БРАВО ЦРПКО: Уредувањето на албанскиот јазик како втор официјален ќе биде еден од првите приоритети на новата влада

Ali-Ahmeti-albanski-jazik

Уредувањето на албанскиот како втор официјален јазик ќе биде еден од првите приоритети на новата влада. Ова го потврди и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

-Сигурно и од голема важност е да се даде порака дека ова е почеток на многу очекуваните реформи почнувајќи од тие во судството, но не заборавајќи дека оваа земја е во потполна стабилност почитувајќи ги и етничките заедници, што значи дека не треба да се заборави Охридскиот договор, не треба да се заборави статусот на албанскиот јазик како што е определен со Охридскиот договор и со Уставот на РМ.

Вака одговара Ахмети на прашањето- кои ќе бидат првичните задачи на новата влада во која партиципира и неговата партија.

Ние не бараме ништо што е надвор од Охридскиот договор и надовор од Уставот на РМ, вели Ахмети и додава:

„Злоупотребата на политички партии за дневно-политички цели дека Али Ахмети кажал пред 10 години: „Прашањето на албанскиот јазик е завршено и дека албанскиот јазик е официјален“, јас никогаш не сум рекол такво нешто. Сум кажал дека албанскиот јазик и статусот се уште не се завршени, има аванцирање на албанскиот јазик во Македонија, но не е комплетно, статусот на албанскиот јазик ќе се уреди со Закон како што бара и самиот Охридски договор и Уставот на РМ- јазикот кој што го зборуваат над 20% од граѓаните исто така е официјален јазик.“

Средба Aхмети- Заев: Следува Закон за јазици, промена на грбот и знамето

dva-597-

Блиски извори до албанските партии и СДСМ брифираат дека на денешната средба Али Ахмети и Зоран Заев разговарале за понатамошните чекори на таканаречената коалиција помеѓу албанските партии.

Од страна на Али Ахмети било посочено дека еден од првите чекори кои треба да се преземат веднаш по влезот во Собранието од страна на СДСМ и албанските партии, e да се изгласа првиот дел од Тиранската Платформа, на истиот противуставен и нелегитимен начин како што беше избран Талат Џафери за Претседател на Собранието.

Како што се зборува се погласно во коалициските редови, веќе биле подготвени новиот државен грб, законот за двојазичноста за целата територија, како и предлог државното знаме.

Со силувањето на демократијата и Уставот на Република Македонија, СДСМ неуставно гласајќи ги овие закони треба да си го оствари првиот дел од Договорот за коалиција.

Првиот дел од фактурата која треба да ја испорача Зоран Заев до Албанците е само почеток на она што следи и што е зацртано за во иднина. Веднаш после ова ќе се разговара и за промена на државното име и кантонизација на државата, што води до отцепување на одредени делови од државата и реализација на Тиранската Платформа.

Со ова се очекува Зоран Заев уште повеќе да го навлече гневот на граѓаните и да испровоцира нови протести.

Ахмети нема да оди на лидерска средба кај Иванов

ali-ahmeti-dzip

Синоќешните настани треба да се осудат од страна на сите политички партии и од сите граѓани на Република Македонија. Состојбата треба да се смири, апелира лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

– Да се напаѓаат физички претставниците на народот, да се руши храмот каде што треба да владеат законот и демократијата е чин што треба да биде осуден – изјави Ахмети.

Тој повика на смиреност и апелира внатрешниот етнички проблем да не се дозволи да премине во меѓуетнички. На новинарско прашање дали ДУИ ќе учествува на лидерската средба кај претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, тој изјави дека неговата партија нема да учествува бидејќи верува дека Иванов е дел од проблемот, а не дел од решавањето на истиот.

ДУИ не дозволува Заев да седи на два стола: Повлекување на потписите поради додворување на Србите

Zaev-Ahmeti-Sobranie

Партијата на Али Ахмети размислува за можно повлекување на потписите за поддршка на владата во најава на Зоран Заев поради повлекувањето на лидерот на СДСМ од првичните позиции за платформата на Албанците, особено во делот за промена на државните симболи, за резолуцијата за геноцид врз Албанците, но и за унапредувањето на албанскиот јазик, истакна за „Дневник“ висок функционер на ДУИ.

Лидерите Заев и Ахмети вчера имале средба во Собранието и, според информациите, разговарале за можна деблокада на парламентот, но не се открива дали и кои сценарија се договорени во таа насока. Засега нема информации дали Ахмети лично му кажал на Заев за незадоволството во ДУИ.

Изворот на „Дневник“ од ДУИ додава дека Заев во последното интервју за српската телевизија „Н1“ ретерира од повеќе точки од албанската платформа, кои, според интегративците, веќе биле договорени. Токму поради ова, во ДУИ се револтирани и некои од функционерите притискале Ахмети да ја повлече поддршката за влада со Заев.

Во интервјуто Заев вели дека тоа што од нив како македонски партии се бара од страна на албанските партии е во рамките на Уставот и Рамковниот договор.

Тоа што е испорачано преку таканаречената декларација на партиите на Албанците во суштина е унапредување на албанскиот јазик во општините во кои Албанците се повеќе од 20 отсто и тоа во делот на таблите на граничните премини, на некои споменици и на некои институции. Во делот на чувствителните прашања ние веќе го изразивме нашето неприфаќање. Тие бараа да се отвори дебата за националните симболи – химната, знамето и грбот, но ние кажавме дека сме против тоа. Не се согласуваме ниту со прогласување геноцид врз Албанците, тоа апсолутно не ни е потребно – вели Заев.

Овие позиции, според функционерот на ДУИ, предизвикале реакции во партијата и револт кај албанската заедница.

Се размислува да ги повлечеме потписите за поддршка на парламентарното мнозинство и нова влада. Заев ретерира од веќе договорени прашања од албанската платформа. Во таков случај Ахмети треба јасно да му даде на знаење дека доколку не се придржува на договореното, тогаш ќе нема ни парламентарно мнозинство ни влада и Заев нема да стане премиер – вели функционерот на ДУИ за Дневник.

И други функционери на ДУИ потврдуваат дека ретерирањето на Заев предизвикало незадоволство и револт во партијата, но сепак не веруваат дека Ахмети ќе ја повлече поддршката за новото мнозинство и владата.

Незадоволство има, но не до таков степен за повлекување на потписите. Незадоволство има и од нерешителноста на СДСМ и чекањето да се охрабри Заев да направи влада. Ахмети само во еден случај ќе ги повлече потписите и поддршката за Заев и тоа доколку Никола Груевски и Зоран Заев договорат заемна амнестија. Тогаш ДУИ нема да биде ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ – вели функционер на ДУИ.

Лидерите од новото мнозинство, Заев и Ахмети, и вчера на средба во Собранието разговарале за деблокирање на парламентот.

Потврда за средбата прво стаса од ДУИ, а потоа Заев лично потврди дека секојдневно е на линк со партиите од албанскиот блок за да се договорат дали да се вклучат во дебатата или да продолжат со молкот.

Внимателно работиме на следните чекори за деблокирање на Собранието, избор на претседател, а потоа и мирен трансфер и гледаме да не направиме нешто што ќе му оди во корист на политичкиот противник – рече Заев.

Од СДСМ секојдневно најавуваат дека само што не е избран новиот претседател на Собранието. Една од опциите што ја турка СДСМ е највозрасниот пратеник Бранко Манојловски од ДУИ на паралелна седница во салата „Борис Трајковски“ да претседава со парламентот и да се избере Талат Џафери за нов претседател на Собранието.

Дека секој момент може да се избере нов претседател на парламентот, вчера повтори пратеникот Љупчо Николовски.

Секој ден е можен избор на спикер на Собранието. Тој ќе ги распише локалните избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска влада. И Ахмети и Заев се пратеници и како што до денес се среќавале, и од денес натаму има и ќе има средби на претседателите на партиите од мнозинството така што не е чудно секојдневно да има средби помеѓу Ахмети и новиот мандатар Заев – рече Николовски.

Но, од ДУИ и вчера повторија дека не влегуваат во сценарија кои може да предизвикаат дополнителна криза.

Не е тоа операција за Бранко Манојловски. Апсолутно не би оделе на таков чекор. Иако ДУИ е партија дојдена од шума, ќе се придржуваме до легалистичките чекори. ДУИ нема да биде дел од сценарио што ќе долева бензин на огнот – вели функционерот.

Ахмети: Успеавме да ја победиме империјата Југославија и да ги избркаме окупаторите

Ahmeti-UCK

Единствени и обединети сме секогаш кога некој го става под ризик албанското прашање. Успеавме да ја победиме империјата наречена Југославија и ги избркавме окупаторските сили. Нашата мисија не е завршена, треба да продолжи бидејќи имаме уште многу работа.

Ова сублимирано се поентите од обраќањето на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, викендов од кичевско Kоларе (родното село на вујкото на Ахмети, Фазли Велиу) по повод откривањето на спомен-плочата во сеќавање на консултативниот состанок на илегалното Народното движење на Kосово (НДK), кој во 1993 година се одржал таму, пишува Дневник.

Од ДУИ за „Дневник“ велат дека Ахмети зборувал за новата мисија на Албанците -регионот да биде дел од НАТО и ЕУ.

НДK од осумдесеттите години од минатиот век ја прокламира идејата за независна Република Kосово, прво во рамките на поранешна Југославија за подоцна да ја организира и да учествува во војната во 1999 година за независност на Kосово.

На состанокот на НДK во Kоларе во април 1993 година, освен Kосовците како Хашим Тачи, учествувал и Али Ахмети. Од средбата произлегла резолуција според која НДK ги поддржува сите вооружени акции против окупаторите. Во НДK дејствувале Албанци од Kосово и од Македонија. Во јули 2000 година во Приштина биле одобрени програмата и Статутот на НДK, како што велат, по протерувањето на српските трупи од Kосово. На состанокот присуствувале 250 делегати од Kосово и Македонија. На состанокот Али Ахмети е избран за потпретседател на НДK.

НДK јавно ја поддржа војната на Албанците во Македонија и УЧK. Во февруари 2001 година активистите на НДK по потекло од Македонија ~ се приклучиле на ОВK. Али Ахмети, кој дотогаш бил потпретседател на НДK, станува портпарол на УЧK. Фазли Велиу, Муса Демири Шефет Џафери и Муса Џафери Џафери и други вршеле важни задачи за време на војната во Македонија, стои во текстот на весникот.

Во информацијата на медиумите на албански јазик, за откривањето на спомен-плочата на куќата во која се одржал состанокот на НДK, нема информација кој го поставил обележјето. Информација за тоа Дневник не добиле ни од ДУИ.

Ахмети по откривањето на спомен-плочата рече:

– Kога нè следеа и прогонуваа, ние знаевме да набљудуваме, промовираме разни вредности и мислења, но што е тоа што не се менува кај членовите на НДK: целта и тоа дека сите се обединуваат кога ги повикува некое големо прашање, како што е албанското прашање. Значи, ние сме едно и ако некој се охрабри да го стави под ризик сето она што сме го изградиле како едно тело, ние сме обединети, ние сме едно.

Има една голема вистина дека НДK имаше најпожртвувани луѓе и не случајно успеавме да ја победиме империја наречена Југославија. Организиравме отпор, но другата страна мислеше дека нашата идеја не може да се реализира. Со фанатизам да го сочуваме она што го создале заслужните луѓе. Тие луѓе денес не се меѓу нас и им оддаваме почит токму преку местата каде што се донесени големите одлуки каде што подоцна следуваше востание до истерување на окупаторските сили. Нашата мисија не е завршена, треба да продолжи бидејќи имаме уште многу работа – рече Ахмети.

На прашање на „Дневник“ кој е окупаторот, што од мисијата не е завршено и кои се многуте работи што допрва треба да се завршат за да се заврши и мисијата, од ДУИ ни одговорија дека Ахмети зборува за ЕУ и НАТО, за целосна еднаквост на Албанците во Македонија, за албанскиот да биде еднаков со македонскиот јазик.

– Мисијата е регионот да биде дел од НАТО и Европската Унија. С` додека Албанците не бидат дел од НАТО, тие се загрозени и оттука НАТО и ЕУ се новата мисија и стратешка цел на Албанците – вели Бујар Османи, портпарол на ДУИ.

Но, нема одговор од ДУИ кои се окупаторите во Kосово и во Македонија. На јавноста познати ~ се петте коминикеа на УЧK каде што се повикуваше Албанците да ги ослободат албанските територии во Македонија од славомакедонската чизма.

Нејасно е и како Албанците се загрозени кога лидерот на ДУИ, Ахмети, зборува за незавршена мисија и за албанското прашање.

Поделбата на општините клучна за колицијата меѓу СДСМ и ДУИ: Заев ги сака Арачиново, Студеничани и Чаир

zaev-ahmeti-albanci

СДСМ на локалните избори ќе оди со кандидати Албанци во некои од општините каде што мнозинство се Албанци, најави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми. Наспроти ова, од партијата на Али Ахмети очекуваат соработка со СДСМ, а не директна изборна битка во трката за градоначалничките мандати, особено во Тетово, Гостивар, Чаир, Струга, Kичево и Скопје, пишува Дневник.

Од извори од ДУИ Дневник дознава дека соработката меѓу СДСМ и ДУИ за локалните избори била дел од пакетот договорен меѓу Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев за новата владина коалиција, во спротивно, според ДУИ, ќе нема ни нова влада.

Од СДСМ, пак, тврдат дека меѓу Заев и Ахмети немало разговор за локалните избори.

Адеми во интервју за тетовска телевизија на албански јазик најави дека СДСМ ќе излезе со свои кандидати Албанци за локалните избори.

Не гледам никаков проблем да имаме кандидати Албанци во општините во кои Албанците се мнозинство. Тоа што е поважно за мене е да имаме квалитетни кандидати. Градоначалникот треба да биде добар. Помалку е важно дали ќе биде Албанец или од некој друг ентитет. Денеска имаме албански општини со градоначалници Албанци, но тие се нефункционални. Не кажувам дали ќе имаме или не кандидат Албанец, но постојат можности за тоа – вели Адеми.

Висок функционер на СДСМ за „Дневник“ потврди дека на локалните избори ќе номинираат кандидати за градоначалници Албанци, но дека сè уште не утврдиле во колку и во кои општини. Функционерот вели дека рано е да се каже дали за општините како Тетово, Гостивар, Чаир, каде што за избор на градоначалник во вториот изборен круг неопходни се гласовите на Македонците, СДСМ ќе оди на соработка со ДУИ и ќе излезе со кандидат Македонец или ќе номинира кандидати Албанци.

Од ДУИ брифираат дека е договорено за локалните избори да соработуваат со СДСМ бидејќи се коалициски партнери на централно ниво.

Природно е при изборот на градоначалниците да соработуваме со СДСМ, особено во општините во кои во вториот изборен круг решавачки се гласовите на Македонците – вели висок функционер на ДУИ за Дневник.

Според ДУИ, ова веќе е договорено меѓу Ахмети и Заев кога се договарала поддршката на ДУИ за новото парламентарно мнозинство. Неофицијално, Ахмети инсистирал дел од договорениот пакет да биде и соработка меѓу ДУИ и СДСМ за локалните избори и Заев со кандидати Албанци да не му чепка во ооштините во кои мнозинство се Албанците. Според изворот на весникот, во спротивно ќе нема ни соработка меѓу ДУИ и СДСМ на централно ниво, односно ќе нема ни влада.

На поддршка од СДСМ за локалните избори пред с` инсистирал преговарачкиот тим на ДУИ со социјалдемократите, кои воедно се актуелни градоначалници на Тетово, Гостивар и Чаир, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити. Токму во интерес на преговарачката тројка било ДУИ да прави влада со СДСМ, сметајќи на поддршка од социјалдемократите за уште еден мандат во Тетово и Гостивар.

ДУИ со остар став за нови градоначалнички мандати

Интегративците, според првичните најави, не се очекува да истрчаат со нови имиња за кандидати за градоначалници во поголемите општини. Извесно е дека Невзат Бејта и на претстојните локални избори ќе влезе во трка за уште еден мандат во Гостивар, бидејќи ја има поддршката од гостиварскиот разгранок. Неофицијално, на повторна номинација за градоначалничката функција ќе оди и Теута Арифи за втор мандат во Тетово. Промени ќе нема и за Струга, Kичево и Липково, каде што како најсериозни кандидати повторно се споменуваат поранешниот градоначалник Рамиз Мерко и актуелните Фатмир Дехари и Садула Дураку. Иако чаирскиот градоначалник Изет Меџити ја има поддршката од разгранокот, тој за „Дневник“ изјави дека нема да оди на четврти мандат.

– Доста се три градоначалнички мандати. Ја имам поддршката од разгранокот, но во политиката секој треба да го знае моментот кога треба да се повлече. Оставам простор помлади кадри да претендираат за градоначалничката функција – вели Меџити. Интересно е како владините партнери СДСМ и ДУИ ќе одиграат за Струга и Kичево, каде што е неопходна соработка без оглед дали кандидатите за градоначалници ќе бидат Македонци или Албанци. На последните локални избори во 2013 година, карактеристично беше дека за Струга и за Kичево се гласаше етнички. За победата на доскорашниот градоначалник на Струга, Зијадин Села, и на градоначалникот на Kичево, Фатмир Дехар, и пресудни беа гласовите на сите партии на Албанците, но и гласањето на албанската дијаспора, која за изборите масовно дојде во земјава. И за претстојните избори од ДУИ брифираат дека, најверојатно, ќе се оди на етничка, наместо на поддршка од коалицискиот партнер.

Можно е Арачиново првпат да има градоначалник од СДСМ

Ако СДСМ реши во општините со мнозинство Албанци да оди со свои кандидати за градоначалници Албанци и доколку поддршката на граѓаните за локалните избори остане како таа за парламентарните, тогаш е можно Заев без проблем да ги добие Арачиново, Студеничани, а можеби и Чаир, пишува весникот.

На последните парламентарни избори СДСМ доби повеќе гласови од ДУИ во Арачиново, Студеничани, а во Чаир беше втор по Беса и пред ДУИ.

Арнаудов: Го предупредив Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ која е сеопшт победник на изборите да остане надвор

Lambe-Arnaudov

Директно го предупредив Али Ахмети дека не е добро ВМРО-ДПМНЕ, која е сеопшт победник на изборите, да остане надвор. Тоа е игра што не е добра ни за едните ни за другите, односно ниту за ВМРО-ДПМНЕ ниту за ДУИ, смета Ламбе Арнаудов од ВМРО-НП.

– Ваква состојба не може многу да придонесе. Според мене, по многу работи ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се слични. Исти обележја, фолклор и цели, со разлика што едните го имаат зад себе македонскиот, а другите албанскиот народ. Мојот став е дека политичка партија како ДУИ треба да сфати дека ВМРО не може да остане настрана во оваа игра. Денешното обраќање на Ахмети може да покаже дека работите се движат кон подобро – вели Арнаудов.

Додава дека доколку се донесе во Собранието одлука во однос на Влада, а без мандат, истата нема да биде уставна.

– „Кога едно малцинство има поголеми права од другите“ е темата на вечерашното „Отворено студио“. Во програмата гостуваат Иван Стоилковиќ – Демократска партија на Србите во Македонија, Бејџан Илјаз – Демократска партија на Турците во Македонија, Ламбе Арнаудов – ВМРО НП и Љупчо Пренџов од ГРОМ.

Српски Информер предупредува: Зоран Заев и албанските партии кројат план како да влезат во Собрание и да направат влада

Zaev-Ahmeti-Dzaferi

Албанската марионета и лидер на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев во својата земја планира на власт да донесе терористи од поранешната ОВК, пишува српскиот весник Информер. Заев како потпретседател на Владата ќе го постави Али Ахмети, еден од основачите на ОВК. Неговиот поранешен соборец, Талат Џафери, за кој постојат сомневања дека е вмешан во еден од најголемите масакри во историјата на Македонија, го планира за претседател на македонското Собрание.

Informer-Tiranska-trojka

Двајцата поранешни терористи се подготвуваат за важни државнички функции, пишува спрскиот весник повикувајќи се на информации од македонските медиуми.

– Ахмети кој е лидер на најголемата албанска партија во Македонија, ДУИ ќе биде во позиција да го заменува претседателот на владата и да носи клучни одлуки. Џафери, исто така функционер на ДУИ, на позицијата претседател на Собрание, според Уставот, ќе може да го менува претседателот на државата. Тоа значи дека доколку нешто му се случи на претседателот, Џафери ќе ја преземе наговата функција, пишува весникот.

Како што наведува Информер, не треба да се заборави дека Ахмети беше основач на ОВК и поранешен врховен командант на нејзината фракција во Македонија, Ослободетелната нарадона армија – ОНА која ја предизвика војната во 2001 година.

Ali-Ahmeti-UCK

– Ахмети, кој се школуваше во Приштина, во 80-тите години им помагаше на терористите на Косово од Швајцарија, каде живееше одредено време. Подоцна ја основаше ОВК и учествуваше во крвавите борби на Косово што резултираше со отцепување на таа српска покраина. Кога ја заврши работата во Србија, премина во Македонија каде како врховен командант на ОНА започна нов крвав судир. Кога и тоа се заврши, ја остави пушката и стана „угледен“ лидер на албанска партија, се навраќа Информер.

Од друга страна пак Талат Џафери е некогашен офицер на ЈНА и на македонската војска. За него постојат сомневања дека бил вмешан во масакрот кој се случи на 28 април 2001 година за време на војната во Македонија кај Вејце во тетовско. Албанските терористи тогаш во заседа ги нападнаа припадниците на македонските специјални сили и ѕверски ги убија. За време на масакрот Џафери како офицер на македонската армија командувал со единица во тетовската касарна. Кратко по масакрот тој дезертирал за да им се приклучи на терористите од ОНА каде го добил прекарот Форина.

Talat-Dzaferi-UCK

До денес некој не одговарал за тој случај, ниту била покрената било каква истрага, а Џафери од февруари 2013 до јуни 2014 беше и Министер за одбрана.

Ќе се прави влада додека Иванов е на пат

Зоран Заев и албанските партии прават план како влезат во Собранието и да направат Влада без мандат кој според уставот треба да им го додели претседателот Иванов. Заев има намера да ја искористи приликата оваа недела додека Иванов со својата сопруга замина за Азарбеџан  каде во четврток и петок треба да присутствува на меѓународен форум.

– Очекувам на седницата на Собранието која ќе ја повикаме оваа недела да биде избран претседател на тоа тело. Исто така очекувам да бидат потврдени нашите 67 мандати по што ќе биде формирана Владата, најавил Заев.

АХМЕТИ ПОТВРДИ, ЗАЕВ МОЛЧИ: Платформата договорена, СДСМ „не знае ништо“

ahmeti-zaev-540x304

Откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во целост ја откри содржината на платформата од Тирана, во СДСМ владее целосен молк. Зоран Заев во своите настапи во јавноста невешто се обидува да го одбегне прашањето што најмногу ги засега граѓаните.

Освен срамежливите изјави дека позитивно гледа на платформата, Заев не сака да говори за договорот на партиите на Албанците кој задира во унитарниот карактер на државата.

Лидерот на Заев повеќе милува да говори за тоа што претседателот Иванов не му го дава мандатот да формира влада иако е јасно дека причината за тоа е токму платформата. За Заев поважни се 67 потписи од ДУИ, Беса и од „Алијансата за Албанците“ отколку стоте што би ги имал заедно со тие од ВМРО-ДПМНЕ.

Услов за тоа е да се откаже од платформата и со тоа ќе има можност да формира малцинска влада, а така ќе стане премиер на Македонија. Но, Заев тоа очигледно не го сака и по секоја цена ја турка платформата со која целосно ќе ја редефинира Македонија и ќе се воведе двојазичност во цела Македонија, банкноти на албански јазик, како и двојазични амблеми на војската и на полицијата. Покрај тоа, ќе се започне и дебата со која треба да се променат химната, знамето, грбот и името на државата.

Тоа го потврди и Ахмети во интервјуто за „Ројтерс“, како и дека повлекувањето од платформата би било погрешно.

Сепак, најдалеку во радикализирањето на политичката состојба во Македонија отиде Зијадин Села, кој исто така се споменува како иден коалициски партнер. Тој јавно се пофали дека никогаш не станал на македонската химна и не го истакнал официјалното државно знаме и дека македонската нација воопшто и не постои.

Јанко Бачев за РСМ: Заев веднаш да се произнесе јавно пред македонскиот народ за Договорот со Ахмети

Janko-Bacev-RSM

Народот има право да ја знае вистината кога се работи за иднината на Македонија и Македонците, и затоа СДСМ веднаш да го даде на увид постигнатиот договор со ДУИ, со цел, јавноста да види кој лаже и манипулира.

Ова го изјави Универзитетски професор Јанко Бачев за „Гласот на народот“ на Радио Слободна Македонија, додавајќи дека на тој начин ќе се разреши дилемата, односно, доколку СДСМ нема договор со кој се загрозуваат националните и државните интереси тогаш народот ќе им посака успешна работа во остварување на програмата на владата предводена од СДСМ.

Но, доколку произлезе дека се договорени работи за рушење на Македонија и Македонците, тогаш народот ќе застане во одбрана на Татковината и по секоја цена, било со ненасилни или насилни средства ќе спречат формирање влада на антимакедонски основи, оценува Бачев.

Според него, голема е загриженоста кај народот од поделеноста што ја гледаме за прашања од витален национален и државен интерес за Република Македонија.

-Од една страна гледаме и слушаме дека Заев практично се договорил со Ахмети за идентитетска промена на Македонија и Македонците со двојазичноста, промена на името, знамето, грбот и химната, додека пак, од друга страна, слушаме дека разговорите на СДСМ со ДУИ биле поставени исклучиво на Уставот, категоричен е Бачев.

Тој се осврна и за генезата на двегодишната криза во Македонија и од каде таа потекнува и со став:

-Се започна кога „ѕверот“  инаку претпознатлив по ,,шарените револуции“ и рушење на влади, а од кого денес се срами и актуелниот американски претседател Доналд Трамп за злоделата што ги сторил во изминатите децении во многу држави и обиди за рушење на легално избрани влади, како што е и Македонија.

– Процесот на „некој“ од некои наречен „сценаристот“, од некои „чадорот“, а јас во моите настапи го нарекувам „ѕверот“ да се зададе решавачкиот удар врз Македонија, има своја хронолошка димензија која е актуелна до ден денес, појаснува Бачев.