СКАНДАЛОЗНО: СДСМ на сила ќе спроведува двојазичност – Во предлог буџетот за 2018 предвидени казни за некористење на албанскиот јазик

Додека во Собранието непрекинато тече дебатата за неуставниот закон за јазиците, предлог буџетот за 2018 година открива дека ќе има казни за граѓаните и институциите за неупотреба на албанскиот јазик.

Во најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе има и пари за две нови институции кои ќе произлезат од новиот закон за јазиците. Тоа ќе бидат агенцијата за примена на јазикот како и Инспекторатот за употреба на јазиците.

Функциите на овие две установи се сеуште нејасни, но едно е сигурно, Инспекторатот за употреба на јазиците ќе ја има функцијата да ги казнува граѓаните и државните институции кои нема да го употребуваат албанскиот јазик.

Бујар Османи во свое неодамнешно интервју уште пред формирањето на новата влада најави казни кои ќе достигнуваат и до 5 илјади евра за институцијата која нема да го почитува законот, а до 30 проценти за вработените.

Џафери: До идниот петок ќе се донесе законот за јазиците и ќе биде затворено прашањето

Од понеделник, во Собранието ќе продолжи прекинатата расправа за Законот за јазиците.

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува овие измени да бидат донесени до идниот петок и да се затвори ова прашање.

Предложениот Закон за употреба на јазиците, предвидува во сите органи на државната власт, во централните институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо да се употребува и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните.

Со овој закон судовите, јавните обвинителства, како и сите други органи, тела и други институции ќе треба да овозможат користење, употреба и примена на кој било од службените јазици и нивните писма во своите постапки.

На албански јазик ќе бидат достапни и поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи, фактурите и бандеролите.

ИГНОРИРАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ: МВР издава пасоши само на албански јазик

МВР ги издава патните исправи со задоцнување, но не сите, туку само оние за кои граѓаните поднеле барање да бидат изработени на македонски јазик. По итна постапка и во законскиот рок се издаваат само патните исправи на албански јазик.Според информациите причина за доцнењето на патните исправи е недостаток на обрасци на македонски јазик кои Министерството за внатрешни работи имало обврска да ги набави пред неколку месеци со цел да не дојде до вакви проблеми во летниот период, кога и е најголема побарувачката за пасоши. Сепак, постапката за набавка на овие обрасци се уште не е започната, дознава Курир.

Ваквиот однос на Министерството за внатрешни работи предизвика сериозен револт кај граѓаните на кои им било сугерирано дека доколку сакаат патна исправа по итна постапка, таа може да биде само на албански јазик. За патните исправи на македонски јазик се чека повеќе и од законски предвидените 15 дена.

Согласно членот 36 од Законот за патни исправи на Република Македонија, Министерството има обврска патната исправа да ја издаде во рок од 15 дена од приемот на барањето. Но, според изјавите на граѓаните Министерството за внатрешни работи во изминатиот период секојдневно свесно, поради свој пропуст го крши законот.

Ахмети бара албанскиот да биде за меѓународна употреба – Ќе значи ли тоа промена на Уставот?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети бара албанскиот јазик да биде за меѓународна употреба, а со самото тоа и смена на Уставот.

Ахмети во интервју за порталот Пост.мк вели дека законот е плод на компромис, но во иднина токму употребата на албанскиот јазик во меѓународна употреба е прашање кое очекува да се отвори.

„Што се однесува на јазикот, на пример, во меѓународната комуникација, албанскиот јазик е дискриминиран. Зошто албанскиот јазик да не се смета за еднаков и во меѓународната комуникација? Зошто албанскиот јазик да се забранува надвор од границите на Република Македонија? Но, ова се прашања кои можат да бидат отворени и да се разговара за нив“- вели Ахмети.

Премиерот Зоран Заев во изјава за истиот портал вели дека со Законот за албанскиот јазик се става точка на формалниот и легислативниот дел од Рамковниот договор

„Рамковниот договор значи рамномерна застапеност на сите и секаде во приватните компании, во јавните институции насекаде и тој дух се следи и треба да се следи, но преку ова правно решение на Законот за јазиците ние правно формално ги затвораме легално ги затвораме аспектите на охридскиот договор“- вели Заев.

Дел од експертите за законот веќе алармираа дека е надвор од Уставот.

НЕ СЕ ДОГОВОРИВМЕ ВАКА СО РАМКОВНИОТ: Македонците се понижени, македонскиот прикажан како јазик од втор ред

Под покровителство на вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и нелегитимниот претседател на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечерва во Скопје беше одбележана 16-годишнината од потпишувањето на политичкиот Охридски рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија.

Потпишан на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД, Охридскиот договор е склучен во текот на ескалацијата на насилства помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во конфликтот од 2001. Поради тоа, граѓаните од македонска националност го сметаат за насилно изнуден и неприфатлив.Шеснаесет години подоцна експертите и граѓаните се сѐ уште поделени околу тоа дали е Охридскиот договор извор на стабилност или, напротив, извор на нестабилност за Република Македонија. Сепак, договорот и понатаму доследно се спроведува и се претвори во платформа за промоција и заштита на правата на албанското малцинство.

Службен јазик во Република Македонија е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, дури и според овој договор, иако вечерва македонскиот јазик беше понижен претставен како јазик од втор ред. Името на договорот чиешто потпишување беше одбележано прво беше испишан на албански, а потоа на македонски и на англиски. Изгледа сите заборавиле вечерва дека македонскиот е јазик на мнозинството во Република Македонија, а Рамковниот договор ги уредува правата на малцинствата, не на Албанците.

Да потсетиме, денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.


Рамковниот договор е спроведен, ако се отвори, следува физичка поделба на Македонија

Денеска, како резултат од војната во 2001 година, Република Македонија е мултиетничка држава, со Рамковниот договор, кој беше спроведен во Уставот на Република Македонија, беа изедначени сите етнички заедници што живеат во државата, изедначени по својот државотворен карактер, во граѓанска смисла и претходно сите беа еднакви во оваа држава. Во денешната проекција на СДСМ за редефинирање на државата ги наоѓаме само Македонците и Албанците, Заев не го чувме да каже во Струмица, покрај македонскиот и албанскиот, да се воведат и влашкиот, српскиот, ромскиот, турскиот и други јазици. Со тоа Заев се стреми Македонија да прерасне во биетничка држава, на тој начин мултиетничноста и Рамковниот договор можеме да го гледаме само како етапа пред целосното исполнување на сонот за „Голема Албанија“, и сето тоа врз грбот на Македонците, но и врз грбот на Турците, Власите, Србите и на Ромите.

Во своето обраќање пред албанската дијаспора во Берн го отвори, а на митинзите го повторува прашањето за отворање на Охридскиот рамковен договор. Претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека “мора да се оди преку него“ доколку сме верувале во “еднаквоста и рамноправноста“. Заев нагласи дека Рамковниот не бил доволен и требало да се напуштат рамките за да се исполни договор кој е веќе исполнет и затворен. Доколку земеме предвид што сѐ нуди Рамковниот договор и фактот дека е спроведено речиси сѐ од него, следни барања, бидејќи веќе нема што да се бара, би биле физичка поделба на државата, нејзина федерализација како стадиум пред поделба.

-Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор, оти тој е рамка некоја. Зошто во 21 век, 25 години независна Македонија да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец, вели Заев.

Ова играње со оган ќе нè изгори сите. Ова што го зборува Заев е чисто уривање на рамковниот договор. Тој е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од Рамковниот договор, смета аналитичарот Никола Србов.

-Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат. Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.

Заев директно ги поткопува државноста на Република Македонија и Уставот со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови.

СДСМ направи целосно бинационално Собрание – Талат го крши Уставот, СДСМ аплаудира

Со поздравно обраќање на албански јазик, Талат Џафери од претседателската фотелја, на првата собраниска седница по спорниот избор за претседател на парламентот ги прекрши Уставот, Законот за употреба на јазиците и собранискиот Деловник. Додека Џафери го крши Уставот, СДСМ го фали и аплаудира, притоа правејќи целосно бинационално Собрание.

Злоупотребата на Џафери на претседателскиот пулт, со обраќањето на албански јазик предизвика тензичен почеток на седницата за избор на новата влада, на што реагираа пратениците Антонио Милошоски и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ. На непочитувањето на Уставот, Законот и Деловникот не реагираше новото парламентарно мнозинство предводено од СДСМ.

Џафери прво на албански и потоа на македонски јазик им се заблагодари и на тие што го поддржале и на тие што го оспоруваат неговиот избор за претседател.

– Свесен сум за сите предизвици со кои се соочувам и за сите обврски што ги презедов. До почетокот на исполнувањето на коалицискиот договор на мнозинството, односно до донесувањето на законот за јазиците, ќе продолжам да ја водам седницата на македонски јазик. Со тоа укажувам и докажувам дека сите сме подготвени за ниво на толеранција, која треба да ја рефлектираме сите ние во нашите односи и понатаму да создаваме демократски можности по демократски пат да се остварат сите очекувања од граѓаните – рече Џафери.

Но со ова, Џафери де факто потврди дека претседател на Собрание може да се обраќа и пленарните седници да ги води само на македонски јазик.

На ова реагира пратеникот Милошоски, кој му повтори на Џафери дека за ВМРО-ДПМНЕ, тој е само пратеник и му укажа дека ги крши Уставот, Законот за јазиците и Деловникот.

– Почитуван пратеник Џафери, веднаш почнувате да ги кршите Деловникот и Законот за јазиците. Собранието и пленарната седница не се работно тело за да се обраќате на албански јазик и бараме тоа да се почитува. Ова Собрание, за жал, почнува со голема политичка недемократска дамка, која ќе виси над пратеникот Талат Џафери, кој на нелегален начин беше избран за претседател. Вас ќе Ве почитуваме како пратеник, но ништо повеќе од тоа затоа што сами влеговте во игра и го прекршивте Деловникот – рече Милошоски.

Џафери обраќањето на Милошоски кон него како пратеник се обиде да го сврти во своја полза.

– Јас сум претседател избран од мнозинството и треба да се договорите во пратеничката група дали ќе комуницирате со пратеникот или претседателот. Ако ми се обраќате со пратеникот, согласно Деловникот, пратеникот има право да го користи својот јазик. С` дури така се обраќате, јас ќе ја користам мојата деловничка можност да си го користам својот мајчин јазик – одговори Џафери.

Но, и во таков случај, Џафери продолжува да ги крши Уставот и Законот, бидејќи како пратеник, тој на албански јазик може да се обраќа од говорница, од пратеничко столче или на комисија, но не и од претседателскиот пулт. Ова значи дека ако Џафери говори на албански јазик, за да не ги прекрши Уставот и Законот, ќе мора да го напушти претседателскиот пулт.

Додека претседателот на Џафери го крши Уставот, СДСМ тоа го одобрува и дополнително го фали собранискиот спикер за таквите постапки.

-Задоволство ми е што после 8 години можам да кажам од оваа говорница дека го почитувам претседателот на Собранието на Република Македонија што не беше случај во изминатиот период за претходниот претседател на Собранието, рече пратеникот од парламентарното мнозинство, Горан Мисовски.

Милошоски: Апелираме пратеникот Џафери да го почитува законот за јазиците

Талат Џафери на првата седница која што ја води во Собранието на Република Македонија, почна да претседава на албански јазик, иако тоа е против деловникот и законските одредби. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го повика пратеникот Џафери да ги почитува законите, барем до моментот додека она што го имаат договорено со СДСМ, не го преточат во законска одредба.

-На почеток на ова Собрание и на оваа седница почнувате да го кршите деловникот и законот за употреба на јазиците. 2008 година заедно со СДСМ и ДУИ и 2011 година потоа, овој закон имаше свои амандмани, во членот 1, став 3 пишува дека службен јазик во Собранието на Република Македонија е македонскиот, во став 2 пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, а кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија може на седница на работно тело да зборува и на седница на Собрание исто така на својот мајчин јазик. Пратеникот кој зборува различен јазик од македонскиот, според став 3, а го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните во Република Македонија, може на тој јазик да претседава и со седница на работното тело, но Собранието и пленарната седница не се работно тело. И апелираме овој закон да се почитува од сите пратеници и од пратеникот Талат Џафери, барем до моментот додека она што го имате договорено со СДСМ, не го преточите во законска одредба, изјави Милошоски.

Милошоски кажа дека оваа седница на Собранието почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието.

-Втората работа што сакам да ја напоменам, е дека ова Собрание и оваа седница за жал, почнуваат со една голема политичка, недемократска дамка, која што ќе остане да виси над пратеникот Талат Џафери, бидејќи тој е досега единствениот што прифати една улога на недемократски начин, на нелигитимен начин, на нелегален начин, на едно скришно, неделовничко, надвор од седници и од заседание гласање, да биде октроиран претседател на Собранието. Затоа ние вас ќе ве почитуваме како пратеник во Собранието, избран од граѓаните, со верификуван мандат, како што сите ние имаме мандати и сме должни да бидеме тука и да работиме во интерес на граѓаните, но ништо повеќе од тоа, затоа што сами влеговте во игра заради свои лични кариерни амбиции, да го кршите деловникот и да направите еден таков недемократски чин, кој за жал следуваше и со одредена ексалација на тоа незадоволство од овој законодавен дом, изјави Милошоски.

Таравари: Побаравме од Заев двојазичноста да биде експресна, тој апсолутно ги прифати барањата (ВИДЕО)

Генералниот секретар на Движењето за реформи во ДПА, Арбен Таравари во гостувањето во емисијата „Програм 200“ на Алсат-М телевизија истакна дека од лидерот на СДСМ Зоран Заев побарале двојазичноста да биде експресна.

-Двојазичноста да биде експресна, што е можно побрзо да се прават измените во изборниот законик. И тој е заинтересиран да го реши ова, прифаќа да се прават такви измени….Разговаравме како да ги промениме имињата на улиците каде живеат мнозинство Албанци. Замислете, во Гостивар центарот се вика „Маршал Тито“, а повеќето од младите не знаат кој е тој. Имавме согласување за повеќето од точките кои ги дискутиравме, истакна Таравари.

Тој вели дека за овие прашања со Заев разговарале околу час и половина и дека лидерот на СДСМ апсолутно ги прифатил барањата и точките.

-Дури поставивме рокови во кое време треба да се реализираат за да создадеме взаемна доверба дека во иднина ќе функционира оваа коалиција, ако функционира зошто да нема соработка, додава генералниот секретар во паријата на Зијадин Сила.

Пред два дена претседателот на ДР-ДПА Села, одговарајќи на новинарско прашање соопшти дека откажувањето од Тиранската платформа би било како да се откаже од иднината на своите деца.

-Сто пати сум кажал дека јас не се откажувам од декларацијата на Албанците, затоа што е исто како да се откажувам од иднината на моето дете. Секако дека ќе инсистирам на платформата, одговори Села.

Меѓу другото лидерот на ДР-ДПА остави простор и за уцена најавувајќи дека доколку не се исполнат неговите барања после 100 дена ќе ја преиспита поддршката на новата влада.

-Едно нешто е сигурно, јас кажав и ќе повторам, без разлика дали ќе бидеме и ние физички дел или со други зборови дали ќе имаме министри или не, може и да немаме, ние ќе ја гласаме новата Влада и се разбира после 100 дена ќе го преиспитаме нашиот глас, додаде Села.

ВМРО-ДПМНЕ: Пресот на СДСМ алиби за претстојните измени на Законот за јазиците како дел од Тиранската платформа

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес-конференција на која СДСМ најави поголема грижа и унапредување на статусот на македонскиот јазик, оценувајќи го тоа како дволичност затоа што од друга страна СДСМ прифатила официјализирање на албанскиот јазик како втор службен согласно Тиранската платформа.

– Денешниот прес на Алаѓозовски не претставува ништо друго освен алиби за претстојните измени на Законот за јазиците во Република Македонија што како дел од Тиранската платформа безусловно ја прифати нивниот лидер Зоран Заев. Токму таа Тиранска платформа предвидува целосна двојазичност на територијата на Македонија, а сега Заев и СДС се обидуваат да ја релативизираат и покриваат со некаква наводна грижа за македонскиот јазик преку семинари, одбори и доработки на електронски бази. Ќе беше добро доколку наместо купиштата изречени лаги и веќе слушнати флоскули, Роберт Алаѓозовски пред јавноста го објавеше веќе договорениот и усогласен текст на предлог законот за јазици кој неколку месеци го крие од граѓаните на Република Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата во реакцијата пишува дека во време на нејзиното владеење реализирани се  конкретни проекти, како новото издание на Правописот на македонскиот јазик кој, како што наведува, се носи после првото издание од 1945 година.

– Дополнително се реализира превод на македонски јазик на 1.200 наслови на современа стручна и научна литература, соопштува ВМРО-ДПМНЕ, набројувајќи и други капитални проекти од издавачката дејност  – „Ѕвезди на светската книжевност” со 560 врвни дела од светската книжевност, Антологијата на литературата за деца и млади, Антологискиот приказ на македонската книжевност преведен на шест странски јазици, едициите „Врвови на светската историја, филозофија и психологија со психоанализа“, „Светско книжевно наследство“, „Македонски искушенија“…

Исто така, посочува ВМРО-ДПМНЕ, се испраќаат наставници по македонски јазик во странство, со цел македонските државјани во другите земји да можат да се едуцираат на македонски јазик.

БРАВО ЦРПКО: Уредувањето на албанскиот јазик како втор официјален ќе биде еден од првите приоритети на новата влада

Уредувањето на албанскиот како втор официјален јазик ќе биде еден од првите приоритети на новата влада. Ова го потврди и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

-Сигурно и од голема важност е да се даде порака дека ова е почеток на многу очекуваните реформи почнувајќи од тие во судството, но не заборавајќи дека оваа земја е во потполна стабилност почитувајќи ги и етничките заедници, што значи дека не треба да се заборави Охридскиот договор, не треба да се заборави статусот на албанскиот јазик како што е определен со Охридскиот договор и со Уставот на РМ.

Вака одговара Ахмети на прашањето- кои ќе бидат првичните задачи на новата влада во која партиципира и неговата партија.

Ние не бараме ништо што е надвор од Охридскиот договор и надовор од Уставот на РМ, вели Ахмети и додава:

„Злоупотребата на политички партии за дневно-политички цели дека Али Ахмети кажал пред 10 години: „Прашањето на албанскиот јазик е завршено и дека албанскиот јазик е официјален“, јас никогаш не сум рекол такво нешто. Сум кажал дека албанскиот јазик и статусот се уште не се завршени, има аванцирање на албанскиот јазик во Македонија, но не е комплетно, статусот на албанскиот јазик ќе се уреди со Закон како што бара и самиот Охридски договор и Уставот на РМ- јазикот кој што го зборуваат над 20% од граѓаните исто така е официјален јазик.“