Груевски: Законот за јазици е неуставен, а односот на Заев и СДСМ кон Албанците е нечесен

Gruevski-Alsat-M-2

Според сите истражувања на јавното мислење најбитната работа за Албанците е економијата, отворањето на нови работни места, зголемување на животниот стандард и зголемувањето на платите и пензиите, ова претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го истакна вечерва во емисијата „200“ на телевизија Алсат.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против употребата на јазиците на сите етнички заедници во Македонија вклучувајќи ја и албанската, впрочем во 2008 се донесе законот за употреба на јазиците и се донесе во време кога ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата, но она што ние не се залагаме да се случи е да не се донесе закон кои што ќе биде против уставен и кои што подоцна може да падне на уставниот суд. Имено од она што ние можеме да го видиме во овој период СДСМ и Зоран Заев одат на таа карта да пред локалните избори понудат закон за албанскиот јазик со кои што се зголемуваат правата на начини на кои што се спротивни на Уставот и тоа што го планираат по локалните избори откако ќе ги измамат и ќе ги поддржат веројатно поголем број на Албанци или ќе го корегираат тоа или ќе го донесат па Уставниот суд ќе го поништи, тоа е нечесно и не е фер кон Албанците, тоа е некоректно, потенцираше Груевски.

Тој вели дека засега првата фаза од овој закон предложен од СДСМ и ДУИ е неуставен, тој вели и дека доколку втората фаза е уставна тие како партија ќе го поддржат овој закон за јазиците.

-Ние се противиме да се донесе закон за јазиците кои што е неуставен, ние сакаме се да е согласно со уставот, а во овој дел огромен дел од законот е неуставен и нашите пратеници секој ден го потенцираат тоа во детали и посочуваат што е неуставно, вели Груевски.

Додека ВМРО-ДПМНЕ градеше за Албанците, СДСМ ги купуваше нивните гласови со лаги, измами и клеветења

Gruevski-Alsat-M-1

Фактите се на наша страна, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, навраќајќи се на, како што рече новинарот Рашиди, „погрешната перцепција за него, за ВМРО-ДПМНЕ во однос на исте меѓуетнички политики во Македонија, или кон Албанците“. Тој повторно потенцира дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ била насочена кон решавање на реалните проблеми на Албанците, кои произлегуваат од секојдневниот живот и чиешто решавање директно влијаело за подобрување на нивниот стандард.

Од донесувањето на Леар во Тетово со планирани 3000, а веќе оставрени 1000 вработувања, дали станува збор за земјоделието, за субвенциите, само во олошкиот регион според нашата евиденција Албанците имаат земено над 40 милиони евра, дали станува збор за решавање инфраструктурни проекти – во општините каде што се Албанците доминантно население инвестирани се над 400 милиони евра.

– Паралелно на тоа, се водеше очигледно силна медиумска кампања против ВМРО-ДПМНЕ и против мене лично како претседател на партијата дека сме националисти, шовинисти, дека не ги сакаме Албанците, дека им мислиме нешто лошо, што беше тотално неточно. Ние мислевме дека преку секојдневните настапи Албанците ќе го разберат тоа, затоа што гледат дека ивестираме во албански средини, дека отвораме 10 нови факултети на Тетовскиот универзитет, отворивме нов универзитет „Мајка Тереза“, изградивме 35 нови училишта само во четирите општини со доминантно албанско население, реконструиравме над 100 училишта, потсети Груевски.

Груевски е дециден дека колку и да изгледа нормално дека секој премиер го прави тоа за граѓаните, вклучувајќи ги и Албанците, тоа во Македонија не е точно. Груевски потсети на премиерите пред него, во чиешто време не било направено во однос на она што го сработи владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Очигледно некој виде дека е прочитан кај Македонците, дека измамите, лажните обвинувања не поминуваат, мислам на СДСМ, и отиде на стратегија да ги привлече албанските гласачи така што ќе го оцрнат ВМРО-ДПМНЕ до таа мера што Албанците ќе почнат да гласаат за нив и на тој начин ќе се приближат со гласачкото тело до ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски на „Алсат“: Се трудевме да решаваме проблеми за сите граѓани, без разлика на националноста

Gruevski-Alsat-M

Ние од секогаш сме се труделе да направиме работи во Македонија со кои што ќе ги решаваме проблемите и потребите на сите граѓани, факт е дека во минатото многу често од некои медиуми, а особено од албанските бевме оцрнувани како политичка партија која што им мисли лошо на Албанците, ова во емисијата „200“ на телевизија Алсат го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

-Во реалноста спротивно на тоа ние направиме многу позитивни работи за Албанците и ние кога ја имавме поддршката од мнозинството граѓани на Македонија во минатото работевме многу работи кои што се важни за сите граѓани и се трудевме да решаваме реални проблеми.  Само во четири големи општини каде што живее доминантно албанско население се отворија 25 илјади нови работни места во последните девет години, а според податоците во Тетово имаме 7.350 повеќе вработени во споредба со 2006 година и бројот на вработени е зголемен за 59 проценти, во Гостивар 5.620 повеќе работни места споредено со 2006 и бројот на вработени се зголемил за 76 проценти, во Боговиње имаме 1.100 нови работни места споредено со 2006 и зголемен е бројот на вработени за 176 проценти, во Струга 4.000 нови работни места и 53 проценти  зголемување на вработеноста, Куманово 8.000 работни места и зголемување на вработеноста за 53 проценти, Арачиново за 230 проценти, Чаир за 156 проценти, ова е доказ дека ние бевме фокусирани во најголемиот дел на решавање на реалните проблеми на граѓаните при што не ги делевме луѓето дали се Македонци, Албанци,Турци и за сите се обидувавме да се отворат нови работни места, истакна Груевски.

Тој истакна дека фактите се на нивна страна кога станува збор за нови работни места, донесувањето на „Леар“ во Тетово и планирани 3.000, а веќе 1.000 вработени лица, кога станува збор за земјоделието и субвенциите каде што според нивните информации само Албанците во полошкиот регион тие имаат земено над 40 илјади евра,кога станува збор за решавање на инфраструктурни проекти каде доминантно живеат Албанци имаме инвестирано над 400 милиони евра за тоа.

Заев ги лаже Албанците пред избори, за неуставниот закон за употреба на јазиците ќе се одлучува по изборите

zaev-albansko-zname

Науставниот закон за употреба на јазиците нема да се донесе пред изборите. Сега е само прво читање, намерно темпирано од страна на Заев за да ги излаже Албанците и да ги добие нивните гласови пред изборите.

Зоран Заев ги доведува во заблуда сите граѓани на Република Македонија. Тој си поигрува со чувствата и на Албанците и на Македонците. Неуставниот закон за јазици иако беше протуркан во Собрание, нема да дојде на дневен ред за гласање пред изборите. Имено, истиот сега е само прво читање, а следното ќе биде дури после локалните избори. Ова е намерно темпирано од страна на новиот премиер, кој има јасна цел да ги излаже Албанците за да ги добие нивните гласови пред изборите.

Заев намерно одлучи да оди со две читања, а законот можеше да помине и со едно. Така само купува време. Кога веќе одлучи да го подметне законот со европско знаменце, Заев можеше да одлучи и да помине истиот во само едно читање. Но, тој одлучи законот да оди со две читања за да си купи време пред претстојните избори.

Законот е неуставен, дури и да се донесе по изборите тој че биде соборен на Уставен суд.

Симона Груевска Маџовска, универзитетски професор,  во емисијата „Топ тема“ изјави дека се сретнале со Заев и иако се добивало впечаток дека со законот се воведува двојазичност и иако ќе имало двојазични печати на сите институции, de facto двојазичност нело да има на цела територија.

– Исто така не’ убеди и ни рече дека она што тука е многу непрецизно напишано, а јас како лингвист можам да реагирам на лоша терминологија, нејасни  термини што се подразбира, лошо срочени реченици итн од кои ние читајќи го буквално, знаејќи ги политичките преговори… Кога читаме добиваме впечаток  дека се работи за албанскиот јазик како службен на целата територија на Република Македонија и дека сите државни институцииќе бидат должни да обезбедат, печатите ќе им бидат двојазични на сите институции… Овде ни даде гаранција премиерот дека, верувам дека ќе имам можност и за прецизирање и за некоја измена како е напишано, ни гарантираше дека не станува збор за албанскиот како службен на цела територија на Македонија, истакна професорката која гостуваше на Топ Тема на Телма телевизија.

Груевски: СДСМ со неуставниот закон за јазици ги злоупотребува чувствата на Албанците, не ги решава нивните проблеми

Gruevski-Kumanovo-izjava-1

Законот за јазици кој СДСМ се обидува да го донесе што побргу, може да биде оспорен од Уставниот суд по претставка на било кој граѓанин.

-Јас не знам која е точната поента на СДСМ. Дали Заев сака сега пред избори да ги злоупотреби чувствата и емоциите на  албанските граѓани во Македонија или пак тоа му е нешто договорено со ДУИ. Но, јасно е дека свесно одат со неуставен закон за кој што се свесни дека понатаму било кој во државата да поднесе иницијатива во Уставниот суд, ако судот суди согласно Уставот и правично, тој закон ќе падне. И навистина се чудам дали тоа го прави самиот Заев сега пред избори да си поигра со чувствата на албанските граѓани или пак, се прави договорено со ДУИ, кога однапред се знае дека клучните одредби од законот кој го направиле се неуставни и дека тие можат да паднат при поднесување на претставка до Уставниот суд од било кој граѓанин на државата. Она што всушност го прават со овој закон, особено што првата фаза брзаат да ја поминат пред изборите, е всушност обид да гo прикријат своето неработење, негрижата која ја имаат, безидејноста и незнаењето како да се справат со реалните проблеми и на Албанците и на другите граѓани од различна етничка припадност, истакна Груевски.

Тој потенцира дека СДСМ брза со овој закон за на Албанците да им прикаже слика како да се бори за нив, а всушност проблемите на граѓаните не само што не се решаваат, туку се продлабочуваат.

-Животот нивни не само што не се подобрува, туку се влошува, рече Груевски.

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ е најдобар партнер на Албанците во Македонија кои сакаат заеднички да ја градиме оваа држава

Aleksandar-Nikoloski-Faktor

Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата „Фактор 24“ со Горазд Чомовски на ТВ 24 Вести. За време на интервјуто Чомовски третираше различни теми на кои не се задржа предолго и потемелно поради ограничувањето во време за разговорот со Николовски.

Новинарот во текот на интервјуто напати постави нејасни прашања кои беа на работ на нелогичноста и недокажаноста, како што е прашањето/констатацијата дека за време на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ училишта и улици биле двојазично именувани.

„Тоа е дел од овој мит кој што се создава, меѓу неколкуте митови кои што се создаваат за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е обидот да се портретира ВМРО-ДПМНЕ како антиалбанска партија.“ вели Николовски и продолжува:

„ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците во Република Македонија, напротив доколку сакаат заеднички да ја градиме Македонија е нивни најдобар партнер. Но исто така ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи да работи на штета на Уставот и законите во Република Македонија и на штета на Македонците и другите етнички заедници во Република Македонија.“

Пандов: Шовинизмот на албанските политички лидери не ѝ смета ниту на меѓународната заедница, ниту на Заев

Pandov-Samo-vistina

Во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, политичкиот аналитичар Александар Пандов кажа дека лидерите на албанските политички партии настапуваат чисто шовинистички и само за интересите на албанскиот народ. Тој како пример го зема Зијадин Села, кој изјави дека македонскиот народ не постои и говори чисто за албанските интереси.

-Ако лидер на политичка партија вели дека јас не постојам како народ, а тој настапува чисто етнички. Значи јас не сум слушнал ништо македонско да говори господинот Села, напротив, говори чисто за албанските интереси, албанските партии, настапува чисто етнички. Не само што настапува етнички, тоа исто може да ми биде прифатливо, националист си е човекот, во ред тоа е нормално во политичкото дејствување. Но, не мал дел од албанските лидери настапуваат шовинистички. Значи вреѓајки го мојот народ, вреѓајки го мојот етникум, вреѓајки ја мојата држава, они го издигнуваат албанскиот, тоа е чист шовинизам и тоа не смета ниту на меѓународна заедница, ниту на Зоран Заев. Гледаме дека со истите тие ликови, тој може да разговара, да преговара, да договора, изјави Пандов.

Груевски до СДС: Медениот месец ќе ви помине и ќе треба да испорачате резултати

Gruevski-izjava-20-5-2017

Го слушнав вчера Оливер Спасовски кај што кажа дека ќе требало многу време за да се сределе работите коишто ние сме ги правеле, во смисла дека ние сме направиле лошо. Како што тој рече, режимот што траел десет години. Јас вака сакам да му одговорам на Оливер Спасовски. Оваа влада во овие десет-единаесет години направи толку многу работи што тие не можат да сонуваат дека ќе ги направат, па макар биле три пати подолго на власт отколку што бевме ние, иако тоа нема да се случи, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевси одговарајќи на новинарско прашање.

-Тие уште не влегле во Владата, а говорат сами за себе дека ќе биле реформска влада. Тие прво треба да научат од нас што е реформска влада. Реформи се работи што се прават, да се направат промени за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Ќе видиме какви реформи тие ќе направат. Сега за сега од она што можам да го дознаам главната реформа ќе им биде промена на името на државата и идентитетот, законот за јазиците и одредени работи кои што се зацртани во извештајот на Европската унија, кој што без оглед ние ќе го завршевме доколку формиравме влада, рече Груевски.

Груевски им порача на СДС прво да направат нешто, па потоа да критикуваат и ги потсети дека „тие не беа избрани од граѓаните на Република Македонија на овие избори, тие дојдоа на сила“.

-Тие дојдоа со надворешни притисоци, со надворешни интервенции и правење на коалиции од надвор, заради тоа што ветија некои работи коишто претходно ние не се согласувавме да се завршат. СДС не треба да го заборави тоа, да не се однесува како победник, бидејќи кога зборува, зборува како за нив да гласале двапати повеќе граѓани отколку за ВМРО-ДПМНЕ, а ситуацијата беше поинаква. Граѓаните на Македонија во мнозинство се изјаснија за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што знаеја, дека ВМРО е партија што прави реформи, што прави напредок и ВМРО е таа која што направи огромни тектонски промени во Македонија кон подобро во изминатите 11години. Така што би му порачал прво малку да скокнат, па да кажат оп, како што вели старата поговорка. Да не се фалат предвреме, уште не влегле во влада, а бараат алиби. Ова што го говорат дека ќе им требало долго време да ги средат работите е чисто алиби за нивното неработење и неспособност за коешто се свесни. Затоа што до вчера зборуваа дека ќе сме им оставеле празна каса. Кога слушнаа вчера дека неделава 180 милиони има во буџетот, ликвидност, односно слободни средства, престанаа да говорат дека ќе сме им оставеле празна каса, како што тие нам ни оставија во 2006 година, рече Груевски.

Тоа е оправдување затоа што знаат колкави им се капацитетите, знаат дека програмата им е празна, без сериозни и крупни работи.

-Знаат дека со укинување на радиодифузна такса не се решава економската состојба на граѓаните. Знаат дека ветуваа работи што се нереални, ветуваа дека граѓаните кои се раселени од тука масовно ќе се враќале, дека ќе се зголемела платата, стандардот и ќе донеле живот. Свесни се за своите лаги и сега сакаат да купат време година -две кажувајќи лаги дека заради нашето претходно работење ќе им требало многу време за да се почувствувале придобивките од нивното работење. Таква придобивка нема ниту да има, а во тоа граѓаните сами ќе се уверат, а тие во мнозинство тоа и го знаат затоа и не гласаа тие за да победат, туку ние. Луѓето ќе направат компарација за тоа како се работеше досега и како ќе се работи во иднина, а сега додека се во тој таканаречен меден месец, кога луѓето ги гледаат како власт, а немаат никаква одговорност и само се фалат и нас не критикуваат и говорат за некое идно време, нека го живеат ова нивно време на меден месец. Тоа ќе заврши, ќе ги видиме после што ќе направат, рече Груевски.

Тој нагласи дека граѓаните имаат големи очекувања, затоа што имаше големи ветувања и големи лаги,

-Времето ќе покаже каква реформска влада се тие, јас велам дека ќе бидат антиреформска и времето ќе покаже што тие ќе направат, јас знам дека тие ќе направат неспоредливо и помалку од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

ВИДЕО: Пеењето на албанска химна и кршењето на Деловникот го предизвика револтот

Albanska-himna-i-albansko-zname-vo-Sobranie

Пратеникот Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од Оливер Спасовски од социјалдемократите дека од ВМРО-ДПМНЕ го организирале упадот во Собранието на 27 април, рече дека нема логика тоа да го организирале неговата партија или лидерот Никола Груевски.

Тодоров потенцираше дека се пеело албанска химна, се кршел Деловникот при избор на спикер и потоа се случи нападот. Смета дека тоа довело до влошување на состојбата и зголемување на револтот кај граѓаните и вели дека едно зло носи друго зло.

-Ниту сум знаел што ќе се случи, ниту имало што да се знае. Ова е катастрофално немил настан- рече Тодоров кој потоа го праша Спасовски зошто изборот на Талат Џафери се случи во 18 часот, а не порано.

ГАРАНЦИЈАТА Е ФАРСА – Заев ги лаже и Албанците и Македонците

Zaev-Ivanov-mandat

По сите лаги што ги чувме и по сите предавства што ги видовме од квислингот Зоран Заев во изминатите три години, претседателот на државата Ѓорге Иванов реши да ја прифати неговата гаранција дека од позиција на власт ќе ја штител унитарноста, сувереноста и независноста на Македонија. За да го добие мандатот предавникот беше доволно да изусти, дури и со половина уста, дека „гарантира заштита на уставниот поредок и на територијалната целост“. Првото прашање што го мачи секој Македонец е зошто Иванов ја изневери довербата на македонскиот народ и му го додели мандатот на квислингот? Дали ветувањето на Заев во заднина е покриено од нашите стратегиски партнери со гаранции за неповредливост на унитарноста и на границите на државата или, пак, станува збор за сериозни закани за безбедноста на државата? Која е вистината, верувам дека ќе дознаеме во некоја блиска иднина, но никако не верувам дека претседателот поверувал во искреноста на патолошкиот лажго. Сепак, сѐ додека јавноста не ги добие вистинските одговори има право да се сомнева дека чинот на доделување на мандат и давањето гаранции беше чиста фарса.

Верувам дека ниту Заев и неговите странски налогодавци не веруваат дека народот ќе ја проголта неговата гаранција. Зар македонскиот народ и сите ние што предупредуваме на опасноста од тиранската платформа по трагикомичната изјава на Заев треба да здивнеме со олеснување дека државата е спасена и да му посакаме успешен мандат на предавникот? Се прашувам дали сѐ уште има здраворазумен човек што може да се потпре на збор даден од аболиран криминалец, кој лажеше кого стигне цели три години? Можеби планот е да се донесе закон со кој ќе се казнуваат сите што нема да му веруваат на Заев?

Но и тоа не е доволно. Можеш да го казниш, но не можеш да го натераш да верува дека унитарноста ќе ја штити човек што пред само неколку месеци јавно ветуваше редефинирање на државата. Можно ли е воопшто некој да му верува на ваков клинички случај? За каква заштита на суверенитет зборува овој човек кога доаѓа на власт устоличен од дипломати и амбасадори со фашистички методи откако истите тие претходно насилнички му го одзедоа суверенитетот на народот?

Покрај другите гаранции, квислингот ни гарантира „дека процесот на донесување на одлуките ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеењето на правото, не доведувајќи ја Република Македонија во зависност или потчинетост од други држави“.

Каква перверзија! Овој човек успеа додека беше опозиција да ја направи државата целосно зависна од странски центри на моќ, ги стави националните интереси на тацна на непријателите на македонскиот народ, се пазареше со државните симболи, ја „свитка кичмата“ за името на државата… Отворено прашувам, што може да очекуваме од едно вакво суштество кога ќе дојде власт.

Истиот овој лажго и аболиран криминалец што се фалеше со „чадорот“ и го убедуваше лидерот на ДПА дека го подготвувале повисоките надвор од Македонија, сега вели дека немало да ја доведе Македонија во зависност или потчинетост. Многу скоро ќе видиме за што ги подготвувале со Рамуш Харадинај, кој за еден месец се очекува да стане премиер на Косово.

Квислингот што целосно ја прифати тиранската платформа за да се дограби до власт, а истовремено тврдеше дека не постои таков документ, сега ни гарантира дека „ниеден документ, платформа, акт или дејство не може да бидат услов ниту основа за формирање влада на Република Македонија“.

По три години интензивно лажење, следуваат моменти на вистината. Сега откако го украде мандатот од народот, време да покаже кого излажа – Ахмети или Иванов? Кој документ е фалсификат – платформата или гаранцијата? Чии идеали ќе ги предаде – македонските или албанските? За неисполнувањето на тиранската платформа веќе нема да може да се вади ни на ВМРО-ДПМНЕ, ни на претседател, ни на народ.

Човекот што го спроведе државниот удар во Собранието организирајќи незаконски избор на претседател на Собранието сега тврди дека сакал при изборот на влада да бидат завардени практиката и процедурите. Таа влада и тоа Собрание никогаш нема да бидат легитимни само затоа што ги признале дипломатите што учествуваа во ова политичко насилство. Затоа шефовите на Заев преку изнудениот мандат од Иванов имаат потреба да го легализираат сиот криминал што го направија изминатиот период. Време е да се бришат трагите и да се обвинат други за применетото силеџиство кон народот и кон државата. Со други зборови, народот ќе ја плати цената затоа што ја принуди длабоката држава во САД и нејзините структури во Брисел да се понижат до степен јавно да ги погазат сите демократски принципи и начела и, уште повеќе, да применат фашистички методи за инсталирање квислиншка власт.

Но, Заев и сите колаборационисти на новата влада, која ќе биде директно диригирана од странскиот фактор, треба да бидат свесни дека со доаѓањето на власт нивната одговорност не се брише. Не се брише ни меморијата на народот, кој вечно ќе го памети предавството. Ќе одговараат сите до еден пред народен трибунал за своите злодела, пред сѐ, кон државата. Заев, исто така, треба да биде свесен дека го загуби чадорот уште пред да седне на премиерската фотелја. Отсега натаму нека размисли кој ќе го брани од народот за злоделата. И нему и на сите околу него треба да им е јасно дека оваа фашистичка банда порано или подоцна ќе биде казнета од истите тие патриоти што ги направија терористи. Затоа што предавство на сопствениот народ не се простува!

Пишува: Ненад Мирчевски за Република