Фатиме Фетаи со поддршка за Албанија во Струмица, со смеење и потценување за македонската репрезентација

Fatime-Fetai-Strumica
Обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи имала непријатен и вулгарен „настап“ за време на натпреварот меѓу Македонија и Албанија во Струмица кој заврши со резултат 1:1. Фетаи, според навивачите кои го проследиле натпреварот во нејзина близина, гласно се смеела и со потценување зборувала за македонската репрезентација.
Луѓето кои седеле околу неа со гадење го коментираат нејзиниот однос кој не само што не доликува на лице кое извршува висока државна функција, туку и не доликува на лице кое е жител на Република Македонија.
Фетаи е позната како обвинител кој почесто подига чашка отколку обвиненија, па не би било чудно доколку пред натпреварот Фатиме посетила некоја локална кафеана во Струмица за да ги загрее гласните жици пред да се исмева со играта на Македонската репрезентација.
За жал доминантната игра на македонската репрезентација не беше крунисана со втор погодок и заслужена победа, после која ќе можеше да се заклучи дека кој последен се смее, најслатко се смее. Иако Фетаи веројатно ќе има и други натпревари на кои ќе може да ја научи и таа лекција.

Заев не бил на мечот Македонија-Албанија бидејќи не знаел за кого да навива и за да не губи политички поени кај гласачите пред локалните избори

Zaev-Selfi-Skendija

Зоран Заев не беше на трибините на натпреварот меѓу Македонија и Албанија за да не загуби политички поени, велат вработени од владата во која се зборувало за оваа одлука.

Иако мечот се одигра во Струмица, Заев не се појави на трибините затоа што, како што дознаваме, сметал дека за кого и да навива ќе има загуба на политички поени, а тоа пред локалните не може и не смее да си го дозволи бидејќи ионака СДСМ заостанува зад ВМРО-ДПМНЕ.

Проценките рекле дека ако Заев навиваше за Македонија, односно доколку се радуваше на головите на Македонија, ќе беше снимен со камери, па Албанците ќе му се лутеа бидејќи се радува кога тие примаат голови.

Ако пак навиваше за Албанија ќе реагираа дел од поддржувачите на СДСМ за кои не е пријатно до толку да се умилкува на Албанците бидејќи сепак извршува функција премиер на Република Македонија.

Размислувал за опцијата да го гледа натпреварот заедно со Мухамед Зекири и да се радуваат на сите голови за после натпреварот да дадат изјава дека спортот е многу значаен и е добро да има квалитетни натпревари, без да кажат за кого навивале.

На крај, поради сите дилеми, Заев решил да оди на сигурно и да не се појави на трибините во неговата родна Струмица каде Македонија и Албанија одиграа 1:1.

Колумна на Дарко Јаневски: Албанија не е Македонија

Darko-Janevski

Kога ќе се изврши убиство, се поведува истрага и с` што следува натаму за тоа да се санкционира. Така функционира, односно така би требало да функционира системот. Истото е и кога ќе се случи настан како нелегален избор на претседател на парламентот. Целта на системот би требало да биде да го санкционира и тоа, како и убиството, за да спречи да се повтори.

Наспроти тоа, што се случува кај нас? Убиството, односно изборот, не се санкционираат, туку на „убиецот“ му се редат честитки од странски амбасадори кои го куражат да свика седница на која ќе се избере влада. Тоа само по себе значи дека нелегалниот претседател ќе раководи седница на која владата што ќе биде избрана не може да биде поинаква, освен исто така нелегална. Таа влада ќе презема дејства, кои, бидејќи е нелегално избрана, ќе имаат ист таков карактер. Во што е состои инженерингот? Во тоа што, со друг зборови кажано, наместо да се санкционира првото убиството, се врши второ, па од второто ќе произлезе трето, с` со единствена цел: на крајот да кренете раце и толку многу убиства да ги прифатите како нешто што е нормално. Да ги вметнете сите тие убиства во системот. Тоа, се разбира, ќе го докрајчи системот, чие уништување го почнаа партиите во Пржино, но очигледно и докрајчувањето на системот е своевиден систем. Од целата таа операција с` што остана, с` што уште треба да се направи е сето ова да го прифатат граѓаните на кои полека, од ден на ден, малку по малку, им се пушта се потопла и потопла вода, со надеж дека на крајот нема да ја почувствуваат, односно нема да реагираат на жешката. Со пресметан ризик кој вели дека едно се природните закони, па што и да правите организмот ќе реагира на врелата вода, а сосема друго се општествените законитости каде што може да се експериментира со ваква операција. Посебно во држава како Македонија.

Инаку, Јоханес Хан изразува длабоко, ма не длабоко, туку тектонско жалење што опозицијата во Албанија нема да учествува на изборите, но тоа било демократија, изборите ќе се одржат и без неа. И, ете, по ова, ние еве веќе половина ден ја бараме таквата негова изјава и по повод два или три пати одложуваните избори во Македонија кога Зоран Заев и СДСМ не сакаа да излезат на изборите с` додека не бидат сигурни дека ЦИА ќе им ги намести. И мора да сме многу мутави бидејќи таквата негова изјава не можеме да најдеме. А сигурно ја има оти Хан и неговата ЕУ еве успеаја да се промовираат во структури кои држат до принципите. Не може едно да важи за ФИРОМ, а друго за Албанија. Брисел е тоа, не е мајтапење, па во ФИРОМ да ги одложуваат изборите с` додека СДСM како опозиција така сака, а во Албанија да велат – демократија е и кога опозицијата не оди на избори, па Соросовиот Еди Рама може сам да оди на нив така што и кога Бејли отиде кај Груевски да ги одложи априлските избори, па после тоа го притиснаа Уставниот суд да им го реши проблемот, сигурно има изјава од Хан во која му порачува на американскиот амбасадор да не ја ремети демократијата во Македонија одложувајќи го гласањето поради СДСМ. Само што ние, мутави, ете и таа изјава на Хан не можеме да ја најдеме. Веројатно затоа и сме Балкан, а Хан е Европа.

Инаку, не е баш јасно зошто Американците толку се возбудија што Доналд Трамп го смени директорот на ФБИ среде истрага против него за наводните врски со Русија, односно за наводното мешање на Русите во американските избори. Прво, што има тука да се истражува? Па ако Русите се мешале, тие не направиле ништо поинакво од тоа што Американците го прават во светот, вклучително и во Македонија. Замислете сега, нашето МВР, односно ДБK и Агенцијата за разузнавање, како што тоа го правеше американското ФБИ, да го истражуваат мешањето на Американците во македонските избори. Ви се молам. Добро, разликата е во тоа што Американците ги сметаат Русите за крвни непријатели, а ние Американците за крвни пријатели, па веројатно затоа и им даваме да ни пуштаат по некое кило крв секоја година, но, сепак, принципот си е принцип. И сигурно поради тоа што не го истражуваме мешањето, ќе добиеме забелешки и од Стејт департментот во годинашниот извештај, а и од ЕУ. Бидејќи нивната принципиелност веќе ја споменавме, а тие сигурно нема од неа да отстапат поради една Македонија.

Поради смената на директорот на ФБИ, еден бивш обвинител на Си-ен-ен се жалеше со зборовите: Ова ли е држава? Шутракот, чие име не го запомнив, рече дека Трамп не смеел да го смени директорот среде истрага против него. Глупак. Претседател е тоа, ами како. И ќе дозволи некој да му мести случаи.

ВМРО-ДПМНЕ понуди три термини за локални избори. Ако сакало мнозинството во јули, ако сакало во септември, а ако не одговарал и септември, тогаш можеле и во октомври. Kога СДСМ ќе одбере што сака, вмровците веројатно ќе им испратат и торта. Со оние ружи одозгора какви што некогаш се правеа тортите во „Ванила“. Предвремени парламентарни не се споменуваат. И, така, сите почнуваме да си живеевме среќни и задоволни до длабока старост.

Пишува: Дарко Јаневски за Дневник

Затуровска: Ако е толку добра Тиранската платформа, нека си ја спроведат во Албанија

Zaturovska-Sobranie-prasanja

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска денеска од собраниската говорница порача Тиранската платформа да се спроведе во Албанија, каде што и беше составена, па да видиме какви резултати ќе даде.

-Доколку не е толку опасна тиранската платформа, како што велат од СДСМ и од албанските партии, ете нека ја спроведат во Албанија, па, според резултатите, ќе видиме дали е таа опасна или не. Со тоа албанските партии би покажале лојалност кон Зоран Заев и ќе докажат дека нема никаква опасност од уривање на унитарноста на државата – рече Затуровска.

Бушати: Тирана не се меша во Македонија, туку пријателски советува

Bushati-Albanija

Албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постоела тиранска платформа и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија.

Бушати, кој беше гостин на Германскиот Маршалов фонд, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово и Албанија, пренесе МТВ.

Според Бушати, погрешно е платформата да се нарекува тиранска, а Албанија не се мешала, туку дека пријателски советувала.

– Не е прецизно да се каже дека има тиранска платформа. Нема тиранска платформа. Има платформа на албански политички партии за која се дискутираше со Груевски и со Заев. Имаше договор со Груевски што потоа беше одбиен од причини што немаат врска со Албанија, Тирана или премирот Рама. Никогаш не сме се мешале во домашните работи во Македонија и многу сме внимателни при советувањето на пријателски начин, исто така на нашите пријатели во Македонија на начин да не се одговори на провокациите што доаѓаат од улица – истакна шефот на албанската дипломатија.

Бушати избегна да одговори на прашањето од претседателката на американскиот Германски Маршалов фонд Карен Донфилд да ја објасни изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за потребата за единство на Косово и на Албанија ако не влезат во Европската унија. Тој го избегна и прашањето од дописникот на Македонската телевизија да биде поконкретен дали обедувањето на Косово и на Албанија е почеток на формирање на Голема Албанија.

– Мислам дека ја објаснував позицијата на Албанија, на позицијата на албанскиот премиер за стратегиско партнерство што го имаме со Косово. Не можам да додадам ништо друго на тоа – рече Бушати и истакна дека Албанија била најдемократската држава на Западниот Балкан и бедем против руското влијание, дека имало назадување на демократијата во Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина и во Хрватска.

Потврда од Албанија: Тиранската платформа е масло на Еди Рама, нарачана од Сорос (ВИДЕО)

Prislusuvanje-Soros

Претседателот на партијата Црвено-црна Алијанса од Албанија,  Крешник Спахиу  потврди дека Тиранската платформа е масло на албанскиот премиер Еди Рама и како што вели, тој станува дел за начинот на кој треба да се формира македонската Влада, држејќи тотално страна на линијата на Сорос.

Tој во емисијата „Ora e intervistes“ на телевизијата Ора њус, која е лидер на пазарот на медиуми во Албанија вели дека се знае оти Заев е финансиран на директен начин од Сорос, па дури и дека прислушуваните разговори се финансирани од Сорос.

-Албанскиот Премиер и Тирана изиграа многу погрешно, изиграа погрешно затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна и во одреден момент албанскиот Премиер станува дел, станува едностран дел за начинот на кој треба да се формира Влада држејќи тотално страна на линијата на Сорос. Затоа што се знае дека Заев е финансиран на директен начин се знае дури и дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос и сигурно дека му се даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и дестабилизација на Македонија, истакна Спахиу.

Тој е сегашен лидер и основач партијата Црвено-црна Алијанса, а во минатото бил Претседател на Транспаренси интернационал – Албанија во периодот од 2006 – 2007 година, како и Претседател на Врховниот суд на Албанија во периодот од 2007 – 2012 година.

По идеологија, Спахиу е националист, кој честопати е обвинуван дека е ултранационалист. Во 2013 година тој поднел барање до Централната Избирачка Комисија на Албанија за распишување на референдум за спојување на Албанија и Косово.

Владата на Еди Рама се десеткува, министрите си даваат оставка

Vlada-na-Albanija

По денешната средба на премиерот на Албанија Еди Рама со министрите од редовите на Социјалистичката партија и партиските кординатори на дванаесете околии, потврдено е заминувањето на уште тројца министри, јави дописникот на МИА од Тирана.

Така, освен првиот полицаец Саимир Тахири, заминуваат и Илир Беќја, министер за здравство, Бледи Чучи, за локална самоуправа и национален координатор за антикорупција и Бленди Клоси, министер за социјални работи.

Спорад партиските образложенија, министерите ќе бидат задолжени за кампањата за јунските парламентарни избори и тоа Тахири за околијата Тирана, Клоси за околија Берат, Чучи за Ѓирокастро и Беќај за околиите Кукс и Тропоја.

Експресно на веста за заминувањето на министрите реагираше лидерот на опозициските демократи, Љуљзим Баша, нарекувајќи ги „грозна карикатура“

– Она што се случува неколку метри подалеку од нас е една грозна карикатура на самонаречената Преродба. Тој изгради опасен сојуз. Тоа е сојуз меѓу политиката и криминалот. Ова е криминалот на оваа партија, изјави Баша посочувајќи дека не е задача на Рама да ја наполни својата канцеларија со „ќупови од кал“.

Опозицијата, која веќе 23 дена протестира пред Владата во Тирана, синоќа заминувањето на Тахири и најавите за нови смени го одбележа со оро и песна, во знак на „почетокот на крајот на криминалната Влада“.

МНР со осуда за запалливата реторика на официјални лица од Албанија

MNR

Министерството за надворешни работи на Република Македонија ги осудува јавните настапи со навредлива и запаллива реторика на официјални лица на Република Албанија кои се однесуваат на Република Македонија, се вели во реакцијата на македонското МНР на изјавата на пратеничката во албанскиот Парламент Месила Дода.

– Неодговорните изјави на јавни личности кои по својата функција налагаат и подразбираат одговорност за јавно искажаниот став не се во духот на добрососедските односи и декларираните заложби за пријателство и соработка меѓу двете земји и особено не во духот на европските вредности, се вели во реакцијата на МНР.

Со сето разбирање дека изјавите се индивидуален став и чин на поединци, велат од оттаму, очекуваме официалните лица во соседството да се воздржат од потпалување на тензии во регионот.

– Далеку покоректно би било доколку нивната енергија би ја насочиле кон конструктиувни предлози и иницијативи со што би ја зајакнале соработката и довербата меѓу двете земји, би го подобриле стандардот на граѓаните, но и би ја забрзале европската интеграција, се истакнува во реакцијата.

Остануваме уверени, се додава во неа, дека пратеничката функција подразбира голема чест, но и највисока одговорност.  

МУ ДОЈДЕ КРАЈОТ: Албанците го запалија Еди Рама

Albania Opposition Protest

Додека со плитка популистичка реторика се меша во внатрешните работи на Македонија, Еди Рама се соочува со гневот на албанските десничари кои што протестират во огромна бројка и бараат негова оставка.

Albania Opposition Protest

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија - Љурзим Баша, порача дека ќе продолжат големите протести со барање владата на Еди Рама да поднесе оставка и да биде формирана техничка влада која што во јуни би распишала и би обезбедила услови за фер и демократски избори.

Баша ги предводи протестите против премиерот Еди Рама на кој што се собираат илјадници луѓе и ја обвинува албанската влада дека се обидува да манипулира со изборниот процес.

Неколку демонстранти дури и запалија кукла која што го имаше неговиот лик, а тоа можете да го видите на видеото кое што го објави TV Ruptly.

Albanija-protesti-protiv-Rama-3

Албанскиот премиер Еди Рама му одговори на Баша дека патот е сигурно тежок и дека вистинските реформи не се лесна работа. Владеачката коалиција порача дека повеќе нема време за да се исплонат барањата на опозицијата за електронско гласање.

Новинската агенција “AP” пренесува дека изборите во посткомунистичка Албанија никогаш не биле оценети како целосно слободни и фер од меѓународните надбљудувачи на изборниот процес кај нашиот западен сосед.

Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18-ти јуни и би требало да започнат и преговорите за членство на нашиот сосед во Европската унија.

Емилија Гелева: Заев прифатил бришење на границите меѓу Македонија, Албанија и Косово!

Emilija-Geleva

Гелева ја разобличува заложбата на СДСМ и Зоран Заев за по секоја цена Тиранската платформа да биде реалност е токму тоа Ферерација на Македонија без граници меѓу двата ентитета во Тирана и Приштина или Голама Албанија.изјави Емилија Гелева, геополитички аналитичар за Програмата Гласот на народот со Слободан Томиќ на Радио Слободна Македонија.

Емилија Гелева, геополитички аналитичар смета дека Зоран Заев прифатил бришење на границите меѓу Македонија и Албанија и Косово.

– Она што досега не слушнавме во македонските гласила е дека една од седумте главни точки на „тиранската платформа“ е и барањето на Албанците за создавање „интегрирано гранично управување“ на границите со Косово и Албанија, што е всушност обид за елиминирање на границите и за правење Голема Албанија – изјави Гелева за Програмата „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија.

Притоа Гелева додава оригинално ова е концепт на НАТО од април 2002 година што тие сакаа да биде преточен во декларација на една нивна замислена регионална конференција за безбедност чиј домаќин, на предлог на НАТО, би била Македонија, вели Гелева.

– Идејата во Скопје ја презентираше Роберт Сери, тогашен директор на НАТО за операции и управување со кризи. Декларацијата предвидуваше формирање заеднички гранични патроли меѓу Македонија и Албанија и Македонија и Косово, како да се на „една држава, додава Гелева.

Говорејќи за значењето на  Тиранската платформа и заложбите и  на овој важен октроиран документ на Тирана и кон се што води Гелева со став:„ Тоа беше првиот обид на НАТО за правење „Голема Албанија“, со манипулативни документи. Мислеа дека носејќи го Бранко Црвенковски на власт, во септември 2002, ќе успеат уште не влезен во кабинетот набрзина да го „сматат“ документот. Роберт Сери, уште не прогласени официјално резултатите од изборите на 16-ти Септември во Скопје се сретна со Црвенковски и потоа изјави дека договориле одржување конференција за „интегрално гранично управување“.

На крајот геополитичкиот аналитичар Гелева  ја разобличува заложбата на СДСМ и Зоран Заев за по секоја цена Тиранската платформа да биде реалност е токму тоа Ферерација на Македонија без граници меѓу двата ентитета во Тирана и Приштина или Голама Албанија.