Ванковска: Анализата за ликвидирањето на пратениците е потпалувачка и опасна

Vankovska-Plusinfo-Meta

По информацијата на „Плусинфо“ дека поранешен висок владин функционер со служби од една соседна земја планирал ликвидација на тројца албански пратеници од македонското собрание, реагираше професорката Билјана Ванковска. Таа смета дека оваа вест е нешто што не може „да се проголта“. „Плусинфо“, посочувајќи дека „неофицијално дознава“ објави дека целта на тоа би била да се втурне земјава во сериозни меѓуетнички судири и да се создадат услови за прогласување на воена состојба.

-Како што дознаваме, планот требало да се реализира на голем народен протест, кој би послужил како параван за акцијата по што вината би се префрлила на толпата – пишува порталот.

Ванковска се огласи на својот профил на „Фејсбук“:
Ја читам следнава шпекулација: „Поранешен висок владин функционер со странски служби од една соседна земја планирал ликвидација на тројца албански пратеници од македонското собрание, неофицијално дознава ‘Плусинфо‚. Целта на тоа би била да се втурне земјава во сериозни меѓуетнички судири и да се создадат услови за прогласување на воена состојба“.

Овие „новинари“ сериозно мислат дека ова може да се проголта (заедно со онаа глупост за „Јасен“)? Јавноста треба да знае дека ниту во 2001 година кога загинаа многу луѓе, и од безбедносните структури и цивили, Република Македонија не можеше да прогласи ниту воена состојба ниту вонредна состоја! (Фрчко тесно го скрои Уставот, па воена состојба се прогласува само кога сме нападнати од НАДВОР, а вонредна состојба само во време на природни непогоди и епидемии.) Трајковски и неговиот Совет за национална безбедност бараа совети како да обезбедат активирање на војската, а јас бев индиректно прашања преку член на Советот, мојот колега Трајан Гоцевски. Уставните тесни рамки не дозволуваа ништо од тоа, ниту пак Трајковски можеше/смееше да го направи тоа на своја рака додека Собранието беше во заседание (и се караше околу тоа како да ја нарече УЧК – албанските пратеници се спротивставуваа на секаква експлицитна квалификација). Така, ние војувавме и луѓе умираа, и воени злосторства се вршеа, во мирнодобски услови! Се изведе еден правен маневар со одлука за проширување на граничниот појас за да може да се дозволат активности на АРМ во тој дел од територијата. Поголема воена криза од таа Македонија не доживеала – и сепак никој не прогласи воена состојба! Како замислуваат дека со елиминација на пратеници во Собрание би се предизвикала таква состојба, односно Иванов би презел такви мерки на своја рака? Иванов е врховен командант на војска која е однатре партиски и етнички поделена, тој е „тигар од хартија“! И полицијата, како што видовме, е поделена по истите линии, и затоа не само нефункционална, туку и опасна.
Ако нешто и се случи во МК, тоа нема да биде ни воена ни вонредна состојба, туку граѓанска војна која нема да потпадне под ниту една уставна или законска дефиниција, бидејќи системот (дури и оној за менаџирање кризи) е во парализа.
Ваквите „анализи“ ги сметам за потпалувачки, за опасни и дел од психолошка војна. Целта е да се заплаши и демонизира, да се подготви терен за елиминација под претекст дека се спречува воена состојба! Тоа не води никаде, освен директно во амбис! Затоа, медиумите – особено оние кои сакаат да бидат курири место „Курир“ – треба да размислат околу својот придонес во дестабилизација на земјата. Сè уште е кревко и неизвесно, па затоа ваквите шпекулации се погубни. Едно е потрага по факти и истражувачко новинарство среде длабока криза, друго е подбуцнувачко и манипулаторско новинарство.

Српски „Стандард“: Македонско двовластие – власта на народот против власта на амбасадорот на САД

Narod-vo-Sobranie-1

„МАКЕДОНСКО ДВОВЛАСТИЕ: Власта на народот против власта на амбасадориот на САД“. Со ваков наслов, српскиот медиум „Стандард“ ги анализира случувањата во Македонија. „Стандард“ пишува дека Заев со Албанците ќе прогласи формирање на Влада, која ќе биде признаена од Западот, но ВМРО нема да даде пристап до вистинската власт.

Makedonija-dvovlastie

Конфликтите во Собранието во четвртокот на 27 април се одвиваа по претходно подготвено сценарио, чија реализација се очекувала уште пред две недели, во очи Велигден, и само сплет на околности доведе до негово одложување. Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли уште во вторникот 11 април се сретнал со Зоран Заев. Бејли во просториите на СДСМ стигнал околу 17 часот со своето службено возило, опкружен со телохранители. Во негова придружба биле уште неколку службеници од Американската амбасада. Во таа прилика со Заев е договорен, поточно аминуван, план на насилно преземање на местото на претседател на Собранието, а потоа и противуставно конституирање на Влада, која би ја спровела на дело „Тиранската платформа“, направена од страна на Еди Рама, пишува „Стандард“.

Реализацијата на пучот подразбира и претходно прекинување на собраниската расправа и одземање на правото на збор на пријавените пратеници во врска со изборот на членови за формирање „Комисија за избор и именување“, која според Правилникот за работа на Собранието, претставува предуслов за избор на претседател на парламентот.

-На тој начин Заев и неговите албански партнери ја прекинаа седницата на Собранието, која до тогаш според нив имала неповолен тек бидејќи се претворила во разобличување на Тиранската платформа како начин за распаѓање на уставниот поредок на Македонија. Обидот за пуч договорен помеѓу Бејли и Заев, а реализиран во четвртокот со нелегален избор на Талат Џафери за претседател на Собранието претходните недели во своја колумна го најави Љубомир Фрчковски, водечкиот стратег на СДСМ. Тој се залагаше Трајко Вељановски, вистинскиот претседател на Собранието да се „фати за уши“ и да се исфрли од своето место така што на негово место би бил инсталиран Џафери, кој би го променил дневниот ред и така би го одблокирал изборот на Влада на СДСМ со Албанските партии, пишува „Стандард“.

ЗАТИШЈЕ ПРЕД БУРА

-Со упадот на граѓаните, кои на протестните маршови ги предводи Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија, е спречена реализацијата на втората фаза на преврат, односно противзаконско преземање на Власта со формирање на Влада на СДСМ и албанските партии. Иритирани од пеењето на албанската химна на нелегална седница, протестантите влегоа во Собранието и започнаа физичка пресметка со предавниците. Таква реакција лесно можеше да се предвиди и веројатно Заев и неговите ментори биле подготвени за вакво случување со цел да се претстават како жртви на „диригирано насилство“ и така на наклонетите медиуми им даваат доволно материјал за замена на тезата дека правно и политичко насилство први сториле тие, а затечениот народ импулсивно реагирал на единствениот начин кој им преостана, пишува српскиот медиум.

По нередите во Собранието ситуацијата привремено е смирена, но тоа е само затишје пред продолжување на политичката бура.

-Низ улиците во Скопје има поставени полициски сили кои ја штитат зградата на Собранието, додека околните улици повторно се отворени за сообраќај. Мирните протести на За заедничка Македонија продолжија еден ден после нередите но овојпат пред седиштето на ЕУ, каде инсистираа на барање за нови парламентарни избори, и со истакнати пароли со пораки против политиката на Брисел спрема Македонија. Наспроти нив, преставници на ЕУ, амбасадата на САД, ОБСЕ и НАТО испратија заедничко соопштение во кое го осудија насилството во македонското Собрание. Западните сили недвосмислено заземаа став за поддршка на нелегитимниот избор на Џафери за претседател на Собранието, што на руското министерство за надворешни работи им даде за право да тврдат дека САД и ЕУ се одговорни не само за ескалацијата на кризата во оваа земја туку и со неа да координираат. Моментално единствен легитимен орган на власта во Македонија (бидејќи постоеше техничка Влада) е претседателот Ѓорге Иванов, кој залудно ги повикуваше политичките лидери на партиите по повод новонастанатата ситуација: СДСМ и албанските партии одбија да дојдат на разговор. Двете меѓусебно спротивставени политички опции во Македонија се наоѓаат на крајни непомирливи позиции и ништо не укажува на тоа дека некој ќе отстапи. Водачот на СДСМ Зоран Заев му даде рок од 10 дена на Ѓорге Иванов да му го додели мандатот и најави одлучност на воспоставување „функционални државни институции“. Изнесувајќи го овој ултиматум, Заев додаде и дека очекува од актуелниот претседател на парламентот Трајко Вељановски најдоцна до вторник да ја предаде својата функција на Талат Џафери, потенцирајќи дека неговиот избор веќе го поздравиле „неговите меѓународни партнери од САД и ЕУ и демократските сили ширум светот“, како би се отворил пат кон создавање нова Влада во Македонија, пишува „Стандард“.

ЦЕЛТА НА ЗАПАДНИТЕ ПРИТИСОЦИ Е КАПИТУЛАЦИЈА

Владеачката партија ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение ги обвини Заев и СДСМ за „политичко и физичко насилство кое нокому не му користи и предупреди дека остварувањето на платформата од Тирана е неповолна за сите. Кршењето на Уставот и парламентарниот протокол истовремено е и директно дискредитирање на државата. Политичкото насилство кое го изведе СДСМ единствено можеше да резултира со физичко насилство. Нелегитимниот обид, СДСМ да го самопрогласи Талат Џафери за квазипретседател на парламентот беше директна провокација на македонскиот народ“. ВМРО ДПМНЕ и понатаму нема намера да се повлече и дозволи да се формира нова Влада која ќе ја спроведе противуставната Тиранска платформа.

Што според ова, може да се очекува во Македонија во наредните денови?

Судејќи според се, непомирливи ставови, заострување на ситуацијата и нови немири. Претседателот Иванов и техничката влада нема да потклекне пред роковите и ултиматумот, кои Западот му ги дава на Заев да му се предаде мандатот и власта. Кога ќе истечат овие рокови, Заев заедно со албанските партии ќе се обиде да го собере собраниското мнозинство и да се самопрогласи за премиер. Ако незадоволните граѓани на  Македонија повторно се обидат физички да ги спречат ќе се повторат немилите сцени кои на Заев ќе му обезбедат од Западот основа за нови осуди за насилство. Сето тоа ќе биде пратено со серија притисоци од западните сили, со користење реторика во која се мешаат закани и апели „за мирно решение“, насочени кон претседателот Иванов и врвот на ВМРО, а се со цел да се помират со наметнатата ситуација и да капитулираат.

Сето тоа, секако, нема да се случи бидејќи е во прашање голем влог-опстанокот на Македонија како држава. Потоа западните сили ќе се впуштат со нивното омилено средство за притисок – воведување на санкции за непослушните политичари. Притоа западните штитеници од СДСМ со Албанците на овој или оној начин ќе формираат своја Влада, која ќе биде признаена на Запад, но ВМРО нема да има даде пристап до вистинската власт.

На крајот застапниците на Тиранската платформа ќе бидат принудени да креираат паралелна власт, а тоа неминовно ќе води во понатамошни немири чиј резултат ќе зависи пред се од тоа кој колкава поддршка ќе има од народот и кој ќе биде поагилен во издржувањето на новонастанатите околности, заклучува „Стандард“ во анализата.

Словенечки „Каварна Хајек“: Кога ќе те претепа сопствениот народ, не можеш да бидеш херој, може само да си предавник

Zaev-krvav

Денот на борбата против окупаторот, 27 април 2017год., кој во Словенија ги разгорува духовите поради својата измисленост и невистина, во Македонија стана вистински Ден на борба против окупаторот. Долго се готвеше, скоро три години, од кога социјалдемократите (СДСМ) почнаа со незаконските придобиени снимени телефонски разговори, од сеуште неразјаснети извори и автентичност, да ја руши легитимно избраната македонска власт. Десно ориентирана, составена од министри од редовите на македонската партија ВМРО-ДПМНЕ и партијата на албанците во Македонија ДУИ. За да би можеле вистински да ја разбереме генезата на сегашните настани во македонското Собрание, мора да погледнеме малку поназад во минатото, пишува во својата анализа словенечкиот портал „Каварна Хајек“ за случувањата во Македонија.

Од самото осамостојување на Македонија, македонските албанци учествуваа во составување на Влада на РМ, ги имаа сите права за употреба на својот мајчин јазик, култура, застапеност во локалните институции. Македонија за западните демократски држави, кои го мереа секој чекор на новонастанатите демократии, важи за пример кој треба да се следи во однесувањето со малцинствата, мултикултурен рај, »оаза на мирот на Балканот«.

Slovenecka-analiza-za-Makedonija

-Помеѓу мнозинството на македонскиот народ и малцинствата Албанци (исто и Роми, Срби, Власи и Турци) немало поголеми тензии и конфликти. Се до 2001-ва година, кога вооружениот конфликт помеѓу Србите и Албанците на Косово се прели во Македонија, каде се формираше паралелна паравојска на терористичката формација УЧК и почна да ја напаѓа Државата, и кога Западот (поточно Клинтоновата администрација и подредената ЕУ) тие албански терористи ги призна за »борци за слобода« и на крајот на конфликтот на државата Македонија им го наметна Охридскиот договор, со кој сите малцинства во Македонија, кои се над 20% од вкупното население, добија широки права за употреба на мајчиниот јазик, процентна застапеност во локалните, регионалните и државните институции, и посебни поовластувања. Се разбира тие права им припаднаа само на Албанците, кои по нивно биле 25% и како малцинство добија најголеми права во Европа, неспоредливо повеќе со правата на било кој малцински народ пошироко во регионот. При составивањето на секоја Влада важеше непишаното правило дека Владата се составува од победничките партии од македонскиот и албанскиот блок. Се до минатиот декември, кога на предвремените парламентарни избори победи ВМРО-ДПМНЕ на македонската и ДУИ на албанската страна, стои во анализата,

Македонија последните години ја води двоецот ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Мирно, без посебности, во согласност и хармонија, низ карпите на светската економска криза, со фактички невообичаени високи економски параметри на раст, со многу странски инвестиции, раст на БДП, пад на степенот на невработеност. Само поради вештачки наметнатиот спор околу името и ветото од соседна Грција, Македонија останува пред затворени врати на НАТО и ЕУ, која секоја година и дава препорака за прием, и во исто време ја условува со нови и нови измислици, зошто се уште не смее да пристапи со преговори, зошто се уште не може да стане членка.

-Барем така мислевме. Во позадина всушност дејствува Џорџ Сорос, кој во Македонија востановува цврста мрежа за рушење на држави, системи, па и на ЕУ.Во Македонија активното Отворено Општество, кое со години го водеше Владимир Милчин, агент на македонската УДБА, шпиун на поранешниот систем, основа и со пари напои преку 85 невладини организации со позната агенда-мултукултурност, права на ЛГБТ, права на малцинствата. Невладините организации, поединци, партии и медиуми, Сорос и неговото Отворено Општество ги обезбедуваа со пари. Во моментот кога Македонската држава херметички ја затвори својата јужна граница за »бегалците«, »мигрантите« и исламските освојувачи на европскиот континент, кога Македонската држава која не е членка на ЕУ ја одбрани шенгенската а во исто време и европската граница, Соросовите организации ги активираа своите платеници, да започнат со рушење на легитимно избраната власт, пишува „Каварна Хајек“.

Тие најпрво го поддржаа лидерот на социјалдемократите Зоран Заев при објавувањето на незаконско придобиените, можеби и монтирани снимени телефонски разговори на владеачките политичари, новинари, познати и јавни личности; се со намера да кај гласачите предизвикаат незадоволство, револт и превземање на власта.

-Кога ниту тоа не го постигна саканиот ефект, македонската јавност пред се скептично гледаше на сите овие случувања и не веруваше во ”чесните”намери на Заев (аболициран криминалец, осуден поради корупција како градоначалник на Струмица), Сорос ги активираше платените демостранти, да си играат т.н. шарена револуција-со своите протести, кога во Скопје со боја ги фарбаа спомениците и зградите, уништуваа државен имот-сподбудуваа »обични« граѓани, да им се придружат во протестите и така, во одредено време, да бараат предвремени парламентарни избори, за да победат социјалдемократите, и секако да ја отворат границата со Грција за да може исламската инвазија непречено да продолжи. Во исто време пратениците на СДСМ, непосредни наследници на КП на Македонија, ја бојкотираа работата на Парламентот и година и пол не се појавуваа на седниците (а нормално плати примаа), ја одбиваа понудата на владеачката партија да си ги одмерат силите на предвремени избори. Соросовите марионети, социјалдемократите, ЕУ-бирократите и активните амбасадори беа сигурни дека Македонците (после целата пропаганда од скоро три години) на декемвриските предвремени парламентарни избори ќе ја изберат левата опција и агендата ќе биде исполнета. Но не беше така, стои во анализата.

На изборите, иако со два пратеника повеќе,повторно победи, веќе десетти пат по ред, ВМРО-ДПМНЕ.

-Социјалдемократите беа втори, но за нив не гласаа само Македонци, туку и Албанци (се разбира на штета на »своите« албански партии, кои поради тоа освоија десет пратенички места помалку). Претседателот Иванов мандатот го додели на Груевски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, но тој не беше успешен во преговорите за коалиција со својата досегашна партнерска партија ДУИ. Всушност ДУИ, како што стана јасно веднаш по изборите, веќе почна да пактира со социјалдемократите, кои на албанските партии им вети до сега нешто незамисливо-државотворност. Државотворност, која води конфедерализација на државата. Тие ветувања Албанците на состанокот кај премиерот на соседната држава Албанија Еди Рама ги преточија на хартија и ја именуваа Тиранска платформа. Сомнително слична на сите планови на Призренската лига-Голема Албанија. Албанците би составиле нова влада, која би ја водел Зоран Заев, корено посегнаа по основите на Македонската држава. Република Македонија би станала »држава на Македонците и Албанците«, албанскиот јазик би бил службен јазик на целата територија на Р. Македонија (сега е службен јазик таму каде што Албанците се повеќе од 20%), новата влада би ги сменила сите државни симболи, знамето, грбот и химната, за да би биле »повеќе во согласност со двонационалниот карактер«. И на крајот-новата влада би отпочнала веднаш преговори со соседна Грција за промена на името. Какво би било новото име, тоа го препуштам на имагинацијата на читателот, се вели во текстот.

Зоран Заев и неговите социјалдемократи се спреми сето тоа да го исполнат само да дојдат на власт. Сето тоа го заменија за албански гласови. Албанците, за прв пат во историјата на модерна Македонија, дадоа околу 10000 гласови за македонска партија. Поради ветувањата на Заев. Македонците, кои во декември гласаа за Заев, не знаеа за тие негови ветувања. Кога се се дозна, Македонците, кои гласале за Заев, Македонците, кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ, и Македонците, кои воопшто не гласале, почнаа спонтано да се собираат за да ја зачуваат својата Држава и против разнебитување на државата, за која се бореле столетија наназад. Не смееме да замижиме пред фактот дека, давањето на поголеми права и државотворност на албанскиот народ во Македонијае само прв чекоркон федерализација и отцепување односно присоединување кон двете албански држави (Албанија и Косово), што ќе значи исполнување на планот за Голема Албанија.

-Спонтаното собирање, именувано Четврти Илинден, со парола ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, на улиците на Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Струмица и Кичево (на улиците на повеќе-40 градови во Македонија) тече веќе 60 дена. Иако на почетокот се чинеше, дека тоа движење е пред се поддржано од ВМРО, на улиците излегоа млади и стари, членови на НОБ, АСНОМ и приврзаници на историското ВМРО, уметници, интелектуалци, мажи и жени, Македонци, Бошњаци, Турци, Роми, Власи, Срби. Во одбрана на Македонија. Во одбрана на државата Македонија таква, каква што е сега. 60 дена мирно протестираа со транспаренти и песна, во поворки од илјади, десетилјади, вкупно двестаилјади ги имаше. Секој ден, од понеделник до петок, точно од пет попладне.

И шеесетиот ден, 27 април 2017 год., во 17 часот кога сите демостранти беа собрани пред Собранието, пратеник од албанската партија на говорницата на Македонскиот Парламент ја запеал химната на државата Р.Албанија. И пратениците на СДСМ и на албанските партии, со поддршката на странските амбасадори и претставниците на »меѓународната заедница« (пред се од левичарски држави, исто и од Словенија) по завршувањето на седницата на парламентот, надвор од деловникот и законите, избраа нов претседател на парламентот, поранешен командант на терористичката воена организација УЧК Талат Џафер. Пред само 16 години УЧК под водство на истиот тој Џафери, масакрира осум Македонци, полицајци и војници во служба на Македонија. Очигледната провокација, химната на Албанија интонирана во Македонскиот Парламент и нелегалниот избор на поранешниот терорист за претседател на Македонскиот Парламент, кај мирните демонстранти ја прели чашата. Демонстрантите, спонтано влегоа во парламентот, да ја превземат институцијата во свои раце и да се соочат со своите крвници, со своите предавници, со луѓето што го продадоа својот сопствен народ за грст златници за власт, за интересите на тие што со години ги плаќале, се вели во анализата.

-Дали насилството е оправдано и може да се прости? Секако дека не. Но е разбирливо, Гнев, бес, немоќ, кој во Македонците се собира во последните три години, се преточи во спонтани протести и ескалираа со случувањата во народниот парламент. На тоа и сметаа. Само така можеа да го прикријат нелегалното, надвор од деловникот, уставот и законот, устоличување на претседател на парламент, на тој начин се обидоа да го прикријат своето предавство. Но Народот, Македонскиот Народ не се дава. Следеше нов мирен марш, овојпат пред канцеларијата на представникот на ЕУ. Затоа што точно таа ЕУ, во чие име Федерика Могерини и Јоханес Хан го честитаа и легитимизираа изборот на Талат Џафери, носи дел од вината за настанатата ситуација, се вели во текстот.

Исто така се виновни и амбасадорите на странските држави во Македонија, кои очигледно и без срам се мешаа во внатрешните работи на суверена држава, во која се акредитирани.

Кога бараа да се избере влада по нивен вкус.

Кога на денот на изборите ја посетија државната изборна комисија.

Кога бараа дијалог, а не сакаа да се сретнат со претставниците на народот, кој на улиците два месеци порачуваше дека Тиранската платформа не може да биде прифатена.

Мора да бидеме свесни дека меѓу нас се луѓе кои се подготвени да го продадат својот сопствен народ и својата тешко заслужена држава за грст трошки од богатата (Соросова) трпеза.

Но секој народ има граница на толеранцијата и која лесно може да дојде до точка, кога сам ќе ги земе работите во свои раце. 27 април 2017г. Така стана вистински Ден на борба против окупаторот.

Протестите во Македонија нема да престанат. Македонците нема да дозволат, домашните предавници и туѓите вазали на богаташот со перверзен план за уништување на Европа, да им ја земат нивната држава. Смирување на страстите е можна само со нови предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе се изјаснат дали се за или против Тиранската платформа.

»Да се преброиме«, велат Македонците, »колку сме, толку сме, токму сме«.

Српски аналитичар: Носењето на Резолуција за наводен геноцид е вовед во целосна федерализација на Македонија – Заев тоа го прифатил

Zaev-Albanci

Гласањето на резолуцијата за наводен геноцид и признавањето на сттаусот н Албанците како конститутивен народ е вовед во целосна федерализација на Македонија, што Заев и прифатил. Ова во колумна за српскиoт неделник „Печат“ го пишува српскиот аналитичар Миша Ѓурковиќ. Во Тиранската платформа, пишува Ѓурковиќ, се бара во Македонија да се донесе резолуција според која во Македонија од 1912 до 1956 е направен геноцид врз Албанците.

-Суштината на овој чин е Македонците да прифатат како поради овој наводен геноцид, Албанците вештачки, насилно се сведени да имаат статус на малцинство, па поради тоа треба да им го признаат статусот на Албанците како конститутивен народ. Тоа би било вовед во целосна федерализација на Макеоднија, што Заев и го прифати, пишува Ѓурковиќ.

За почеток, наведува тој, албанскиот јазик би се вовел како рамноправен со македонскиот на територијата на целата држава, а во Тиранската платформа се предвидува да се отвори дијалог за прашање како промена на симбилите, името, изгледот на новите банкноти и сите други идентитетски одлики.

-Заев и СДСМ прифатија да се укине досегашната држава Македонија како земја на македонскиот народ и малцинствата, и да отворат процес на нејзино редефинирање како бинационална држава што секако води кон федерализација, и да се подели на западен албански дел и источен за кој не би се знаело каква му е иднината. Овој тип на предавство засновано на глад за власт на какво СДСМ е подготвен, незамислива е дури и за нас кои овде се нагледавме се и сешто. Зоран Заев и неговата партија за да дојдат на власт прифатија да ја елиминираат својата држава, пишува Ѓурковиќ.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за ХРТ на почетокот од март потврдува дека дел од договорот за коалицирање со ДУИ, што воедно е исполнување и на тиранската платформа со која се врши редефинирање на државата, е носење на резолуција за осуда на геноцид кој наводно бил направен врз Албанците минатиот век.

– Таму има една формулација, каде што се осудуваат војски од минатиот век, кои што убивале цивилно население. Нема ништо лошо во тоа. Некои алудираат дека тоа биле српски војски, некои викаат дека биле германски, некои италијански, некои бугарски војски, за времето на фашизмот, вторите балкански војни ии слично, вели Заев во интервјуто за ХРТ.

Историски потврдени факти се дека балистичкото движење кое за време на Втората светска војна било на страната на фашистите биле во судир со партизаните, кои ја создадоа асномска Македонија, и чиј судир продолжи по нејзното создавање. Втората власт која била во отворен судир со балистичкото движење чија цел било создавање Голема Албанија е српската власт, која била воспоставена меѓу двете светски војни. Практично, Заев признава дека прифатил да се осудат Србите и партизаните како геноциден народ.

Ова преставува голема навреда за партизанското движење и удар на асномска Македонија. Партизаните ако се прогласат за геноцидни, тогаш се негира и создавањето на асномската македонска држава.

-Ако се прифати таа теза дека е извршен геноцид врз Албанците, во период од 1912 до 1956 година. Што е АСНОМ? Фактурирање на една геноцидна политика, која се води кон Албанците и создавање на Макеоднците како вештачка нација. Тоа ли всушност сакаат да ни го кажат?, вели новинарот Васко Ефтов во својата емисија „Во Центар“.

-Претпоставувам ако навлезеш подлабоко да го анализираш прашањето ќе стигнеш до такво нешто дека се создала држава со цел да се доврши геноцидот врз Албанците на овие простори, вели историчарот Никола Србов.

-Ако е АСНОМ една фаза или сегмент на една геноцидна политика па 2001 година го бие АСНОМ, со преговорите за рамковниот договор, па оваа платформа го бие рамковниот договор со кој се бие АСНОМ. Тоа значи дека со оваа платформа треба да биде поништено се што од 1944 година е правено. Темелите да се уништат. Тоа значи дека во Македонија не живеат Македонци туку живеат граѓани. Тогаш ќе биде лесен влезот да биде формирана држава со име граѓанска Република Македонија. Кој живее во таа Граѓанска Република Македонија, граѓани на таа и таа држава, рече Ефтов.

-Ако се вратиме на платформата, ако ние сме геноциден народ, ако ние сме геноцидна држава и ако ние сме држава која извршила геноцид врз албанското население кое живее на територијата на Република Македонија тоа значи две работи, дека Албанците би биле многу многу побројни ако ние не би извршиле геноцид врз нив и втората работа тоа значи дека Албанците се тука староседелци, а ние сме окупатори и всушност ние како окупатори со поддршка на тогашната југословенска народна армија на структурите на удбана на кос, сме извршиле геноцид врз нив и дека ако тоа не сме го направиле тие всушност требале да формираат своја држава барем на пола од територијата од денешна Република Македонија. Ако ние сме измислица на коминтерната, ако според албанските, тоа се оние нивни тези кои ги пласираат по социјалните мрежи по одредени квази историски научни собири дека нели ние сме или нешто што наликува на Бугари или нешто што наликува на Срби и дека нема афтохтона македонска нација туку како они велат артифициелна македонска нација и макеоднски народ. Тоа значи дека, ако врз нив е вршен геноцид, а ние сме вештачки всушност они се господари на оваа територија, вели новинарот Васко Ефтов во вчерашната емисија „Во Центар“.

Тиранската платформа е вовед во распарчување на Македонија и темпирана бомба на Балканот

Коалицискиот договор меѓу македонските посткомунисти и албанските партии не е само вовед во распарчување на Македонија, туку темпирана бомба која се заканува да го запали целиот Балкан, анализира српскиот весник Политика.

Коалицискиот договор меѓу македонските социјалисти со албанските партии во Македонија е почеток во финализација на стратегијата настаната од Сојузот на Албанските племиња во Призрен во средината на 1878. Година, позната како Призренска лига, пишува српскиот аналитичар и главен уредник во „Национална ревија“, во Политика, Мишо Вујовиќ. Тој во својата колумна истакнува дека токму точката во Тирнската платформа со која СДСМ прифати да се осудат Србите за наводен геноцид над Албанците во период од 1912 до 1956 година не е случајност.

Според весникот, Тиранската платформа може да го разгори Балканот поради точката со која се предвидува Резолуција во Собранието со која се осудува наводниот геноцид над Албанците во Македонија во периодот од 1912 до 1956 година, што коинцидира со сега веќе неуспешната иницијатива на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, за ревизија на тужбата на БиХ против Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

-Призренската лига е втемелена како големоалбански проект, од кој Албанците не се откажале ни во времето на фашизмот, комунизмот, демократијата, настојувајќи дека како стратешки партнери светскиот нарко-бизнис проект ги обединува сите Албанци на Балканот и финализираат во време кога нема власт, анализира српскиот весник.

Шекеринска потврди дека СДСМ би поддржал и резолуција во која Србија би се осудила за геноцид врз Албанците

Потпретседателот на СДСМ, Радмила Шеќеринска поддржува документ или резолуција кој би покажал дека во периодот пред Втората светска војна, во Македонија се случил геноцид врз Албанците.

Според Шекеринска, резолуција која што би го осудила страдањето на граѓаните, односно на цивилното население пред Втората светска војна во Собранието ќе се усвои со консензус.-

-Она што го прашувавме и кај другите политички партии, во принцип немаше многу јасна претстава што се очекува од таквата резолуција и дека она што била почетна цел е да се осудат страдањата на граѓаните, на цивилното население во периодот на минатиот век, пред Втората светска војна. Таков концепт кој покажува дека сите заедно сме страдале, кој што покажува дека војните и поделбите и донеле лошо на оваа земја и нејзините луѓе. Тоа мислам дека со консензус во Собрание ќе се усвои, рече Шекеринска.

Потпретседателката на СДСМ вели дека нејзината партија ќе ги поддржи сите текстови во Собранието кои што ќе зборуваат за заедничките проблеми на Македонците и Албанците.

-Нашата поддршка ќе ја имаат сите текстови во Собранието кои што ќе зборуваат за заедничките проблеми, кои што ќе зборуваат за заедничките маки, макар и во минатото и кои што нема да создаваат нови непријателства, додава Шекеринска.

Села во Собрание ги обвини Македонците за геноцид врз Албанците

„Не само геноцид од годините кои се спомнуваат во платформата, туку треба да се говори и за геноцидот врз Албанците кој се случува потоа“. На овој начин пратеникот Зијадин Села кој го негираше постоењето на македонскиот идентитет и на Македонците пред 100 години, обвини за геноцид врз Албанците во Македонија.

-Има заедничка декларација на политичките албански парламнетарни партии дали сум јасен? Оваа заедничка декларација е ново во политиката тука во Македонија. Оваа заедничка декларација уште еднаш ќе повторам е на полтичките албански партии и вие може да употребувате разно, разни поими да ја нарекувате Тиранска или Приштинаска платрорма, како што сакате можете да ја наречете истакна Села.

Тој покрај тоа што потврди дека постои оваа Платформа ги обвини и Македонците дека сеуште имаат геноцидни тенденции кон Македонскиот народ.

Со прифаќањето на овој исклучително опасен документ, од една страна ризикува сериозно нарушување на односите со северниот сосед, кое може да се искористи дури и како повод за објавување војна, а од друга страна го брише идентитетот на сопствениот народ, давајќи им можност на Албанците да тврдат дека како староседелци на овие простори биле жртви на Србите и на мештаните.

Досега Заев и Соросовите медиуми упорно ја релативизираат опасноста од резолуцијата негирајќи дека двете држави ќе бидат обвинети за геноцид. Сепак, исто така во повеќе наврати тој признава дека таква резолуција е договорена со ДУИ без директно да каже кого планираат да обвинат за геноцидот.

Анализа на „Дневник“: Несфатливите Славомакедонци наспроти државотворните Албанци од Илирида

Edi-Rama

И покрај обидите да се претстави дека не постои платформа на албанското политичко крило во земјава креирана во Тирана, вистината дека е наметната од соседна Албанија речиси секојдневно се потврдува. Особено последниот месец. Доказ за тоа се оркестрираните навреди, индиректните закани и пораките од официјална Тирана, најчесто од премиерот Еди Рама, но најсилна потврда стигна од албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој директно побара промена на македонскиот устав за во него да се внесе тиранската платформа.

Јас верувам дека со вклучувањето на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи што живеат во Македонија или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците – изјави Бушати во интервјуто за бриселскиот интернет-портал „Еуроактив“ пред два дена.

Инаку, албанскиот премиер не пропушта да го искористи секој свој јавен настап за да ја спомене ситуацијата во Македонија, директно мешајќи се во внатрешните работи на земјата, говорејќи за нереални проценти на албанското малцинство, кое, според него, е државотворно (последново е еден од условите во тиранската платформа – Албанците во земјата да се впишат во Уставот како државотворен народ). Засилување доби од пратеничката Месила Дода, која уште порадикално, и тоа од центарот на Дебар при посета на земјава, ја нарече Македонија – Илирида, односно Голема Албанија.

„Македонија не постои, тоа е Илирида“

Дека Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за опстанок на Македонија, Рама му порача на македонскиот претседател Ѓорге Иванов откако тој одлучи дека нема да му го даде мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев оти никогаш категорично не се откажа од платформата.

Македонија треба да го промени својот став кон Албанците што живеат таму. Тоа треба да се случи затоа што Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за Македонија и зашто Албанците веќе застанаа на вистинската страна на историјата – изјави Рама во интервјуто за албанскиот канал „Ора“ на 2 февруари.

Слична порака му испрати на Иванов и на 1 март преку социјалните мрежи.

„Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците, нема Македонија“, напиша Рама на својот твитер-профил.

Во паузата од неговите пораки настапи албанската пратеничка од Партијата за правда, интеграција и единство, Месила Дода, која од центарот на Дебар испрати порака со говор на омраза и поттикнување нетрпеливост, која никогаш не беше ниту коментирана ниту осудена од официјална Тирана.

Македонија не постои, тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите браќа Албанци. Нема да може ниту Иванов, Груевски или некој друг антиалбанец да си игра со животите на Албанците и да ја претвори во европска Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права. Доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување самостојност – изјави Дода на 13 март.

Два дена подоцна, како и Рама, не испушти прилика преку социјалните мрежи да упати уште навреди и да охрабри сеалбанска битка за протнување на тиранската платформа.

„Читам низ медиумите дека ФИРОМ побарала јас да бидам прогласена за персона нон грата… Никаква загриженост… И за мене е исто толку неприфатлива една држава, која нема никаква основа за постоење и единствената заедничка точка на различните етнички заедници ја наоѓа само во соработувањето за злоупотреба на правата на нашите сонародници. Со ова сакам да кажам дека јас би прифатила да одам само во Илирида. ФИРОМ е исто толку нон грата за мене и престана да егзистира како лабораторија на албанофобијата. Останувам со поддршка на Албанците од Илирида“ – напиша Дода на својот фејсбук-профил на 15 март.

„Славомакедонците да ги почитуваат правата на Албанците“

Три дена потоа отиде и подалеку, па од собраниската говорница во Тирана ги повика и властите во Kосово за заедно да им помогнеле на „браќата Албанци во Илирида“.

Живееме во 2017 година и Албанците во Илирида треба да живеат слободно, да ги уживаат правата на свој јазик, знаме, просперитет, да уживаат право како еднакви граѓани иако тие што ја зазеле оваа земја не го сакаат тоа. Ако тие не прифаќаат дека Албанците треба да одлучуваат за својата иднина, ние не смееме да не дејствуваме, не само Албанија да не ги остави, туку и Kосово не смее да ги остави сами. Дијаспората треба да се здружи за да лобира за нив и да не ги остави сами. Што има тука нејасно? – рече Дода на 18 март.

На 31 март во интервјуто за еден швајцарски весник Рама ги нарече Македонците Славомакедонци, барајќи македонските власти да ги почитуваат правата на Албанците.

Несфатливо за нас е кога Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија? – изјави Рама.

Една од последните во низата негови изјави со кои де факто е јасно дека стои зад платформата и врши притисок таа безусловно да се прифати, е интервјуто за „Франс 24“ пред два дена.

Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјави Рама на 3 април.

Спахиу: Рама згреши што се мешаше

Дека платформата од Тирана е директно мешање во внатрешните работи потврдуваат не само изјавите на Рама и истомислениците, туку и на поранешниот претседател на „Транспаренси интернешнел“ во Албанија и поранешен претседател на Врховниот суд на Албанија, Kрешник Спахиу. Во интервју за „Ора“ го критикуваше Рама оти одиграл погрешно.

Албанскиот премиер и Тирана одиграа многу погрешно, затоа што ситуацијата во Македонија е многу чувствителна, многу кршлива, многу нестабилна, и во одреден момент албанскиот премиер се вмешува во начинот за формирањето влада. Притоа држи целосно страна на линијата на Сорос, а истовремено се знае дека Заев е финансиран директно оттаму, се знае дека прислушуваните телефонски разговори беа финансирани од Сорос, па му даде причина на претседателот Иванов да не го даде мандатот и да ја обвини Тирана за мешање во внатрешните работи и за дестабилизација на Македонија – рече Спахиу на 27 март.

Еди Рама, 2 февруари:

„Македонија треба да го промени својот став кон Албанците што живеат таму. Тоа треба да се случи затоа што Албанците не се малцинство, туку државотворен фактор за Македонија и зашто Албанците веќе застанаа на вистинската страна на историјата“

Еди Рама, 1 март:

„Господине Иванов, албанскиот јазик не им припаѓа на вашите непријатели, туку на уставотворен народ во земјата, без Албанците – нема Македонија“

Месила Дода, 13 март:

„Македонија не постои, тоа е стара албанска покраина и се вика Илирида. Ние сме подготвени да им помогнеме на нашите браќа Албанци.Нема да може ниту Иванов, Груевски или некој друг антиалбанец да си игра со животите на Албанците и да ја претвори во европска Палестина. Албанците од Илирида треба да бараат целосни права доколку Заев се повлече и доколку претседателот што го потпиша крајот на својата држава не даде оставка, треба итно да се соберат сеалбанските политички сили и да помогнат Илирида да одржи референдум за прогласување самостојност“

Месила Дода, 15 март:

Читам низ медиумите дека ФИРОМ побарала јас да бидам прогласена за персона нон грата… Никаква загриженост… И за мене е исто толку неприфатлива една држава, која нема никаква основа за постоење и единствената заедничка точка на различните етнички заедници ја наоѓа само во соработувањето за злоупотреба на правата на нашите сонародници. Со ова сакам да кажам дека јас би прифатила да одам само во Илирида. ФИРОМ е исто толку нон грата за мене и престана да егзистира како лабораторија на албанофобијата. Останувам со поддршка на Албанците од Илирида

Месила Дода, 18 март:

Живееме во 2017 година и Албанците во Илирида треба да живеат слободно, да ги уживаат правата на свој јазик, знаме, просперитет, да уживаат право како еднакви граѓани иако тие што ја зазеле ова земја не го сакаат тоа. Ако тие не прифаќаат дека Албанците треба да одлучуваат за својата иднина, ние не смееме да не дејствуваме, не само Албанија да не ги остави, туку и Kосово не смее да ги остави сами. Дијаспората треба да се здружи за да лобира за нив и да не ги остави сами. Што има тука нејасно?

Еди Рама 31 март:

Славомакедонците го одбиваат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво, иако албанското население претставува речиси една третина од населението. Можете ли да замислите такво нешто во Швајцарија?

Еди Рама, 3 април:

Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор

Дитмир Бушати, 3 април:

Јас верувам дека со вклучувањето на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи што живеат во Македонија или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците

Пишува: Искра Kоровешовска за Дневник

„Фабриката“ на СДСМ со полна пареа: Лажни вести и пропаганда за спас од народот

Zaev-SDSM-Lagi

Алармот на „Павел Шатев“ максимално ги заангажира творците на лажни вести. Во „Фабриката“ се работи во три смени. Ако се сомневате, само погледнете го резултатот на сработеното, професионално, се разбира. Една од дефинициите на професионалец е дека тоа е човек што го вади најдоброто од себе, дури и кога воопшто не му се работи. За социјалдемократските „професионалци“ дефиницијата е многу слична. Тоа се луѓе што го вадат најлошото од себе дури и кога не им се работи. Реално, многу-многу никогаш и не им се работело, ама за лажење и за извртување се секогаш расположени. Два дена – три лаги. Без исав, срам уште помалку, излажаа за Вајгл, следуваше лагата за ветеното од Хан до Заев, завршија со „ударот“ по Груевски, кој „избега“ во Турција. Ако не можеш по својот, удри по туѓиот лидер, ова е мотото на „професионалците“ вљубени во СДСМ и во сефот на Сорос…

Стотици илјади граѓани на улица. Настрана, секој ден, настрана многу убав народ. А на „Павел Шатев“ направија утка. Повторно. Очекуваа или, подобро кажано, се надеваа дека сето ова ќе заврши за една недела, две максимум. Арно ама, направија лоша математика, не дека правото или економијата им одат. Феноменот на константното зголемување на бројот на разбудениот народ го вклучи црвениот аларм кај социјалдемократите.

На него, по правило, прва реагира Катица, која не успеа во својата дигресија. За нејзина жал, а уште поголема на СДСМ, никој нормален во државата македонска веќе не ја восприема како специјална обвинителка, ниту ја поврзува со правда. По толку многу месеци, „а – на“ за Заев и за СДСМ и уште повеќе глупости и неаргументирани предмети на „Т“, Катица доволно се избламира. За сите пари, би рекле, а многу пари завршија кај неа и во пустото СЈО, кое толку „благородно“ ни еден социјалдемократски колумнист, адвокат, професор или каков и да е друг неранимајко со сина крв не остави на улица. Бламирање број еден.

На повикот, најверојатно по грешка, а уште поверојатно по убедување, се јави и една академичка. Освен штета за себе, таа Катица не направи ништо друго. Бламирање број два.

И меѓународните емисари не завршија ништо поарно. Бенигниот притисок за прифаќање на кумот Заев и на неговите луѓе тирански, наспроти безобразниот молк за малигната платформа, си го стори своето. Контраефектот беше очигледен, а доказ за кажаното е бројката од двесте до двесте и педесет илјади граѓани на улица за време на посетата на Хан. Бламирање број три.

Третото бламирање по ред, според „комунистичкиот“ учебник, го активира последното, очајничко и неконвенционалното орудие. Соочен со несфатливиот, целосно неразбирлив одѕив на граѓаните, кои самоповикани енергично се вложија во одбрана на идентитетот и на Македонија, СДСМ не може, а да не го вклучи крајниот одбранбен систем. Според правилникот за итни случаи, доколку и тоа потфрли, следен чекор е самоуништување на седиштето, со сите странски депеши и нарачки од „чадорот.“ Така, специјалните единици на СДСМ излегоа на терен. САД ги има „Navy seals“, Русија „СПЕЦНАЗ“, Израел „ Mista’arvim “, Германија „Kommando Spezialkräfte“. СДСМ, пак, ја има својата „Фабрика“. Еден куп недоквакани никаквеци, медумски подобни подбуцнувачи и мршојадци, кои уште од времето со силен елан, нахранет со уште посилните финансии од Сорос и од амбасадорската компанија, беспоговорно одработуваат ли одработуваат. Колку целта е понационално освестена и помакедонска, толку е потешка и нивната артилерија. Во овој случај, ја извадија најтешката, затоа што досега не сме ни имале посвето од заложеното кај Заев и кај тиранистите.

Несомнено, очајничкиот крик за спас на Заев и на врхушката допре до нивните „професионални“ ува, кои од поимот професионално имаат само ПРО, ама СДСМ, а и тоа поттикнато од средствата на Сорос и на другите странски „донатори“, кои секогаш ѝ мислат „најдобро“ на Македонија, нели.

analiza239-2Фабриката забревта во три смени

Алармот на „Павел Шатев“ максимално ги заангажира творците на лажни вести. Ниту извртувачите не куртулија. Во „Фабриката“ се работи во три смени. Ако се сомневате за интензитетот на паниката, само погледнете го резултатот на сработеното, професионално, се разбира.

Доколу, во минатото, за една лага што ја протуркуваа по сите можни канали им требаше по еден-два месеца, сега „Фабриката“ е со вклучено „турбо“. Секој ден се добива најмалку по една тешка лага. Интересно, овој пат и пристапот е различен. Сега, главен експонент на лагата им стана најподобниот и најголем лажго. Па чуму да се малтретираат и да експериментираат со „нови момци“ кога го имаат Заев? Човекот што го засени Минхаузен, сега го достигнува и своето крешчендо. Што е право, и партијата го следи својот спасител, со несмалено темпо, што и не е толку лесно…

Нов ден, нова лага. Ова е новото мото на недоветните јуришници на СДСМ, кои во ширењето лаги и глупости видоа и побараа спас од народот, навредувајќи му ја интелигенцијата. Впрочем, позната матрица. Сѐ уште несвесни дека не живеат во омилените деведесетти, стратезите се залетаа со цела дузина лаги за само неколку дена.

analiza239-4

analiza239-3Првата лага, која ги отвори чакрите на социјалдемократските идолопоклоници, беше коментарот на европратеникот Иво Вајгл. Лиферуваниот коментар, кој вклучи затвор и лидер на партија, ги стаписа сите. Да, токму „Република“ го имаше првото интервју со него по назначувањето за известувач од ЕП за Македонија. И во тоа писание, и општо досега, сите го сметаа Словенецот за умерен и коректен. Токму и затоа, кажаното „Груевски рече – ќе одам до крај, не ми се оди в затвор“ пренесено од сите „професионални“ медиуми удри по сетилата на познавачите. „Професионалците“ ликуваа, а СДСМ во бессознание од среќа пушти и соопштение и гротескно онанираше на „кажаното“: „Слушна јавноста во Македонија од пратеник од Европскиот парламент, кој беше дојден во Македонија заедно со еврокомесарот Јоханес Хан, дека Никола Груевски бил решен да оди ’до крај‘ затоа што не сакал ’да оди в затвор‘. Ова е потврда од самиот Груевски на сè што предупредуваме, дека тој исклучително за лични интереси ја продлабочува политичката криза. Недозволиво е граѓаните и Република Македонија да бидат заложници на стравовите на Груевски“, пренесоа од СДСМ, а во продолжение не заборавија да споменат и дека низ институциите на системот ќе бил избран новиот претседател на Собранието и тој ќе го известел претседателот Иванов дека е должен веднаш да му го даде мандатот за составување влада на кого друг, ако не на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Бре, бре, паднаа тешки емоции. Арно ама, пародијата ја прекина „студен туш“, лично од Вајгл. Никогаш не кажал такво нешто, изјави тој. Силна гревота за радоста социјалдемократска и на нивните медиумски подлизурковци, кои мислеа дека со евтина лага направиле пресврт со кој божем народот ќе го одвратат од улица. Да, играа на картата од пред дваесет години. Навика, лоша. Тогаш никој не ќе го прашаше Вајгл дали тоа што го „кажал“ е вистина. Немаше кој затоа што сите беа „нивни“. Сега, нормално, се случи истото и тие добија шлаканица. Таксират, ама пак несразмерен. Замислете само да се работеше за „Сител“, „Алфа“, ТВ „Нова“, „Република“… Две години ќе правеа скандали, ќе реагираа сите меѓународни, истоплатни и соросоидни организации од светот, па амбасадори, па чуда и врагови. Вака, ништо страшно, тие премолчеа и никому ништо. Затоа што сите знаат дека постојано лажат, ама за „повисока“ цел, враќање на власт, тоа било оправдано…

analiza239-5Дежави: Кога лагата го краси Заев

Не поминаа ни два дена од напишаното во медиумите и од патетичната реакција на СДСМ, а се обелодени нова лага. На слична тема. Повторно посетата на Хан беше во фокусот. А и излажаното по неа. Овде признанијата ги освои токму бестрашниот лидер, кој „без никаква причина“ се пофали дека ако се оформела влада (читај Тиранска), и Македонија почнела со реформи, Хан му ветил дека тогаш и ЕУ ќе се свестела за неправдата што ни ја прави и ќе ги отворела најважните поглавја во преговорите, 23 и 24, т.е. ќе почнеме преговори. Сите нормални и на тој, макар лажен, Ханов муабет помислија – аман, уште ли ќе нѐ мавтаат, како Турција, која по 30 години кандидатски статус доби закана од Брисел дека ѝ е загрозена интеграцијата во ЕУ?!

Макар што самиот муабет беше бесцелен, особено во време кога повеќе од 200 илјади луѓе на улица излегоа поради истиот тој Хан, кој одби средба со народот и покажа троен аршин, но и таа бедотија од фалба да ти била лага. Невистината што лично Заев си ја состави, му ја демантираше портпаролката Маја Коцијанчич. Таа сосема логично, објасни дека Хан никако не можел да го вети тоа бидејќи е надвор од неговите скромни ингеренции. За тоа, Заев, да ти решавал Советот, највисокото тело на ЕУ. Не Комисијата. Гревота.

Дефиниција за „професионалност”: Ако не можеш по сопствениот, удри по туѓиот лидер

Разбирливо, „професионалците“ си го одмолчеа и ова. На ниту еден соросоиден сајт на интернет, уште помалку на телевизија, не се појави информација за Заевата лага. Сосема оправдано и професионално, нели. Уште побезобразно, во одбрана на својот пулен и посакуван премиер, истите тие што два дена по ред се бламираа, лажеа и молчеа за глупостите на своите побратими со сина крв, во продолжение на прикаската и краен очај, засилен со паника, повторно лажеа. Затоа што тоа го знаат најдобро. Извртувачите, во потрага по дигресија (гарант Катица била недостапна во смокварникот кај Мрзенци) си најдоа оддишка во уште едно безобразие. По кого друг би удриле, ако не по тој за кој само пред два дена веста им се покажа како „ќор-фишек“?! Па, се разбира, по кого друг ако не по Груевски. И така, измислија дека, замислете, дента кога требало да се избира претседател на Собрание, тој избегал во Турција! Срамота, оценија, а, според нив, избегал од земјата поради криминал. Слично како и кај Вајгл, недоветните стратези од СДСМ и овде се надоврзаа и за само половина час по лиферувањето на лагата, партијата оцени: „Со денешното бегство од Македонија, Груевски уште еднаш докажа дека не го интересира државата, туку единствено му е важно да избега од одговорност“. Од СДСМ не „заборавија“ да кажат и дека со или без Груевски во државата, Македонија ќе добиела нов претседател на Собранието, мандат за составување влада и нова „реформска“ влада на граѓаните предводена од кој друг, ако не од СДСМ, нели.

А Груевски да ти одел на Малта на редовен состанок на Европската народна партија, најголемата во Европа, десничарската опција што ја раководи ЕУ и чијшто членка е токму ВМРО-ДПМНЕ. Замислете, гревот е дека летал преку Турција. Срамота, како не најде директен лет за Малта. Од ова произлезе и мотото на „професионалците“: Ако не можеш по сопствениот, тогаш удри по туѓиот лидер…

Крушата под круша, СДСМ под Заев паѓа…

Погоре кажаното, можеби, би било изненадувачко, дури и фрапантно, доколку не се работеше за Заев, СДСМ и нивните медиуми. Вака, сите се веќе навикнати на фактот дека од нив и не може да се очекува нешто друго. Најмалку вистината.

Само за потсетување, зборуваме за Заев, кој не го ни познаваше Верушевски, а се покажа и дека му купил компјутер, сакал и автомобил, за да избега, нели. Истиот кој со „бомби“ најави паѓање на Владата за три дена, а по речиси три години, кога полека му успева сценариото од „чадорот“, наиде на непремостлив проблем наречен НАРОД. Човекот што излажа дека во „бомбите“ ги нема Никола Груевски и Сашо Мијалков. Затоа што биле нарачатели, нели, а потоа се изнаслушавме монтажи со нив. Истиот тој Заев најави дека ќе ги „пука“ еден и пол месец – траеја повеќе од шест месеци. Варираше и бројот на прислушувани разговори. И тоа, според потреба. Откако ги фатија живи со Чаушовиот мега-скандал „Фабрика за афери“, во која нивни член подготвувал гнасотилаци за противниците, притоа фотографирајќи се со Заев и со Спасовски, се обидоа со дефокусирање на вистинската афера, па тврдеа дека МВР издало десетици илјади лични карти за избори?! Но тоа не е сѐ. Најголемите бисери паднаа „на страна“. Притиснат од преголемата улога и свесен за својата маленкост, лидерот „на двапати“ се отвори во странство. Очигледно, Фројдовиот комплекс на излегување на вистината на виделина по силен притисок, кај лидерот успева најмногу во туѓина. Пуста да остане. И Израел и Словенија. Излажа во Тел Авив, а го демантираше лично министерот Шалом. Потоа и неговиот кабинет. Но не ја научи лекцијата. Само еден месец потоа – излажа и во Љубљана, т.е. таму ја кажа вистината за тоа што со месеци лажеше во Македонија. Си призна дека „Диво Насеље“ е терористички напад и го спореди со Париз. Да, на 11 декември вечерта, излажа дека победил на избори…

Партијата го следи со несмален интензитет. Така, „Фабриката“ изнесе еден куп небулози, кои се докажаа како чисти лаги. Те 500.000 фантоми, т.е. 620.000 иселени Македонци, т.е. милијарди во долгови и што ли не. Едноставно, милуваат големи бројки, кои треба да ве убедат во лагата. Да, не заборавајте го интервјуто на „читачот“ Катица Јанева за МРТВ. Една од дефинициите на професионалец е дека тоа е човек што го вади најдоброто од себе дури и кога воопшто не му се работи. За социјалдемократските „професионалци“ дефиницијата е многу слична. Тоа се луѓе што го вадат најлошото од себе дури и кога не им се работи. А, реално, сите ги знаеме како најголеми неработници, закитени со толку многу лошотилак собран на едно место. Е, тоа ти е професионалец…

Ѓурковиќ: Денес буквално се води битка дали Македонија ќе преживее како унитарна држава или ќе се распадне

Misa-Gjurkovic

Познатиот српски аналитичар и научен работник, Миша Ѓурковиќ, во емисијата Геополитика за српската телевизија – Новосадска телевизија, ја анализира политичката ситуација во Македонија и веројатноста со прифаќањето и реализирањето на Тиранската платформа од страна на Заев да се федерализира државата и во крајна фаза да дојде до распад на Македонија.

Ѓурковиќ анализира дека Тиранската платформа и еден дел од тоа што Заев и СДСМ во својата кампања го имаа е всушност уставно редефинирање на Македонија, во смисла полна конститутивност на Албанците и на некој начин претворање на Македонија од еднонационална држава – држава на Македонците со елементи за малцинствата, каде Албанците со 25% се номинално најголемо малцинство, во нешто што би требало да биде ситуација во која треба да имаме два конститутивни народи: Македонци и Албанци, каде Албанскиот јазик би бил рамноправен, односно официјален на целата територија. Според него веднаш по наредните локални избори би се формирала и некој вид „Заедница на Албански оптштини“, во Западна Македонија, која би била основа за градење на федерална Македонија, а тоа е основ за растурање на таа држава во иднина.

Тој објаснува дека кризата всушност почнала да се подготвува уште во 2009 година, додека вистински започнала да ескалира во 2014 година. Кога опозицијата не прифати да влезе во Парламентот. Од тогаш тие започнале со методите на „Вон парламентарни борба“, со огромна помош пред се од големи странските сили и некои соседни сили кои имаат прилично јасни претензии кон територијата на Македонија. Ѓурковиќ продолжува: „Целата таа криза доби, голем дел на различни усложувања и морам да кажам дека начинот на кој ВМРО и господинот Груевски се борат со тој вид на надворешна дестабилизација преку внатрешни фактори, вклучувајќи и политички и етнички фактор, т.е. тоа е албанскиот фактор таму. Доста, како да кажам доста изненадувачки и за секоја пофалба е имајќи в предвид колкава сила удира врз нив и колку долго луѓето се борат околу тоа.“

Ѓурковиќ заклучува дека сега буквално се води битка дали Македонија ќе преживее како унитарна држава.

– Денес да пробам тоа да го сумирам, буквално се води битка дали ќе преживее Македонија како унитарна држава во која Македонците имаат доминантна улога или полека ќе се редефинира во правец на нејзиниот распад во кој кога тогаш Албанците би го отцепиле својот дел и би го приклучиле на Албанија, а со другиот дел прашање е што би било со него, тешко дека би преживеал како самостојна целина, некој други соседи кои имаат претензии веројатно би пробале да го припојат кон себе.

Анализа на Мирка Велиновска: Нова стратегија за кршење на Иванов

Mirka-Velinovska-objasnuva

Kредибилни и добро информирани извори споделија со „Дневник“ ексклузивни информации за операцијата уништување на македонската држава и бришење на македонскиот народ од регистарот на живи народи. Планерите и изведувачите на срамниот и нечовечки нацифашистички потфат за свој локален контрактор го ангажираа Зоран Заев и неговата партија СДСМ. Kако логистика му ја додадоа Соросовата активистичка мрежа, вашингтонското криминогено шпионско, дипломатско и политичко подземје и нивната фашизоидно-мафијашка великоалбанска творба УЧK сега маскирана во политички партии.

Еве што дознавме: Одметнатиот амбасадор Џес Бејли, кој е жител на вашингтонското политичко мочуриште, пред да си оди од Македонија (официјално, ако не го соберат до тогаш, си оди во мај) има наредба од одметнатиот центар на моќ да стори с` што може за да го направи Зоран Заев премиер со мандат Република Македонија да стане парцела или полигон, односно, лабораториска депонија под фашистичка управа. За ова да се оствари, на планерот му е неопходно да не функционира повеќе институционалниот систем. ВМРО-ДПМНЕ да стане маргинален политички фактор без шанса кога било да дојде на власт и во исто време, албанскиот политички блок да стане доминантен, а македонскиот мнозински народ да се умртви, демотивира така што ќе загуби интерес за сопственото опстојување. Платформата од Тирана не е самостојно дело на Еди Рама, туку задача добиена од поранешниот шеф на ЦИА кого сосема извесно го чека судење за шпионажа по специјалниот шпионски акт со кој е предвидена и смртна казна. Ова станува с` пореално откако „Викиликс“ објави грамадно количество документи кои ја разоткриваат морничавата вистина дека САД во последниве дваесетина години станале киднапирана држава под фашистичка управа, а своето светско лидерство го покривала со извоз на демократија во вид преврати и воени конфликти. Бидејќи сега, по ова мегаоткровение на 49. ден од неговото инаугурирање, првпат од американската јавност Доналд Трамп доби широка поддршка за изведба на генерална ем темелна чистка на заробените институции, сигурно е дека ЦИА ќе биде упокоена, а останатите тајни, а одметнати служби дисциплинирани. Јасно е дека остатоците раштркани по светот ќе се обидат за себе да си изградат засолништа на периферијата на светот во надеж дека по извесна хибернација, ќе се разбудат орни за нова тура организиран терор. Македонија и Балканот им се гледаат како безбедна дистанца и дестинација. Што се гледа од нашата реалност.

Трескавична акција

Деновиве Џес Бејли трескавично ги прави аранжманите за удобно преспивање. Ги обиколува судовите, ги анимира корумпираните македонски судии, ги заплашува оние што не успева да ги купи, а преку Заев им порачува дека сите ќе ги смени. Ги уценува големите македонски ,,бизнисмени“. Ги тера на послушност македонските ,,национални“ медиуми. Преку Заев им испраќа пораки дека ќе ги згаснуваат. Ги уценува сите за кои мисли дека имаат моќ и влијание со телефонски разговори или снимки кои се компромитирачки. Истото им се случува и на партиите кои не се СДСМ. А членството на СДСМ си го уценува лично Зоран Заев кај кого се прислушуваните разговори.

Сценариото спремно, но овие криминалци првпат се соочуваат со непријатно изненадување што им го загрози планот. Kако што велат нашите извори, Бејли, неговите европски колеги, Могерини и сите останати гости кои ни доаѓаат во Македонија за да вршат притисок за да капитулираме, признаваат дека се изненадени од жестоката и решителна реакција на Македонците и останатите етницитети да ~ се спротивстават на тиранската лудорија. Не им било предвидено во сценариото шумарот да втрча на теренот и да го прекине нерегуларниот натпревар. Не се вклопува во нивната перцепција за Македонците. Мислеле дека македонскиот народ е лекоумен, нема ’рбет, бил мек како пластелин, наивен и глуп, а пред с` незаинтересиран за својата држава и опстанок. Оцениле дека играта со бомбите на Заев, па кампањата со спомениците „Скопје 2014“, серијата востанија и шарената револуција, соросоизирањето на медиумите и нивното ставање под цензура завршиле работа и дека пасивизирањето на населението е завршена работа. И кога одеднаш, се појавува граѓанскиот повик на група маргинализирани патриоти зад кои не стои никаква партија, а на кои се налепува големо количество народ, жители на Македонија. Нервозата на Бејли и неговите европски компањони видливо се отслика и на експонентот Заев кој преку „Алсат“ ни испраќа порака дека граѓаните требало да ги напуштат улиците. Демек, овие што шетаат мирно му пречат, за разлика од неговите куртон-платени револуционери.

Хојт Ли веќе ни кажа

Превратниците немаат решение за овој ,,проблем“. Деновиве се обидуваат да го скршат Иванов и да го кандисаат да го даде мандатот на Заев. Бејли вели дека тој напросто мора да стане премиер. Демек, аут Цезар аут нихил! Иванов сосема сигурно нема да му ја исполни наредбата. Дури и да сака, нема да може оти македонскиот народ ќе го пречкрта најблаго речено, а и не е баш лесно откако ќе станеш национален гарант и балкански Kараѓорѓе да манифестираш недоследност. Рускиот рулет на ЦИА и нејзините криминогени европски партнери завршува така што коцкарот си испалува куршум во сопствена глава. Во Македонија. И особено откако нервозниот Хојт Ли од Загреб јасно ни ја соопшти крајната цел која пред него јавно ја разработи и ,,контракторот“ Љубомир Фрчкоски, а тоа е кратко и јасно: менување на името на државата и насилно одземање на идентитетот на македонскиот народ. Што ќе рече адактирани се досегашните божем разговори и преговори за разликите за името што ги водеше старата предреволуционерна Америка. Република Македонија не е повеќе бивша југословенска република Македонија, а ќе стане таква само ако се согласи Заев да не укине. Овие одметнати циаши се толку во временска стиска, што прават непоправливи грешки разоткривајќи си ја својата монструозна цел. На пример, Бејли во една од убедувачко-притискачките мисии деновиве го носел предлог-законот за албанскиот државен јазик и го дообјаснувал како добродушен проект, иако никој во Македонија го нема ни видено ни прочитано, а во ваква добродушност не верува од Охридскиот договор наваму. Паралелно со убедувањето оди и фамозното виткање рака и закани, упатувано до македонските државни и локални функционери. На своите домаќини како службеник на друга држава им испорачува извршни наредби. И нему му се поматил умот. Вели, ВМРО-ДПМНЕ никако и никогаш повеќе не смее да стане владејачка партија. Требало да се помири да статира како опозиција. Чудесно! Центарот кој од произведени терористи прекуноќ правеше политичари и борци за човекови права, сега бесрамно се обидува легална и легитимна политичка партија да ја отера во илегала. Kако што проба во Сирија. Проба и во Турција. Лаже дека платформата за растурање на Македонија не била дело на Рама, туку на Али Ахмети и не се составувала во Тирана ами во Мала Речица. Бејли демек бил присутен на дејствијата и знае дека Ахмети е интелектуалецот со пушка кој знае да пишува платформи. Зошто партијата која Американците во 1998 година ја промовираа како реформска партија со нов бран политичари, за подземната криминална ЦИА станува отворен непријател е прашање кое бара сериозна разработка од повеќе аспекти. Наша првична процена е дека со оглед колку многу труд и време посветила ЦИА во последниве 15 години во проучување на феноменот ВМРО и неговото влијание врз народот изразено на избори, изгледа дека оваа партија ја гледаат како пречка за остварување на планот кој сега трескавично се обидуваат да го реализираат. ВМРО-ДПМНЕ пречи само затоа што е македонска, автентична и симбол кој е втемелен историски. Со сите нејзини светли темни периоди и личности во временските балкански бури како и оваа низ која минуваме. Но ете им сега на отпадниците нов непријател македонскиот народ кој не е партиско членство на ВМРО-ДПМНЕ. Kако него да го исфрлат од игра?

Не ни помислувајте

Од ова барање произлегува и второто од кое Бејли, Хојт Ли, Могерини и слични мрачни и матни типови се стравотно уплашени. Пораката до сите нас е да не ни помислуваме на нови избори, попис или референдуми. Ако не сме ги послушале, ќе ни ги испрателе Албанците кои одлично ракувале со оружје и се докажале како борци!? Морони! Па и ние, на пример, јас мајка ми и сестра ми да пројдеме интензивен тренинг како учкиве, ќе станеме ефикасни за борба со учки. Впрочем и без тренинг сестра ми среде мост кај Чичино Село шамараше учки, а јас пред куќна врата во Грчец и пред насобрана публика, та дури мораше мировно да посредува оџата од Kондово. Да господо, деновиве на нашиот шеф на државата, Ѓорге Иванов, а веројатно и на Никола Груевски, му стигнуваат вакви закани. Изворите за „Дневник“ велат дека треба да очекуваме зголемување на притисокот по состанокот на владата на ЕУ. Интензитетот ќе трае до јуни. До тогаш новото претседателство во САД ќе ја упокои фамозната ,,дип стејт“. Од него одеднаш сите бараат да ја земе метлата и енергично да исчисти 99 проценти од мочуриштето што ја киднапирало легалната држава. Чистката почнува од тајните служби и агенции, министерството за правда по хоризонтала и вертикала оти вриело од корумпирани судии и обвинители, па конгресот и нарочно сенатот каде што заседнале лобисти.

Еве што ќе биде македонскиот општонароден одговор на овој евроатлантски куплерај кој се распаѓа во агонија: 1. Дури Зоран Заев сега и да се откаже од платформата, мандат од Иванов нема да добие. Ќе добие ако на нови избори легитимно и легално победи со мнозинство од живи македонски гласачи. Што ќе се случи на Свети никогаш со него на чело. И затоа СДСМ ќе бега од изборно соочување. Од овој ден натаму, избори ќе има кога ќе одлучи државата Македонија и нејзините граѓани и ќе ги организира самостојно. На тие избори ќе се појават партиите што имаат автентични политички програми составени во Македонија и се однесуваат на Македонија и интересите на македонските граѓани. Ќе има и попис и референдуми за теми и прашања кои нас н` засегаат и кога за тоа ќе одлучиме ние. Подземјашите од странство а и нашиве мивки, брзо ќе се уверат дека македонскиот народ, жителите на Македонија од сите етникуми и религии се во права смисла на зборот суверени на државата Македонија, а не лабораториски произведени бројлери и дресирани циркуски ,,реквизити“. Отпорни се на закани кога се работи за нивниот биолошки опстанок. Ако се изненадени непријатно од способноста набрзина самостојно да се организираат стотина илјади демонстранти и нивната мирно манифестирана решителност во спонтана самоорганизација, наредниве денови ќе им одговориме со поламилионски спонтан марш за и најкусогледите да можат да не видат и дома и во нивните држави, пред нивните влади. Фамозното сценарио ,,Б“ на Зоран Заев и неговите албански партнери е демаскирано. Со него СДСМ планира формално да се откаже од Платформата за да му биде врачен мандат, а потоа, преку Собранието, формално, преку закони предвидени во платформата, по кратка постапка (со европско знаменце) да се премости, односно да се пучира Уставот. Финта! Прочитана е. Заев на „Алсат“ нервозно му се закани на водството на ВМРО-ДПМНЕ дека ако не се вклопи во планот на Бејли, тој лично ќе му земел уште 4 пратеници, та ќе добиел мнозинство од 73 пратеници (во тие 73 веројатно ги брои и двајцата од ДПА). Демек ќе му ја растура коалицијата со прелетувачи. Изгледа не му е јасно дека тој и неговата братија веќе не се дел од македонското организирано општество, ниту домашен политички фактор. Самиот го избра тоа занесувајќи се дека е заштитен од Чадор што непрокиснува.

Офанзива контра офанзивата

Што се однесува до заканите со војна и спремноста за самоодбрана на државата, Република Македонија веќе има прогласено вонредна состојба. Поради мигрантската криза. Границите на север и југ се покриени со македонска војска. МВР навистина е раздрндано и без команда, а со технички министер од редовите на великоалбанската ДУИ, но во ситуација некој да сака да н` истестира со вооружени провокации, терористички акции и слично, големи се шансите штакори како Бејли и неговото европско контракторско друштво да бидат уште понепријатно изненадени.

Така што, тоа што во наредниве месеци – конкретно до мај – треба да правиме ние е да станеме уште повидливи за странските легални и криминални центри на моќ со протести, активности, информации. Тоа бара мобилизација и активитет на секој поединец. Но се работи за проверен ефикасен рецепт кој секој непријател го става во дефанзивна позиција. Потребна е и медиумска офанзива. Впрочем, тоа беа и неодамнешните препораки во контактите на македонската држава со новата власт во Вашингтон. ВМРО-ДПМНЕ треба што поитно да се реформира однатре, да си ги провери кадрите и да го отстрани имплантираното диво месо за да не се претвори во нова дефекторска серија, а и да може подготвено да оди на избори, што значи да може да му се опули на народот во очи и спремно да си ги признае и исправи сите сторени грешки што помогнаа да стигнеме до овде.

Истото треба да го сторат и останатите нормални македонски партии. На СДСМ не треба да се смета с` додека не си го смени раководството и додека не помине катарза.

ЦИА е наследство од пепел

Преку „Викиликс“ и пуштениот во оптек пакет од монструозни тајни на ЦИА, која уште ја именуваат како ,,дип стејт“, која фактички на криминален начин ја води политиката на државата, а во која политичарите и државните функционери се само кукли кои се купени или уценувани.

Подземната ЦИА имала и свое ,,длабоко грло“ кое управувало со медиумите задолжени за пропаганда и пласман на лажни вести. Благодарение на Волт 7, јавното мислење во САД се смени преку ноќ за 180 степени. Шокираната јавност дозна дека доказите на 17-те безбедносно шпионски агенции и тајните служби лажно ја набедувале Русија за мешање во изборите на суверена држава и нација. Тоа всушност го правела ЦИА преку кражба на руски спајвери и софтвери и како кукавица ги подметнувале нивните електронски отпечатоци божем тие вршеле упад во американската суверена изборна операција. Америка е затечена и згрозена.

Се прашуваат што да се прави со консензусот на сите 17 агенции! Одеднаш Џулијан Асанж е херој, а Едвард Сноуден од предавник прерасна во чесен патриот и заштитник на Америка. Главен цитат во медиумите сега е оној на Рузвелт кој рекол дека ЦИА е наследство од пепел. Ќе ~ се пее опело.

Холивудски филм

Благодарение на ароганцијата и самоувереноста во сопствената непобедливост, со внатрешен преврат од вработените некорумпирани агенти, е разнесена цијашката дип стејт. Превратот се спремал од уривањето на кулите близначки, но активно почнал по чаталењето на Барак Обама и Хилари Kлинтон дека американските специјалци извршиле успешна акција на ликвидација на Осама бин Ладен. Сега директно од цијашите превратници цел свет дозна дека Бин Ладен долго време бил неподвижен, со откажана функција на бубрези и под константна дијализа. Си умрел природно од болеста. Белата куќа само снимила холивудски филм, лажњак. Лоша вест за Брисел и структурите на ЕУ е и информацијата на ЦИА стара шест години во која се планира и спроведува етапно, а преку корумпираните политички елити дека ЕУ ќе се распадне. Што веќе се случува.

Потоа добивме првокласни информации дека американскиот конзулат во Франкфурт е цијашко дувло преку кое се контролира цела ЕУ, а конзулатот во Милано во кој службува Филип Рикер и жената му ја контролира јужна, односно Југоисточна Европа. Протокот на монструозните тајни на подземната држава е грандиозна вест дека проектот ,,Нов светски наднационален поредок е мртов“. Kако што не постои повеќе адресата ,,меѓународна заедница“. Ако тоа не му е познато на Зоран Заев, Али Ахмети и останатата големоалбанска шикишаана и Соросови бројлери, познато му е на фронтално нападнатиот македонски народ. Суверенот на државата е дванаесет дена на улица и така ја демонстрира својата волја, моќ и решеност. Тој е единствениот кој ќе управува со државата така што ќе испорача платформа, ќе организира избори, ќе бара попис, ќе дава мандат и ќе решава политички кариери.

Костов: ВМРО-ДПМНЕ веќе добива повеќе на рејтинг бидејќи не ја прифати Платформата

sotir-kostov-tv-nova

Што ќе се случи во иднина јас не можам да предвидам, но едно знам ако покажат недоследност во своето однесување и да не речам дека на сред глас во 2006 и 2008 година „плачеа“ за да коалицираат, а сега сами си ја сечат гранката на која седат, а ВМРО-ДПМНЕ веќе добива на рејтинг и уште повеќе ќе добие бидејќи не им ја прифати платформата, а Никола Груевски покажа дека е голем државник и по секоја цена не направи влада со ДУИ и лично мислам дека тоа ќе биде во интерес на партијата, вели аналитичарот Сотир Костов во телефонски разговор за ТВ Нова коментирајќи ги ставовите на ДУИ.

-Процесот на распаѓање на ДУИ ќе продолжи и тие треба да се изборат да размислуваат со свои глави, а не она што ќе им каже Тирана и Приштина. Мислам дека на следните избори со вакви резултати нема да можеме да составиме влада и ДУИ ќе биде најголемиот губитник, сега за сега ДУИ не е губитник, но во иднина ќе биде и проблемите треба да си ги најдат во својот двор, а не упорно да инсистираат на продолжување на мандатот на СЈО, истакна Костов.

Во врска со тоа зошто ДУИ го потиснува прашањето за СЈО, тој вели:

-Лично мислам дека на ова прашање најмеродавен да одговори е Али Ахмети и луѓето околу него, јас мислам дека тоа е единственото квиско кое можат да го подигнат и да кажат: -Еве со ова прашање ние не можеме да се согласиме со ВМРО-ДПМНЕ и нема да има влада. Тоа е многу споредно прашање  и на тоа прашање не се гради политика и платформа која треба да има економски развој, развој на демократијата на слободата и на правата на граѓаните. Не е Али Ахмети тој што треба да каже дали СЈО ќе продолжи да работи или не, бидејќи сите беа во Пржино и сами договорија колку време да трае мандатот на СЈО,  потенцираше Костов.

Според аналитичарот Ахмети е притиснат во партијата и има проблеми и токму затоа барањето за продолжување на мандатот на СЈО ДУИ го поставува како услов за коалицијата со партијата.

-Тој е притиснат од трите подпретседатели кои се загрижени за својот реизбор на локалните избори кои следуваат и мислам дека проблемот е друг. Платформата е главниот проблем, инаку видете многу одамна не е најбитно што за ВМРО-ДПМНЕ не е кредибилна специјалната јавна обвинителка, многу е побитно за нас аналитичарити  за стручната јавност што таа веќе не е кредибилна и со својот метод на работа јас како што ја нареков „транге-франге“  и  поврзаноста која ја имаа таа со Зоран Заев таа веќе самата се посрамоти и донесе едни одлуки кои што можеме да кажеме дека се скандалозни и дека се срамни. Ајде да не речам дека кукавички дури и предавнички се откажа од понатамошно кривично гонење на Пуч каде што имаме обвинети лидери на политички партии, докажани криминалци како и Зоран Верушевски и неговата дружина. Одамна таа не е кредибилитетна и кога ќе почне да функционира собранието тие треба да расправаап за тоа што таа го работи и на што таа има потрошено четири милиони евра, иако најбитното е тоа што таа не испорачува резултати, вели Костов.

Тој вели дека ДУИ води кон распаѓање и дека тој имал голем респект кон таа партија и дека тие во период од 20 дена немаат толку аргументи за да кажат дека нема да направат коалиција.

Божиновски: Со или без договор наскоро нè очекуваат нови избори

Vladimir-Bozinovski-TV-Nova

Без разлика кој и да ја направи Влада, истата нема да обезбедува стабилно мнозинство што ќе гарантира долготрајност на таа влада, смета аналитичарот Владимир Божиновски.

Според него бројот на мандати што го освоија партиите на предвремените избори не ветува стабилна и одржлива Влада, на подолг рок.

„Моите претпоставки уште по завршувањето на изборите беа дека набрзо ќе имаме нови избори. Едноставно распоредот на пратенички места е таков што ниту една партија не може да обезбеди стабилно мнозинство. Какви одлуки можат да се носат со 61 до 62-ца пратеници? Ако некој од нив се разболи вие немате мнозинство. Тешко е да одржувате Влада што зависи од еден или двајца пратеници“, смета Божиновски.

Алберт Муслиу и Владимир Божиновски гостуваа во „Аргументи“ на ТВ НОВА на тема „Кој пат води до нова Влада?“.