„Центар сака да дише“: Градоначалникот очигледно нема интерес и слух за барањата на центарци

Centar-saka-da-dise

Градоначалникот очигледно нема интерес и слух за барањата на Центарци. Дебармализацијата си ја пренесе и во Буњаковец, објавено е на Фејсбук страната „Центар сака да дише“.

-Очигледно единствен принцип по кој работи Градоначалникот Жерновски е: Еден ден садам дрвја, 364 дена делам одобренија за градба, стои во статусот.

КРИМИНАЛНА ЗДЕЛКА: Жерновски го награди Костовски за навредите кон Македонците со потекло од Егејска Македонија

Zernovski-park-Trifun

Со укинувањето на ДУП-овите во Центар на Трифун Костовски му се овозможуваат речиси 6000 м2 во Градски парк.

Со одлуката на градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, за укинување на Деталниот урбанистички план од 13.09.2012 година се враќа во сила планот од 06.07.2004 година. Со ова Општина Центар го чести Трифун Костовски да го изгради огромниот објект Кермес во Градскиот парк.

Имено според познавачите, ова не е само урбанистичко прашање, туку се работи за гола политика. Градоначалникот Жерновски му овозможува на Трифун Костовски да гради огромен објект во самиот парк, само заради тоа што вториот ја поддржува неговата политика, ја брани Тиранската Платформа и сесрдно ги напаѓаше Македонците по потекло од Егејска Македонија.

Тие коментираат дека на овој начин СДСМ и Жерновски се договориле да ја имаат јавната и финансиска наклонетост на Трифун Костовски од која жртва ќе бидат македонските национални интереси, а и илјадници метри квадратни зеленило во Скопје.

Андреј Жерновски со укинување на планот во сила се враќа план со кој во централно градско подрачје се овозможува градба на објект со површина од 1050 м2 или бруто развиена површина од 3150 м2 и објект со висина од 8м со што треба дел од парк шумата да се исече.

Ова е главната причина зошто се поништуваат плановите. Со тоа паѓа во вода поранешната реторика на Жерновски кој креваше врева за исечени 5 дрва во близина на хотелот Бристол, за сега да дозволи уништување на илјадници метри квадратни зеленило во самиот Градски парк во централното градско подрачје на Скопје. Просторот кој во таква ситуација би го добил Трифун Костовски се протега безмалку на потегот од Ресторанот Езерце до споменикот на Гоце Делчев кај фонтаната во Парк.

Дали се работи за политички-бизнис интерес, јавноста само може да претпоставува.

kermes1

 

park copyparkcopy

Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, но Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?

Zernovski-Kunoska-Bogdanovik

Поделеност во Социјалдемократскиот сојуз за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник на општина Центар на претстојните локални избори. Според информациите до кои дојде „Дневник“, на едната страна на приказната се наоѓа актуелниот градоначалник Андреј Жерновски, кој најверојатно ќе истрча како независен кандидат. До ваква одлука, како што тврдат извори за „Дневник“, дошло поради тоа што Жерновски не покажал лојалност кон раководството на СДСМ изминатите 4 години, па ја изгубил поддршката од Зоран Заев. На другата страна, пак, во игра се две имиња: Саша Богдановиќ, директорот на „Паркинзи на општина Центар“, и Софија Kуновска, поранешната пратеничка и претседателка на скопскиот разгранок на СДСМ.

Имено, членството што во чекор го следи актуелниот лидер Заев својата поддршка за кандидат за иден градоначалник на Центар веројатно ќе му ја довери на Богдановиќ, кој важи за човек од доверба на лидерот на партијата. Другите, пак, кои не се сложуваат со политиките на лидерот и се реално исклучени од опкружувањето на Заев откако тој дојде на чело на партијата, за предводник на Центар ќе ја поддржат Kуновска. Таа е меѓу оние што отворено ја критикуваат политиката на актуелното партиско раководство. Нејзиниот револт на адреса на Заев за време на партискиот конгрес кога се креираа кандидатските листи за пратеници ги фрли во сенка листите и ги преполни медиумите. Истиот ден Kуновска си поднесе оставка од претседателската функција на скопскиот партиски разгранок на СДСМ, револтирана што Заев на пратеничката кандидатска листа ~ даде предност на Лилјана Поповска од ДОМ, долгогодишен коалиционен партнер во власта предводена од Никола Груевски.

Жерновски има искуство, ама Kуновска е жена и може да направи повеќе

Врз основа на информациите со кои располагавме, „Дневник“ спроведе мини-анкета меѓу жителите на општина Центар за тоа кој би бил нивниот избор – Андреј Жерновски, Софија Kуновска или Саша Богдановиќ.

Голем дел од граѓаните, особено младите, одбија директно да кажат за кого од тројцата би гласале, посебно што во оваа листа нема кандидати од други партии, пред с` од ВМРО-ДПМНЕ. Некои не сакаа да кажат ништо, едноставно, велејќи дека не сакаат да зборуваат за политика. Сепак, од одговорите може да се заклучи оти Жерновски е во блага предност, но само заради тоа што веќе има искуство на градоначалничката функција. Блиску до него, според нашата анкета, е Kуновска за која граѓаните веруваат дека како жена може да стори многу повеќе и заслужува шанса. Најмалку гласови во овој наш разговор со граѓаните, за кој не претендираме дека е вистински репер за расположението на жителите, би добил Богдановиќ.

Анкетираните граѓани – главно пензионери, првин си ги кажаа маките за она што моментно најмногу ги загрижува – загадувањето. Велат дека се свесни оти Општината сама по себе не може да го реши проблемот и следствено на тоа вината за прекумерната загаденост не ја гледаат во локална власт. Но, истовремено му забележуваат на Жерновски оти не нашол решение за густиот сообраќај и градежните активности со кои и онака слабото зеленило се уништува.

„Со години ветуваше училиште, а почна да го гради сега пред избори“

Двајцата пријатели, Драги Апостолов и Душан Ристевски, велат оти немаат конкретни замерки за 4-годишниот мандат на Жерновски.

– Си ја врши работата како што треба – ни вели Драги.

Лидија Спасова, нивната сограѓанка која живее во Kапиштец, на ова додава дека во последните години Центар станал вистинска урбана средина.

– Добивме паркови, се сочува градскиот, односно се врати урбаниот лик на општина Центар – ни вели Спасова и продолжува да шета со својот внук во количка, не заборавајќи да порача дека е неопходна стратегија за следите минимум 10 години за решавање на проблемот со загадениот воздух.

Миле Ристевски неколку метри подолу седи на клупа и ужива во првото сонце деновиве, но не сака да се фотографира.

– Освен паркот тука кај Kапиштец и училиштето што дури сега почнува да го гради, Жерновски не направи ништо друго. Kуновска заслужува шанса, таа е жена, пред сè.

Живко Наумов, пак, особено се израдува на нашето прашање, вели дека, освен Жерновски, и Kуновска и Богдановиќ имаат потенцијал.

– Жерновски е добар градоначалник, веќе е докажан, но и другите. Богдановиќ, иако е млад, е прилично вреден и има што да понуди – ни вели Наумов.

Поинаку од сите досега размислува Виолета Василевска. Таа вели не би го поддржала Жерновски на следните локални избори, но нема коментар за Kуновска и Богдановиќ.

– Не би го поддржала затоа што со години чекавме, ни вети изградба на ново училиште, која започна неодамна. Иако ми се допаѓаат парковите каде што децата си играат, сепак мислам оти не е доволно – вели Василевска.

„Kој и да биде градоначалник, да го запре градењето и да има повеќе зеленило“

Пензионерката Ружка Нацевска особено не се осврна на имињата на можните кандидати за градоначалници што ~ ги посочивме, но порача – кој и да биде, мора да реши три критични моменти.

– Улицата Васил Ѓоргов мора да се реши оти е ужасно хаотично кога е шпиц, потоа да запре густото градење на зградите и да се инвестира повеќе во садење дрва и зеленило – порачува Ружка.

Жерновски призна дека лаже, се демантираше себеси во стилот на Заев

Zernovski-ups

После четири години на чело на Општина Центар и на три месеци до крајот на својот мандат, Андреј Жерновски се заинтересира за загадувањето во општината која ја раководи.

Жерновски е инаку познат како градоначалник кој генерално сака да набавува работи. Па така на пример јавноста знае дека Жерновски сака да набавува диџеи за по 30 илјади евра од концерт кои може, но и не мора да го одржат концертот во општина Центар, како што се случи со диџејот Стив Аоки кој дојде во Скопје, се сликаше со Жерновски во „Воденица“ и си замина дома побогат за 30 илјади евра без да настапи ниту минута пред скопјани.

Жерновски исто така е познат и како голем фан на набавувањето т.н. боемска калдрма, вид скапоцен камен кој поставен на должина од 400 метри чини и до 1,3 милиони евра, ако боемскиот есап ти го прави првиот боем на Центар Андреј Жерновски.

Сега, на залезот на својот мандат како градоначалник, Жерновски конечно реши да се занимава со загадувањето во неговата општина, па остварил средба со еко-активисти и се договориле за преземање конкретни мерки на краток и долг рок за намалувње на загадувањето на воздухот. Односно поконкретно: она што се договориле е дека Жерновски повторно ќе може да го прави она што најдобро го знае – да набавува работи.

„Мрзеливиот градоначалник“ како што го нарекуваат на интернет мрежата, каде и генерално го поминува најголемиот дел од својот мандат кога не е во процес на набавки, неколку дена се правдаше за импотентниот одговор на проблемот со аерозагадувањето бидејќи наводно немал ингеренции.

Општините во склоп на Град Скопје немаат речиси никакви ингеренции, за жал, во оваа област. Мерките треба да ги преземаат надлежните министерства, потоа и самиот град. Сето ова го кажав јасно и на последната кординативна седница на скопските градоначалници“, беше тогаш оправданието на Жерновски за немрдањето со прст за загадувањето на воздухот.

zern

Неколку дена подоцна, ситуацијата е променета. Сега во манир на голем државник Жерновски се демантираше самиот себе и потврди дека сепак има ингеренции да презема конкретни чекори и мерки околу состојбите во животната средина.

На тоа го потсетија и медиумите пред неколку дена, цитирајќи ги надлежностите на општината содржани и на веб-сајтот на општина Центар, ингеренции кои и нејзиниот градоначалник би требало да ги знае, доколку нема поважна работа како на пример договарање на наредната боемска свирка на Ѕвонко Богдан и Нино Величковски.

Имено, во надлежности на општината, под точка 2 во „Заштита на животната средина и природата“ стои дека општината покренува иницијативи и презема мерки за заштита и спречување на загадувањето на воздухот.

zagaduvanje-2

Откако Жерновски ги откри ингеренциите на општината, реши и дека ќе биде конкретен па ќе набавува мобилна мерна станица и допрва и тој ќе го мерел загадувањето на воздухот.

Од другите работи кои можеше, а не ги направи правдајќи се дека нема ингеренции, Жерновски можеше да создава нови парковски површини и да сади зеленило, можеше да ги прска улиците со средства против загадувањето од автомобилите. Можеше да додели и субвенции за набавка на горива и систмеи за греење кои не загадуваат како на пример пелетите. Жерновски исто така можеше да направи барем една велосипедска патека, но не направи ниту една.

На крајот, можеше да ги поддржи и мерките кои ги преземаат неговите поодговорни колеги против овој децениски проблем кој е заеднички за сите граѓани кои живеат во гавниот град – но наместо поддршка за ургентните мерки на Коце Трајановски, тој реши повторно да се прави смешен и интересен на твитер.

andrej-1
andrek-2

Откако твитерџиите го „пеплосаа“, Жерновски откри дека е градоначалник и дека има ингеренции, па на три месеци до крај одлучи да набавува мобилна мерна станица која допрва ќе го мерела загадувањето, па тој ќе го анализирал и ќе одлучувал што ќе прави.

Ова не е прв случај Жерновски да се правда дека нема ингеренции односно да покажува елементарно непознавање на својата работа и класична мрзеливост.

Градоначалникот без ингеренции често докажувал дека не е презаинтересиран за работа, туку за боемски улици, твитер и одмори во ски-центри.

Токму неодамна, додека целата општина Центар беше преплавена со снег и жителите на најцентралната општина во Скопје се санкаа по неисчистените улици и нивната безбедност беше доведена во прашање, Жерновски мирно и спокојно одмараше во ски-центар не покажувајќи ни милиграм интерес да се врати на работа и да преземе чекори за средување на улиците низ општината. Да потсетиме, имаше и улици кои бидејќи беа неисчистени, до нив не можеше да дојде ни комуналната хигиена и да го подигне ѓубрето. Ниту ова не му го поремети раатот на Жерновски.

Жерновски е лицемерен, а не хуман: За бездомниците се грижи Градот Скопје, а тој си го рекламира ПОЦ

zernovski-bogdanovik-poc-reklama

Дури и опозициските новинари и поддржувачи ги прочитаа евтините манипулации на градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски,кој вчера на својот фејсбук статус објави дека Центар била првата општина која започнала со згрижување на бездомните лица и го окарактеризира како проект на ЈП „Паркизни на општина Центар“, чиј директор е Саша Богдановиќ.

15941205_1452460838117515_5158779871394832161_n
Додека од една страна Жерновски и Богдановиќ бесрамно си тераат маркетинг на грбот на бездомниците, од друга страна лажат дека ова е прв Центар за бездомници. Градот Скопје години наназад дава пари на Црвениот крст за Центарот за бездомници во Момин Поток. Ваквите манипулации на Жерновски беа препознаени дури и од опозициските новинари.

zernovski-falb640s

-Јас, како новинар кој 15 години, пишува и се грижи за сите категории на соц.загрозени луѓе во Скопје плус беспомошни животни во градов, да не зборам урбанистичка мафија, едноставно нема да ви дадам да си прибирате заслуги, сега и овде, затоа што не е во ред ! Тие не се плишани мечиња со кои може политичарите да си играат кога ќе им текне. Ако некој е заслужен за официјалниот Пункт за бездомни, кој се отвори пред осум години во Момин поток, и е под капа на Црвен крст со фин.поддршка од Градот, тоа се само новинарите. Не сте вие !, напиша на социјалните мрежи новинарката Јорданка Ивановска- Јоци.

joci-1640

Таа го прашува Жерновски зошто не се вклучиле со донации по стотици напишани текстови за веќе постојниот Пункт во Момин Поток?

-Тој е направен под стандардизирани услови од меѓународен Црвен крст. Всушност, секоја вечер со комбе ги собираат од улиците и ги носат таму. Ги знаат, бидејќи се нивни корисници, 50 на број. Оние кои сакаат, повеќето не. Не даваат да ги влечете за рака и да ги пикате каде ќе ви текне. Затоа што нивниот лајфстајл и матрица се поинакви од луѓето по кафеаните во Дебар Маало. Дојдете да ве прошетам до Момин Поток и да ги чуете нивните прикаски. Ако имате стомак. Ги заболе за вас. Ниту гласаат, ниту ги интересира политика. Сакаат социјални станови. Хари за тоа се бори. Така ми рече. Ќе им дадете?, напиша Ивановска.

joci-2640

Со свој коментар се јави и опозицискиот колумнист Ивор Мицковски, кој напиша дека храбрите индивидуални гестови како замена за институционалните брзо создаваат колективни заблуди дека приватната солидарност може да ја замени јавната. Mицковски додаде дека не е здраво да се имитираат институциите и колективитетот.

sipovits

За ваквиот став на Мицковски поддршка даде дури и претседавачот со Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ кој напиша дека се’ е точно и одлично образложено.

Инакиу, пунктот за бездомни лица во Момин Поток функционира 8 години и истиот е отворен преку целата година, два пати неделно со следниве услуги- одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, дневен оброк кога лицето е во пунктот. Градот Скопје е единствената единица на локална самоуправа која има изградено и финансиски го поддржува работењето на ваков пункт.

На располагање е стационар со капацитет од 16 кревети, отворен во текот на целата година за специфични категории и во ситуации на нарушено физичко и ментално здравје до момент на опоравување. Црвен крст на град Скопје има евиденција за 148 бездомни лица на подрачјето на град Скопје, кои ги користат услугите на пунктот, додека дневно во просек пунктот го посетуваат до 45 лица.

Вкупниот трошок за функционирање на пунктот на годишно ниво изнесува 1.700.000 денари, од кои 500. 000 денари ги обезбедува Град Скопје, а преостанатите се обезбедуваат од донации и од буџетот на Црвениот крст на град Скопје.

ЦЕНТАРЦИ РЕВОЛТИРАНИ: Жерновски не се појави откако седна во фотелјата, не презема ништо – Улиците се жив мраз, сами се организираме (ВИДЕО)

anketa-centar-nevreme

Граѓаните на Општина Центар револтирани од односот на градоначалникот Андреј Жерновски  мрзнат на минусните температури и сами го чистат снегот и мразот. Жители на Дебар Маало во анкетата на ТВ Нова велат дека Жерновски воопшто не е дојден откако седнал во градоначалничката фотелја, не па да чисти или да донесе сол.

-Воопшто не е исчистено, еве сами гледате дека е се’ мраз, подмрзнато е. Пред вратите сами сме исчистиле, другото не е исчистено. Не е дојден господинот Жерновски воопшто откога е седнат во фотелјата, не дошол овде цо Маџар Маало, не па да исчисти или да донесе сол, да расчисти овдека. Колите не можеме, се лизгаме, хаос е, катастрофа е. Се санкаме ние, не да одиме туку се санкаме, не можеш да одиш пешки, не па со кола, сите коли се паркирани, не можеш ни да излезеш на главната улица, вели еден жител на Дебар Маало.

Негова сограѓанка додава дека улиците се за никаде, а градоначалникот не презема ништо.

– Еве како што гледате снег паѓа, голомразица е, ќе искршиме нозе сабајле за на работа, за пазарување. Има и дупки кои што се поплнети со мраз и колите ќе си ги искршиме. Тој градоначалник ништо не презема поготово за Маџар Маало. На улиците не е фрлена сол, вели таа.

Друг граѓанин додава дека обврска на Жерновски е да преземе нешто на овие ниски температури.

-Како што самите може да виите, улиците се мраз. Ние колку можеме самите граѓани рачистуваме, меѓутоа улиците се жив мраз, нема ништо, некој да дојде, да фрли нешто. Самоиницијативно се организираме. Нивна должност е, особено на градоначалникот да преземе нешто на овие ниски температури, вели жителот на скопско Дебар Маало.

 

Солза Грчева го „нокаутираше“ Жерновски: Боемска зрачи со долно сељаштво од 5.000 децибели

solza-grceva

„Боемскава улица зрачи цел ден со такво долно сељаштво на 5000 децибели, не отру. Цитат од последнава песна „све девојке маторе треба да се затворе..оп, оп, оп.“ и се во тој стил. Ние немаме убави староградски песни, па требаше да се увезат овие?
Го знае ли некој значењето на боем? Страшно!“, напиша Солза Грчева на Фејсбук.

КОДОШКА ТЕЗГА: Колку пари зема кодошот на Колозов за да му пее на Жерновски на отворањето на скапо поплочените 270 метри

nino-velickovski-boemska

Општина Центар се пофали дека за отворањето на втората Боемска улица, кое се случи вчера, го ангажирала Нино Величковски, за кого според досиејата кои ги поседува Државниот архив на Македонија се дозна дека го кодошел македонскиот актер Ѓорги Коловоз, пишува порталот Денешен.

Не е познато колкав износ легнал на сметката на Величковски кој вчеравечер го забавувал и градоначалникот Андреј Жерновски.

-Јас како граѓанин на овој град и како државјанин на СФРЈ се чувствувам должен да ја дадам оваа изјава. На 29 април 1976 година бев сведок на една немила сцена, на еден отворен атак на нашата земја, конкретно над нашата република. Имено тоа се случи во бифето на народниот театар во Куманово. Главниот иницијатор на таа сцена беше актерот при МНТ, кој работи во Скопје, а живее во Куманово – Горѓи Колозов . Истиот некултурно се вмеша во еден разговор кој се однесуваше околу патувањата во Грција, се водеше меѓу мене и Насковски Тодор- наставник во училиштетото „Крсте Мисирков“. Ѓорѓи Колозов се вмеша со прашањето: Што е таа инвазија во Грција, што луѓето наоѓаат таму и знаат ли каде идат? Зарем немаат каде да идат? Еве тука е Бугарија.“, започнува изјавата од студентот кој и пренесува информации на тајната полиција за еден од најпознатите македонски актери, Ѓорѓи Колозов.

nino-velickovski-izjava nino-velickovski-izjava-1

Колозов бил кодошен во деновите додека студирал од своите колеги. Бил обвинет за бугарофил. Во дел од текстот од досието на Колозов, кое се наоѓа во 6-тиот том од „Црните страници на Удба“, едицијата која ја објави Државниот архив пишува дека актерот постојано ја посетувал Софија, па дури и во неколку наврати на факултетот за драмски уметности зборувал на бугарски јазик со свој колега, потсетува порталот.

Непознат е и износот кој го добил Ѕвонко Богдан, кој исто така беше ангажиран од Жерновски за отворањето на Боемска 2. Граѓаните го паметат и промашувањето на градоначалникот со еден од најпознатите диџеи, Стив Аоки.

Наместо забава, граѓаните добија концерт кој не се одржа поради лошата организација, а американскиот диџеј десетици илјади евра, исплатени од општинскиот буџет, односно од парите на граѓаните.

Дополнително, градоначалникот се одлучи да не ја откаже прослава за новогодишната ноќ, и покрај апелите на граѓаните средствата наместо да се потрошат на прослава да се донираат на социјални семејства. За овој повик на граѓаните се одзваа Град Скопје, Велес., пишува Денешен.

Му праќа ли СДСМ порака на Жерновски преку своите медиуми?

zernovski-boemska-ulica

На само неколку месеци пред локалните избори, дел од опозициските медиуми кои досега безрезервно го поддржуваа градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски излегоа со критики до првиот човек нa централната скопска општина. Прашањето кое се поставува во јавноста е дали СДСМ преку своите медиуми сака да му испрати порака на Жерновски во пресрет на локалните избори?

„Втората боемска улица за 200.000 евра поскапа од првата, Жерновски не кажува колку ќе чинат српските тамбураши“. Текст со ваков наслов се појави на опозицискиот портал СДК, во кој стои дека вториот дел од Боемската улица во скопско Дебар Маало чини над 200.000 евра поскапо од првиот дел пуштен пред две години, односно скоро 710.000 евра.

-Општина Центар на чело со градоначалникот Андреј Жерновски не кажува колку пари ќе бидат платени тамбурашите за отворањето на улицата, оти ќе биле платени со спонзори. Боемска 2, според договор објавен на Биро за јавни набавки на 29 март годинава, чини 43.632.737,00 или 709.475 евра.  Изградбата на првиот дел од Боемска улица Општина Центар ја чинеше 23.949.505 денари, за што градоначалникот Андреј Жерновски доби остри критики од жителите дека го направил најскапото поплочување во историјата на Скопје со близу половина милион евра за нови плочки, пишува порталот.

Општината пред две години, додава СДК.мк, кога беше пуштен во употреба првиот дел од Боемска улица, се правдаше дека за тие пари се уредени вкупно 2.700 квадратни метри како дел од уредувањето на Боемска улица, од кои 1.500 квадратни метри се на улицата Ѓорги Пешков, а останатиот дел од квадратурата отпаѓа на уредување пристапи и тротоари до новата улица. За споредба, посочува опозицискиот портал, тогаш скопјани ја посочија улицата Никола Вапцаров, која води до Плоштад Македонија, за чие уредување беа потрошени 180.000 евра.

Дури и порталот НОВА ТВ на Борјан Јовановски излегува со критики кон Жерновски. Тие му замеруваат на Жерновски за “високата цена за малата улица“. НОВА воедно го прашува Жерновски дали овие боемски улички се приоритет за граѓаните во Центар и дали тие за Општина Центар се она што за Град Скопје било „Панорамското тркало“.

-Дури 710.000 евра ќе ја чини општина Центар втората „Боемска улица“ која се наоѓа кај познатата кафеана „Идадија“ која е долга околу 270 метри. Високата цена за малата улица, градоначалникот Андреј Жерновски ја правда со квалитетот, кој според него е неспорен и видлив од првата „Боемска улица“, пишува НОВА ТВ.

Неочекуваните критики од опозициските медиуми на сметка на Жерновски го отвораат прашањето дали СДСМ преку нив сака да му прати порака на градоначалникот на Општина Центар на само неколку месеци пред локалните избори закажани за напролет. Останува нејасно дали СДСМ повторно ќе застане зад Жерновски при негова евентуална нова кандидатура, или пак можеби партијата на Зоран Заев ќе предложи свој кандидат за градоначалник на Општина Центар?!

СКАНДАЛ: Пример за контрола на медиумите од опозицијата – „А1 Он“ пушта соопштенија за активности на Жерновски

a1on-zernovski-skandal

Ова само по себе претставува директен доказ за тесната поврзаност што постои помеѓу овој информативен портал, наследник на некогашната А1 телевизија и општинската администрација во Центар.

a1on-soopstenie-zernovski

Имено, на јавноста веќе и е јасна ваквата тесна поврзаност, особено ако се земе во предвид дека меѓу првите новинари што работеа за порталот А1 Он беше и Катерина Цаневска, некогашна уредничка и новинарка од А1 телевизија, а сегашен портпарол на општината Центар.

Имено Цаневска го доби вработувањето во општината откако Андреј Жерновски ја доби градоначалничката функција.

Оттука, со тоа што денешната информација беше проследена од страна на имеил адресата на порталот, а не од официјалната имеил адреса на општината или пак на портпаролот, станува јасно дека лицето што ја упатило пораката до медиумите има истовремено пристап и до имеил адресата на А1 Он.

Прашањето кое повторно се поставува во јавносста е дали А1 Он, кој тежи кон тоа да се прокламира како независен медиум, всушност работи во служба на општина Центар и сегашните власти.