Милошоски до Заев: Кога се јавивте за збор, мислевме ќе ја отфрлите Тиранската платформа

Antonio-Milososki-Sobranie

Во Република Македoнија 60 дена имаме маса народ што протестира и е незадоволен. Во Република Македонија имаме една многу поларизирана ситуација најмалку што треба да се направи е како било чекор надвор од Деловникот и надвор од законите, потенцираше пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница.

-Кога господинот Заев првпат побара збор да се обрати тука до пратениците имавме малку надеж дека ќе каже дека ја отфрли платформата заверена во кабинет на премиер на туѓа држава. Имавме малку надеж дека ќе упати апел до пратениците до победничката коалиција да ја дадат нивната поддршка ако има желба за власт, само со цел Република Македонија да не биде уценета и редефинирана – нагласи Милошоски.

Тој на Зоран Заев му порача доколку тој е уценет да не ја уценува цела Република Македонија.

– Ако сте вие заложник на некаков направен постизборен договор или на некој судски случаи, немојте Република Македонија да ја ставате во заложништво. Влогот во оваа држава на секој политичар, посебно на претседателите на политички партии е многу голем за личните амбиции, фрустрации и неостварени цели да бидат причина и повод за дополнителни ризици, нестабилност и поделба во државата – додаде Милошоски.

На крајот тој рече дека пратенците кога говорат во Собранието, говорат во името на своите гласачи, замолчување пратеник да го оствари своето право на говор значи замолчување на народот.

Милошоски: Политиката на СДСМ е како Тројански коњ, нуди едно, а подметнува друго

Milososki-Sobranie

Политиката на СДСМ е како приказната за Тројански коњ, од една страна нудат повисока просечна и минимална плата, а од друга страна подметнуваат бинационална држава и прогласување на македонскиот народ за геноциден, кажа денеска во Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Политиката која шти ја води СДСМ е како приказната за Тројанскиот коњ. Од една страна нудат просечна плата од 30 000 денари, од друга страна подметнуваат прогласување на македонскиот народ за геноциден. Од една страна нудат минимална плата од 16 000 денари, од друга страна подметнуваат бинационална држава, рече денеска Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски додаде дека исто така СДСМ договориле ослободување на обвинетите од случаите Монструм, Диво Насеље и Сопот за сметка Зоран Заев да не одговара за случајот Поткуп и другите кривични дела за кои се сомничи.

Милошоски: Не може започната расправа да биде прекината само затоа што на Заев му се брза да го испорача она што го ветил

Milososki-Sobranie

Имаме еден обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието од оние кои што три години не учат на демократија, на слобода на говор, на пресумпција на невиност, само затоа што имаат ограничен временски рок кога треба Заев да го испорача она што го вети, истакна на денешната Собраниска седница, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Вели дека Деловникот треба да биде жртва поради амбициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев да стане Претседател на Владата.

-Сега Деловникот треба да ја плати цената за неговата политичка амбиција од аболициран криминалец да стане Претседател на Владата. Никој нема против никого да има амбиции, ниту за оние кои се аболицирани, ниту за оние кои не се аблолицирани. Не може тука деловникот да биде жртва, и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да биде помалку важна од изборите и од изборната демократија, а најважно да биде тоа што е договорено по изборите, посочи Милошоски.

Тој ги праша пратениците на СДСМ како можеле пред изборите да ветуваат едно, но по изборите да поддржат Платформа која е потпишана во друга држава.

– Како може пред изборите да ветувате една програма, а после изборите ги измамивте сите граѓани и се договарате за една уцена потпишана и заверена во друга држава?, праша Милошоски.

Пратеникот смета дека Собранието мора да го почитува Деловникот без разлика тоа што некому му се брза да ја испорача, како што вели, ветената Платформа која што е уцена за некој да стигне на власт.

-Сметам дека без разлика на обидите да се создаде само поголема тензија и да се оди преку политичко или неделовничко насилство треба сите да постапуваме според Деловникот кој што важел од основањето на ова Собрание па до денес. Не може започната точка и започната расправа да биде прекината само затоа што на некого му се брза да ја испорача ветената платформа која што е уцена за некој да стигне на власт, мамејќи ги граѓаните и носејќи ги до еден свршен чин пред еден проект кој што е штетен за државата, а не бил предмет на изјаснување на граѓаните на Република Македонија.

Милошоски до СДСМ: Нека не ве лаже паметот да правите инциденти во Собранието

Antonio-Milososki-Sobranie

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на колегите од СДСМ им посочи да не помислуваат да креираат инциденти во Собранието знаејќи дека и онака атмосферата, како што рече, е тензична.

– Нека не ве лаже паметот да правите чекори кои што ќе ги зголемат тензиите во Собранието, рече Милошоски.

Тој исто така нагласи дека освен Движењето Беса која што има регистрирано пратеничка група, моментално ниту една партија нема поднесено барање за формирање пратенички групи и оттука како што може СДСМ да бара цело време процедурални забелешки за една иста тема така можат и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски: По предупредувањето од колега од СДСМ дека многу зборувам, отворена истрага од СЈО за мене

Antonio-Milososki

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави фотографии на кои се гледа дека Специјалното јавно обвинителство почнува да врши притисок и врз него, но тој додава дека нема да го замолчат.

„СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,

– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,

– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!

Само продолжете, нема да не’ замолчите!“, пишува Милошоски на „Фејсбук“.

antonio-milososki-dokument-sjo-640x853

antonio-milososki-dokument-sjo1

Во петокот Милошоски на „Фејсбук“ информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев, ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

„После настапот на ТВ Телма со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие , отколку да бидам награден за велепредавство“, напиша во петокот Милошоски.

Пратеник од СДСМ со закани до Милошоски: Ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, не ти бега обвинение од СЈО

Antonio-Milososki-sobranie

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе работи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма  со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие, отколку да бидам награден за велепредавство, пишува Милошоски.

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ посочува патоказ за излез од политичката криза (ВИДЕО)

Antonio-Milososki-pres-Patokaz

Неопходно за излез од кризата низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на Собранието на Република Македонија, да се изнајдат заеднички именители за овие позиции и тези по овие клучни прашања. Врз основа на таквите постигнати решенија и заеднички политички именители може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Антонио Милошоски.

Водејќи се од принципот за Единствена Република Македонија, а со цел да извлечеме поуки и да понудиме решение за излез од сегашната политичка криза, но и од можни идни политички кризи и случувања како партија го посочуваме следниот патоказ:

Создавање на над партиски договор за секое идно принципиелно решавање на внатрешни разлики, во рамки само на институциите на државата, без странски агенди или претставници, и единствено од страна на легитимно избрани претставници на македонските граѓани.

Внатрешно обединување против вмешување во внатрешните работи на Република Македонија, од страна на странски политичари или држави кои што се косат со концептот на почитување на суверенитетот или се спротивни на принципот за  добрососедски односи.

Заеднички да отфрлиме планови и платформи или агенди кои се надвор од нашето уставно уредување или се спротивни на македонските стратегиски- државни интереси.

Или со други зборови заеднички да создаваме планови и платформи и агенди кои што се во интерес на уставното уредување на Република Македонија и стратешките интереси на државата.

Осуда на секој директен или индиректен ревизионизам на Охридскиот Рамковен договор, кој е целосно вграден во Уставот на Република Македонија и нашето уредување.

И од сите овие посочени принципи за изнаоѓање на одржливи решенија на тековната политичка криза и на можни идни, слични случувања и нивно навремено превенирање и одбегнување неопходно е најпрво транспарентно сите релевантни политички чинители да постигнат договор околу следните прашања и тези:

  1. Да се усогласиме дали важноста на политичката праксата за Коалицирање на победник со победник е фактор на дополнителна стабилност во државата дали како таква треба опстои или се отфрла сега и во иднина. Доколку се отфрла тоа би било во интерес на изедначување на гласот на секој пратеник, со сите логични последици од таков чекор ?

– Ова е неопходен предуслов со цел одбегнеме двојни стандарди во домашната политика и менување на политичките традиции, обичаи зависно од изборните резултати. На долг рок усогласувањето околу овој принцип и неговото важење или отфрлање ќе донесе поголема предвидливост на политичката сцена.

  1. Дали се прифатливи странските агенди во внатрешно-политички цели или пак единствено тие кои што се претставени и верификувани од граѓаните на Република Македонија на избори се актуелни, релевантни и продуктивни агенди за државата ?
  2. Дали при конституирање на Собранието, сегашното но и во секој иден состав позицијата Претседател на Собранието на Република Македонија логично би му следело на политичката коалиција или партија којашто победила на изборите или треба да биде предмет на надгласување ?

– Во истиот контекст, кои би биле гаранциите дека оваа позиција Претседателот на Собранието на Република Македонија не би била злоупотребена за политички махинации со цел одложување на одредени закажани или превидени избори и игнорирање на волјата на мнозинството граѓани кои што имаат најголем број на изгласани пратеници во Собранието ?

  1. Дали се сите политички актери согласни со задржувањето на мултикултурниот модел македонското општество со подеднаква промоција на сите заедници или се поддржува промена на овој моделот во двонационален, на сметка на повеќето не мнозински заедници ?
  2. Дали врвен приоритет во овој момент останува стабилизирањето на земјата, институциите, економијата и европските реформи за евроинтеграции како обединителна сила за сите граѓани, или пак сите овие приоритети треба да се заменат со редефинирање на односите помеѓу заедниците и државното устројство на Република Македонија ?

ВМРО-ДПМНЕ има изградено позиции по овие прашања кои што се водат од заедничкиот интерес на државата и на сите нејзини граѓани без оглед на нивната етничка или политичка вероисповед.

Неопходно за излез од кризата низ Дијалог единствено од избрани претставници на избори во рамки на Собранието на Република Македонија, да се изнајдат заеднички именители за овие позиции и тези по овие клучни прашања. Врз основа на таквите постигнати решенија и заеднички политички именители може да се насочиме кон одржливост на решенијата и помирување околу тоа што не обединува сите во Република Македонија.

Милошоски: Ќе избереме претседател на Собранието со кој ќе бидат задоволни граѓаните кои што победиле на изборите

Milososki-Sobrane

На најдобар можен начин ќе избереме претседател на Собранието со кој ќе бидат задоволни граѓаните кои што победиле на изборите, порача Антонио Милошоски на денешната конститутивната седница за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и изборот на претседател на Собранието на Република Македонија.

Вели дека мора да се почитува Дневниот ред, така како што е утврден и оти моментно најважен е квалитетот на дебатата.

– На крајот на краиштата, како што кажа еден политичар, сега е време за дебата и мислам поважен е квалитетот на дебатата и аргументите од било кое брзање. Брзањето може само да не однесе во погрешна насока. Ние од граѓаните сме избрани за максимално да ги искористиме можностите за дебата со аргументи и нормално дека тоа ќе го направиме, истакна Милошоски.

Укажа на потребата да се почитува дневниот ред, така како што е утврден, без како што вели, разгорување на какви било тензии и без какви било нервози и дофрлање.

Милошоски до Шекеринска: Незаконски може некој да си издава станови под кирија на сопствената фирма, но никој не може незаконски да ја издава Република Македонија

Antonio-Milososki-Sobranie

Антонио Милошоски реплицирајќи и на Радмила Шеќеринска од СДСМ рече дека Македонија има Устав без разлика дали СДСМ тоа го сакале или не.

-Незаконски може некој да си издава станови под ќирија на сопствената фирма. Но, не може никој незаконски да ја издава Република Македонија. Шеќеринска е сопственик и стопан на своите многу станови. На Република Македонија стопан е македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија кои што имаат една единствена цел, да живеат во унитарна и стабилна држава, економски напредна во која нема да има „едно евро за мене, едно за Вицето“, нема аболицирани криминалци да ја водат државата и нема платформи од странство да бидат наш Устав, истакна на собраниска седница Милошоски во својата реплика на Шеќеринска.

Милошоски: Постојат два излези од кризата, едниот е нови избори, вториот е Заев да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада и да се откаже од платформата

Milososki-Sitel

Она што го гледаме е резултат на виткањето на кичмата на некои политичари во Македонија и давањето поголема сила на странски фактори отколку на домашните кога се работи за иднината и суверенитетот на Македонија, истакна за телевизијата Сител членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Во врска со изјавата на албанската пратеничка Месила Дода која повика на сеалбанско востание во Македонија, и која Македонија ја нарече Илирида, Милошоски вели дека таа треба да се прогласи за персона нон грата.

– Државата би требала да биде категорична во тој дел и преку своите надлежни институции, доволно е оваа пратеничка која е во некој националистички предизборен занес да ја прогласи за персона нон грата и да испрати една јасна порака, потенцира Милошоски.

Посочи дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев отворил пандорина кутија на штета на продуктивната дебата и на етничките односи во Македонија, се со цел да стане Премиер, иако како што вели, беше претседател на партија која ги загуби изборите.

Според Милошоски, постојат два излеза од политичката криза во која што се наоѓа Македонија.

-Едното излезно решение е нови избори за да може платформата за која што зборат реформистите Заев и Зијадин Села да биде ставена на избори и увид пред граѓаните. Тие што гласаат за РМ, тие да знаат за што гласаат, а тоа да не биде постизборен документ. И вториот излез од оваа политичка криза е Заев да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ, без да му се мешаме во кадровските избори во Владата, да го поддржиме како малцинска влада СДСМ, само под еден услов, да се откаже, да се одрече од спроведувањето на платформата од Тирана и да ги прави оние работи кои што се запишани во програмата на СДСМ, кои што ја виделе неговите гласачи за време на изборите, истакна Милошоски.

Тој потенцира дека Заев се обидел преку, како што вели, манипулативна прес-конференција да ја дефокусира јавноста, читајќи програмски памфлет на СДСМ, со цел јавноста да мисли дека во Тиранската платформа не е дел од неговата програма.

-Сите други партии кои сметаат дека иднината на Македонија треба да се гради тука, во нашата држава, во нашиот главен град и граѓаните на Македонија без разлика на политичка и етничка припадност, треба да се откажат од посредништво од трети или четврти држави, бидејќи Македонија има доволно голем  и политички и граѓански капацитет самата да си ја изгради својата иднина и напредок, истакна Милошоски.