Бесими, како министер за одбрана дури и на војниците им се обраќаше на албански, што е чиста бесрамност, а Белата книга за АРМ, наменета за НАТО, незаконски ја објави и на албански. Името на Тетовскиот државен универзитет е прво на албански, меморандумите на министрите се (и) на албански… Имаме и најнови примери (април 2017): инцидентот во Охрид со нелегалниот натпис и на албански кој беше искршен и оглас во весниците на Министерството за екологија на двата јазика… Тоа се директни игнорирања на правниот поредок на државата, на кои никој не реагира. Затоа следеше и тиранската платформа.

Заклучокот е лесен: двојазичноста е процес кој е нелегално почнат по ОРД и упорно се спроведува, а тиранската платформа е обид за негова легализација. Изедначувањето на албанскиот јазик со македонскиот, за што нема никаква правна основа, освен големоалбанските аспирации, ќе го уништи македонскиот карактер на државата. Целта е албанското малцинство да стане државотворен народ, а државата бинационална и двојазична, што практично значи и федерација. Двојазична држава – не може да биде унитарна.

Не треба да имаме дилеми дека албанските партии сето тоа го прават со директна поддршка од Вашингтон. Да потсетиме дека САД го признаа нашето уставно име со единствена цел да не успее референдумот против новата погубна административна поделба (ноември 2004). Историски погрешно, со истата се дозволи албанизирање на Струга, Kичево, Скопје… Одиграа шаховски: името ни го признаа само делумно и привремено за делови на Македонија неповратно да се албанизираат. Слично, за независност на Kосово, беше бомбардиран и Белград. Тоа се кристални докази дека Вашингтон игра на карта на Албанците во регионов и, во тој контекст, целосно стои и зад федерализација на Македонија. Тоа не го гледа само тој што не сака да го види.

Што практично ќе значи двојазичноста во Македонија?

Ако тоа се дозволи, во државната администрација, во јавните претпријатија и во сите институции на системот (образование, култура, здравство…), Албанците секаде ќе зборуваат и пишуваат на – албански! А ако некој од нив ќе сака да зборува на македонски, другите сигурно ќе го спречуваат. Покрај тоа, тие сосема ќе престанат да го учат македонскиот јазик со што ќе се отвори патот за целосна нефункционалност на државата што неизбежно ќе води до нејзин распад. Македонците ќе станат странци во сопствената земја. Ќе мора да учат албански, ако сакаат да се разберат со малцинството.

Сосема со право, Албанците како лекари на пациентите, како кустоси на посетителите, како шалтерски службеници на странките… ќе им се обраќаат на албански. И, нормално, ќе очекуваат на ист начин и да им се одговори. Или, сите ќе бараат преведувачи. Тоа ќе значи дека сме два света кои меѓусебно не може да се разберат. Во институциите на системот ќе настане вистински хаос. Нема да се знае кој што работи и зошто. Хиерархијата нема да може да функционира. Траумите ќе бидат секојдневни. Ќе престане нормалниот живот. Ќе почне процес на целосна, дефинитивна и неповратна поделба на општеството. И Македонците, и Албанците ќе бидат присилени да општат главно меѓу себе. Во такви услови федерализацијата и отцепувањето ќе се наметнат дури и како единствено решение! И, еве ти ја голема Албанија. Мудро, зар не? Македонија уништена без војна, мртви, руини…! Со итрина.

За среќа, тоа е само американска утопија. Разбивање на Македонија, преку двојазичност и федерализација, не е можно без нова стравотна балканска војна. Ако Албанија зграби дел, Грците, Бугарите и Србите ќе дојдат по својот и нема шанси да се договорат што е чие. Ќе се вратат и македонските комити. Ќе следи долготраен пекол кој ќе ја дестабилизира цела Европа. Ако тоа се сака, сегашната политика на албанизација и федерализација на Македонија е навистина добра. Арно ама, тоа ќе биде на штета на сите. Долги години ќе бидат изгубени, со огромни жртви и материјалните штети. Најверојатно, Албанците најмногу ќе загубат! Сите ќе бидат против нив – и Србите, и Бугарите, и Грците и Македонците.

Позитивната страна на агресијата

Големоалбанскиот шовинизам добива на интензитет по распадот на Југославија (Илирида, паравојска…), ама с` до 2001 речиси сите го учеа и зборуваа македонскиот јазик. Тој беше обединувачки фактор. По ОРД, Албанците организирано и масовно престануваат да го учат. Тие се затвораат во гето како етапа во создавањето услови за постапна федерализација. Со тиранската платформа, пак, покажуваат дека е дојден моментот за тоа.

Нашите големи американски „пријатели“, при насилното подметнувањето на ОРД не можеа никако да го оспорат унитарниот карактер на Македонија. Без тоа, договорот немаше шанси да им помине. Затоа, ОРД го формулираа на подол начин кој ќе овозможи билингвалност и федерализација во блиска иднина која, еве, доаѓа. Токму за таа цел, сосема намерно и плански, македонскиот јазик не го поставија како клучен стожер за меѓусебна комуникација и услов за опстанок на целосно редефинираната држава. Тоа не им одговараше бидејќи ќе се задржеше македонскиот карактер. Отворија широк простор за тиранската платформа и прашање беше кога, а не дали таа ќе се појави и како ќе се вика. Тоа беше проста манипулација ама невидлива за македонските „експерти“ и „политичари“ кои преговараа во Охрид. Американските „посредници“ отворено работеа за Албанците кои, пак, имаа и свои главно американски советници, кои сигурно координираа меѓу себе. Македонската страна, пак, го имаше надарениот Фрчкоски, кој знаеше с` ама немаше благ поим што (ни) се случува. Така, поразот беше неизбежен.

ОРД лесно може да се покаже како почеток на крајот на Македонците. За среќа, с` уште имаме можност, ако не целосно, барем доволно, да ги исправиме тие историски неправди и грешки. Затоа, албанската агресија, трасирана со платформата од Тирана, има и позитивна страна. Ни дава неочекувана шанса, додека не е предоцна, да се освестиме и одлучно да кажеме – доста беше! Не смееме повеќе да ја губиме матичната држава без ништо да преземаме! Мора да се бориме за тоа што природно ни припаѓа и што нашите пра, пра… дедовци ни го оставиле во аманет. Народот на улиците нека биде нашата совест која се буди и е готова да им стави крај на погубните процеси иницирани од Вашингтон, слепо поддржани од Брисел и реализирани од Тирана и овдешните Албанци со помош на домашни предавници. Без тоа, прекрстувањето на државата и разнебитување на македонскиот народ се на врата. Тоа неизбежно води во дефинитивно затворање на „македонското прашање“.

Прва задача мора да биде детаљна контрола на спроведувањето на катастрофалниот закон за знамиња, со кој беше прифатено туѓо државно знаме како национално на Албанците во земјава. Последиците се стравотни. Македонското го игнорираат и, кај и како ќе стигнат, си го веат знамето на матичната држава, одбележувајќи практично албански територии! Тоа мора итно да се спречи.

Ужасен е фактот што опозицијата е на погрешна страна. Ама, и без неа, мораме да тргнеме во офанзива. Сите факти и аргументи се на наша страна и треба да ги искористиме. Честите изјави на албанскиот премиер, со кои вулгарно се меша во Македонија користејќи безобѕирни лаги, се директни потврди дека платформата е – тиранска и дека се реализира големоалбанскиот проект.

Целта не се никакви лични права туку целосно уставно преуредување на Македонија што, обично, се прави со војни (2001). Ако го дозволиме тоа, самите ќе бидеме виновни за губењето на сопствената држава.

По кој знае кој пат, пак ние сме на потег.

Пишува: Ристо Никовски за Дневник

ПАКТ СО ЃАВОЛОТ: „Граѓанскиот концепт“ на Заев ќе ја албанизира Македонија

zaev-albanski

„Гра­ѓан­ски­от кон­цепт“ на Зо­ран За­ев поч­на да го по­ка­жу­ва сво­јот ви­стин­ски лик уште пред да би­дат со­оп­ште­ни офи­ци­јал­ни­те ре­зул­та­ти од пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри. До­де­ка СДСМ со по­мош над­во­реш­ни­от фа­ктор се оби­ду­ва пре­ку из­бо­рен ин­же­не­ринг да изв­ле­че не­ре­ше­на си­ту­а­ци­ја, со ко­ја опо­зи­ци­ја­та кол­ку-тол­ку би ги амор­ти­зи­ра­ла об­ви­ну­ва­ња­та де­ка ја кра­де на­род­на­та вол­ја, сце­на­ри­о­то на „ча­до­рот“ е СДСМ да фор­ми­ра вла­да по се­ко­ја це­на, со што би поч­на­ла пос­лед­на­та фа­за од про­це­сот на рас­пад на др­жа­ва­та. Сле­деј­ќи ја ре­то­ри­ка­та на За­ев и на­мет­на­то­то сце­на­рио, ал­бан­ски­те пар­тии уште пред да се знае ман­да­та­рот на но­ва­та вла­да по­бр­заа јав­но да ги ис­по­ра­ча­ат ба­ра­ња­та и ус­ло­ви­те за евен­ту­ал­но пар­ти­ци­пи­ра­ње во но­ва­та вла­да, кои, се раз­би­ра, се кре­на­ти до не­бо бла­го­да­ре­ние на на­луд­ни­ча­ви­те ве­ту­ва­ња на За­ев за це­лос­на дво­ја­зич­ност и ре­де­фи­ни­ра­ње на си­сте­мот на др­жа­ва­та.

Па та­ка, од пар­ти­ја­та на Ах­ме­ти, ко­ја во мо­мен­тов го има клу­чот за но­ва­та вла­да, пре­ку не­кол­ку ме­ди­у­ми ве­ќе нај­а­ви­ја де­ка ќе пре­го­ва­ра­ат врз ос­но­ва на пет­те ве­ту­ва­ња од нив­на­та пла­тфор­ма – офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на ал­бан­ски­от ја­зик, про­пор­ци­о­нал­на рас­пре­дел­ба на Бу­џе­тот, ре­ше­ние на спо­рот за име­то, ин­те­гра­ци­ја на Ма­ке­до­ни­ја во НА­ТО и ин­фра­стру­ктур­но по­вр­зу­ва­ње на те­ри­то­ри­и­те на­се­ле­ни во по­го­ле­ми­от дел со Ал­бан­ци. Бе­са не при­фа­ќа ни­што по­мал­ку од ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, а на иста ли­ни­ја е и Али­јан­са­та, ко­ја, освен офи­ци­ја­лен ал­бан­ски, ба­ра и по­дел­ба на Бу­џе­тот по ет­нич­ка ли­ни­ја, ка­ко и пра­вич­на за­ста­пе­ност на Ал­бан­ци­те по вер­ти­ка­ла и по хо­ри­зон­та­ла. Не се воз­др­жу­ва­ат во па­ке­тот да ста­ват и ба­ра­ња за Ал­ба­нец пре­ми­ер, шеф на др­жа­ва или пре­тсе­да­тел на Со­бра­ние.

Јав­но откри­е­ни­те по­зи­ции на ал­бан­ски­те пар­тии не са­мо што не нај­а­ву­ва­ат ре­ше­ние на кри­за­та ту­ку и ука­жу­ва­ат де­ка вле­гу­ва­ме во уште по­о­па­сен пер­и­од во кој ќе поч­не ре­а­ли­за­ци­ја­та на ве­ту­ва­ња­та на За­ев, кои ќе до­ве­дат до рас­пад на др­жа­ва­та, а опо­зи­ци­ски­те ме­га­фо­ни се оби­ду­ваа да ги прет­ста­ват ка­ко це­лос­ни не­ви­сти­ни. Со дру­ги збо­ро­ви, ал­бан­ски­те пар­тии се­га са­мо го ба­ра­ат тоа што За­ев и СДСМ им го ве­ти­ја на Ал­бан­ци­те во из­ми­на­ти­от пер­и­од при оби­дот да се до­гра­бат до власт по се­ко­ја це­на.

Zaev-albansko-zname

 

За жал, пре­ду­пре­ду­ва­ња­та за ва­кво­то опас­но сце­на­рио не­до­вол­но се­ри­оз­но ги сфа­ти­ја дел од ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни, па та­ка де­нес сме во си­ту­а­ци­ја ко­га пет од ше­сте пар­тии и ко­а­ли­ции што осво­и­ја ме­ста во но­ви­от пар­ла­мент (од­нос­но си­те освен ВМРО-ДПМНЕ и „Ко­а­ли­ци­ја­та за по­до­бра Ма­ке­до­ни­ја“) има­ат за­ед­нич­ки став за ре­де­фи­ни­ра­ње­то на др­жа­ва­та и за во­ве­ду­ва­ње­то на це­лос­на­та дво­ја­зич­ност.

От­ту­ка не е те­шко да се прет­по­ста­ви во ко­ја на­со­ка ќе се дви­жат пре­го­во­ри­те за но­ва вла­да ду­ри и ако по прег­ла­су­ва­ње­то во Те­ар­це СДСМ не ус­пее це­лос­но да го ре­а­ли­зи­ра сце­на­ри­о­то за из­бо­рен ин­же­не­ринг.

Си­ту­а­ци­ја­та не­ма да би­де по­мал­ку се­ри­оз­на ду­ри и ако ВМРО-ДПМНЕ го до­бие ман­да­тот за фор­ми­ра­ње вла­да со 51 пра­те­ник. Ќе би­де иск­лу­чи­тел­но те­шко да се убе­дат ал­бан­ски­те пар­тии де­ка ба­ра­ња­та се не­ра­ци­о­нал­ни и спро­тив­ни од вол­ја­та на мно­зин­ско­то ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние. По­ве­ќе од јас­но е де­ка Пан­до­ри­на­та ку­ти­ја е отво­ре­на и се­га ни­кој не мо­же да ка­же со си­гур­ност кол­ка­ва ште­та ќе пре­тр­пи ма­ке­дон­ски­от на­род. Со ог­лед на фа­ктот де­ка ВМРО-ДПМНЕ оста­на единс­тве­на пар­ла­мен­тар­на пар­ти­ја што се за­ла­га за пра­ва­та на ма­ке­дон­ски­от на­род, не ни оста­ну­ва ни­што дру­го освен да се пот­пре­ме на ве­ту­ва­ње­то об­ја­ве­но во Прог­ла­сот де­ка оваа пар­ти­ја ќе ги бра­ни на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си по се­ко­ја це­на.

За по­тсе­ту­ва­ње, пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-ДПМНЕ, Ни­ко­ла Гру­ев­ски, чи­тај­ќи го Прог­ла­сот со­оп­шти де­ка пар­ти­ја­та не­ма да доз­во­ли „або­ли­ра­ни­от кри­ми­на­лец Зо­ран За­ев да фор­ми­ра вла­да со фал­си­фи­ку­ва­на вол­ја на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и де­ка ВМРО-ДПМНЕ не­ма да при­фа­ти и не­ма да доз­во­ли кан­то­ни­за­ци­ја и ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та под ка­кви би­ло ус­ло­ви и под ка­кви би­ло окол­но­сти“.

Од дру­га стра­на, пак, го има­ме СДСМ кој, отка­ко сфа­ти де­ка мно­гу те­шко ќе ус­пее да освои ман­дат са­мо со прег­ла­су­ва­ње во Те­ар­це, со­оп­шти де­ка „про­ме­на­та на ман­да­тот е по­ве­ќе од сим­бо­лич­на откол­ку по­треб­на за фор­ми­ра­ње на но­ва­та вла­да“. Тоа са­мо по­твр­ду­ва де­ка при­го­во­ри­те беа не­ре­ал­ни и из­мис­ле­ни за по­тре­би­те на сце­на­ри­о­то со кое се ште­лу­ва­ше из­бор­ни­от ин­же­не­ринг, но нив­но­то про­па­ѓа­ње не зна­чи и отка­жу­ва­ње од на­ме­ра­та за ре­а­ли­зи­ра­ње на пла­нот за на­сил­но пре­зе­ма­ње на вла­ста.

На­про­тив, За­ев со си­те рас­по­лож­ли­ви средс­тва ќе се оби­де да ги за­до­во­ли ба­ра­ња­та на ал­бан­ски­те пар­тии за да обез­бе­ди мно­зинс­тво во пар­ла­мен­тот. Се­пак, кол­ку и да е ре­ал­на опас­но­ста де­ка за мно­гу точ­ки во пре­го­во­ри­те ќе нај­дат за­ед­нич­ки ја­зик, мо­ра да се има пред­вид фа­ктот де­ка го­лем дел од Ма­ке­дон­ци­те што гла­са­ле за СДСМ уште се­га се по­ка­јаа што го да­ле гла­сот за оваа пар­ти­ја за­тоа што се­ри­оз­но поч­наа да се сом­не­ва­ат де­ка чо­ве­кот што го сме­таа за „тр­чи-ла­жи“, мо­же­би, се­ри­оз­но раз­мис­лу­ва да во­ве­де дво­ја­зич­ност и да го ре­де­фи­ни­ра си­сте­мот. Тоа зна­чи де­ка ду­ри и да ус­пее За­ев со из­бо­рен ин­же­не­ринг да се до­гра­би до ман­дат да фор­ми­ра вла­да, ре­а­ли­за­ци­ја­та на сце­на­ри­о­то не­ма да оди та­ка маз­но, со ог­лед на фа­ктот де­ка еден дел од гла­сач­ко­то те­ло на СДСМ ќе оста­не со пр­стот во уста.

zaev-albansko-zname

 

За по­тсе­ту­ва­ње, За­ев во те­кот на пре­диз­бо­ри­е­то, во сти­лот на под­во­е­на лич­ност, во­де­ше две со­се­ма раз­лич­ни кам­па­њи кај ал­бан­ски­те и кај ма­ке­дон­ски­те гла­са­чи. На Ал­бан­ци­те им ве­ту­ва­ше нов жи­вот во дво­ја­зич­на и ре­де­фи­ни­ра­на Ма­ке­до­ни­ја и ги „убе­ду­ва­ше“ де­ка тоа на­ви­сти­на ќе се слу­чи де­леј­ќи им ми­ли­о­ни евра, а на Ма­ке­дон­ци­те им твр­де­ше де­ка тоа е ла­га и де­ка ќе има­ат сред­на пла­та од 30.000 де­на­ри, а ми­ни­мал­на од 16.000 де­на­ри.

От­ту­ка, ко­го и да ре­ши да за­до­во­ли, дру­га­та ет­нич­ка за­ед­ни­ца ќе би­де гнев­на и во исти­от мо­мент ќе ба­ра не­го­ва од­го­вор­ност. Не би би­ло при­јат­но да ви­ди­ме ка­ко Зо­ран ги од­би­ва ба­ра­ња­та на Ал­бан­ци­те за офи­ци­ја­ли­зи­ра­ње на ал­бан­ски­от ја­зик и за про­ме­на на име­то за влез во НА­ТО или, пак, ка­ко За­ев ги ла­же Ма­ке­дон­ци­те де­ка не е тој ви­но­вен за во­ве­ду­ва­ње­то дво­ја­зич­ност и де­ка не при­фа­тил про­ме­на на име­то на др­жа­ва­та.

Во ва­кви окол­но­сти мно­гу е ве­ро­јат­но гне­вот на из­ма­ме­ни­те гла­са­чи (и оние на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДСМ кои се про­тив дво­ја­зич­ност и ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та) да се из­лее на ули­ци­те и гра­ѓа­ни­те да ги пре­зе­мат ра­бо­ти­те во свои ра­це во од­бра­на на др­жа­ва­та.

Очиг­лед­но, кре­а­то­ри­те на сце­на­ри­о­то за рас­пад на др­жа­ва­та пре­ви­де­ле еден мно­гу ва­жен де­тал – за ус­пеш­на ре­а­ли­за­ци­ја не е по­треб­но да се ур­не са­мо Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ту­ку и це­ли­от ма­ке­дон­ски на­род. Гру­ев­ски е са­мо еден од 455.000 Ма­ке­дон­ци што јас­но ка­жаа „не“ на та­кви­те вал­ка­ни игри. А, ту­ка се и де­се­ти­ци ил­ја­ди Ма­ке­дон­ци што до пр­ва ста­ну­ва­ат свес­ни за тоа што ни се слу­чу­ва. Тој што ќе се ос­ме­ли да трг­не про­тив на­ро­дот, тре­ба да би­де под­го­твен на долг и на же­сток от­пор. За­тоа, за до­бро­то на си­те, се на­де­вам де­ка во по­ли­тич­ки­те пар­тии ќе пре­ов­ла­да раз­у­мот и де­ка ќе до­не­сат од­лу­ка во ин­те­рес на др­жа­ва­та, а не во ни­вен ли­чен ин­те­рес.

Вра­ќа­ње не­ма! За Ма­ке­до­ни­ја се ра­бо­ти!

Пишува: Ненад Мирчевски за Република

Пандов за Заев: Бранковиот ученик тресе од ракав што ќе му текне – на сè понудено од ВМРО-ДПМНЕ, нуди двојно!

aleksandar-pandov-tv-nova

Кампањата на СДСМ е сведена на држење на прес-конференции за небитни и смешни теми или на целосно копирање на програмата и дуплирање на бројките, односно „фризирање“ на проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Па така, во Бранков стил „по еден вработен од секоја фамилија”, Заев нуди минимални плати од 500 евра, на 140 градинки проектирани од ВМРО, Заев нуди 300 градинки, субвенции за земјоделците од 200 милиони евра или на сè направено и понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Заев нуди двојно. На прашање од каде пари за тоа, одговорот, по правило, секогаш е – од парите за панорамското тркало.

Трите главни столбови на СДСМ се „Надгради ги проектите на ВМРО-ДПМНЕ“, „Катице, аман, спаси нè!“ и „Албанизација“

Ова во целост го потврдува и политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој цени дека ако се суди од досегашната понуда од изборната кампања на СДСМ можеме да заклучиме дека ќе ја поделат на три дела.

Пандов: Првиот е делот во кој Заев се докажува со албанските политички првенци кој е поголем Албанец во Македонија. За оваа идеја, поддржан и од неговите Соросови платеници, најбесрамно лицитира и ќе лицитира со македонските национални и државни интереси, нудејќи од промена на името и влез во НАТО и во ЕУ за шест месеци, па преку ротирачки премиер на две години (Албанец – Македонец), двојазичност на цела територија на Македонија, до федералицазија на татковината, а сè со надеж дека на тој начин ќе придобие албански гласови. На оваа тема, веќе почнаа да се наддаваат албанските политички лидери, со уште поголеми барања, но верувам дека наш Заев сите нив пред крајот на кампањата ќе ги изненади со понуди од типот, 30 проценти застапеност на Албанците во јавната администрација или двојно помали придонеси на плата ако сте Албанец по род и слично. Во тоа име, верувам, ќе стави на листа неколку Албанци, кои ќе бидат и на добитни места. И покрај сето ова, на секого му е јасно дека Заев и СДСМ нема што да бараат кај албанските гласачи, а верувам дека тоа му е јасно и на Заев. Но, злобата што го води во оваа политичка борба кај него е посилна и свесно остава вакво кукавичино јајце, кое наредната влада ќе треба да го решава.

Вториот е, можеби, најзабавниот дел. Тоа е делот во кој Заев се чувствува суперериорно. Треба да ги употреби сите негови преземени знаења од менторот Бранко Црвенковски. Па така, во Бранков стил „по еден вработен од секоја фамилија”, Заев нуди минимални плати од 500 евра, на 140 градинки проектирани од ВМРО, Заев нуди 300 градинки, субвенции за земјоделците од 200 милиони евра или на сè направено и понудено од ВМРО-ДПМНЕ, Заев нуди двојно. На прашање од каде пари за тоа, одговорот, по правило, секогаш е – од парите за панорамското тркало. Жално е што црпнатиот муртинец мисли дека македонските граѓани пасат трева или дека секое утро пиеме по една чашка нафта, па верува дека со лаги може да ја добие нашата доверба и дека не е одамна прочитан.

Системот на детална изборна програма во која за секој понуден проект имате прецизен датум на почнување и датум на негово завршување, цена на чинење, задолжена институција што треба да го заврши тој проект и, конечно, и најважно, а тоа е на крајот отчет за завршениот проект, е систем на работа на политичарите, кои македонскиот народ и македонските граѓани го имаат прифатено како свој. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се човекот и партијата што го воведоа тој систем во Македонија, работат по него и го нудат како начин на работење за во иднина. Граѓаните знаат и проверено им е и докажано дека тоа што го ветуваат Груевски и ВМРО ќе биде исполнето. Оттука срамно и смешно е кога го гледаме како во стилот на политичар од 90-тите, Заев нуди и тресе од ракав на кого што ќе му текне.

Третиот дел од нивната кампања е црната и негативна кампања, во која, морам да признаам, се најсилни. Во овој дел, покрај СДСМ, со својата структура и секогаш подготвениот Соросов невладино-медумски корпус војници, веќе повеќе од една година им се придодадени Катица Јанева и СЈО. Токму „дотичнава“, дефинитивно, е, а верувам и ќе биде перјаница и ударна тупаница на нивната пропаганда. Свесни дека во редовите на нивната партија се луѓе што се целосни анонимци, па никој ниту ги забележува ниту им верува или се веќе докажани манипулатори и лажговци, па повторно никој не им верува, Соросовиот сектор им е, исто така, истрошен, компромитриран, корумпиран, а и поради честите навреди дека сме биле глупави, трупови и овци, во голема мера и омразен, целиот акцент или најголемиот дел на негативната кампања сè поагресивно им ја води Катица. Таа неуставна параинституција, која стана пример за непотизам и во која си вработуваат внуци, братучеди и деца, карактеристика за нетраспарентност и за трошење наши пари без усул, а притоа не ни се поднесува ни сметка, „есдесовизација“ до максимум од бургии до кој сè не, е таа СЈО и таа Катица Јанева, кои ние во наредниот период до изборите ќе бидеме принудени да ги гледаме и слушаме речиси секој ден, со нови и нови прес-конференции, во кои нормално, по правило, ќе бидат прозивани функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ и само на ВМРО-ДПМНЕ.

Цврсто сум уверен дека македонските граѓани го знаат сево ова и многу добро го сфаќаат. Македонците многу добро ја разбираат политиката и знаат кој им нуди реални проекти и кои се луѓето што ќе ги реализираат тие проекти, а кој им нуди шарени лаги. Фактурата ќе им биде испорачана вечерта на 11 декември и на СДСМ и на Сорос и на СЈО…