ПУЧИСТИЧКИ ПРОТЕКТОРАТ: СДСМ и ДУИ за незаконските чекори охрабрени од странските амбасадори

dui-sdsm

Амбасадорите во Република Македонија продолжуваат да се генератор на незаконското и неуставно работење, охрабрувајќи ги СДСМ и ДУИ за незаконски чекори.

Откако добија „зелено светло“ и ги охрабрија да изберат претседател на Собранието, амбасадорите сега ги храбрат насила и незаконски без добиен мандат да направат Влада бидејќи им се брза.

Спроведувајќи ги насоките и исполнувајќи ги дадените задачи само потврдува дека државата ќе ја водат амбасадорите на странските земји.

Вчера, по средбата со Талат Џафери холандскиот амбасадор даде изјава дека имал прекрасна средба нарекувајќи го претседател. Амбасадодорт Пломп истакна и дека очекува позитивен развој на настаните во неделата што следува.

Ваквиот развој на настаните отвора сериозен сомнеж дека Заев Македонија ќе ја направи следната БиХ, дека претставници на други држави во Македонија ќе ја раководат и контролираат земјата.

Груевски се сретна со амбасадорите на Германија, Обединетото Кралство, Шведска и Холандија

Gruevski-ambasadori-1

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како што информира партијата, било посочено дека најдобар и најбрз начин за излез од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски заедно со тројца членови на Извршниот комитет имаше средба со амбасадорите на Германија, Обединетото Кралство, Шведска и Холандија.

На средбата со четворицата амбасадори присуствувале и Никола Попоски, Никола Тодоров и Владимир Ѓорчев како членови на Извршниот комитет на партијата.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и за позициите и ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во однос на нејзиното надминување.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ, како што информира партијата, било посочено дека најдобар и најбрз начин за излез од политичката криза е спроведување на предвремени парламентарни избори заедно со редовните локални избори.

– Причината за нивно одржување е поради фактот што по изборите се случија голем број на работи, главно поврзани со тиранската платформа договорена во соседна држава, кои не беа презентирани за време на изборите и голем број на граѓаните чувствуваат голема изборна измама, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Gruevski-ambasadori-2

Во однос на дебатата во Парламентот, од страна на ВМРО-ДПМНЕ било истакнато дека она што во моментот се случува во Собранието е користење на сите законски и деловнички можности од страна на коалицијата „За подобра Македонија“ за искажување на ставовите и позициите низ парламентарна дебата. – Ништо нема незаконски и нема ништо што досега не се случило во минатото во Македонија, низ Европа и Светот, практично тоа е начинот на кој ВМРО-ДПМНЕ го изразува револтот од прифаќањето и наметнувањето на тиранската платформа, било посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со амбасадорите.

ВМРО-ДПМНЕ посочила дека се спротиставува на наметнување на платформа договорена во канцеларијата на премиер на соседна држава, каде има карта на Голема Албанија. Според ВМРО-ДПМНЕ, платформата има многу спорни и контраверзни делови, а лидерот на СДСМ Зоран Заев, според кажувањата на сите инволвирани, но и врз основа на негова изјава, ја прифатил во целост.

– Што се однесува во однос на разговорите со ДУИ за коалицирање кои следеа во месец јануари годинава, од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше  истакнато дека нема да се разговара за платформа која е донесена на етничка база во друга држава, по што разговорите се фокусираа на унапредување на користење на јазиците на немнозинските заедници во општините каде тие се над 20 проценти, информира ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата од страна на ВМРО – ДПМНЕ било посочено дека добро спроведените избори не треба да се инцидент, туку пракса, како што и всушност е. – Резултатот кој го оствари ВМРО-ДПМНЕ по број на освоени гласови на последните избори е многу близок со резултатот на изборите во 2014-та година што е најдобра негација дека изборите во 2014-та беа реални, поради што тие го бојкотираа Парламентот и ја оспоруваа неговата работа, било истакнато од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ оцениле дека е потребен дијалог и дебата, во рамки на институциите за поместување на работите и организирање на избори за излез од кризата.

Твитерџиите за амбасадорите: Анонимни службеници во своите земји стануваат опседнати да ја водат државата

garetot

Анонимни службеници во своите земји кои добиваат политички амбиции и стануваат опседнати да ја водат државата. Вака твитерџиите ги опишуваат некои од амбасадорите во Македонија, за кои додаваат дека “по некое време не може да се разликува дали се само амбасадори и претставуваат друга држава или се кандидати за премиер или претседател во Македонија“.

Некои амбасадори кога ќе дојдат во Македонија како анонимни службеници и во нивната земја и во нивното МНР, кога од возење со метро ќе се префрлат на скап автомобил со личен возач, од готвачи во нивниот скромен дом ќе добијат готвачи за нив и келнери во раскошни резиденции, стануваат опседнати да ја водат државата, да ја креираат нивната иднина, да учествуваат во домашната политика активно, да се мешаат во партиските и владините секојдневни одлуки, да контролираат поголем дел од медиумите, да даваат изјави и да ги има нивните политички изјави во вестите. Добиваат политички амбиции и по некое време не може да се разликува дали се само амбасадори и претставуваат друга држава или се кандидати за премиер или претседател во Македонија.

Понекогаш тоа им се случува на многу мажи над 40-тата година, кои во детството и младоста наместо да бидат дел од маалскиот фудбалски клуб со најдобрите, ги ставале да бидат стативи. Таквите често многу подоцна добиваат неодолива желба да станат фудбалери и да даваат многу голови во Лигата на шампионите.

Неостварените соништа од младоста се причина некој да ги остварува на стари години, на сметка на демократијата и слободната волја на граѓаните кој тие сакаат да раководи со земјата“.

ЧАО БЕЈЛИ: Екипата на Трамп побара амбасадорите поставени од Обама да се повлечат од функциите до 20 јануари

donald-tramp

Екипата на Доналд Трамп за спроведување на транзицијата на власта издала генерална наредба амбасадорите кои се назначени од претседателот Барак Обама да ги напушптат своите функции до стапувањето на должност на новиот претседател, на 20 јануари.

Веста ја соопшти американскиот амбасадор во Нов Зеланд, цитиран од британските медиуми.

„Јас ќе се повлечам на 20 јануари“, најави амбасадорот Марк Гилберт на Твитер.

Наредбата, што важи за сите, „без исклучок“, се соддржи во телеграмата на Стејт департментот од 23 декември, прецизира Гилберт, потврдувајќи ги информациите на весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот цитира дипломатски извори, според кои, претходните американски влади – и репубрикански, и демократски, ги продолжувале роковите за амбасадорите, особено оние со деца во училиштата,  да имаат можност да останат во соодветните земји  уште неколку недели или месеци.

Претставници на Стејт департментот и на екипата на Трамп за преодниот период не беа расположени за коментар, забележуваат британските медиуми.

Доколку наредбата се реализира, САД може со месеци да останат без амбасадори, потврдени од Сенатот, во клучните држави, како Германија, Канада и Велика Британија, забележува „Њујорк тајмс“.

Високо позициониран претставник од екипата на Трамп за весникот изјавил дека во мерката нема злонамереност и дека нејзината единствена цел е да гарантира дека дипломатските претставници на Обама навреме ќе ги напуштат функциите, исто како и илјадниците политички помошници во Белата куќа и федералните служби.

Подготвувајќи се за стапување на должност, Трамп планира на функција да не остави ниту еден политички функционер назначен од Обама и да смени многу од постигнатото во областа на внатрешната и надворешната политика од неговиот претходник во Белата куќа, пишува „Њујорк тајмс“.

Старо-ново оружје на странските сценаристи: Оставете сè, во јануари отворете нов предмет за ВМРО-ДПМНЕ

katica-janeva-analiza

Специјалното јавно обвинителство е последна надеж за оспорување на волјата на народот, односно за извојување на битката на странските сценаристи со ВМРО-ДПМНЕ како победник на изборите, пишува Дневник.

Извори на „Дневник“ велат оти eден амбасадор повторно го притиснал алармот во СЈО давајќи насока останатите предмети да се стават на страна, а фокусот целосно да биде на партијата и нејзиното раководство. Пред да замине на прослава на божиќните празници со семејството амбасадорот си нарачал пресметка со партијата што победи на изборите. Насоката до кооперативните обвинители од СЈО била по секоја цена да се оди со истрага за партијата и раководството за тоа како се финансирале претходните избори.

Наредбата ја пренел еден од обвинителите пред целиот колегиум на СЈО јавно посочувајќи кои се очекувањата на амбасадата. Тој на своите колеги им укажал дека рокот во кој се очекува ваков резултат од СЈО е крајот на јануари или најдоцна до средината на февруари.

dnevnik-sjo

Очигледно е дека сценаристите на проектот за редефинирање на Македонија сè уште не го кажале последниот збор и не кренале раце од својата инвестиција. Сега очекувано ги вадат последните џокери бидејќи гледаат дека народот не ја напушта партијата која по сè што се случуваше во овие две и пол години изборите ги заврши како победник со 450.000 гласа, само 30.000 помалку од претходните, наводно некредибилни избори. Од друга страна, пак, повеќе од очигледно е дека Зоран Заев нема да може да го испорача тоа што го ветуваше затоа што двегодишниот проект пропадна со објавувањето на резултатите.

Операцијата почна уште во октомври

Затоа сега Kатица Јанева и специјалното јавно обвинителство влегуваат во нова улога на извршители на одмаздата на сценаристите што не можат и не сакаат да се помират дека народот го кажа своето.

Целата операција за овој предмет започна уште на почетокот на есента, а на крајот на октомври кога ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека се вршат притисоци и се заплашуваат членови на партијата за да се изнудат невистинити изјави со кои би се инкриминирала партијата и раководството. Целта на тогашната операција беше пасивизирање на членството и повлекување на активистите во кампањата што претстоеше.

-Ваквите обиди СЈО да повикува што е можно поголем број членови на ВМРО-ДПМНЕ и да ги принудува да дадат некакви лажни искази или изјави нема да помине и нема да успее да ги заплашат или демотивираат членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Членовите од тимот на Kатица Јанева се служат со истите незаконски методи, со уцени и лажни ветувања, се убедуваат да ги натераат граѓаните да се дистанцираат од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и да даваат лажни искази, изјави тогаш Антонио Милошоски, член на извршниот комитет на партијата.

Тогаш партијата цитира и разговори на луѓе од тимот на Јанева и оние повикани од ВМРО-ДПМНЕ:

– Никој нема да ти каже благодарам доколку не дадеш соодветна изјава, биди паметен сега си повикан како сведок во СЈО и дај изјава каква што ни е потребна, доколку не, следниот пат ќе бидеш повикан како обвинет, тие нема да ти го гледаат семејството, ние можеме да ти помогнеме ако дадеш добра изјава што ќе ни користи во обвинителството – им се заканувале обвинителите.

„Дали донирате пари за ВМРО-ДПМНЕ“

Некои од повиканите и јавно проговорија. Ги прашувале дали се членови на ВМРО-ДПМНЕ и дали донирале пари за партијата.

– Јас им кажав дека сум член од многу одамна, повеќе од 15 години, и дека сум донирала средства, а тоа ќе го правам и во иднина – вели Цена Матевска-Дуза од Kрушево. Биле распрашувани и членови од Охрид.

– Нормално, одговорив дека сум член на таа партија веќе 26 години и дека сум еден од основачите на партијата во Охрид. Имам давано донации и ќе продолжам да донирам во зависност од моите можности. Последната донација ми беше за поплавите во Скопско и тоа ќе го правам во зависност од моите можности – рекол Стефан Трпеноски од Охрид.

Откако сценаристот на операцијата увиде дека доживеа тотален дебакл на изборите, сега целта на целата операција не е веќе заплашување, туку директна пресметка со ВМРО-ДПМНЕ. Нарачателот сега има намера да ја инкриминира партијата намалувајќи ги капацитетите за коалирање, но и да нанесе поголеми штети во пресрет на локалните избори.

Извор: Дневник

Умберто Паскали: Амбасадори, мешетари, тргнете ги рацете од Македонија!

tomic-paskali

Тоа e многу опасна игра, игра која таканаречената меѓународна заедница ја игра во Македонија. Опасна но исто така и очајна, изјави аналитичарот од Вашингтон, Умберто Паскали за „Гласот на Народот“, дискутирајќи ја позадината и последиците на последното „срамно изборно мешање во внатрешните работи на Македонија“.

Паскали додава дека “таканаречената меѓународна заедница ја измачува земјата веќе многу години. Во последните две години, избирачката волја на народот редовно се одбива со презир, под притисок од Вашингтон и Брисел. Амбасадорите кои формално ги претставуваат овие земји се сметаат себе си за помоќни и подеспотски дури  и од колонијални вицекралеви“.

-И сега, откако наметнаа суспензија на Уставот, откако го присилија избраниот премиер да даде оставка со цел да се одржи она што тие го нарекуваат „фер избори“, достигната е точката на вриење. Истите тие колонијални заштитници, заедно со Заев и со судија кој се сомничи дека е поткупен со 400.000 евра, сега се мислат да побараат уште една „фунта месо“: прегласување во малото Теарце, најдобар пример за избирачко „инженерство“ со цел да се сруши волјата на народот, оценува овој угледен американски аналитичар за програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ и додава:

„Тие сакаат прегласување со надеж дека конечно, овој пат, ќе ја донесат на власт корумпираната марионета Зоран Заев. Но, со донесувањето на Заев на власт ќе започне одбројувањето до политичка, општествена и етничка експлозија на Македонија и на Балканот. Конечно, дестабилизацијата и потенцијалното крвопролевање за кое сонуваа одредени криминални моќници. Видовме што се случи во Анкара со атентат на рускиот амбасадор Андреј Карлов со кој се управуваше од далечина. Видовме што се случи во Берлин со терористичкиот масакар, сличен на оној во Ница. Ужасното убиство на Карлов пред камерите беше со цел да се испровоцира судир помеѓу Русија и Турција, кој ќе ги вклучеше земјите од НАТО. „Њујорк Тајмс“ веднаш се присети на „преседанот“, атентатот на австрискиот Надвојвода Франц Фердинанд на 28 јуни 1914 во Сараево,  којшто го предизвика невидениот колеж на Првата Светска Војна“.

Паскали додава дека жестоките мешања ги предводи група поединци кои веќе ја загубиле нивната моќ. Која и да е политиката која Трамп ќе ја спроведе, јасно е дека нема место за старите бирократи од ерата на Обама.

-Тие се гневни и очајни, но немаат моќ да ги реализираат нивните закани. Тие можат само да создадат хаос и да го користат времето за да понтификуваат како мали тирани. Македонците мора да сфатат колку е деликатна ситуацијата, но и колку ветува. Никола Груевски в лице ја предизвика амбасадорската банда. Додека душкалата се обидуваа да му помогнат на Заев, Груевски беше на отворениот плоштад и им се обраќаше на Македонците, вели Паскали, потсетувајќи на дел од испратените пораки.

Трамп почна со смена на амбасадори на САД

donald-tramp

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп започна со смена на американски амбасадори. „The New York Times“ пишува дека Трамп водеше кампања која ги предизвика принципите на американската дипломатија. Изборот на амбасадори на Трамп веројатно е знак за тоа колку се сериозни неговите ставови, но додека неговиот тим започнува да ги разгледува можните избори за 10-тина поголеми амбасади, сигналите сè уште не се јасни.

tramp-ambasadori

Maggie Haberman за New York Times

Два од трите избори, гувернерот Тери Е. Бранстад од Ајова за Кина, Дејвид М Фридман за Израел не се големи донатори. Третиот избор, гувернерката Ники Р Хејли од Јужна каролина која беше избрана за амбасадор во ОН, беше цврст критичар на Трамп во текот на неговата кампања. Господинот Бранстад го опиша престедателот на Кина, Кси Џинпинг како „стар пријател“, додека госпоѓата Хејли и господинот Фридман немаат дипломатско искуство.

Номинацијата на господинот Фридман, конзервативец, кој е цврст критичар на про-израелската група на лобисти „Џеј стрит“ и кој се заколна дека ќе ја премести амбасадата на САД во Ерусалим, вознемири голем дел од естаблишментот за надворешна политика – ист вид на нарушување кое господинот Трамп го акцентираше за време на својата кампања. Засега, господинот Фридман е исклучок.

Интензивната потрага по амбасадори започна меѓу донаторите, лојални на господинот Трамп и во некои случаи лица кои се блиски до неговите деца. Доколку господинот Трамп го одбере Вуди Џонсон, сопственик на тимот „Њујорк Џетс“, долгогодишен републикански донатор и пријател на новоизбраниот претседател  или некој како Питер С. Каликов, претседател на водечки фирми за недвижнини и поддржувач на Трамп, во тој случај, ќе следи веќе познато сценарио.

Доколку одбере некој како Џон М. Хантсмен јуниор како амбасадор за Јапонија, во тој случај ќе се обиде да спои лице на републиканскиот естаблишмент со регион кој му е познат. Господинот Хантсмен досега отслужи мандат како амбасадор во Кина и Сингапур.

Доколку одбере некој како Роберт Пенс, лице кое не ја поддржа неговата кампања, но сепак бил препорачан од неговиот потпретседател Мајк Пенс, во тој случај би било слично како изборот со госпоѓата Хејли во поглед на внесување на луѓе од надвор.

Се очекува дека господинот Трамп ќе ги награди своите поддржувачи со амбасадорски места во Западна Европа и Карибите, како што е најчест случај со новите администрации. Но ова би можело да вклучи и донатори на неговата кампања или луѓе што би му биле потребни во иднина.

Според господинот Сифкугсон, од асоцијацијата за надворешна политика, 70 проценти од номинациите во претходните администрации биле лица кои претходно работеле како амбасадори, а 30 проценти од нив биле политичари.

Соработниците на господинот Трамп одбија да коментираат, единствено што кажаа беше дека дискусијата за кандидатите е сè уште во рана фаза. Има неколку фаворити помеѓу имињата на советниците на Трамп , но состаноците ќе се зачестат во текот на неделата. Советниците се наоѓаат на долга листа на предлози од лица кои се вклучени во процесот на транзиција вклучително и ќерката на Трамп, Иванка и неговиот зет, Џеред Кушнер. Како резултат предлозите вклучуваат луѓе кои не го поддржале Трамп како Роналд Џеј Гидвиц, кој го поддржа Џеб Буш за време на прелиминарните внатрепартиски избори.

Засега имаше неколку предлози како Ханстмен да биде назначен за амбасадор во Јапонија. Тој досега беше амбасадор во Кина за време на администрацијата на Обама или Мишел А Флурој, функционер во Пентагон и амбасадор на НАТО. Двајцата имаат големо познавање на политиката и уживаат добра репутација кај Стивен Кеј Банон, главниот стратег на Трам за белата куќа, но неколкумина советници на Трамп му се спротиставуваат.

Има и неколку лични препораки од луѓе вклучени во транзицијата. Еден од нив е Морис Голдфрап, кој до неодамна беше директор на „Џи Ил Аперел Груп“. Уште еден гувернерот Џејмс Гилмор од Вирџинија беше препорачан од Кит Келог, кој е советник на Трамп.

Првата жена на Трамп, Ивана Трамп, сама се препорача во весникот Њујорк Тајмс за амбасадор во Република Чешка. Има уште цела листа на донатори кои се долгогодишни републиканци кои би сакале да станат амбасадори.

Уште еден споменат е господинот Каликов, кој прогласи банкрот додека беше сопственик на Њујорк Тајмс пред две децении.

Дјук Букан, голем поддржувач на Џеб Буш, се придружи на кампањата на Трамп откако беше одбран како кандидат на републиканците и значително придонесе за неговата кампања. Сега, господинот Букан изрази интерес да биде назначен како амбасадор во Шпанија, каде вели дека студирал и каде е отворена компанија во којашто е сопственик на акции.

Господинот Фред В. Малек, поранешен помошник на Ричард Никсон и Џорџ Буш изјави дека доколку некој е донатор, тоа не гарантира дека лицето би било назначено за амбасадор, но според лицата кои се во директна поврзаност со дискусиите, најмалку двајца кандидати од донаторската заедница би биле назначени за амбасадори.

Се смета дека Луис М. Ајзенберг, од републиканскиот национален комитет, кој собираше пари со Стивен Мунчин би станал амбасадор во Италија, додека господинот Џонсон, сопственикот на „Њујорк Џетс“ е воедчки избор за Велика Британија.

Џозеф Форџионе, засега има поддршка да стане амбасадор во Ватикан, но исто така шанса има и Вилјам Е Сајмон јуниор.

Николас Бирнс, кој беше амбасадор во Грција за време на администрацијата на Бил Клинтон изјави дека Стејт департментот најчесто прави листа на луѓе кои би биле разгледани, и дека идните претседатели треба да бидат свесни за нивните опции.

ФОТО: Богоев дава инструкции – СДСМ стои зад објавените некролози на амбасадорите

bogoev-sdmm-nekrolozi

ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение го осуди објавувањето и ширењето некролози за меѓународните претставници во земјава. Ваквиот акт, велат од партијата, е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре.

Недоличните некролози се дело на СДС (без М), а за тоа потврда е и Вибер комуникацијата на претседателот на подмладокот на партијата, Стефан Богоев кој ги дава инструкциите за спроведувње на ова недолична местенка зготвена во кујната на некфорилската партија на Заев.

„Масовно нека се шират вестите со некролозите со странските амбасадори. Мора да ја убедиме јавноста дека тоа е дело на вмровците, и да делува уверливо. Секој член на СДММ да шерува, јавноста ќе наседне. Поздрац Богац“, напишал Богоев.

image-0-02-05-a6de4dbb42936cc26d1db051dd714cfa5a9b5f1c5003f035044261dd80b11800-v

Но, ова не е прв пат СДС (без М) на бизарен и невкусен начин да се обиде да немести некого, односно да го искаже својот револт на подмолен начин, тоа всушност кај нив стана стандардна практика која што непрекинато се повторува.

Минатата недела, на два дена по изборите, сороспискиот портал на Бранко Героски, Плус Инфо како колумна го објави Фејсбук статусот на сдсмовскиот новинар Бранко Тричковски со наслов: Затоа што СДСМ не победи ќе навивам за смрт на Македонија, во која авторот вели дека ќе навива за смртта на Македонија зашто само смртта на таа курва може да роди нов живот.

trickovski-plus-info

А истиот денеска се закануваше и повика на убивање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

trickovski-ubistvo-gruevski

Исто така во април, пред светиот ден Велигден, СДСМ преку синдикатот „и ја затвори устата“ на мајка Богородица. На ваков чин партијата се одлучила без да бира средства, се со цел да се исполнат некои свои партиски интереси. СДСМ прави чекори надвор од секаков разум. На тогашниот протест на Синдикатот за култура кој дејствува под превезот на опозицијата се покажа големо непочитување кон православните верници само неколку дена пред најголемиот празник.

bogorodica-sdsm

Дно на целото нивно бездушно дејствување беше случајот со камперите кои подолг период протестираат пред Владата кои во јуни минатата година одржаа протест на кој со попови, поворка, веци и ковчег имитираа погреб на тогашниот премиер Никола Груевски.

pogreb-sdsm-1pogreb-sdsm-2

ВМРО-ДПМНЕ го осуди објавувањето некролози за амбасадорите и повикот за ликвидација на Груевски

vmro-miting-zaedno-sme-posilni

ВМРО-ДПМНЕ вечерва преку соопштение го осуди објавувањето и ширењето некролози за меѓународните претставници во земјава. Ваквиот акт, велат од партијата, е целосно неприфатлив и недозволен и во иднина мора да сопре.

ВМРО ДПМНЕ, исто така го осудува и говорот на омраза на, како што се вели во соопштението, новинари блиски до СДСМ, а кој јавно се објавува на порталите под контрола на партијата.

Јавното повикување на ликвидација на претседателот Груевски, сметаат од партијата, е знак на немоќ на Зоран Заев изразен преку, како што велат, новинарите и порталите диригирани од Бихаќка.

– Срамниот текст „Може ли Груевски да биде убиен!?“ објавен на партиското гласило Плусинфо, ги отсликува намерите на аболицираниот Заев за провоцирање на нови инциденти и пролонгирање на кризата, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата бараат надлежните органи да преземат соодветни мерки.

Дали амбасадорите имаат мандат да ја претставуваат својата земја во Македонија или да бидат власт?

ambasadori-politika-makedonija

Дали странските претставници во Македонија имаат мандат да ја претставуваат својата земја или да бидат власт во туѓа? Ова е прашањето кое се наметнува во јавноста откако странски амбасадори и други меѓународни претставници изминативе години директно вмешуваат прсти во внатрешната државна политика.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при објавувањето на прогласот изјави дека државата мора суверено да ги носи одлуките и потенцираше дека „некои амбасадори почнаа премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата“.

Бејли во ДИК

-Тоа мора да запре, остануваме отворени за комуникација со сите амбасадори и претставници на други држави, но некои амбасадори кои почнаа премногу да се мешаат во нашата внатрешна политика. Мора да престанат да го прават тоа, рече Груевски и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ во иднина нема да прифаќа нестандардни или хибридни решенија во било кој сектор доколку истите ги нема во другите земји членки на ЕУ.

zaev-italijanski-ambasador

Мешањето на странските амбасадори не е нешто ново кога Македонија е во прашање, смета експертската јавност. Сегашни и поранешни амбасадори на САД, ЕУ, но и други држави, изминативе години директно се вмешуваа во македонската внатрешна политика, но и вршеа притисок не само врз законодавната власт, туку и врз извршната и судската власт.

bejli-zvrlevski

Политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека листата на работи кои странците ги имаат направено во Македонија е многу долга.
-Ние имаме многу лошо искуство и во минатото, во цели 25 години мината историја која ја има независна Македонија, но тоа изразено го видовме во последните 2 ипол години. Беа толерирани највандалско и најхулиганско однесување на луѓе кои беа предводени од политичката партија СДСМ и платени од соросовите граѓански и невладини организации, вели Пандов.

bejli-naroden-pravobranite

На сето тоа, нагласува политичкиот аналитичар, меѓународниот фактор и странските амбасадори воопшто немаа никаков збор да кажат, а сега откако некој се обидува на нелагален начин да ја украде волјата на граѓаните, тие наоѓаат забелешки на реториката, не на однесувањето, туку на реториката на одредени луѓе кои се обраќаа.

на средба со јавниот обвинител на Република Македонија Марко Зврлевски

-Дополнително би сакал да потенцирам, еве да речеме господинот Бејли, па он нели е во можност да ги слушне јасно и да ги препознае политиките кои сега новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги прокламира, а тоа е дека американската држава и дипломатија немаат намера да се мешаат во бутање на странски влади и во работењето на странски држави, туку дека единствената причина поради која постојат тие странски амбасадори, е за да ги подобрат меѓудржавните односи помеѓу САД и во даденава ситуација- Македонија. На сите тие пари со кои располага американскиот амбасадор преку соросовата фондација, секако дека и он има влијание во нејзе, не гледам дека работат на развивање на пријателски односи, напротив гледам дека и тој и фондациите кои се под негова контрола, работат се за правење на лоши односи меѓу двете држави, дури слободно можам да кажам дека е и еден од главните чинители на оној изборен инженериг кој се случуваше, пред, за време и постизборно во Македонија, вели Пандов.
bejli-vrhoven-sud

fuere-sudii

Британскиот амбасадор Чарлс Герет на прес на СЈО

riker-ustaven-sud

zbogar-lidija-nikolova

eu-ambasador

aivo-orav-lidija-nikolova

fuere