Колумна на Ацо Станковски: ЗАЕДНИШТВО

Aco-Stankovski

Големите, сега веќе напумпани планери во издишување, таканаречената „меѓународна“ во заминување, направија голем превид во својата финална точка за дисoлуција на македонската држава.

Прво, овој проект се движеше горе-долу поволно по волјата на „чадорот“, но во финишот му се случи она од што најмногу се плашеше, а што најмалку го очекуваше. Тоа беше будењето и достоинствениот протест на македонските граѓани, на кои им дојде преку глава од безбројните махинации и тормозења од самата независност на Републикава, па досега.

Гледајќи ретроактивно, ѝ се чудам на трпеливоста на овој народ. По сѐ, тоа е талент благословен од небесата, но понекогаш таа бескрајна трпеливост и непоколеблив стоицизам ми изгледаа како кукавичлак и идиотизам.

Сега, кога народот реши да ги преземе нештата во свои раце, чувствувам оптимизам и голема доверба во македонските граѓанки и граѓани.

Оваа обновена блискост, која создава еден вид восхит, се содржи во одново разбудената одговорност кон судбината на државата, кон мултикултурниот, унитарниот и рамноправниот карактер на ова сложено, но, на чудесен, сосема уникатен културолошки начин, хармонично општество.

Жовијалноста на македонскиот животен простор е интензивна и разновидна, како на ретко кое друго место во Европа. Тоа е богатство, кое е така екстраординарно, но ние често забораваме на овој општествен и културен квалитет. Едноставно, ни излегува од светогледот. Навикнати сме на него. Но, кога ќе наиде некој силен политички предизвик, како што беше овој, кој нѐ малтретира веќе две и пол години, а хармонијата меѓу етничките заедници ќе се наруши, тогаш мора да стапат во акција сите системи за предупредување, сите аларми и сите конструктивни и солидарни граѓани, освестени за општествената хаварија, која се подготвува, да се организираат во достоинствена, но консеквентна одбрана на конфигурацијата на културните вредности и енергии во кои живеат.

Последните неколку недели македонските граѓани покажаа дека знаат што сакаат, дека конспиративната интенција на домашните предавници и на „чадорот“ им е сосема јасна, дека им е доста од сите тие цинични понижувања на папсаната банда европски дипломати, кои лажат дека говорат во името на европските народи.

На граѓанките и граѓаните македонски им е згадено од лошиот вкус на меѓународните мешетари и домашните предавници, кои од манијачки и лукративни побуди ги продаваат националните интереси, сето можно достоинство и сите вредности што можат да се продадат.

Тие се одамна откриени од народот, но таа мудрост, таа трпеливост, одново и одново им даваше шанса да излезат од оваа прелест, од оваа болест на умот и душата и сѐ уште ги толерира во надеж дека, конечно, ќе се покаат за гревовниот им живот.

Но, тие се осоколија уште повеќе, се осрдија и аздисаа. Сега најбезумно и најбессовесно покажуваат ужасно грди карактери, до лудило стрвни за власт и, кон тоа, практикуваат крајно аморално однесување во деликатните структури на политичката процедура.

Народот на Македонија, конечно, без оглед на идеолошката и етничката припадност, почувствува дека е време за директна интервенција во политичкиот систем на државата.

И, би така, илјадници луѓе излегоа по улиците на престолнината Скопје, но и во сите други градови низ земјава.

Тие луѓе го преземаат мандатот од предавничките политичари во свои раце, ја враќаат моќта повторно при себе откако увидоа дека нивните избраници ги изневерија очекувањата на огромното мнозинство гласачи со подметнат ултиматум од страната на трите албански партии во Македонија, со активно соучешништво на СДСМ. Тиранската платформа.

Зар тоа не ви е јасно, господа лажливци и манипуланти?

Зар „чадорот“ не претпостави дека граѓаните на Македонија, сепак, не се мајмуни, кои секогаш ќе ги излажеш со банана?
Сега овој потценувачки однос кон народот на Македонија ќе им се удри од глава.

Не требаше толку да го тормозите овој благотрпелив македонски граѓанин. Голема грешка направивте и сега скапо ќе го платите тоа.

Вие, лажговци и „чадори“, сѐ уште живеете во еден веќе одминат свет. Тешко се будите од хипнозата на новиот светски поредок, на монополарниот авторитет, на магичната зелена боја на доларите, што везден треперат во вашата алчна имагинација.

Време е да се соочите со една сосема нова, за вас, воопшто непланирана стварност, нешто од што ќе ви замрзне крвта во жилите.

Вашиот газда полудел! Тешко му паднала новата состојба во светската политика. Не можел да го прифати сето ова и одлепил. Нема проблем, тој има доволно пари за да го чуваат во најскапиот швајцарски санаториум, ако треба, и повеќе од илјада години. Можно е и да го мумифицираат за профит. Нека трае до бескрај споменот на неговите лудачки, но крајно опасни општествено-политички експерименти.

Шимпанзото од Кале го враќаат во Зоолошката градина, од каде што го донесоа. Неговите параноични крикови се одраз на шокираноста од грешката што ја направило, а која се покажа катастрофална по неговите планови.

Сега народот на Македонија влезе во едно чудесно национално помирување, на еден сосема спонтан и искрен начин.

Секако, тоа се случи по Божја промисла како, впрочем, што секогаш и се случува сѐ во вселената.

Амин.

Пишува: Ацо Станковски за Република

Колумна на Ацо Станковски: МАК-ПАТ

Aco-Stankovski-kolumna

Обично, ситуациите што стануваат нерешливи, безизлезни и фиксирани за состојбата во која заглавиле, а за која нема никакво реално решение, ги нарекуваат пат-позиции. Овој термин „пат“ е преземен од шаховската терминологија и означува невозможност за продолжување на играта бидeјќи кралот нашол толку добра стратегиска позиција, што противничката „армада“, иако е многукратно посилна на „теренот“ и веќе ги победила војските на кралот губитник, сепак не може да ја извојува победата. Дури може и тој, кој имал толку голема материјална и стратегиска предност, во оваа ситуација да биде акцептиран како губитник, со оглед на тоа што загубил добиена позиција.

Обично, вакви моменти им се случуваат на шахисти-почетници. Искусните играчи никогаш не заглавуваат во вакви дилетантски ќор-сокаци на шаховската игра.

Искусните играчи, исто така, треба да ја играат и таа игра – уметност на возможното, популарно наречена – политика.

Но, како што вели старата германска поговорка, премногу готвачи го расипуваат јадењето. Токму тоа се случи со најновата состојба на политичката сцена во Република Македонија. Одеднаш, целата конструкција, добро обмислена од стотици „умни“ глави, се распадна, а нејзините дезинтегрирани делови сведочат за големиот пресврт, за шокот, за космичките закони на акцијата и на реакцијата.

Турбулентните промени во новата американска администрација ги оставија абонентите на старата администрација без земја под нозете. Тука мислам на тие домашни галеничиња, кои под покровителство на американската амбасада во Скопје и на Сорос Транснационале без причини аздисуваа последниве две-три години по скопскиот урбан простор. Или, подобро – со причини, колку апсурдни и тенденциозни, толку субверзивни и антидржавни. Сепак, секој има право на свој став и на свое незадоволство. Но кога сето тоа ќе се претвори во агресивна хистерија и вандализам, тогаш тоа прераснува во едно немо и анимално малтретирање на граѓаните. И тоа трае и трае, а Сорос Транснационале и американската амбасада во Скопје истураат ли истураат милиони долари на запалливо масло.

Сите воспалени хулигани од скопските улици тука добија значајни ролји, плус хонорари, а да не ја споменувам помодарската аура на „револуционери“, што медиумите на Сорос Транснационале ја дуваат до небесата на славата.
Да фрлаат балони со боја врз спомениците на културата, да вандализираат институции и да палат претседателска канцеларија.

Не знам колку се свесни, но сето тоа е едно грдо и неподносливо силување на сите хумани и цивилизациски вредности. Веројатно не се свесни. Што да се прави, толкав им е менталниот капацитет.

И, така, стампедото на овие рогати говеда (според менталниот капацитет) тргна да ја освои власта.

Траекториите на движење им беа диригирани од страната на агентите на Сорос Транснационале, кодошите од американската амбасада во Скопје, разни ситни стратегиски „експерти“ од НАТО и од ЕУ, па разни наемници од соседните земји, па разни бандитски шефови и мафијашки команданти и по некој самопрогласен револуционер.

И, така, оваа гротескна армија на криминалци и на профитери влезе во итра игра на појавување и на криење, на ветувања и на шарени балони, на мимикрија и на лудо комедијантство, на патетика и на хистерија.

Прво ова почна да дава резултати, скромни, но кога надојдоа доларите на Сорос Транснационале и на американската амбасада во Скопје, одеднаш армијата на комедијанти и на предавници се засили, се зацврсти и стана заканувачка по поредокот.

– Ма, каков патриотизам! Дај парите, да удрам неколку куртони со боја по Триумфалната арка, па да си одиме на Халкидики!

Стратегија, проста како грав. Но, делотворна. Во комбинација со кодошките акции на прислушување на приватните разговори на владетелите и нивна дистрибуција по електронските медиуми, финансирани од Сорос Транснационале и американската амбасада во Скопје, резултатите значајно се подобрија.

И го накрмија рибникот, наречен ФИРОМ, со храна, што не мал број крапови одбија да ја јадат, но, сепак, еден значаен дел од нив ја проголта, па дури и уште сака да гнете.

И, еве им ја платформата. Ајде де, голтнете ја! Ајде, стоко! Голтај!

И почнаа да ја голтаат зашто веќе немаше каде. И ќе ја изголтаат, кога е власт во прашање, за нив и за нивниот водач нема лимити.

Но им се случи народ. Е тоа не беше планирано. Тука малку им се слоши, но се понадеваа, дека авторитетот на американската амбасада во Скопје и на Сорос Транснационале ќе ги покријат, ама…

Тоа го однесе виорот на историските промени.

Еееј, говеда рогати! Сте чуле ли дека Доналд Трамп ја победи Хилари Клинтон на изборите за претседател на САД?!

Но, за нив тоа не значи многу. Тие живеат во изолиран и аутистичен свет (во еден вид бара) и мислат дека илузионистот Зоки може да направи сѐ.

Затоа нашиот принципиелен претседател, Ѓорѓе Иванов, кој е одговорен пред историјата, мораше да ги потсети на реалноста.

По овој, за мене, херојски чин на претседателот Ѓорѓе Иванов, тие, конечно, сфатија дека нивниот поход кон власта е запрен. Ова е пат-позиција, при која, конечно, правдата и моралните принципи во политиката и во општествените релации ќе се појават на сцената како делотворни механизми за конечно воспоставување стабилен цивилизациски поредок во земјава. Луѓето ќе се собираат кон правичната опција, предводена од патриотските сили, а носителите на платформата ќе останат осамени на бојното поле како генерали без војска.

Пишува: Ацо Станковски за Република

Колумна на Ацо Станковски: ВОЈНА

Aco-Stankovski

Уште колку денови, часови и минути ќе бидат потребни за македонските граѓани и нивните здруженија, партии и институции да се освестат и, конечно, да сфатат дека таканаречената платформа на трите албански партии, всушност, е – објава на војна кон Република Македонија.

Тоа, секако, не е директна, брутална објава на војна, како што е правено во минатите векови, туку оваа платформа на ДУИ, Беса и на Алијансата на Албанците е една еуфемистичка уцена, при која на помалку или на повеќе суптилен начин се нуди нешто што воопшто не е прифатливо ниту за граѓаните на Република Македонија ниту, пак, за сите етникуми во државата, вклучувајќи го тука и албанскиот етнички корпус. Зошто дури по изборите овие три партии на Албанците, со помош на странскиот фактор, го компонираа овој политички ултиматум? Зошто не го конституираа пред изборите за нивните гласачи да видат со што се зафатиле и каде би можеле да бидат одведени следејќи ги, вака изманипулирани и на слепо?

Ова, едноставно, не е фер кон нашите сограѓани Албанци, кои традиционално гласаат за ДУИ, а и со извесен квантум ентузијазам им го дадоа својот глас на новопојавените партии, Беса и Алијансата на Албанците.

Но, платформата во предизборието не постоеше. Реториката беше националистичка и радикална, дополнително фризирана од потезите на СДСМ, на господинот Заев, но овој „Франкенштајн“, сега подгреан од последните остатоци на развластените американски неолиберали и нивните европски трабанти, овој пат откинати од централата во Вашингтон Д.Ц. и аутизирани во чудни политички лордовства, калифати и кнежевства, наместо да го положат „оружјето“ и да му изразат лојалност на новиот владетел на САД, Доналд Трамп, тие продолжуваат да роварат и ријат со уште посилен фанатизам по геостратегиската табла на светот, спроведувајќи ги со несмален инает своите планови.

Всушност, тие се сосема излезени од системите на хиерархија на американската политичка конституција и принципите на дистрибуцијата на моќта што САД ја имаат како силен фактор на убедување.

Ризикот што го преземаат овие администратори и дипломати на американската држава е огромен и доколку нивниот обид за преврат не успее, последиците за нив ќе бидат драконски.

Овие, таканаречени, лордови на политичкиот „непокор“ дејствуваат исклучиво партиски во име на Демократската партија на Обама, Клинтонови и Сорос, а нивната непоколеблива желба да го детронизираат претседателот Доналд Трамп е веќе загарантирана со нивните дејствија, кои, покрај небулозноста и хаосот при транзицијата на власта во САД, веќе се на големо јасни, недвосмислени и екстремно опструктивни.

За волја на вистината, претседателот Трамп има проблеми и со десетици, па и стотици корумпирани од Сорос и другите центри на неолибералната моќ, челници во Републиканската партија, која и го кандидираше како претседателски кандидат. Тука се собрале и по некој сенатор и конгресмен, кои, наместо да го поддржат сопствениот претседател, конспирираат со демократите и вршат секакви субверзии во системот по нивен налог.

Несомнено, вообичаената „мека“ транзиција на власта во САД, што ја инаугурираше поранешниот претседател Барак Обама, беше само уште една шарена лага на најлажливиот, најнеуспешен и најфрустриран претседател во историјата на Америка.

Ако ова продолжи и ако претседателот Трамп не ги мобилизира сите ресурси на државата за да го спречи овој процес, тогаш американското општество ќе влезе во ужасен галиматијас, кој неминовно ќе води кон граѓанска војна. А, од таква ситуација, фрагилната американска федерација може да се разбие во парампарче и да замине во историјата со истата брзина со која и се наметна, користејќи ја својата поволна геостратегиска позиција и двете светски војни од минатиот век, што почнаа во Европа.

Затоа овој период е да се биде или не за Доналд Трамп и за неговиот тим. Затоа толку тешко стигнува бранот на промените до остатокот на светот. Раѓањето на новата Америка оди болно и бавно, а остатоците од неолибералната олигархија на демократите и нивните елитни републикански сојузници прават сѐ само Трамп да заглави во хаосот и, ако ништо повеќе, да биде блокиран, а неговата администрација, нефункционална и неефикасна.

Во дипломатијата, пак, сите проекти за поставување неолиберални влади, финансирани од Сорос, уште повеќе се интензивираа. Сега тоа треба да бидат влади против Трамп, кои ќе бидат добри платформи за дејствување однадвор кон новата сѐ уште нестабилна Трампова влада.

Затоа и поранешниот шеф на ЦИА, Бренан, беше во Тирана пред неколку месеци. Претпоставувам дека при таа посета Еди Рама и директорот на ЦИА ја договориле платформата, а потоа таа како штафета им е предадена на овие неколку партии на македонските Албанци. Веројатно, ова е пледоаје за финалното решавање на албанското прашање во Европа.

Рама, како примател на Соросови пари и американска моќ, ни во сон не можел да го одбие овој предлог иако многу добро знаел дека ако Трамп ги победи демократите на терен и ги исчисти од сите одлучувачки позиции во системот на владеење на САД, ќе му следува страшна казна. Но, веројатно се надева дека вродениот талент за умилкување уште еднаш ќе го спаси од гибелта.

А, што се однесува до нас овде, во Македонија, ние сите треба што побрзо да излеземе од овој хипнотички транс и да се подготвиме за провокативната и заканувачка политичка реалност. Ако не, повторно нѐ чека ужасна и убиствена војна, за која, и тоа како, треба да се подготвиме зашто овој злосреќен ултиматум беспоговорно упатува на тоа.

Пишува: Ацо Станковски за неделникот „Република“

Колумна на Ацо Станковски: „ВЕСЕЛИОТ ЗАЈАК“

Aco-Stankovski-kolumna

Ко­га ги но­сев мо­и­те при­ја­те­ли Сем и Џо­ан од ае­ро­дро­мот „Але­ксан­дар Ве­ли­ки“ кон Скоп­је, кај Кам­ник, на­сел­ба Чен­то, го здог­ле­дав­ме она чуд­но за­мо­че – ре­сто­ран во ло­веч­ки стил – што гор­до и све­че­но освет­ле­но се из­ди­га над ма­ло­то скоп­ско бр­до. Одед­наш ка­ко си­те трој­ца да нѐ об­зе­де чуд­но ег­зал­ти­рач­ко чув­ство, кое нè вра­ти мно­гу го­ди­ни на­на­зад.

aco-stankovski-happy-rabbit

– Се се­ќа­ва­те ли?
– Ка­ко не! – во ист глас ми од­го­во­ри­ја Сем и Џо­ан, ко­ја си­те ја ви­кав­ме Џо.

Сем е скулп­тор од Сан­та Кла­ра, Ка­ли­фор­ни­ја, а Џо е не­го­ва­та со­пру­га – ан­тро­по­лог и ет­но­лог, ко­ја пред мно­гу го­ди­ни ка­ко пост­дип­ло­мец спро­ве­ду­ва­ше ан­тро­по­ло­шко-ет­но­ло­шки истра­жу­ва­ња низ Ма­ке­до­ни­ја (то­гаш сѐ уште во со­ста­вот на СФРЈ). Најм­но­гу од сѐ, таа му се по­све­ти на истра­жу­ва­ње­то на фе­но­ме­нот на тра­ди­ци­о­нал­ни­те ма­ги­ски пра­кти­ки од Дра­че­во. Че­сто зна­е­ше да ка­же де­ка Дра­че­во е нај­ви­брант­ни­от ма­ги­ски цен­тар во ју­го­и­сточ­на Евро­па.

– Ка­ко бе­ше – „Ве­се­ли­от за­јак“, а?
– Ток­му та­ка, во Оре­гон, сре­де ни­ка­де.

„Ве­се­ли­от за­јак“ („The Happy Rabbit“) од Оре­гон, САД, бе­ше слич­на ло­веч­ка крч­ма ка­ко таа на Кам­ник. Та­му се ја­де­ше де­ли­ка­те­сен ди­веч, а по­се­бен спе­ци­ја­ли­тет на ку­ќа­та бе­ше та­ка­на­ре­че­ни­от – „Ве­сел за­јак“, по кој беа лу­ди си­те го­ле­ми гур­ма­ни од ре­ги­о­нот. За да ја­де­те во „Ве­се­ли­от за­јак“, тре­ба­ше да ре­зер­ви­ра­те ме­сто со не­де­ли од­на­пред, а крч­ма­та ја по­се­ту­ваа бо­га­ти гур­ма­ни, ду­ри и од источ­ни­от брег, од Бо­стон, Њу­јорк, Фи­ла­дел­фи­ја или, пак, Ва­шин­гтон Д.Ц. По­не­ко­гаш има­ше страш­на на­ва­ли­ца од фран­цу­ски го­сти, кои ги м’кнеа на­ва­му нив­ни­те род­ни­ни од Кве­бек, си­те ми­ли­о­не­ри.

Бе­ше те­шко да се нај­де, сѐ бе­ше по­кри­е­но со снег, ед­вај се рас­поз­на­ва­ше тра­е­кто­ри­ја­та на па­тот.
Не и за бо­га­ти­те, нив ги че­ка­ат спе­ци­јал­ни во­ди­чи, не­ко­гаш ко­га не е тол­ку лад­но ги но­сат со мо­тор­ни сан­ки.

Тие се­ко­гаш ба­ра­ат ек­стра­ва­ган­ции.

Во­оп­што не ми фа­ли нив­ни­от свет. На­про­тив, на­о­ѓам де­ка е бе­скрај­но здо­де­вен и не­под­нос­ли­во три­ви­ја­лен.

Џо бе­ше од се­мејс­тво на евреј­ски ми­ли­о­не­ри од Ка­ли­фор­ни­ја, но таа уште ка­ко сту­ден­тка по­бег­на од тој свет, пр­во во Порт­ланд на сту­дии, а отка­ко дип­ло­ми­ра, дој­де во Ма­ке­до­ни­ја за на дра­чев­ски­те ма­ги­ски тра­ди­ции да ја под­го­тви сво­ја­та до­ктор­ска ди­сер­та­ци­ја. По­тоа го срет­на Сем, бри­ли­јант­ни­от умет­ник и ха­риз­ма­ти­чен чо­век од Сан Хо­зе.

Сем бе­ше Аме­ри­ка­нец со шпан­ско по­тек­ло, тем­пе­ра­мен­тот му бе­ше мно­гу сли­чен на на­ши­от, по­не­ко­гаш ми изг­ле­да­ше ка­ко да сме по­рас­на­ле за­ед­но во Ми­чу­рин.

Не мо­жам да за­бо­ра­вам на мо­мен­тот ко­га стиг­нав­ме до „Ве­се­ли­от за­јак“. До де­нес се пра­шу­вам што се слу­чи со нас таа ноќ?

Џо ја бе­ше ре­зер­ви­ра­ла на­ша­та ма­са пред три не­де­ли, бе­ше Бо­жик по Гре­го­ри­јан­ски­от ка­лен­дар. Од­но­си­те ме­ѓу САД и СССР беа во иди­лич­на фа­за. Ко­му­низ­мот про­па­ѓа­ше со зву­ци­те на ро­ке­нро­лот. Гор­би бе­ше нај­о­ми­ле­ни­от ли­дер на пла­не­та­та. Му да­доа ду­ри и Но­бе­ло­ва на­гра­да за мир.

Ка­кво искус­тво! Се се­ќа­ваш ка­ко се на­ро­пав­ме со за­јач­ко?!

Да, ни­ко­гаш не­ма да го за­бо­ра­вам тоа искус­тво.

По не­кол­ку ча­са гур­ман­ски екс­пе­ри­јанс, трг­нав­ме на­зад. На па­тот кон авто­мо­би­лот, на не­кои пе­де­се­ти­на ме­три од крч­ма­та, на по­че­то­кот на гу­ста­та бо­ро­ва шу­ма по­кри­е­на со снег, Џо здог­ле­да ед­на оса­ме­на ел­ка, укра­се­на со чуд­ни укра­си. Овој ениг­ма­ти­чен фе­но­мен нѐ прив­ле­че и ние трг­нав­ме кон ел­ка­та. Одед­наш пред нас изри­па еден за­јак од сне­гот и по­бег­на кон шу­ма­та, оста­вај­ќи тра­ги од сво­и­те ше­пи зад се­бе. Про­дол­жив­ме кон чуд­на­та ел­ка.

– Што е ова?! – се чу­де­ше вџа­ше­но Сем, кој дој­де најб­ли­ску до ел­ка­та.

– Shit!!! – ел­ка­та бе­ше укра­се­на со туф­ни, кои, всуш­ност, беа за­јач­ки опа­ши, сто­ти­ци за­јач­ки опа­ши, за­ка­че­ни за гран­ки­те на ел­ка­та, од не­кои од нив се уште сѐ це­де­ше крв врз бе­ли­на на сне­гот. Тие тре­ба­ше да прет­ста­ву­ва­ат не­ка­ков тип лам­пи­о­ни. И, на­ви­сти­на, од да­ле­ку при­ле­гаа на не­ка­кви кос­ма­ти но­во­го­диш­ни укра­си.

Одед­наш си­те трој­ца нѐ оп­фа­ти не­под­нос­ли­во га­де­ње и син­хро­но поч­нав­ме да се „ко­зи­ме“ во сне­гот крај ел­ка­та. Се­кое пар­че за­јач­ко го исту­рив­ме ту­ка, на тоа прок­ле­то ме­сто, кое одед­наш ни ја по­ка­жа нај­су­ро­ва­та стра­на на ре­ал­но­ста. Низ гла­ви­те ни прој­доа без­број су­ро­ви сце­ни од ло­во­ви на за­ја­ци. Ед­вај не­ка­ко се со­брав­ме. Се за­мив­ме и осве­жив­ме со сне­гот. Тоа не вра­ти во жи­вот.

Но, бе­ља­та да би­де уште по­го­ле­ма, ко­га се вра­ќав­ме на­зад кон ци­ви­ли­за­ци­ја­та, ве­ќе исто­ште­ни и ин­дис­по­ни­ра­ни за што би­ло, одед­наш пред авто­мо­би­лот истр­ча еден за­јак. За да не го зга­зи, Сем наг­ло го свр­те во­ла­нот и ние се из­лиз­гав­ме од па­тот уди­рај­ќи во еден бор во удол­ни­ца­та. Ре­ал­но­ста наг­ло се сме­ни и ста­на су­ро­ва.

Ис­цр­пе­ни, по пет­на­е­се­ти­на мил­ји пе­ша­че­ње на­зад до „Ве­се­ли­от за­јак“, за да те­ле­фо­ни­ра­ме на влеч­на­та служ­ба, по­втор­но се со­о­чив­ме со нај­мор­бид­но­то но­во­го­диш­но др­во во Оре­гон. Се раз­де­ну­ва­ше, а др­во­то ста­ну­ва­ше сѐ по­у­жас­но и по­у­жас­но. Ка­ко не­ка­ков де­мон­ски то­тем.

– Кој го на­пра­ви ова? – го пра­ша Сем еден од кел­не­ри­те.

Ло­кал­ни­те Ин­ди­јан­ци. Тие ло­ват за­ја­ци за нас, а опа­шки­те ги за­ка­чу­ва­ат на ел­ка­та. Се­кој ло­вец има сво­ја гран­ка и се нат­пре­ва­ру­ва со дру­ги­те во бро­јот на опа­шки. Тој што до Но­ва го­ди­на, ин­ди­јан­ска­та Но­ва го­ди­на, а таа е на про­лет, ќе за­ка­чи најм­но­гу опа­шки на сво­ја­та гран­ка, до­би­ва бо­нус од 100 до­ла­ри од ку­ќа­ва. Биз­ни­сот цве­та, а за­ја­ци­те се ко­тат. Има­ме по­себ­ни ко­ти­ли­шта за нив и про­гра­ми за пре­хра­на…

Ко­га, ко­неч­но, по­втор­но бев­ме „on the road“, Џо поч­на да го спо­ре­ду­ва др­во­то со за­јач­ки­те опа­шки со се­фо­ви­те пол­ни со злат­ни­те за­би од ло­го­ра­ши­те, истрг­на­ти од на­ци­сти­те за Тре­ти­от рајх да би­де уште по­бо­гат, а крч­ма­та „Happy Rabbit“ со Ау­швиц.

Јас са­мо мо­жев да ви ја ка­жам ста­ра­та бал­кан­ска по­го­вор­ка, мис­лам де­ка по­тек­ну­ва од вла­шка­та ет­нич­ка за­ед­ни­ца – ба­ди­ја­ла си­ре­ње са­мо во ста­пи­ца за глув­ци.

Се­ко­гаш пре­циз­ни­от Сем ме ис­пра­ви – ба­ди­ја­ла мор­ков са­мо кај „Ве­се­ли­от за­јак“.

Пишува: Ацо Станковски за Република

Колумна на Ацо Станковски: Јуда Искариотски

Aco-Stankovski

При­ка­ска­та за пре­дав­ство­то на ближ­ни­от е мно­гу пла­стич­но пре­да­де­на во Но­ви­от за­вет пре­ку епи­зо­да­та со Ју­да Иска­ри­от­ски – два­на­е­сет­ти­от Хри­стов уче­ник, оној кој че­сто по­ста­ву­ва­ше чуд­но пра­ша­ња, за­гри­жен и де­пре­си­вен по­ве­ќе­то од вре­ме­то, при­лич­но скеп­ти­чен во ми­си­ја­та на Ису­са од На­за­рет, по­себ­но од вре­ме­то ко­га лу­ѓе­то во Ју­де­ја поч­наа да го пре­поз­на­ва­ат овој Ра­ви, овој ис­це­ли­тел и чу­до­тво­рец ка­ко ме­си­ја.

То­гаш Ју­да – нај­у­че­ни­от ме­ѓу Хри­сто­ви­те уче­ни­ци би­деј­ќи бе­ше пи­сар во хра­мот Еру­са­лим­ски – по­чув­ству­ва ка­ко мор­ни­ци му ла­зат по те­ло­то.

„Што да се пра­ви се­га?“ – Ју­да Иска­ри­от­ски го фа­ти го­лем не­мир.

Тој не бе­ше оби­чен чо­век. Ју­да бе­ше при­пад­ник на зи­лот­ско­то ос­ло­бо­ди­тел­но дви­же­ње, кое ни­ка­ко не мо­же­ше да го под­не­се рим­ски­от оку­па­ци­ски ја­рем. Зи­ло­ти­те имаа под­др­шка во це­ла­та про­вин­ци­ја, а чел­ни­ци­те од Си­не­дри­о­нот беа тај­но по­вр­за­ни со нив, на­де­вај­ќи се де­ка еден по­го­ден ден це­ли­от Изра­иљ ќе се кре­не и та­ка ќе го отфр­лат Рим од сво­и­те стра­дал­нич­ки пле­ќи. Се­кој Изра­е­лец со­ну­ва­ше за де­нот ко­га сло­бо­да­та ќе блес­не во нив­на­та на­па­те­на зем­ја.

И та­ка, ве­ро­јат­но, и Ју­да Иска­ри­от­ски, учен, со го­лем авто­ри­тет ме­ѓу на­ро­дот, де­лум­но са­мо­и­ни­ци­ја­тив­но, де­лум­но по ин­струк­ции на дел од чел­ни­ци­те на кле­ри­кал­на­та ели­та од Еру­са­лим, до­а­ѓа до Ису­са и, не­ка­ко на­си­ла, без не­ко­ја ра­дост на Бо­го­чо­ве­кот се прик­лу­чи на брат­ство­то.

Исус, кој сѐ гле­да, вед­наш ви­де де­ка Ју­да е ко­дош, кој тре­ба да ги сле­ди и да го ин­фор­ми­ра Си­не­дри­о­нот за нив­но­то дви­же­ње и дејс­тву­ва­ње.

„Тој се сне­ве­се­ли, но му до­пу­шти да дој­де со нив“.

Са­ду­ке­и­те и фа­ри­се­и­те, ви­ско­ко­све­ште­ни­ци­те и ве­ле­по­сед­ни­ци­те, мно­гу се за­ин­те­ре­си­раа за овој учи­тел ко­га лу­ѓе­то поч­наа сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе да го гле­да­ат ка­ко ме­си­ја.

Тоа ги воз­не­ми­ру­ва­ше, но и ин­три­ги­ра­ше. Не­кои од нив во не­го гле­даа опа­сен ере­тик, кој се са­мо­про­мо­ви­рал ка­ко ме­си­ја, што ако не е, а ка­ко би бил, ко­га е ро­ден во пе­ште­ра и од си­ро­маш­но за­на­ет­чи­ско се­мејс­тво, а не не­кој принц евреј­ски, то­гаш пра­ви те­жок грев кој зас­лу­жу­ва нај­дра­кон­ска каз­на. Дру­ги­те, пак, вер­ски и оп­штес­тве­ни моќ­ни­ци раз­мис­лу­ваа што мо­же да се изв­ле­че од оваа си­ту­а­ци­ја. Не­што, што би му би­ло од ко­рист на Изра­иљ.

„Ко­га на­ро­дот тол­ку го са­ка и ве­ру­ва де­ка Исус е ме­си­ја­та, то­гаш ај­де да го иско­ри­сти­ме тоа и да го на­пра­ви­ме наш во­дач, кој ќе го обе­ди­ни на­ро­дот про­тив Рим, а та­ка обе­ди­не­ти мо­же да ја по­бе­ди­ме вој­ска­та им­пе­ри­јал­на и да се ос­ло­бо­ди­ме од нив­на­та ужас­на тор­ту­ра“.

За­тоа и го пра­ти­ја Ју­да Иска­ри­от­ски при Ису­са за да му вли­јае, да го под­го­тви за го­ле­ма­та ос­ло­бо­ди­тел­на вој­на про­тив рим­ска­та ти­ра­ни­ја.

Но, Исус не по­ка­жа ни нај­ма­ла жел­ба за ва­кви во­е­но-по­ли­тич­ки аван­ту­ри. На­про­тив, за не­го си­те беа исти, и Ју­деј­ци и Рим­ја­ни, и си­те дру­ги, без оста­ток. За Ису­са нај­важ­на бе­ше чи­сто­та­та на ду­ша­та на чо­ве­ка, а не рас­а­та или оп­штес­тве­ни­от ста­тус.

И се­то тоа се по­вто­ру­ва­ше и зго­ле­му­ва­ше, а оби­ди­те на Ју­да Иска­ри­от­ски да го во­ве­де во уло­га­та што му ја пре­до­дре­ди Си­не­дри­о­нот за ос­ло­бо­ди­те­лен во­дач ни­ка­ко не ус­пе­ваа. На­про­тив, Исус сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе из­бег­ну­ва­ше да збо­ру­ва со не­го, а ко­га, пак, Ју­да ќе му се пу­ште­ше со сво­и­те ин­си­ну­а­ции, Исус, ед­но­став­но, ќе се пов­ле­че­ше не­ка­де или, пак, ве­што ќе ја сме­не­ше те­ма­та. Се­то тоа поч­на да го из­лу­ду­ва Ју­да Иска­ри­от­ски, кој бе­ше вр­вен ин­те­лект и еден од нај­у­че­ни­те пи­са­ри во Па­ле­сти­на.

Ко­неч­но, Ју­да со це­ла­та сво­ја ин­те­ли­ген­ци­ја и кон­та­кти што ги има­ше на­се­ка­де по про­вин­ци­ја­та ско­ва пе­ко­лен план.

– Да го иско­ри­сти Ису­са од На­за­рет ко­га за Пас­ха ќе дој­дат во Еру­са­лим и ко­га ќе се соз­да­де го­ле­ма ме­ша­ни­ца и ко­га тол­па на­род ќе при­стиг­не за да го ви­ди тој Бож­ји Чо­век, Зи­ло­ти­те, не­го­ви­те ре­во­лу­ци­о­нер­ни дру­га­ри да се сме­ша­ат со на­ро­дот и да го кре­нат во­ста­ни­е­то. То­гаш мо­же­би и Исус, ко­неч­но, ќе се све­сти де­ка не­го­ва­та суд­би­на е да за­ста­не на че­ло­то на овој пре­врат, кој ќе до­не­се сло­бо­да и жи­вот.

Но, Исус во­оп­што не вле­зе во нив­но­то сце­на­рио, а во­ста­ни­е­то про­пад­на.

Та­ка, раз­о­ча­ран, но и бе­сен, Ју­да го пре­да­де Ису­са на Рим­ја­ни­те откри­вај­ќи го ме­сто­то на Мас­ли­но­ва­та го­ра, ка­де што брат­ство­то Ису­со­во се бе­ше пов­лек­ло од Еру­са­лим и од страш­ни­от ме­теж и ко­леж што се слу­чи та­му.

И по­тоа зна­е­ме ка­кви гро­зо­мор­ни си­ту­а­ции сле­ду­ва­ат. Но, ви­сти­на­та и со­ве­ста ра­бо­тат. Тие не ми­ру­ва­ат, тие дејс­тву­ва­ат и на ја­ве, и на сон.

Ко­га сфа­тил за ка­кво зло­стор­с­тво се од­лу­чил, тој, Ју­да, са­ми­от си пре­су­ди и се обе­си на др­во во кве­че­ри­на­та на нај­мач­ни­от ден.

Пре­дав­ство­то е гро­зо­мо­рен чин, во слу­ча­јот са­мо сим­бо­лич­ки прет­ста­вен во три­е­сет­те сре­бре­ни­ци. На Ју­да овие па­ри ве­ро­јат­но не му ни тре­ба­ле. Тоа бил са­мо хо­но­ра­рот за да го ве­ри­фи­ци­ра сво­е­то пре­дав­ство на Ису­са Хри­ста.

Три­е­сет сре­бре­ни­ци – три­е­сет ил­ја­ди де­на­ри про­сеч­на пла­та. Се­кој сре­бре­ник по ил­ја­да де­на­ри. Не е ло­шо, би ре­кол, де­ка е и со­се­ма до­бро.

А, тоа што ќе ја из­гу­би­ме др­жа­ва­та, на­ши­от Изра­иљ, на­ша­та Све­та зем­ја, ска­по пла­те­на низ ве­ко­ви­те бор­ба за сло­бо­да, тоа не­ма вр­ска. Тоа е са­мо илу­зи­ја.

– „Од тоа не се жи­вее, но од пет­сто­ти­ни евра мо­же и до­бро да се по­ми­не. За­тоа ќе гла­са­ме за три­е­сет ил­ја­ди де­на­ри – за три­е­сет­те сре­бре­ни­ци.“

– А со­ве­ста? Таа не­ма да ве пу­шти ни­ко­гаш, ни­ту на ја­ве ни­ту на сон.

Пишува: Ацо Станковски за Република

Колумна на Ацо Станковски: ПСИХОПАТОЛОГИЈА

aco-stankovski-psihopatologija

Во огромната практика што психопатолозите ја имаат со душевно болните, има мноштво различни случаи. Посебно се интересни тие што умеат добро да се затскријат и, како такви, некако да се пробијат до највисоките структури на некоја организација. На некоја политичка партија, на пример.

psihopatologija-aco-stankovski

Тогаш нештата почнуваат да добиваат, по сѐ, надреалистички својства, а целата конструкција, во еден момент, доаѓа до состојба на целосна деструкција.

Ова рапидно пропаѓање, кое завршува со едно опаѓачко крешчендо, е резултат на судирот, кој оваа исфантазирана, имагинарна реалност го има со вистинската – космичка реалност, која секогаш стои непоколебливо и цврсто, како и самата вистина. Зошто таа реалност ја содржи во себе вистината како суверена оска на постоењето.

Така, лажната реалност на психопатолошката личност и сличните на неа (заразените со ветувања и со пари), неминовно, доживува катастрофа кога ќе се судри со вистинската реалност дадена од Бога.

А тоа ќе се случи наскоро, поточно на 11 декември оваа година.

Не сакам да прејудицирам, само ги следам главните траектории на оваа драмолетка, која, еве, се протегна цели две години малтретирање и потценување на интегритетот и интелектот на македонските граѓани.

Секако, овде имаме една психопатолошка личност, која со цинизмот и со ароганцијата на неколкуте белосветски играчи од „меѓународната“ е доведена во фокусот на политичкиот живот во Македонија. Никој не знае зошто овие „чадори“ толку сурово си поиграа со македонската република, зошто со толку деградација и дискриминација се нафрлија врз македонските мирољубиви и сервилни граѓани.

– Им се можело – е еден од најобемните одговори, но не и најзадоволителни, во однос на прецизноста.

– Зошто, на пример, не пронајдоа „чадорите“ некој посебен човек за таа функција, некој што ќе има многу поконзистентен и повнимателен настап? Некој, кој, едноставно, е политички писмен, а во СДСМ имаше многу такви луѓе. Да не си отидоа згрозени од планот на „меѓународната“?“

Но, не. Едноставно, тие („меѓународната“) отидоа на една прилично хазардерска варијанта. Зошто?

Како прво, да ѝ погледаме на вистината в очи. Да погледнеме во настаните што ја креираат нашата современа историја – историјата на независна и суверена Република Македонија.
Тука имаме маса примери на идиотска попустливост (веројатно, како резултат на притисок и на корупција), при која, така да се каже, неколку круцијални национални интереси се продадени за 30 сребреници.

Тие интереси се сакрални за една нација и без нив сите натамошни чекори во светот на политиката стануваат проблематични, несигурни и субмисивни.

Името – централен симбол на концептот нација – држава, беше продаден од страна на тогашната партија на власт – СДСМ.

Знамето – симбол на непокорот и на дигнитетот на народот, продаден од СДСМ – партијата, која тогаш имаше мандат да ја управува државата.

250.000 луѓе избркани на улица, како резултат од криминалната приватизација, спроведена од тогаш владејачкиот СДСМ.

За време на мандатот на СДСМ, од 1994 до 1998 година, кога немаше никаква опозиција во парламентот, во еден ден, таа 1996 година, без каква било расправа или консултација, избрани се и поставени како судии 640 лица, партиски членови или симпатизери на СДСМ.

И сега судството било непрофесионално – критика што се вергла токму од претставниците на истата партија, што го дизајнираше судскиот систем во деведесеттите.

Веројатно, дел од овие судски марионети (какви што се сега овие, од СЈО) решиле да се оттргнат од „теледиригираноста“ на „дражавотворната партија“, поттикнати од задоцнетиот, но секогаш добредојден патриотизам, што се однесува до македонскиот интерес.

Потоа, ја потпалуваа војната во 2001 година со подмолности, недостојни за човека. Извршија маса предавства и беа најмногубројни меѓу дезертерите, заменувајќи ја униформата на бранителите на татковината со гаќи за капење, што со задоволство ги рекламираа по плажите на Халкидики.

А потоа, од море, во владејачка фотелја. И тоа ли го среди „меѓународната“?

Потоа, со снобовската флоскула на дворската дама – „некои прашања не заслужуваат одговор“, се извлече елегантно од одговорноста за новото територијално парчење на Македонија.

– До кога?

Откако народот ги собори од власта во 2006 година, тие не мируваат. На победниците не им овозможија еден цел мандат од четири години, туку со помош на „меѓународната“ на секои две години мораше да се организираат нови и нови избори, на кои народот им порача дека веќе не се пожелни и дека се дискредитирани довека.

Но, тие не престануваат. Дали се работи за целосни идиоти или за едно, веќе колективно лудило, кое потпомогнато од „меѓународниве чадори“ добива свои клинички медали. Како да се работи за психоексперимент на најцрните структури на ЦИА.

Затоа, веројатно, се дејствува толку лудачки и фанатично кога се работи за оваа чудна партија – реликт на комунистичкиот тоталитаризам, дополнително воведена во криминал и во велепредавство.

Каква фарса на големите идеали што провејуваа во говорите на Тито и неговите следбеници, кои денес како крадци се обидуваат да ја организираат револуционерната илегала, која повторно треба да ги доведе на власт.

И сето ова укажува на сосема детерминираната патека на инсталирањето на една психопатолошка личност на челото на оваа, веќе сосема пропадната партија.

Станковски: Секои избори се намалува бројот на албански гласови

aco-stankovski-tv-nova

Секако дека сума сумарум СДСМ ќе изгуби затоа што како што видовме од тие 200.000 луѓе кои не се на терен, кои емигрирале од државава во последниве 5 години или повеќе. Испадна дека 190.000 од нив се од албанско етничко потекло и тоа се виде уште пред да почне големата преселба на народите од Северна Африка, Централна Африка и од блискиот Исток поради војните што Стејт дипартментот ги почна таму, а ги води веќе повеќе од 10 години, вели Станковски.

– Авангарда на тие егзодуси беа Албанците што од Косово, што од Македонија, тогаш Европската унија беше збунета, но едноставно го проголта тоа зошто едноставно се соочи со луѓе кои им беа стратешки пријатели, водеа војна за нив, да го добијат Косово како држава мислејќи дека тука ќе им дадат држава и ќе ги вратат, но токму обратното се случи, никој не се врати од тие што беа поместени од зоната на конфликтот, плус отидоа уште многу повеќе. Се проценува дека некои 800.000 последниве години емигрирале од Косово. Се работи за недостаток од албански гласови, гледаме дека секои избори албанските партии освојуваат сума сумарум се помалку и помалку пратеника, токму поради тие работи, истакна Станковски.

Темата на синоќешното издание на емисијата „Аргументи“ беа политичките случувања во регионот, но и во Македонија. Гостин во студиото со Љубиша Николовски беше уметникот Александар Ацо Станковски.

Колумна на Ацо Станковски: ЧАДОРОТ

Aco-Stankovski-kolumna

Во ро­ма­ни­те на Џон ле Ка­ре или Жорж Си­ме­нон, па и на Ага­та Кри­сти, ре­чи­си се­ко­гаш има­те не­ко­ја та­инс­тве­на лич­ност, ко­ја обич­но има изг­лед на сре­до­ве­чен анг­ли­ски џентл­мен со ман­тил, чи­и­што ре­ве­ри се кре­на­ти на­го­ре за да скри­јат дел од ли­це­то, а шап­ка­та го по­кри­ва дру­ги­от, гор­ни­от дел, до­де­ка очи­те оста­ну­ва­ат во дла­бо­ка сен­ка. Не­и­зо­ста­вен дел од не­го­ва­та ми­сте­ри­оз­на по­ја­ва е и ча­до­рот, што овој гос­по­дин по­сто­ја­но го но­си со се­бе.

aco-stankovski-cadorot

Обич­но, овој ча­дор е со­бран, ка­ко да е не­ка­ков суп­сти­тут за ба­стун или, пак, тоа што тој ча­дор стои во та­ква по­зи­ци­ја, мо­же­би, су­ге­ри­ра на не­што дру­го, на оруж­је.

Не ре­тко во шпи­он­ски­те фил­мо­ви ва­кви­от оп­ску­рен гос­по­дин од ча­до­рот ва­ди долг и остар меч, кој го за­би­ва во сто­ма­кот на сво­јот не­при­ја­тел. По­не­ко­гаш ча­до­рот е ма­ски­ран пи­штол, од ка­де што мо­же да се истре­ла еден кур­шум, и тоа во крај­на нуж­да, ко­га гос­по­ди­нот со ча­до­рот е прик­ле­штен во агол. То­гаш та­кви­от при­кри­ен ре­вол­вер мо­же да зна­чи спа­со­нос­на мож­ност за пре­жи­ву­ва­ње. По­не­ко­гаш остри­от врв од ча­до­рот е пре­мач­кан со отров и со не­го се вр­шат бр­зи атен­та­ти, со тоа што слу­чај­но ќе се боц­не жр­тва­та. Ва­кви­от тип оруж­је се ви­ка „бу­гар­ски ча­дор“, за­што со не­го се слу­же­ла бу­гар­ска­та раз­уз­на­вач­ка служ­ба.

Обич­но, во „бу­ле­вар фил­мо­ви­те“ од пе­де­сет­ти­те го­ди­ни има ва­кви ти­по­ви со ча­дор. Ту­ка ам­би­ен­тот е те­мен, по­сто­ја­но вр­не, а ча­до­рот е отво­рен. Игра­та на свет­ло­то и сен­ка­та во сце­ни­те од овој тип фил­мо­ви соз­да­ва уште по­го­лем сус­пенз. Нап­на­то­ста трае, а по­тен­ци­ја­лот на та­инс­тве­но­ста и не­пред­вид­ли­во­ста ги до­ве­ду­ва­ат гле­да­чи­те до лу­ди­ло.

Но, се­то тоа е дел од ин­ду­стри­ја­та за за­ба­ва, а са­мо во ре­тки слу­чаи ста­ну­ва умет­ност.

Умет­но­ста е бла­женс­тво и веч­ност, нед­вој­бе­на ви­сти­на, ко­ја мал­ку­ми­на ја зна­ат, а са­мо не­кол­ку­ми­на ја пра­кти­ку­ва­ат. Умет­но­ста е за­шти­та од оке­а­нот на глу­по­ста и гр­до­ти­ја­та, во ко­ја жи­ве­е­ме. Не са­мо ние, ту­ка, на Бал­ка­нот, ту­ку на­се­ка­де по пла­не­та­ва. Зо­што жи­во­тот е бу­ра од фе­ка­лии, а умет­но­ста е ча­до­рот што нѐ шти­ти од нив?

На сим­бо­лич­ки план ча­до­рот е за­штит­ник, а овој кон­текст мо­же да се ра­ши­ри во пол­но ди­мен­зии. Во во­е­на­та тер­ми­но­ло­ги­ја ча­до­рот е сим­бол за во­е­на ин­фра­стру­кту­ра или си­стем од стра­те­ги­ски, та­ктич­ки и во­е­но-тех­но­ло­шки ком­по­нен­ти, кои вр­шат за­шти­та на це­ли др­жа­ви, па и кон­ти­нен­ти.

Во раз­уз­на­вач­ка­та сим­бо­ли­ка ча­до­рот е не­кој мо­ќен фа­ктор, кој му да­ва и му га­ран­ти­ра си­гур­ност на еден шпи­он или на це­ла гру­па шпи­о­ни, кои са­ка­ат да ја про­ме­нат стра­на­та на ко­ја ѝ слу­жат. За вре­ме на Сту­де­на­та вој­на по­ме­ѓу САД и СССР, на „пре­бе­зи­те“ – кои од ко­му­ни­стич­ки­от блок бе­гаа на За­пад кај сво­и­те но­ви „при­ја­те­ли“ и газ­ди – обич­но си­гур­но­ста им ја га­ран­ти­рал не­кој „ча­дор“.

Во шпи­он­ска­та ли­те­ра­ту­ра од ова вре­ме, ко­га ди­си­ден­ти­те или раз­уз­на­ва­чи­те бе­гаа пре­ку Бер­лин­ски­от ѕид од ДДР кон БРД без со­од­ве­тен „ча­дор“, тие бег­ства ќе беа не­воз­мож­ни, не за­тоа што бег­ство­то пре­ку нај­о­без­бе­ду­ва­на­та гра­ни­ца на све­тот не бе­ше воз­мож­на (не­ма си­гур­нос­на ба­ри­е­ра, ко­ја чо­веч­ки­от ум и те­ло не­ма да ја сов­ла­да­ат), ту­ку за­тоа што без ва­ков „при­ја­тел – ча­дор“, бе­га­ле­цот те­шко би се вкло­пил во но­ви­от си­стем. Сом­не­жот бе­ше енор­мен и се­кој бе­га­лец од зад Же­лез­на­та за­ве­са де­тал­но го прег­ле­ду­ваа и ис­пи­ту­ваа. Всуш­ност, про­тив­ни­кот се­ко­гаш мо­же­ше да уфр­ли свои шпи­о­ни во кон­ку­рент­ни­от си­стем под пре­ве­зот на ди­си­ден­ти­те.

И та­ка, на пр­ви­от знак на сом­неж, ин­фил­три­ра­ни­те аген­ти од дру­га­та стра­на или ќе беа ли­кви­ди­ра­ни или за­тво­ре­ни, а по­доц­на раз­ме­не­ти за сво­и­те аген­ти, фа­те­ни од про­тив­ни­кот, и тоа обич­но кај ве­ќе ле­ген­дар­ни­от пункт на аме­ри­кан­ски­те оку­па­ци­ски си­ли, кај бер­лин­ски­от нај­поз­нат пре­мин за раз­ме­на на шпи­о­ни – „Checkpoint Charlie“.

Ту­ка по­ми­на­ле мно­гу лу­ѓе, на кои „ча­до­ри­те“ им отка­жа­ле љу­бов. За­тоа, мно­гу те­шки мо­мен­ти на­ста­пу­ва­ат за шпи­о­ни­те ко­га ќе ја за­гу­бат нак­ло­не­то­ста на „ча­до­рот“. Тоа не е обич­на ро­ман­са со еле­ги­чен ам­би­ент во ду­ша­та и мно­гу лир­ска рас­тре­пе­ре­ност во воз­ду­хот. Овој рас­кин е прос­ле­ден со кон­стант­на за­ка­на по жи­во­тот, од ед­на­та или, пак, од дру­га­та стра­на. Та­ква­та ег­зи­стен­ци­ја го но­си прет­вку­сот на пе­ко­лот.

Не мал број ва­ка за­тал­ка­ни аген­ти од ка­ри­е­ра се нај­де­ни уби­е­ни и фр­ле­ни во не­кој ен­дек или, пак, из­нур­ка­ле на­ду­е­ни на по­вр­ши­на­та од не­кој ка­нал. Лу­ѓе­то се со­би­ра­ат на ке­јот и го гле­да­ат тру­пот што пло­ви.

По­не­ко­гаш, не та­ка че­сто, не­кои од овие уби­е­ни аген­ти има­ле ча­дор во ра­ка­та. А, по­не­ко­гаш во нив­но­то тор­зо бил за­ри­ен ча­дор. Ова, се­ка­ко, не ни ка­жу­ва мно­гу, освен што упа­ту­ва на ча­до­рот – ка­ко на оруж­је.

Но, ту­ка ениг­ма­та рас­те ка­ко ква­сец. Зо­што со ча­дор? Што тре­ба да зна­чи тоа? Да­ли се ра­бо­ти за ри­ту­ал­но убис­тво? Или, пак, мо­же­би, се ра­бо­ти за не­ка­ква по­ра­ка? Ча­дор? Да­ли ча­до­рот е суб­јект или об­јект? Да­ли ча­до­рот, ка­ко средс­тво на зло­сто­рот, ре­фе­ри­ра на зло­стор­ни­кот и на не­го­ви­от иден­ти­тет? Пра­ша­ња­та се ни­жат во гла­ва­та на до­бри­от де­те­ктив, кој тре­ба да го истра­жи овој слу­чај без ог­лед на тоа за ко­ја по­ли­ци­ја се ра­бо­ти, за онаа од БРД или за онаа од ДДР.

Овој истра­жи­тел (де­те­ктив) не ра­бо­ти од иде­о­ло­шки по­бу­ди, тој се ста­ва се­бе­си во служ­ба на гра­ѓа­ни­те и ра­бо­ти ис­це­ло за нив­на­та за­шти­та, а на ова убис­тво гле­да ка­ко на кри­ми­нал, ка­ко на опас­но по­ве­де­ние на не­кој – „ча­до­рот“, ка­ко на ма­ни­јак, кој ве­ќе од­зел чо­веч­ки жи­вот и ка­ко та­ков ста­ну­ва пред­мет на кри­ви­чен про­гон. Во очи­те на до­бри­от де­те­ктив, кој се ра­ко­во­ди од ци­вил­ни­от за­кон ка­ко од суб­ли­мат на тра­ди­ци­о­нал­ни мо­рал­ни вред­но­сти, ини­ци­ра­ни од ре­ли­ги­ја­та и ве­ри­фи­ци­ра­ни низ ем­пи­ри­ја­та на жи­во­тот, „ча­до­рот“ е са­мо оби­чен уби­ец и ни­што по­ве­ќе.

Кој е „ча­до­рот“? – Ова е глав­но­то пра­ша­ње на до­бри­от де­те­ктив, пра­ша­ње кое е ре­шен да го рас­вет­ли по се­ко­ја це­на и да го уап­си „ча­до­рот“, да го трг­не уби­е­цот од ули­ци­те.

Овој де­те­ктив не се ше­гу­ва. Тој ќе ис­пи­ту­ва и истра­жу­ва сѐ до­де­ка не го фа­ти „ча­до­рот“, без ог­лед на тоа кој стои зад не­го. И ни­што не мо­же да го спре­чи за­што до­бри­от де­те­ктив, всуш­ност, е са­ми­от на­род.

Колумна на Ацо Станковски: ИМПЕРИЈА

Aco-Stankovski

По­ме­ѓу мај­сто­ри­те на ес­на­фи­те од вре­ме­то на го­ле­ми­от гра­ди­тел­ски бум во пер­и­о­дот на го­ти­ка­та во се­ве­ро­за­пад­на Евро­па, кру­же­ше ед­на изре­ка – „Се­ко­ја ту­ла са­ка да ста­не ка­те­дра­ла“, а оваа му­дрост го ка­ра­кте­ри­зи­ра ре­не­санс­ни­от дух, кој ќе сле­ду­ва во след­ни­те ве­ко­ви и ќе поч­не да ја офор­му­ва европ­ска­та ци­ви­ли­за­ци­ја ста­ну­вај­ќи еден си­лен кул­ту­ро­ло­шки агенс, еден син­хро­ни­ци­тет во гра­де­ње­то на уни­вер­зал­ни­от европ­ски (па и свет­ски све­тог­лед, пре­ку ко­ло­ни­ја­лиз­мот) ка­ра­ктер, со­ста­вен од не­ве­ро­ја­тен мо­за­ик на на­ро­ди и мен­та­ли­те­ти, но овој­пат ин­те­гри­ра­ни пре­ку хри­сти­јан­ска­та ве­ра и но­во­о­ткри­е­ни­те естет­ски и на­уч­ни вред­ност на ан­ти­ка­та, кои си­те овие кул­ту­ри ги спо­де­лу­ва­ле под ка­па­та на ил­ја­да­го­диш­на­та Рим­ска Им­пе­ри­ја.

Се­га, во тој фас­ци­нан­тен „чин­кве­чен­то“, Евро­па и неј­зи­ни­те нај­по­тент­ни кралс­тва до­би­ја не­ви­де­ни перс­пе­кти­ви, шан­са да пре­рас­нат во им­пе­рии.

„Се­ко­ја др­жа­ва са­ка да ста­не им­пе­ри­ја, се­кој вој­во­да – им­пе­ра­тор“, па­ра­фра­за за не­ве­ро­јат­ни­те ка­па­ци­те­ти на по­ли­тич­ки и осво­ју­вач­ки план, кои се соз­да­доа за не­кол­ку­те европ­ски мо­нар­хии, пред сѐ, за оние кои имаа раз­ви­е­но мо­реп­лов­ство, со кое поч­наа да ап­сор­би­ра­ат под сво­ја власт не­прег­лед­ни ко­ло­нии на но­во­о­ткри­е­ни­те кон­ти­нен­ти бла­го­да­реј­ќи ѝ на тех­но­ло­ги­ја­та и истра­жу­ваш­тво­то, кои во 15 и 16 век на­пра­ви­ја че­кор, кој до­то­гаш Евро­пеј­ци­те не го беа на­пра­ви­ле во сво­ја­та пи­ша­на исто­ри­ја.

Одед­наш, за­бре­вта­на­та и ам­би­ци­оз­на европ­ска ци­ви­ли­за­ци­ја во но­ви­те про­сто­ри се су­дри со при­ми­тив­ни за­ед­ни­ци, кои ка­ко да дош­ле од пра­и­сто­ри­ја­та.

Во име­то на ве­ра­та, а уште по­ве­ќе во име­то на про­фи­тот, европ­ски­те осво­ју­ва­чи лес­но ги истре­би­ја оние до­мо­род­ци кои си ги бра­неа те­ри­то­ри­ја­та и кул­ту­ра­та, и за­ца­ру­ваа со не­о­че­ку­ва­но го­ле­ми ре­сур­си и про­странс­тва.
Про­сто е шо­кант­но ка­ко не­кол­ку европ­ски кралс­тва син­хро­но се пре­тво­раа во им­пе­рии, и по­крај нив­ни­те ме­ѓу­себ­ни су­ди­ри. Анг­ли­ја, Шпа­ни­ја, Пор­ту­га­ли­ја, Фран­ци­ја и Хо­лан­ди­ја оку­пи­раа та­ка го­ле­ми про­сто­ри што до­би­ја ге­о­граф­ски га­ба­рит на им­пе­рии – еги­пет­ска­та, пер­си­ска­та, ма­ке­дон­ска­та или, пак, рим­ска­та.

Не­кои од овие су­пер­раз­ви­вач­ки кралс­тва се ши­реа те­ри­то­ри­јал­но со та­ков про­грес што и во­да­чот на Мон­гол­ци­те, Џин­гис-кан, би им по­за­ви­дел.

Не на­и­ду­вај­ќи на ни­ка­ков от­пор од лу­ѓе­то, кои беа тол­ку да­ле­ку од мо­ќта на во­е­на­та тех­но­ло­ги­ја на европ­ски­те осво­ју­ва­чи, бе­ли­от чо­век поч­на да за­фа­ќа сѐ по­ве­ќе и по­ве­ќе, а до ско­ро сло­бод­ни­те и сро­де­ни со при­ро­да­та до­мо­род­ци го ви­доа пе­ко­лот на ропс­тво­то. Од 15, па до 17 век, од но­ви­те све­то­ви до­а­ѓаа огром­ни бо­гат­ства. Глав­ни­те гра­до­ви на овие но­ви им­пе­рии, од ма­ли па­лан­ки со го­ле­ми ка­те­дра­ли, се пре­тво­ри­ја во бо­га­ти ме­га­ло­по­ли­си со сто­ти­ци ил­ја­ди, па и ми­ли­о­ни лу­ѓе. Во вре­ме­то на ба­ро­кот – кул­ту­рен стил, кој ја одра­зи европ­ска­та су­пе­ри­ор­ност и рас­кош, а кој се про­ши­ри и по ко­ло­ни­и­те, фер­ти­ли­зи­рај­ќи го све­тот со кул­тот на бе­ско­неч­на­та на­деж во свет­ла­та ид­ни­на, Евро­пеј­ци­те од овие им­пе­рии поч­наа ве­ќе да го мо­де­ли­ра­ат спо­ред сво­и­те па­ра­диг­ми по­го­ле­ми­от дел од све­тот.

Тоа беа ви­стин­ски им­пе­рии, по­ли­тич­ки и еко­ном­ски си­сте­ми, кои кон­тро­ли­раа де­се­ти­ци ми­ли­о­ни ква­драт­ни ки­ло­ме­три и сто­ти­ци ми­ли­о­ни жи­те­ли на пла­не­та­ва.

Во ви­кто­ри­јан­ска до­ба, про­свет­ле­но­то вре­ме на кра­ли­ца­та Ви­кто­ри­ја, Бри­тан­ска­та Им­пе­ри­ја ста­на тол­ку го­ле­ма што се соз­да­де по­го­вор­ка де­ка во ова царс­тво сон­це­то ни­ко­гаш не за­о­ѓа.

Во тоа вре­ме Бри­тан­ска­та Им­пе­ри­ја кон­тро­ли­ра­ше те­ри­то­ри­ја по­го­ле­ма од 44 ми­ли­о­ни ква­драт­ни ки­ло­ме­три, што би би­ло ре­чи­си про­стор, во кој би мо­же­ле да се сме­стат две по­вр­ши­ни на по­доц­неж­на­та ко­му­ни­стич­ка им­пе­ри­ја – Со­вет­ски­от Со­јуз, кој пред па­дот на ре­жи­мот на бол­ше­ви­ци­те има­ше око­лу 22 ми­ли­о­ни ква­драт­ни ки­ло­ме­три и бе­ше нес­по­ред­ли­во нај­про­стра­на­та др­жа­ва во све­тот. Но, иа­ко оваа ка­та­стро­фа на СССР, кој се рас­пад­на пред 25 го­ди­ни, ре­зул­ти­ра­ше и со те­ри­то­ри­јал­на ди­со­лу­ци­ја, Ру­ска­та Фе­де­ра­ци­ја е сѐ уште нај­го­ле­ма­та по по­вр­ши­на др­жа­ва на све­тот со 18 ми­ли­о­ни ква­драт­ни ки­ло­ме­три.

Де­нес сме све­до­ци на по­сто­е­ње­то на са­мо три им­пе­рии. Оние, европ­ски­те ко­ло­ни­јал­ни им­пе­рии во вре­ме­то на мо­дер­низ­мот и по две­те свет­ски вој­ни оти­доа во ми­на­то­то. САД, Ру­си­ја и Ки­на се тие три им­пе­рии, кои де­нес и во дог­лед­на ид­ни­на ќе се бо­рат за сво­и­те ин­те­ре­си и до­ми­на­ци­ја на свет­ска­та ге­о­стра­те­ги­ска и ге­о­по­ли­тич­ка ша­хов­ска таб­ла.

Тоа што иде­о­ло­шки­те прин­ци­пи во си­те овие др­жа­ви ка­ко да се пок­ло­пу­ва­ат низ приз­ма­та на ли­бе­рал­ни­от ка­пи­та­ли­зам, се­пак во нив има го­ле­ми кул­тур­ни и мен­та­ли­тет­ски раз­ли­ки, тол­ку автен­тич­ни и ори­ги­нал­ни, што се­ко­ја од овие им­пе­рии, всуш­ност, зра­чи ка­ко ци­ви­ли­за­ци­ја – ка­жа­но во ду­хот на Хан­тин­гтон.

Им­пе­рии се по­ја­ву­ва­ле низ це­ла­та исто­ри­ја на свет­ска­та сце­на, од оние ми­то­ло­шки­те, ка­ко царс­тво­то Му или Ат­лан­ти­да, па до исто­ри­ски­те, ка­ко еги­пет­ска­та, аси­ро-ва­ви­лон­ска­та, пер­си­ска­та, ма­ке­дон­ска­та, ки­не­ска­та, рим­ска­та, мон­гол­ска­та, ви­зан­ти­ска­та (Источ­но­то Рим­ско Пра­вос­лав­но Царс­тво), ру­ска­та, тур­ска­та, бри­тан­ска­та, ав­стро-ун­гар­ска­та, фран­цу­ска­та, шпан­ска­та, гер­ман­ска­та (во вре­ме­то на Хит­лер), ко­му­ни­стич­ка­та (од вре­ме­то на Ле­нин и на Ста­лин, па сѐ до Гор­ба­чов), аме­ри­кан­ска­та (ли­бе­рал­на им­пе­ри­ја, ко­ја е сѐ уште нај­моќ­на­та во свет­ски рам­ки, но во фа­за на про­па­ѓа­ње) и ја­пон­ска­та до пред кра­јот на Вто­ра­та свет­ска вој­на ко­га е уни­ште­на со атом­ски бом­би од стра­на на САД.

Се­пак, нај­по­ет­ска и нај­о­пе­а­на по сво­е­то ве­ли­чие и фас­ци­нант­ност е Ма­ке­дон­ска­та Им­пе­ри­ја, соз­да­де­на од нај­го­ле­ми­от вој­ско­во­дец на си­те вре­ми­ња и, во­ед­но, нај­ха­риз­ма­тич­ни­от цар во исто­ри­ја­та на чо­веш­тво­то – Але­ксан­дар Тре­ти Ма­ке­дон­ски, на­ре­чен уште и Ве­ли­ки.

Таа им­пе­ри­ја ќе трае це­ли три ве­ка, и по­крај кра­тки­от жи­вот на ца­рот над ца­ре­ви­те – Але­ксан­дар Ве­ли­ки, кој по­чи­на на 33 го­ди­ни во Ва­ви­лон, да­ле­ку од сво­ја­та род­на Ма­ке­до­ни­ја. Иа­ко све­тот тол­ку мно­гу го сла­ви овој не­ве­ро­ја­тен лик, од кој се инс­пи­ри­раа мно­гу умет­ни­ци, по­е­ти, исто­ри­ча­ри, но и нај­го­ле­ми­те твор­ци во умет­но­ста на ро­ке­нро­лот, ка­ко Џим Мо­ри­сон, Ро­берт Плант или Деј­вид Бо­у­ви, зо­што ние, Ма­ке­дон­ци­те, кои сме не­го­ви исто­ри­ски по­том­ци, не би го сла­ве­ле и не би по­ка­жу­ва­ле по­чит кон не­го­во­то исто­ри­ско ве­ли­чие, кое е не­сом­не­но и нес­по­ред­ли­во, ду­ри и во свет­ски рам­ки.

Пишува: Ацо Станковски за Република

Колумна на Ацо Станковски: СЛОНОВИ

aco-stankovski-slonovi-1

Прекрасната новела на Ернест Хемингвеј, „Брегови како бели слонови“, ме инспирира за едно надреално патување, поврзано со нашата политичка сцена. Затоа што оваа општествена состојба во Македонија недвојбено содржи елементи на парадоксалност, ирационалност, чудовишност, параноичност и гротескност, што се неразделиви естетски фактори на еден фантазмагоричен свет, кој повеќе прилега на сон, отколку на јаве.

aco-stankovski-slonovi

Слонот, по себе, е чудесно животно, повеќе како приказ, отколку како некое ординарно суштество од нашето лично искуство, нешто што лесно би препознале и соодветно би го категоризирале. Но овој вчудовидувачки сурлаџија е како животински универзум. Неговите очи гледаат проникливо во нас, просудуваат и мерат, а телото му е како планина, нозете како диреци или стебла на големи дрвја и, конечно, таа вџашувачка сурла, таа цевка и труба, таа рака и нос, воедно.

Велат дека со врвот од сурлата, која како да е составена од три прста, може да подигне игла од мермерен под.

Навистина, слоновите одамна ја распалиле човечката фантазија, но и алчност, посебно кога се работи за слоновата коска (неговите бивни), која има висока цена во индустријата за сувенири и за накит. На овој начин се истребени многу примероци и, така, бројот на слоновите на светско ниво беше стравотно редуциран.

Потоа почнаа разни проекти за зачувување на преостанатата слоновска популација во светот. Се создадоа резервати на површина од стотици квадратни километри, места каде што овие колосални животни би го имале својот „Lebensraum“, а маргините на овој слоновски азил ги чуваа одреди ренџери од групите криволовци.

И слоновската популација се размножи бидејќи во природните услови, какви што беа создадени во тие големи пространства заштитени од државата, слонот нема природен непријател. Ниеден предатор не би се осмелил да нападне слон, а што се однесува до младенчињата, тука стадото многу ревносно се грижи за нивната сигурност и, доколку некои посериозни ѕверови од саваната, како глутница лавови, на пример, сакаат да грабнат некое слонче, тогаш целото стадо се втурнува кон нив, при што царот на животните, заедно со неговите леди и лордови, треба што побрзо да избега од сцената, инаку ќе биде здробен од забревтаните животински тенкови, какви се, впрочем, слоновите.

Поради оваа сила и големина, со која најголемиот копнен цицач на планетава е надарен, многу народи што живеат во регионите во кои постои слонот, создале митови и легенди за ова восхитувачко животно, приказни со глорификувачки контекст, па дури и аспекти на деификација, како што е направено во хиндуистичката религиозна традиција со божеството Ганеш, кое добило слоновска глава откако Шива му ја отсекол неговата оригинална глава. Кога богот Шива сфатил дека направил кобна грешка со овој насилен чин, се зарекол дека на обезглавениот Ганеш ќе му ја даде главата на првото суштество што ќе се појави на сцената. И, во тој момент, случајно се појавил некој слон, при што Шива му ја отсекол главата и му ја насадил на Ганеш. Така, Ганеш повторно се здобил со глава, но овој пат слоновска. Инаку, ова фантазмагорично хиндуистичко божество – Ганеш, е божество што носи среќа и бериќет и често ќе го видите во минијатурна форма како амајлија, закачена под ретровизорот на возилата на индиските таксисти.

Инаку, за разлика од африканските слонови, кои живеат во дивината, дел од таканаречените индиски (азиски) слонови се припитомени и ставени во служба на човека. Во Индија, Бангладеш, Шри Ланка или Тајланд, слоновите се користат за разни работи, тоа се живи машини, кои се вклучени во транспортниот и во градителскиот бизнис, но и во туризмот од најразлични категории, од прошетки, до лов на тигри. Ова последното е одамна редуцирано, па и забрането, но кога во одреден округ ќе се појави тигар човекојадец, тогаш државата го осудува овој убиец на луѓе на смрт и екстерминатор со сертификат се овластува да организира лов на овој ѕвер. Ловот, меѓу другото, подразбира и користење слонови, на чијшто грб се прицврстени големи кошници, во кои се сместуваат гонителите и ловецот. Во постари времиња ваквите ловови биле приредувани за махараџите, а подоцна оваа традиција ја прифатиле и британските колонијалисти.

Слоновите, како ретко кое животно, доживеале голема историска промоција, барем што се однесува до западната цивилизација.

Прво, се споменуваат по повод индиската воена кампања на Александар Велики, кога војската на македонскиот цар се судрила со таа на северноиндискиот владетел Пор, во која имало и единици составени од слонови – вистински подвижни тврдини.

Во вториот случај, историјата нѐ упатува на картагинскиот владетел Ханибал, кој во својот обид да го освои Рим, тргнал со голема војска преку Иберија, јужна Галија, па форсирајќи ги Алпите, им се појавил на Римјаните од север, од каде што, наводно, најмалку го очекувале. На ова свое освојувачко патување Ханибал повел и единица составена од слонови, кои доживувале страшна голгота при поминувањето на Алпите. Замислете каква надреална слика е таа во која колона слонови потонува во снег.

Сепак, во циничната англосаксонска култура на шегобијство, слонот станал симбол на тромавост и на глупавост. Изреката – како слон во порцеланска продавница, е токму произлезена од ова безмилосно хумористично милје.

Но, сето тоа неодоливо нѐ потсетува на нашата опозиција, мислам на изреката – која недвојбено упатува на целата тромавост со која таа успеа да ги измести општествените хиерархии и хармонии, нарушувајќи го поредокот и создавајќи кризен амбиент, непријатен за сите. Секако, со сесрдна помош на таканаречениот „меѓународен фактор“, во улога на махут – или дресер на слонови. Слонови со издолжени и крајно нестабилни нозе, како тие што Салвадор Дали ги наслика како израз на својата поетизирана халуцинација, при која неможното станува можно, а вообичаеното чудовишно.

Пишува: Ацо Станковски за Република