Манојлоски: Албанските партии јасно кажаа дека нема да го поддржат СДСМ ако не ја спроведе Тиранската платформа

Goran-Manojloski

Пратеникот Горан Манојлоски од ВМРО-ДПМНЕ денес во Собранието на Република Македонија потсети дека албанските партии  од говорницата во Собранието јасно кажаа дека нивните потписи му ги даде на СДСМ само заради тоа што Заев ја прифатил во целост тиранската платформа.

-Овие денови сме сведоци дека дебатата што ја почнавме тука во Собранието и тоа како е корисна и ќе доведе до решавање на многу дилеми. Откако на почетокот на дебатата јавно ни беше презентирана платформата од нашите колеги од албанскиот политички блок со забелешка дека без нејзино целосно спроведување нема да го поддржат СДСМ да формира Влада, полека но сигурно и нејзините креатори однадвор, како и однатре, почнаа да ретерираат во своите ставови. Прво дека нема платформа, дека тоа е декларација, па потоа дека не е составена во Тирана, дека е составена во Скопје – рече Манојлоски.

ЗАЕВ ЌЕ ПРАВИ ЛИБИЈА ОД МАКЕДОНИЈА: Ги собирал лидерите на албанските партии во „Палас“ за да формираат влада

Zaev-Spasovski-albanci

Вчеравечер Зоран Заев заедно со неколкумина функционери од раководството на СДС се обиделе да организираат тајна средба во хотелот „Александар Палас“, на која заедно со лидерите на албанските партии, требало да договорат ново Собрание, Влада и државни органи – пишува Љупчо Палевски, експретседател на градската организација на СДСМ на својот ФБ профил.

Според Палевски, Заев ги повикал сите лидери на албанските партии во обид да формира Парламент, Влада и Собрание со што би се предизвикало двовластие во државата по примерот на Либија.

Palevski-Zaev-Palas

Како што пишува ексфункционерот на СДСМ, Али Ахмети бил единствен кој не се сложил, а поради него пропаднала целата работа.

За разлика од него, Зијадин Села бил расположен за предизвикување на уште поголема криза во државата.

„Неколку малоумници на чело со Заев сакале у „Александар Палас“ паралелно Собрание да напраат, да избереле органи и Влада. Неверојатно глупаво, НУКЛЕАРНО ГЛУПАВО, а денес веќе нормално за Зајко, но за среќа Ахмети има малку трунка разум што ме изненади, па ја откажал целата работа, не се сложил. Сеља Струшкион лепотан се ПОТЕПАЛ од радување, затоа што на дилетантиве не им текнало дека токму Сеља се радува на ДВА ПАРЛАМЕНТИ, се радува на ДВЕ ВЛАДИ, затоа што едните ќе бидат на ИЛИРИДА. Абре Зајко Зајко….само за шишање ти служи“ – пишува Палевски на својот ФБ профил.

Иванов за ХТВ: 67-те потписи се добиени под уцена од албанските партии

Gjorge-Ivanov

Заев е пред се многу исплашен. Преплашен. Затоа што очигледно не го испорачал тоа што се очекувало од него. Влегол во туѓа игра во која што не може сега да излезе. Тој сега прави грешки. Кога е човек исплашен прави грешки. Тие негови грешки сега го внесуваат во многу потешка состојба од онаа кога почна сево ова. Кога сакаше преку снимки, кои како што вели тој, ги добил од странски служби, да ја сруши легално избраната Влада на Република Македонија, изјави претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во интервјуто за Хрватската Телевизија, одговарајќи на прашањето која е причината за постапките на Заев.

Во интервјуто за ХТВ, Иванов посочува дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, 67-те потписи ги добил под уцена од албанските партии да прифати платформа која како што нагласи тој, е донесена во Кабинет на премиер на туѓа држава.

-Доколку јас дадам мандат на некој што прифатил платформа на туѓа држава, согласно нашиот Кривичен закон, членот 308, ја рушам независноста на државата. Во членот 308 изричито стои: тој што би ја довел државата во подредена состојба и зависност на друга државност се казнува до пет години, вели македонскиот претседател.

Според Иванов, ниту Уставот, ниту неговата совест, ниту свечената заклетва која ја дал како Претседател на Република Македонија, не му дозволуваат да го даде мандатот на Зоран Заев и да си дозволи да ја доведе Македонија во подредена состојба и зависност од друга држава.

– Мојата заклетва се разликува од другите  јавни функции и таму стои дека јас морам совесно и чесно да ја обавувам функцијата Претседател на Република Македонија. Да ги почитувам Уставот, законите, но и територијалниот интегритет, сувереноста и независноста на државата, вели Иванов во интервјуто за  ХТВ.

Пандов: Заев губи кај албанските гласачи и тие се насочуваат кон албанските партии

Pandov-Analiza

ВМРО-ДПМНЕ има еден квантум на 400 илјади гласови, а феномен и шок беа 60-80 илјади албански гласови за СДСМ, гласови коишто никогаш не ги имал СДСМ, а Заев сега е свесен дека ја губи поддршката и кај албанските и кај македонските гласачи, рече во гостувањето во вестите на ТВ Нова политичкиот аналитичар Александар Пандов.

– Со албанската платформа и секое нивно „дали уставните експерти треба да утврдуваат“, а од друга страна со полни грла Али Ахмети и останатите Албанци говорат дека албанската платформа е таа што ќе донесе граѓанско општество во Македонија, Заев губи кај албанските гласачи и тие се насочуваат кон албанските партии – вели Пандов.

– Оттука мислам дека Зоран Заев не е спремен сега, свесен е дека губи и кај албанските и кај македонските гласачи. Секој еден којшто имаше дилема околу неговата национална определба, околу неговиот граѓански карактер на кампања и водење на политика, сега веќе мислам дека ги има отстрането и свесен е дека е тој само еден мапет на некои странски амбасадори коишто тука роварат низ Македонија, односно човек којшто е подготвен да ја продаде душата и на ѓаволот за да се добере до власт – рече Пандов.

Албанските партии допрва ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик

Sela-Ahmeti

Албанските партии допрва ќе формираат тело за Законот за употреба на албанскиот јазик е заклучокот на денешната средба на ДУИ и Алијансата за Албанците, на која не учествуваше третиот потписник на Платформата, Беса.

-Уставот треба да се отвори, и тоа не само за овој закон, туку и за други закони предвиеди со Охридскиот договор. Договорено е албанските партии да формираат ново тело од по двајца партиски претставници во рок од три дена, кое ќе работи на Предлог-закон за употреба на албанскиот јазик, од што не отстапуваат, изјави лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, кој два часа разговараше со Ахмети и други партиски претставници, објави Канал 5.

Села рече дека во новото тело треба да учествуваат по двајца членови од партиите потписнички на Платформата. Тоа треба да ги усогласи ставовите и да го предложи законот за јазиците.

Никовски: Платформата на албанските партии е антиуставен ултиматум

lav-zname

Антиуставниот ултиматум на Тирана и Приштина кој нашите тројански коњи ни го испорачаа како услов за формирање на нова влада не е прашање со кое треба да се соочи мандаторот на новата влада, кој и да е тој, вели Ристо Никовски.

Антиуставен ултиматум, вака политичкиот аналитичар и поранешен амбасадор, Ристо Никовски ја оценува заедничката платформа на македонските албански партии којашто вчера беше презентирана пред јавноста.

„Антиуставниот ултиматум на Тирана и Приштина испорачан преку нивните тројански коњи во земјава мора да оди на референдум. Тој не е надлежност на мандатар“, вели Никовски за Нетпрес.

Според Никовски, платформата пропагира нелегално редефинирање на државата и додава дека нема унитарна држава која е двојазична и нема никаква потреба Македонија да биде прва.

„Се работи за документ за нелегално редефинирање на државата кој мора да оди на референдум. За такво нешто мора да одлучува народот а не мандатар на било која нова влада. Ново е што, овој пат, промената на уставниот карактер на државата не ни е подметнат по неуспешна војна за “ослободување на албанските територии“ во државата (2001),  во која ние, сепак, бевме поразени. Сега, со овој ултиматум, токму преку договорот од Охрид, кукавички подметнат од страна на Вашингтон и во негова режија, се бара завршување на големоалбанскиот проект. Ако народот го прифати анти уставното редефинирање на државата на референдум – така мора и да биде. Ако, пак, спротивно на иредентистичките аспирации на Тирана и Приштина, целосно поддржани од Вашингтон, не прифати уставно редефинирање тоа ќе мора исто така да се почитува. Инаку, во светот нема унитарна држава која е двојазична и нема никаква потреба Македонија да биде прва“, вели Никовски.

Албанските партии кои освоија пратенички места на последните избори вчера излегоа со заедничка платформа и барања кои треба да бидат прифатени и исполнети од македонските партии со цел да се формира ново парламентарно мнозинство доволно за формирање влада.

ДУИ, БЕСА, ДПА и Алијанса за Албанците, како што соопштуват, ќе биде основа на партиите на Албанците во преговорите за формирање на нова влада.

Преку платформата се бара албанскиот јазик да добие статус на официјален јазик на целата територија на земјата, економска рамноправност,  решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО, но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Платформата доаѓа само недела дена по средбата на лидерите на четирите албански партии со премиерот на Албанија, Еди Рама во Тирана. По објвувањето на платформата, Рама на социјални мрежи напиша дека станува збор за историски исчекор и притоа истакна дека Албанците во Македонија не се борат за фотељи.

Реагираа и политичките субјекти во земјава за ТМРО станува збор за уцена кон македонскиот народ. Претседателот на партијата, Ванчо Шехтански побара платформата да биде отфрлена од сите останати партии.

„Таканаречената Албанска политичка платформа за учество во сегашна или идна македонска влада, за ТМРО е уцена до македонскиот народ и македонската држава со јасна провокативна божиќна порака, или двојазична федерација или војна. Дадените политички координати од Тирана го отвараат и правото на реципроцитет помеѓу овие две држави за малцинствата“, вели Шехтански.

Од Левица велат платформата е провокативна и беспредметна. Оттаму во своето соопштение велат дека во услови кога голем процент од населението во  Македонија живее во сиромаштија, а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа, земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ БЕСА и Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa.

САМО ЗАЕВ ИМ ФАЛИ: Рама со албанските партии од Македонија, а во позадина картата за која се дискутира

rama-so-albanski-partii-od-makedonija-1

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика лидерите на партиите на етничките Албанци од Македонија, на која беше усогласена заедничката политичка агенда со цели, како се наведува „за следната влада и секој следен мандат“.

Во Тирана на средба кај Рама на кроење договор за Република Македонија под огромната карта на ѕидот заминаа Ахмети од ДУИ, Касами од БЕСА, Села од Алијанса за Албанците и Зендели од НДП, недостасува претставник од ДПА и Зоран Заев од СДСМ. Рама ги објави фотографиите на социјалните мрежи со пораката „Братски“.

rama-so-albanski-partii-od-makedonija-3

„Со почитувањето на волјата на слободните и демократски албански гласачи, во духот на Охридскиот договор, како и потребата за исполнување на обврските кои произлегуваат од уставните измени, се утврдува дека нема алтернатива за интеграцијата во НАТО и ЕУ, се согласија за заемна поддршка на заедничката политичка агенда, која обезбедува остварување на целите во следната влада и секој следен мандат“- пренесува весникот на албански јазик Коха делови од декларацијата потпишана од четирите лидери.Изјавата според Коха обезбедува важни точки на Албанците, кои секогаш ќе бидат испорачани до „македонската страна“ во преговорите за формирање на влада.

rama-so-albanski-partii-od-makedonija-2

„Постигнувањето на целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор, внесување на принципот на мултиетничноста во Уставот на Република Македонија, каде што Албанците се признаваат како конститутивен народ, постигнување на целосна еднаквост на јазикот, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа управување и обезбедување на неговата употреба како основно право, употребата на албанските национални симболи (знаме и грб) “, стои во првата точка на Декларацијата.

Буџет и рамномерен развој на регионите населени со Албанци зазема посебно место во декларацијата, за која Коха вели дека се очекува на следната средба да биде потпишан и од страна на лидерот на ДПА.

„Постигнувањето на економска еднаквост и социјална политика, особено преку рамномерен регионален развој, создавањето на нов механизам во форма на Државната комисија за финансирање на општините, со цел праведно одлучување и одобрување од двојно мнозинство за владините грантови во корист на општините …… “, пишува во декларација, пренесува Коха. Документот, исто така, предвидува формирање на Министерство за заедници, како тело одговорно за почитување на правата на заедниците и промовирање на економскиот и социјалниот развој во неразвиени подрачја.

Покрај тоа, Декларацијата ги обврзува албанските партии за правична застапеност во безбедноста, во полицијата и правдата. Исто така, важно место е дадено на финансирањето на албанската култура и културни активности на локално и централно ниво. Се бара и воспоставување на централна институција за унапредување на јазиците на заедницата, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, редактори и предавачи.

zaev-albanski

Докуметот, според Коха, предвидува и брза интеграција во НАТО и во ЕУ. Тоа  подразбира брза промена на името на Република Македонија, или како што опишува Зоран Заев „да ја свиткаме кичмата“.