СДСМ одби да дебатира за планот на Владата да досели мигранти во Битола

sovet-bitola

И покрај најавата за инклузвниост и транспарентност, дебати за секое важно прашање во државата СДСМ како на централно така и на локално, одбива и бега дебата за прашања кои ги засегаат сите граѓани на државата.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола, Благој Шаклевски на Фејсбук одбиле да дискутираат неприфаќање на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, а после тоа ја напуштиле и седницата. Тој пиша и дека гласот на мнозинството Битолчани сепак ќе се чуе – Заклучокот за неприфаќање на советот е изгласан од Советот и ќе биде испратен до Царовска и Владата.

Фејсбук статус на Благој Шаклевски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Битола:

Откако не поддржаа да се дискутира за НЕПРИФАЌАЊЕ на Нацрт-Стратегијата и Акцискиот План за бегалци и странци 2017-2027 од Советот на Општина Битола, советниците на СДС и нивната коалиција ја напуштија седницата.

Претходно во неуспешен обид да се “исперат” процедурално поднесоа “контра” заклучок во кој буквално го цитираа контроверзниот “демант” на министерката Мила Царовска дека кампови за бегалци немало да има.

Со тоа :

1. Битолските советници на СДС избраа наместо Битолчани да бидат портпароли на Мила Царовска

2. Битолските советници на СДС станаа директни соучесници во погубните планови на Зоран Заев кои носат сериозни демографски, социо-економски и безбедносни ризици за Битолчани и сите граѓани на Република Македонија

3. Битолските советници од СДС со предложениот заклучок (“демант”) индиректно обвинија дека актуелниот претседател на ОО на СДС, Битола, пратеникот Васко Ковачевски ЛАЖЕЛ кога од парламентарна говорница потврди дека на граничниот премин Меџитлија ќе има прифатен центар за Бегалци.

Секој одговара за своите постапки … ама има моменти и МОМЕНТИ кога место да тераш “политика”‘ треба да си само човек.

Гласот на мнозинството Битолчани сепак ќе се чуе – Заклучокот за НЕПРИФАЌАЊЕ е изгласан од Советот и ќе биде испратен до Царовска и Владата.

Со ова ништо не е завршено, ова е само почеток на една долготрајна борба на Битолчани – за себе, за своите семејства и за својот *град.

 

Молотовите коктели во Битола се сценарио на СДСМ за креирање етнички тензии

133599343-108470

СДСМ продолжува со очајните обиди да креира меѓуетнички тензии во напнатиот постизборен период со кој се соочува Македонија. Последен во низата е инцидентот со фрлени молотови коктели во Битола, кој според наши извори е дел од сценариото на СДСМ за креирање на етнички тензии.

Поголем број на медиуми известија дека утрово околу 4 часот оштетена е фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука со седиште во Битола.

Од СВР Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.

Според првичните информации, утрово во 4 часот непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (Молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот. Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации.

Според наши извори, овој инцидент е масло на СДСМ во обидот да креира меѓуетнички тензии со цел да ги претстави Македонците во негативно светло кои ги извршиле овој чин и го нарушуваат соживотот. Ова е само уште еден обид на СДСМ во ваков сензибилен период да подгрее етнички тензии.  Пред неколку дена,  сдсмовските портали беа фатени на дело како преку спинувани вести за напад врз девојка од албанска националност подгреваат етнички тензии.

Дополнително, во текот на вчерашниот ден низ медиумите се појави насока од централата во која СДСМ им порачува на своите членови да се фокусираат со најомразувачки коментари од албански профили кон граѓаните кои секојдневно протестираат и партијата ВМРО-ДПМНЕ.

 

Милошоски: Граѓаните нема да дозволат СДСМ да ја продаде Битола како што го продаде Кичево и Струга

milososki-miting-bitola

Битола секогаш била и ќе биде столбот на Република Македонија, оваа година изборите ги водиме во зима, затоа што Заев и Шекеринска се плашеа да излезат на избори на 5 јуни, затоа за 10 дена нема бегање од изборите, ова не се фантоми ова се битолчани, две години ги трпевме да ја кодошат државата, ја дестабилизираа, фрлаа со бои, но со бои тие можат само да станат молери, а не политичари, изјави Антонио Милошоски носител на кандидатската листа во ИЕ 5, на големиот митинг во Битола.

-Затоа од овде порачуваме на 11 декември ќе победи народот, а не фантоми, во програмата „Реално“, Битола е приоритет и затоа ќе се изгради голема спортска сала, со базен, со ватерполо терен, како и со гимнастичка сала, овој проект ќе чини 13 милиони евра. Во Битола ќе се воведе гасот како енергенс во домаќинствата, ќе се изгради и топлификација за да можат граѓаните да се загреваат на гас, ќе се реновира и болницата. ВМРО-ДПМНЕ ќе го решава проблемот со воздухот во Битола, ќе им помогне во почиста околина, но доколку само ако бидеме сојузници меѓу себе. Пред три години сведоци сме на опожарениот планинарски дом Копанки дека домот ќе биде обновен и заедно тој ќе стане центар на цела Битола, истакна Милошоски.

-Ќе изградиме и експресен пат до Меџитлија, како и реконструкција на патот Битола-Демир Хисар, приоритет во следните четири години ни се отворање на нови 70.000 работни места. Оние кои што ветуваат шарени лаги да ги потсетиме дека не така одамна во 2006 година имавме невработеност од 38 проценти, а денес имаме 24 проценти на невработеност, вели тој.

Во Битола, додаде Милошоски, во 2006-та година биле пријавени вкупно 27.000 како вработени лица, а денес во 2016-та година таа бројка изнесува над  33.000 граѓани, а со тоа сме успеале за 6.000 места да ја зголемиле вработеноста во овој град. -Но затоа нас ни треба стабилна Влада, на 11 декември не ни треба само победа нас ни требаат 63 пратеници за политички стабилна Република Македонија, рече Милошоски.

-Радмила Шекеринска деновиве зборуваше за просечна плата од 30.000 денари, но да ве потсетам дека кога таа беше вицепремиер просечната плата изнесуваше 11.000 денари. Таа ветуваше во 2002 година вработување во секое семејство и затоа наследивме огромна невработеност бидејќи се залагаше за огромна вработеност. Заев цело време не тормози, ни предизвикува тензии и не држи во заложништво, но јас би му порачал да се согласат и тој и Шекеринска на една политичка работа, тој што ќе победи да му подаде рака и да му честита на победникот, за да престанеме веќе да го малтретираме народот, а тоа е во интерес на целата држава, потенцираше Милошоски.

Тој исто така му порача на Заев дека тука до Саат кулата има седум имиња на револуционери кои што загинаа за Битола и затоа нема да ви успее да ја продадете Битола како Кичево и Струга, граѓаните не сакаат дестабилизација, не сакаат двојазичност, не сакаат кантонизација и затоа тоа ќе го покажат на 11 декември.

Груевски најави 2 нови инвестиции во Битола: Најмалку 260 директни нови работни места

gruevski-miting-bitola

Две нови компании ќе инвестираат во Битола, најави Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во ИЕ4, на митинг во Битола.

-Турска компанија која се занимава со метало-преработувачка индустрија одлучи да инвестира во зоната Жабени. Инвестицијата е од 8 милиони и 600 илјади евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Тие веќе имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне за некој месец, следната година, а стартувањето со производство најдоцна една година потоа.

На оваа инвестиција, додаде Груевски, работеше министерот Џери Наумоф по потекло од битолско и двајца од кабинетот на претседателот на Владата, Данчо Николовски и Слободан Тодоровски, кои заслужуваат честитки.

-Втората инвестиција е нова грчка компанија „Пластики“. Денес не извести дека оваа грчка компанија од областа на производството на изолациони и пластични материјали кои се употребуваат во градежни производи, дека донеле и финална одлука за инвестирање во Биотла со планиран број на вработени, најмалку 150 лица и инвестиција вредна 2 милиони евра. Тие ќе ја реализираат инвестицијата во браунфилд објект наредната година, подвлече Груевски и додаде дека овие две инвестиции се заедно 10 милиони и 600 илјади евра и нови најмалку директни 260 работни места.

СНИМКА ОД ДРОН: Масовна посетеност на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Битола (ВИДЕО)

miting-vmro-dpmne-bitola

Голема посетеност на вечерашниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Битола.

На снимката направена со дрон од страна на телевизијата Нова се гледа дека битолчани вечерва изглегле во голем број.

Погледнете ја атмосферата документирана од птичја перспектива:

Милошоски: Шекеринска успеа да му направи сопка на Црвенковски, следен е Заев (ВИДЕО)

milososki-miting-demir-hisar

На 11 декември СДСМ ќе си ја добијат пораката од народот, две години го држеа народот во заложништво, сакаа да ја дестабилизираат државата со настаните во Куманово, тој фрлаше боја, а таа што сака да му биде вицепремиер му помагаше, но граѓаните на Демир Хисар знаат дека со фрлање бои се станува молер, а не политичар, изјави Антонио Милошоски носител на кандидатската листа во ИЕ 5, на вечераниот митинг во Демир Хисар.

-СДСМ уште пред да почнат изборите се откажаа од Демир Хисар и нивниот кандидат го ставија на далечното 14 место. Во Демир Хисар ќе направиме прочистителна станица, ќе го обновиме и реконструираме патот до Битола кој што го користат многу луѓе. Ние не ветуваме нереални работи и завиткани проекти во целофан какви што нудат СДСМ. СДСМ ако дојде на власт ветуваат просечната плата од 30.000 денари, а во нивното време на владеење просечната плата изнесуваше 8.000 денари. ВМРО-ДПМНЕ за разлика од СДСМ нуди реални проекти. Минималната плата во времето на СДСМ беше 6.000 денари, а сега кога не се на власт ветуваат минимална плата од 16.000 денари, да беше така Заев и фамилијата зошто не им даваат плата од 30.000 денари во нивнитеседум фирми во Струмица? Оваа лага завиткана во целофан на СДСМ е нереална лага и многу опасна игра, ние знаеме, памтиме кога СДСМ беше на власт во 2006 година бројот на невработени беше 38 проценти невработеност, а денес со макотрпни маки и заложба на ВМРО-ДПМНЕ успеавме да ја намалиме невработеноста на 24 проценти. А нашата цел и желба за во иднина е да донесеме многу странски инвестиции и да отвориме дополнителни 70.000 нови работни места, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека СДСМ веќе почна да игра на картата за дестабилизација и дигање на меѓуетничките тензии помеѓу Албанците и Македонците.

-Нас не ни се проблем националностите, нас не ништи економијата која ја предлагаат Зоран Заев и Радмила Шекеринска. На Зоран Заев како понов член во политиката треба да му биде јасно дека Рамила Шекеринска успеа да лизне еден претседател од СДСМ и да му направи сопка на Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска е таа што ќе му направи сопка и на Зоран Заев, тој ќе биде претседател на СДСМ до 11 декември, а од 12 декември СДСМ ќе бира нов претседател, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го бира премиерот на Република Македонија, потенцираше Милошоски.

КАЛИОПИ „ГРМЕШЕ“ ВО БИТОЛА: Извонредна изведба на македонската химна (ВИДЕО)

kaliopi-miting-bitola

Македонската поп дива Калиопи на вечерашниот голем митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Битола ја испеа македонската химна.

Толпата народ во еден глас ја пееше националната химна заедно со Калиопи.

Битолчани во огромен број се собраа на градскиот плоштад за да дадат масовна поддршка на оваа Коалиција.

Погледнете ја изведбата на македонската химна од поп дивата.

Милошоски: Битола ќе добие современа спортска сала, базен, железничка и нов експресен автопат

milososki-bitola

Тука во Битола имаме можност да го отвориме регионалниот  изборен штаб за петтата изборна единица заедно со кандидатите за пратеници и да почнеме со претставувањето на нашата програма пред битолчани, изјави Антонио Милошоски носител на ИЕ 5.

-Би ја искористил можноста да кажам дека неколку проекти кои се обврзуваме ќе ги исполниме во иднина: Првиот проект е изградба на еден голем спортски центар во кој што ќе има сала со шест илјади седишта, а ќе има и затворен пливачки базен со ватер поло димензии, ќе има сала за боречки вештини како и една современа гимнастичка сала. Овој нов спортски центар мислиме дека ќе биде еден од најдобрите во Југозападниот дел на Македонија и достоен за големината на Битола и за спортот кој што тука секогаш имал корен. Втората работа како што знаеме пред неколку години како несреќен случај се запали домот копанки, иако не беше сосема регулирана сопственоста на овој планинарски дом ние раговаравме со ЕЛЕМ како препријатие кое што има посолиден буџет и се обврзуваме да го обновиме планинарскиот дом заедно со ЕЛЕМ за што имаме и рок и финансиска конструкција, вели Милошоски.

Тој исто така ја потенцираше и загаденоста на воздухот чистата животна средина. Милошоски рече дека работите не се решаваат со зборови и треба да се преземат капитални проекти. Додаде дека нивниот капитален проект е еден магистрален гасовод, кој што од Неготино ќе доаѓа до Битола, од Битола до Ресен и од Ресен до Охрид-Струга.

-Да направиме еден прстен, а првенствено да може да биде користен преку дистрибутивна мрежа и од стопанските субјекти и од домаќинствата.На тој начин ќе имаме и поевтина енергија и почист воздх, а тие што произведуваат ќе имаат поевтин ресурс по конкурентен на пазарот. На крајот тоа што исто така сметам дека е важно за Битола е експресен пат, од Битола до Меџитлија за да може овој експресен пат да служи за поголема комуникација и на луѓето но и на оние што произведуваат и извезуваат во соседната земја. Исто така патот ќе се поврзува и со индустиската зона Жабени, а ќе го обновиме и железничкото поврзување од Битола кон Грција а со тоа и кон Солун. Се на се за градот Битола имаме проекти кои се дел од реалната програма на ВМРО-ДПМНЕ, не ветуваме брда и долини, но тоа што ќе го запишеме во програмата сакаме да го оствариме бидејќи овие избори не се ни први ни последни, многу ни важи зборот, угледот, довербата на луѓето а досега истата сме ја оправдувале и ќе продолжиме во иднина да работиме така, потенцираше Милошоски.

ФОТО: Младите стојат зад Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, тие ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември

ums-tribina-bitola-3

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Битола ги претстави мерките за млади кои изминатиот период беа промовирани од лидерот на партијата Никола Груевски. На трибината беа промовирани над 40 проекти и мерки и на истата беа присутни млади од Битола, Ресен, Могила и Новаци.

ums-tribina-bitola-1

Свое обраќање на трибината имаше потпретседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој што ја потенцираше важноста од одржувањето на вакви трибини. Тој напомена дека голем дел од проектите кои беа промовирани се предложени токму на вакви трибини кои се одржуваа изминатата година  во секоја општина низ Македонија.

ums-tribina-bitola-2

– Ова вечерва е показател дека младите во Република Македонија стојат позади ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Никола Груевски. Вечерва е повеќе од јасно дека младите ќе го дадат крајниот суд на 11-ти декември, истакна Ѓорѓиевски.

Други говорници на оваа трибина беа и Ангела Тасева, Бојан Димовски и Николина Дамчевска, кои што говореа за студентскиот стандард, мерките во спортот и мерките за култура.

ТРИ ИНВЕСТИЦИИ ЗА ТРИ ДЕНА: Најавени над 2.600 нови работни места

kostal-cerametal-sts

По договорот за инвестирање со СТС Текстил во Велес каде ќе се отворат 1.000 работни места, почетокот на работа на германската компанија „Костал“ во Охрид во која ќе се вработат уште 1.000 лица, инвестицијата на „Цераметал“ во Битола е трета инвестиција за три дена и нови над 2.600 работни места.

„СТС Текстил“ ќе вработи 1.000 лица во Велес

Со почетна инвестиција од 4 милиони евра германската компанија „СТС Текстил“ влегува во Македонија. Најпрво ќе отвори 50 работни места, а според проекциите на компанијата бројката на ново вработени ќе се искачи до 1.000 лица.

– Тоа се 1000 семејства кои ќе најдат сигурна егзистенција и место за работа. Ова ќе биде браунфилд инвестиција, односно капацитетите на компанијата ќе бидат сместени во поранешната фабрика Нонча Камишева, или позната како поранешната Свилара во Велес, која како и многу други беше уништена во болната транзиција од која без работа останаа илјадници граѓани. Денес ние успеваме пропаднатите капацитети да претвораме во успешна приказна. Свиларата во Велес ќе биде успешна фабрика во која ќе биде сместена германската STS Textiles која ке извезува производи од индустриски текстил за автомобилската и техничка индустрија во земји како Германија, Полска, Италија и Франција. Се работи за компанија која беше прогласена Топ 100-те иновативни компании во Германија. Првиот контакт беше направен пред околу една година од страна на Климент Шекеровски, а од самиот почеток во разговорите беше вклучен и Владимир Пешевски и Џери Наумоф. На состаноците во владата, уште пред една година тие силно се бореа и успеаа да го убедат инвеститорот во конкуренција од повеќе држави, место за својата идна инвестиција да ја одберат Македонија, што е уште една потврда за добрата бизнис клима која се создава. Ние силно ќе продолжиме да работиме за стабилизација и напредок во економијата и отворање на нови работни места. И покрај сите предизвици и наметнатата политичка криза, напредокот на граѓаните останува нашиот најсилен фокус. Тоа е разликата помеѓу нас и нашите политички конкуренти. Тоа граѓаните многу добро го гледаат и ја прават разликата помеѓу нас кои работиме, носиме инвестиции, реализираме илјадници проекти, покажавме дека имаме програма и држиме до неа и оние од опозицијата кои прават деструкции и конфликтност и внесуваат несигурност. Нашата борба за секое отворено работно место продолжува, напиша Груевски на својот ФБ профил.

sts

Инвестицијата од 4 милиони евра, планирано е во наредниве 5 години да достигне до 7 милиони евра, а покрај директните, бројката ќе биде зголемена и со индиректни вработувања. Потписници на договорот се министерот за привлекување на странски инвестиции Џери Наумов, како претсавник на Владата, управителот на компанијата Маркус Туч и управителот на компанијата Лутекс, Жаклина Стојановска.

Инаку, компанијата Лутекс е конкретно основана за реализација на инвестицијата, која ќе започне со работа за 1-2 недели.

-Маркус веќе започна со реновирањето и воспоставувањето на производствените операции во објектот кој што беше дел од поранешната фабрика Нонча Камишева, која што во периодот на транзицијата престана да работи, така што ние сме горди дека на овој начин внесуваме нов живот во овој стар комплекс, заедно со уште некои други инвеститори, од кои што еден е од Швајцарија, и се вика Ронтис, а другите се две македонски компании , рече Наумов.

Предвидено е, додаде министерот, помали единици од компанијата да се отворат и во Демир Хисар за поконкретно производство. Во фабриката  ќе се користи најсовремената технологија за плетење,  а компанијата го има развиено единствениот текстил кој што успева да складира соларна енергија од сонцето, уникатен изум кој ќе ги намали трошоците за греење и ладење.

-Разгледувавме повеќе држави во Европа за тоа каде да ја основаме нашата фабрика, а во Македонија најдовме совршена бизнис клима за да ја оствариме инвестицијата. Како и во секоја друга работа имаше определи пречки но успешно и брзо ги надминавме. Затоа денеска сум горд што сум тука и задоволство ми е да споделам дека поставувањето на фабриката е во тек, рече управителот на „СТС Текстајлс“,Маркус Туч.

Во фабриката во Велес ќе се работи со најсовремена опрема за плетење. Ова го гарантира управителот на компанијата. Тој додава дека ќе го остварат и даденото ветување за идни инвестиции.

-Претставува навистина големо задоволство што една од најиновативните германски компании за производство на технички и индустриски текстил, покажа желба и посветеност токму тука да ја реализира првата инвестиција надвор од Македонија, што потврдува дека условите за водење и започнување на бизнис во Македонија се на високо ниво. Со отворањето на Маркарт, инвестицијата на индиската БРГ, како и со започнување на работата на СТС Текстајлс, очекуваме позитивни ефекти во Велес и дополнително намалување на невработеноста, која во изминативе 10 години со имплементирањето на комплементарните економски политики е намалена за околу 50 проценти, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.

kostal-5

„Костал“ стартуваше со производство, инвестицијата ќе креира нови 1.000 работни места 

Германската компанија „Костал“ во вторникот и официјално стартуваше со производствени активности за технолошко напредни и иновативни производи во областа на автомобилската индустрија. Станува збор за „браун-филд“ инвестиција со производствена линија што ќе функционира во рамки на поранешните производствени капацитети на „ЕМО“ кај Охрид.

Претседателот на „Костал групацијата“ Андреас Костал на свеченоста со која беше означен стартот на производствената инвестиција, истакна дека прагматичноста и интелигенцијата кои ја детерминираат економската политика на Република Македонија била една од причините за нивната одлука да отворат своја филијала во Охрид.

– Навистина имавме одлична поддршка од Владата и државните институции во реализирањето на овој проект. Единствено преку таква поддршка беше можно за помалку од една година да дојдеме до степен на почеток на производство. „Костал“ во македонските филијали за наредните десет години планира да известира 30 милиони евра, и на подолг рок, независно автоматизацијата на производствениот процес, да креира 800 работни места, рече тој притоа поздравувајќи ги поволностите што преку реформските политики Република Македонија им ги нуди на странските инивеститори.

kostal-7

Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, во обраќањето пред присутните на свеченоста истакна дека отворањето нови работни места и пуштањето нови производни погони се најдобра празнична честитка за граѓаните на Македонија.

– Благодарение на мерките и политиките на Владата, „Костал“ донесе одлука своето производство да го прошири и тука во Македонија. Она што радува е што зацртаните планови на компанијата етапно и со сигурност се исполнуваат, за што е потврда и почетокот на производството на „Костал Македонија“, рече тој, израувајќи уверување дека како и досега и во иднина ќе следи успешна реализација на предвидените планови на компанијата, со нови инвестиции што ќе значат и нови вработувања и можности за кариера на населението од околните градови и помалите населени места.

Јури Маклакхов, директорот на „Костал Македонија“ ДООЕЛ Охрид, се надоврза со појаснување дека отворањето на овој производствен погон во „ЕМО“ е само почеток на присуството на „Костал Групацијата“ во Македонија.

– Во текот на изминатите девет месеци компанијата „Костал“ во Македонија има инвестирано околу четири милиони евра, вработувајќи 48 лица од Охридско-струшкиот регион. До крајот на оваа година планираме да вработиме околу сто луѓе и инвестиција од околу шест милиони евра. Покрај адаптација на погонот, инвестиравме и во неопходна стручна обука на вработените во Ирска и Германија. Нашиот тим веќе е вклучен во производството на електронски и мехатронски производи за „БМВ“, „Порше“, „Дајмлер“ „Форд“ во нашата македонска фабрика, истакна Маклакхов.

Директорот на ДТИРЗ Виктор Мизо, изрази задоволство што „Костал“ после направените детални анализи и истражувања на инвестициските услови во земји како Бугарија, Србија, Молдавија, Белорусија и Турција, како најповолна дестинација ја избрал токму Македонија и Охридско-струшкиот регион.

– За нас како Дирекција на ТИРЗ особено беше важно што преку овој начин ќе заживее дел од комплексот на поранешен „ЕМО“, каде голем број охриѓани ги почна и завршија своите кариери, притоа решавајќи да ги учат техничките науки поради можностите што ги нудел „ЕМО“. Во „Костал“ се, а и понатаму ќе бидат анагажирани дел од поранешните вработени во „ЕМО“, како еден од важните услови кога „Костал“ се одлучи да инвестира токму на овој регион, рече Мизо.

kostal-6

Тој додаде дека во комплексот на „ЕМО“ ќе биде формирана индустриска зона, каде освен „Костал“ и други потенцијални инвеститори ќе работат на „браунфилд“ инвестиции во постоечки адаптирани капацитети. Тоа, според Мизо, ќе придонесе и за развојот на локалната екомонија преку потенцијална соработка со локални компании и пред се со соработката со општинските технички училишта и Универзитот за технички науки „Свети Апостол Павле“ како извор на потенцијален кадар за потребните на компаниите што инвестираат тука.

На церемонијата на ставањето во погон на производствениот капацитет на „Костал“ во Охрид приуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој меѓу другото истакна дека се работи за реализација на едно од ветувањата дадено кон граѓаните на Охрид, за отворање нови работни места.

– Ова е едно од нашите залагања, да се донесат нови компании што ќе отворат нови работни меса во Македонија. Тој процес успешно се одвива и не е случајно што стапката на невработеноста изминатите десет години постојано опаѓа. Во изминатиот период од десет години секој квартал имаме опаѓање на невработеноста, од 38 на некаде 24 проценти, рече Груевски.

Компанијата „Костал“ постои веќе сто години, а од семеен бизнис прерасна во една од четирите водечки фирми во светски рамки што произведуваат електронска и мехатронска опрема за најпознатите светски автомобилски компании. Во 1973 година компанијата за првпат отвора своја филијала надвор од Германија, така што денес „Костал“ има околу 17 илјади вработени во 46 производствени капацитети во 21 држава на четири континенти.

„Цераметал“ инвестира во „Жабени“- работа за 600 лица

Грчката компанија Цераметал од Атина донесе одлука да инвестира во Битола, поточно во нов капацитет во индустриската зона Жабени, за производство на метални производи, конструкции и на материјали за заварување што наоѓаат примена во енергетскиот и градежен сектор.

-Цера Метал е врвен производител на облагороден оплородни плочи кои што се користат како машински делови, или делови во градежни машини. Овој производ има најдобро решение во проблемите кои се појавуваат како разјадување при триење, ерозија и при судири при големи температурни разлики. Се користи широко во тешката индрустрија, во производство на цименто, во производство на електрична енергија и во рудите. Нивниот производ е нивниот изум , начинот на производство е нивниот изум и се понуди пред 20 години во локалните фабрики за производство на електрична енергија и го искористија нивниот изум за олеснување во нивниот производствен материјал, вели Пападопули.

Компанијата, нагласува таа, располага со голема мрежа на клиенти кои што нивни производи ги продаваат најповеќе во Европа со 40 отсто во Германија, Канада, Чиле, Бразил, Турција, Русија, Јапонија, Тајван и во многу други земји.  Компанијата веќе купи градежно земјиште во индустриската зона Жабени.

-Цера Метал ја избра оваа индустриска зона за да ги вложи своите средства за градење на нова индустриска единица, како главен предуслов беа поволната бизнис клима, инфраструктурата, блискоста со Грција, исто така и рангирањето преку дуинг бизнис членот на земјата во 2016 година беше прогласена за најповолна земја за инвестиции. Исто така поддршката од владата и локалната самоуправа беше еден голем предуслов за да одлучиме ние за инвестирањето тука , спремноста и обученоста на работната рака на луѓето кои сакаат да работат кај нас, расположливоста за комуникација и познавањето на англиски и грчки јазик беше пресудно за да одлучиме дека ние треба да го развиеме нашиот бизнис во оваа земја, вели Пападопули.

Додава дека компанијата купила простор од 45 илјади метри квадратни во индустриската зона Жабени, преку електронска аукција.

-Во првата фаза ќе произведе т.е ќе изгради индустриска единица од пет илјади метри квадратни, каде што за неколку години ќе се зголеми таа градба на 23.700 метри квадратни. Конечната висина на инвестицијата предвидува да достигне до 12 милиони евра, а почетната инвестиција е околу пет милиони евра. Во првата фаза на производството во оваа индустриска единица ќе се ангажираат околу 150 вработени и покрај нив во локалната околина ќе се вработат околу 30 луѓе кои ќе бидат ангажирани за останатите одговорности околу производството, надзор, царина и слично. Како што кажавме во првата фаза ќе вработиме околу 150 лица, но тоа ќе станува последователно како и што ќе се развива нашата производителна единица, така и ќе вработуваме нови луѓе и околу 600 луѓе ќе ни бидат потребни во нашата индустриска зона. Сето тоа ќе биде постепено, бидејќи и ние псотепено ќе се развиваме. Имаме тотална поддршка од владата и од локалната самоуправа, тие ни укажаа на тоа дека таквиот профил кои го бараме ние е доста развиен кадар во ова поднебје и мислам дека нема да имаме никаков проблем да го обезбедиме тој број на лица кои што нас ќе ни требаат, вели Пападопули.