ВИДЕО: Заев и Спасовски на тајна средба со раководството на БЕСА

zaev-spasovski-na-tajna-sredba-so-besa

Лидерот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски денеска одржаа тајна средба со раководството на движењето БЕСА во просториите на албанската партија.

Сепак, иако се обидоа да се сокријат од јавноста, дел од албанските портали објавија снимка од моментот кога Заев и Спасовски го напуштаат седиштето на БЕСА.

Албанскиот портал „Журнал.мк“ објави ексклузивна снимка на која се гледа како Заев и Спасовски излегуваат од просториите на БЕСА во ТЦ Мавровка.

Остана непознато за што разговараа Заев и Спасовски со раководството на БЕСА и зошто средбата не беше отворена за медиуми.

ОВА НÈ ОЧЕКУВА АКО ВЛАСТА ЈА ДОБИЈАТ СДСМ И БЕСА: Касами ветува дека Беса ќе ја редефинира Македонија!

zaev-besa

Билал Касами е еден од основачите и претседател на Беса (во превод значи заклетва), партија во албанскиот политички блок која се залага за повеќе права и почит кон Албанците во Македонија. Според Касами, Беса, за помалку од две години, станала втора најголема партија на албанската заедница во Македонија. Тоа се покажа и на минатонеделните предвремени парламентарни избори, на кои резултатот кој го постигна оваа партија беше вистинско изненадување. Беса освои 5 пратенички мандати и со тоа, како што во една прилика посочи Касами, се покажа дека Беса и е зад петици на ДУИ.

Касами објаснува дека Беса нема класична структура на партиското раководство, туку дека таа обединува група на луѓе кои имаат еднаково учество во нејзиното раководење и оти тие се обединети во нивната определба за борба против, како што вели, широко распространетата дискриминација кон Албанците.

Стои цврсто зад амбициозната цел за „редефинирање“ на Македонија, базирано на принципите на владеење на правото, демократијата и слободата, вели тој.

bilal-kasami

Касами смета дека Македонија може да функционираат врз основа на консензус, со што ќе се спречи концентрацијата на моќ во рацете на една етничка група.

„Само тогаш Албанците ќе ги добијат своите индивидуални и колективни права и тоа е главната цел на партијата“, вели Касами за БИРН.

Лидерот на Беса нагласува дека Македонија функционира како моноетничка држава и оти нејзините институции не ја одразуваат мултиетничката реалност во државата. Според Касами, повеќе од 40 отсто од населението се припадници на етничките групи.

„Не можеме повеќе да толерираме на најважните државни функции да бидат поставувани исклучиво припадници на Македонците“, вели Касами.

– И покрај тоа што имаше многу притисоци кон нашите гласачи, и покрај тоа што ДУИ ги уценувала административците, Движењето Беса, како што се очекуваше, излезе како победничко изненадување на овие избори. Ние продолжуваме со нашата политичка борба за гласачот да го ужива правото коешто е основно човечко право, правото на глас, и никој да не го нарушува тоа право – рече Касами по изборите.

Касами е уверен дека партијата која ја предводи може да помогне во воспоставувањето на рамнотежа на власта во земјава, бидејќи партијата главно ја сочинуваат млади интелектуалци кои се школувале на Запад и кои не чувствуваат никаков комплекс на инфериорност.

Беса беше дел од маршот што се одржа на 9 мај, со кој беше одбележана првата годишнина од вооружените судири во Куманово, во кои загинаа 10 вооружени Албанци и 8 полицајци. На маршот учествуваа повеќе од 20.000 луѓе, а демонстрантите побараа да се формира специјален суд кој ќе се занимава со високопрофилираните случаи во кој се инволвирани Албанци.

Касами некои го обвинуваа дека е поврзан со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и дека партијата наводно се финансира од Анкара. Касами ги отфрли ваквите обвинувања посочувајќи дека партијата ја финансира нејзиното членство и фирми донатори.

zaev-sdsm-kasami-besa

– Да се наметнуваат обвинувања за ваква ориентација од страна на оние што за идеолошка основа ја имаат Русија, комунизмот, марксизмот-ленинизмот, навистина е неморално, но ете, во политиката сѐ е можно и тие го искористија ова политичко право за да го обвинуваат Движењето Беса и покрај фактот што Беса е единствениот автохтон, автентичен и автономен политички субјект на Албанците во Република Македонија – рече Касами.

Тој смета дека ДУИ и ДПА не биле во служба на својата гласачка база. Тој обвинува дека тие функционираат речиси како приватни корпорации кои им служат на интересите на нивните лидери, Али Ахмети и Мендух Тачи.

Касами цврсто стои зад амбициозната цел за „редефинирање“ на Македонија, базирано на принципите на владеење на правото, демократијата и слободата.

– Сѐ додека на високите политички функции, како што се функциите претседател, премиер, претседател на Собранието, министер за внатрешни работи, за финансии и за надворешни работи, не биде поставен Албанец, Македонија секои 10 или 15 години ќе се соочува со длабока политичка криза – ќе каже Касами во една прилика.

Лидерот на Беса се залага за ревизија на одредбите од Охридскиот рамковен договор, бидејќи „15 години подоцна, тој и натаму правилно не се применува,а ситуацијата за Албанците во Македонија е полоша отколку во 2001 година“.

– Охридскиот договор е потпишан под притисок, за време на вооружениот конфликт и затоа време е за нов договор, кој ќе биде потпишан во мирнодопски услови – дециден е Касами.

protest-albanci-monstrum

Според него, Беса е спас за Албанците, бидејќи ако не се појавела навреме, албанските гласачи повторно ќе се определеле за ДУИ.

Касами е роден во 1975 година во Тетово. Студирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на кој дипломирал во 2000 година. Оженет е и има две деца.

Касами влегува во политиката на почетокот на 2000 година, а како член на ДУИ, која е дел од владината коалиција, во периодот меѓу 2004 и 2006 година, поставен е за државен секретар во Министерството за економија. Следните две години работи како висок функционер во македонската царина.

Касами ја напушта ДУИ во 2008 година, тврдејќи дека таа застранила од својата платформа за обезбедување на поголеми права за Албанците. Станува член на новоформираната Нова демократија, која се распадна во 2011 година, откако не успеа да освои ниту една пратеничко место на изборите.

Во тоа време работел како асистент на Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје, а во политиката се враќа во 2014 година.

Вели дека се чувствувал принуден да се врати во политиката, тврдејќи дека Албанците се понижени, бидејќи финансиите и инвестициите, вели тој, се насочуваат кон мнозинското македонско население.

(Интервјуа дадени за Балкан инсајт и Слободен печат)

ВМРО-ДПМНЕ поднесе тужба до Управниот суд против одлуката на ДИК да го уважи скандалозниот проговор на Беса

vmro-dpmne-glaven-stab

ВМРО-ДПМНЕ како предводник на коалицијата За подобра Македонија синоќа до Управниот суд на Република Македонија поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија УП1 10 – 487 од 18.12.2016 година со кое се уважи скандалозниот приговор на подносителот, политичка партија Движење БЕСА и се поништија резултатите од гласањето по листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието на РМ, на гласачко место бр. 0396/1, во општина Гостивар изборна единица 6, информираат од партијата.

„Ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на коалицијата За подобра Македонија и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ“, пишува во соопштението на владејачката партија.

Во рамки на тужбата, пишува во соопштението на партијата, правната служба на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија приложи бројни докази и аргументи со кои се потврдува незаконитоста и неоснованоста на одлуката на Државната изборна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. Секое поинакво постапување би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со пост изборен инженеринг.

Управен суд веќе одлучувал по идентична ситуација: Ако судот се води согласно сопствената пракса треба да ја укине одлуката на ДИК за прегласување!

upraven-sud

Одлуката за уважување на приговорот на Беса за прегласување на избирачкото место 0396/1 во Гостивар каде што спорен беше гласот на Фатиме Сулејмани од Косово, согласно праксата на Управниот суд би требало веднаш да биде укината

Како основа за ова е и претходно утврдената пракса на судот, во пресуда донесена на 23 април 2013-та година. Тогаш судот за идентична ситуација, при изгласан приговор од страна на Државната изборна комисија ја укинал одлуката за прегласување.

На истата одлука се повика и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој на својот Фејсбук профил напиша дека според пресудата на Управниот Суд, Уп.бр.1.11.823 од 27.4.2013 година, кога е одлучено дека „ако некое лице гласало за друго, истото лице имало право да бара заштита на своето избирачко право во даден рок до ОИК/ДИК и доколку не го направило тоа нема основ за прегласување, особено ако тој еден глас нема влијание на конечните резултати“.

УСВОЕН ПРИГОВОРОТ НА БЕСА: Ќе се прегласува на избирачкото место на Фатиме Сулејмани во Гостивар!

glasanje-albanka

Со шест гласа за и три против, ДИК го изгласа последниот осми приговор од движењето БЕСА.

Од вкупно осум приговори од БЕСА, седум се одбиени.

Сепак, за да има прегласување на изборното место 0396/1 во Гостивар зависи колку гласачи има во него и дали истото има доволно за да одлучи за пратеник.

Доколу вкупниот број на избирачи влијае на целокупниот резултат на изборната единица ќе има прегласување на тоа избирачко место.

Тоа гласачко место брои 892 избирачи.

Во моментов Комисијата отиде на пауза.

nikola-todorov-pres-31-10

-Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради тоа и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор седум членовите на Избирачки одбор, заменици членови и набљудувачи- нагласи Тодоров.

Јавноста треба да знае дека Фатиме Сулејмани не пријавила ниту дека ја изгубила ЛК ниту дека некој и ја украл а таа ЛК е заведена во избирачкиот список и многу е веројатно согласно исказите на сите членови на ИО дека таа ЛК е искористена вчера за гласање- образложи Тодоров.

-Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ . Ова е сценариото за постизборен инженеринг што треба да биде реализирано по нечија наредба. ЧЛеновите на ДИК кои излегоа надвор од своите надлежноститреба да размислат дали заради вакво сценарио се подготвени да испратат во затвор седум луѓе ? Дали членовите на ДИК сваќаат што ќе им направат на членовите на семејствата на тие седуммина, дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе Фатиме Сулејмани во Скопје до ДИК со ново АУДИ А8, и дали знаат чие е тоа АУДИ А8? Дали знаат каде е во моментов еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотребил Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри? За се ова постои морална и материјална и кривична одговорност. Дали сте свесни што правите? Дали имате совест? Дали ќе ви биде чиста совеста само заради потребата од изборен инженеринг да испратите во затвор седум невини луѓе. Свестете се, немојте да газите по живи луѓе?- нагласи на прес конференција Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ.

Бонева: Скандалозно е што СДСМ носи сведоци за приговор од БЕСА – тоа потврдува дека се работи за тежок изборен инженеринг

boneva-dik

Кој ја донесе госпоѓата, политичкиот претставник на СДСМ, кој што и поставуваше прашања или БЕСА, бидејќи приговорот, подвлече членот на ДИК, Силвана Бонева, е поднесен од страна на БЕСА.

-Ова го прашувам бидејќи членот на СДСМ поставува прашање, а ние разговараме за приговор од БЕСА. Жената беше донесена од претставник на СДСМ а приговорот е од БЕСА. Па прашувам , како може претставникот на СДСМ да носи сведок за приговор од БЕСА, праша Бонева.

Бонева: Ако имало изборни нерегуларности, зошто претставниците на Беса се потпишале на записникот?

silvana-boneva-dik

Од тоа што можеше овде да се види на ова избирачко место имало 6 овластени претставници на политички партии, идентично заинтересирани како партијата БЕСА изборниот процес да се одвива во фер и демократска атмосфера. Ќе се согласите дека во текот на изборниот ден, до 19 часот, ниту една политичка партија не знаеше колку гласови ќе добие, за некој да премолчи за било кој да има предност, изјави Силвана Бонева, на денешната седница на ДИК, по однос на приговорот од паријата БЕСА.

БЕСА откако ДИК ги објави мандатите, поднеле приговор дека на избирачко место 2333/1, не биле убаво напишани бројките на гласачките ливчиња од страна на ДИК, и дека некој им сугерирал за кого да гласаат на дел од гласачи.

-Ако тоа било така, зошто тогаш овластениот претставник на БЕСА се потпишал на образецот 16, зошто тогаш претставниците на опозицијата се потпишаа и потврдија дека изборниот ден се одвивал регуларно и нема никаква забелешка. Зборувате за период по 19 часот кога почна процесот на броење а гласачки ливчиња. Гласачки ливчиња не се сечени со ножици. Точно дека во повеќе немало ножици, а од нас им беше наведено дека може да го искинат гласачкото ливче. Во однос на бројки на изборниот материјал, дека не биле јасни за гледање, апсолутно не се согласувам дека материјалот не бил нејасен. Уште повеќе се потврдува тезата дека ова не треба да е тезга на пазарење, роковите законот и треба да бидат почитувани од сите претставници, рече Бонева.

Факт се потпишале сите претставници на политичките партии, факт број два, додаде Бонева.

-Претставниците на БЕСА се потпишале дека се е во ред. Приговорот е поднесен откако се знаеше бројот на мандати и затоа сметам дека приговорот е не основан, заклучи Бонева.

ДИК се држи до законот – Само членовите на СДСМ без докази го туркаат сценариото со БЕСА

dik-sednica

Државната изборна комисија со 7 гласа „против“ и два гласа „за“ го одби првиот приговор на политичката партија БЕСА кој се однесува за избирачкото место 2333/1 во Арачиново, изборна единица два.

Мнозинството членови на ДИК се согласија дека за приговорот на БЕСА нема докази кои го потврдуваат тврдењето на политичката партија за наводни изборни нерегуларности.

Неоснованите приговори на БЕСА се отфрлаат. Правните аргументи на кои се повикуваат седуммина од 9-те членови на ДИК се дека ниту членовите на избирачкиот одбор, ниту некој од набљудувачите регистрирал било какво нарушување на изборниот процес и не се знаведени никакви забелешки во записниците.

Со тоа излегува на виделина изборниот инженеринг кој СДСМ и БЕСА сакаат да го реализираат откако сценаристите извршиле пресметка каде би можеле да бидат испратени дополнителни контингенти албански гласови на контото на СДСМ и БЕСА за да се изигра волјата на мнозинството Македонци.

ВО ЖИВО: Седницата на ДИК на која се одлучува за приговорите

vo-zivo-sednica-na-dik

Иако седницата на ДИК, на која ќе се разгледуваат приговорите на СДСМ и Беса беше закажана за 11 часот, се уште не е започната бидејќи членовите на ДИК не можат да се договорат за дневниот ред.

Чичаковски побара пауза, која е во тек, бидејќи не е присутен претставникот на Беса. Од службите велат дека бил уредно известен електронски, а била информирана и партијата.

Седницата теба да продолжи за десетина минути.

По паузата, за која се очекува да пристигне претставникот на Беса, ќе се разгледуваат приговорите на Беса, а потоа од СДСМ, односно предоследно како што се примени жалбите.

Државната изборна комисија одржува седница на која се одлучува за осумте приговори на Коалицијата предводена од СДСМ и уште осум приговори од БЕСА.

Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат и на изборните резултати.

ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

СЕДНИЦА НА ДИК ВО 11 ЧАСОТ: Ќе се одлучува по приговорите на СДСМ и Беса

dik-sednica-izbori-2016

Државната изборна комисија (ДИК) денеска во 11 часот ќе ја одржи седницата на која ќе се расправа и одлучува по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници.

Единствена точка на дневен ред е разгледување и одлучување по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите, информира ДИК.

До ДИК се пристигнати вкупно 16 приговори до ноќеска на полноќ, кога истече рокот за поднесување приговори од политичките партии што учествуваа на предвремените парламентарни избори.

Според информациите од ДИК, од вкупниот број приговори, осум се на коалицијата предводена од СДСМ, а осум се на движењето Беса.

Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат и на изборните резултати.

ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.

Според првичните резултати од изборите што ги објави ДИК, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 мандат, СДСМ 49, ДУИ 10, движењето Беса 5, „Алијанса за Албанците“ три, а ДПА два.

Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги соопшти најдоцна до 20 декември, откако ќе поминат роковите за приговори и одлучување по нив.