ВИДЕО: Неписмениот Заев се избламира пред велешани: Добровечер, сограѓани на Прчилев

Настапите на лидерот на СДСМ Зоран Заев се конкретен показател зошто Заев презема антимакедонски потези во надворешната политика. Оние договори кои за нас се штетни и антимакедонски за Заев се унапредување на билатералните односи со сеседите. И тоа не е чудно, зашто однародувањето е за народот, само Македонецот може да се одмакедончи, но не и Заев, зашто неговите корени не се во почвата македонска, негова историја не е националната историја на Македонија, а личностите значајни за Македонија и нејзината историја се имиња некаде слушнати и испомепшани во главата на Заев.

Човекот кој е тука, но не за Македонија, додворувајќи им се на велешани беше исвиркан на соствениот митинг како никој досега.

-Добровечер Велес, добровечер сограѓани на Рацин, на Џинот, на Жинзифов, на Брашнаров, НА ПРЛИЧЕВ и на уште многу наши македонски дејци, поздрави Заев во Велес.

Точно е дека Велес со големи букви е запишан многупати во националната историја, точно е дека многу велешани биле горди и знаменити Македонци, но Прличев секако не е еден од нив.
Прличев е роден во Охрид, а оваа информација се учи и знае уште во основно училиште.

Се поставува прашањето дали поради својата неписменост СДСМ го укина екстерното и дали поради непознавањето на основните историски податоци оваа ненародна и предавничка влада сака да ја промени историјата и да потклекне пред соседните земји кои сакаат да не’ збришат како народ?

Инаку, ова не е прв слуѕчај СДС да се избламира на ваков случен начин. Сакајќи да најави каде патува и на која културна манифестација ќе присуствува, министерот за култура на СДСМ, Роберт Алаѓозовски ги измеша брзините и пред отворањето на 52 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ напиша: „Пристигнуваме во Прилеп. Градот-херој, градот на Цепенков, на Чернодрински….“.

Alagjozovski-FB-Cernodrinski

За волја на вистината, собирачот на народни умотворби Марко Цепенков навистина потекнува од Прилеп, но во животописот на теаратскиот режисер и писател Војдан Чернодрински како родно место е запишано струшко Селци.

НЕ Е СМЕШНО, ЖАЛНО Е: Излудениот Рашковски се скара и со Миле Паника, граѓаните ја исмеваат неговата нелогичност и неспособност

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски, синоќа уште еднаш докажа дека неспособноста и самобендисаноста се одлика на Владата на Зоран Заев, пишува порталот Денешен.

Рашковски го нападна популарниот лик Миле Паника кој на својот фејсбук профил се шегуваше со логиката на генералниот секретар на Владата, откако овој на трагикомичен начин се обиде на граѓаните „да им продаде“ приказна дека Укинувањето на радиодифузната такса фактички било покачување на просечната плата.

На ваквото неверојатно нелогично држење до став, му реплицираа голем број граѓани. Со иста не-логика му одговори и Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ, кој Рашковски го потсети дека по истата логика, ВМРО-ДПМНЕ ги зголемило пензиите на пензионерите за повеќе илјадници денари, ако за зголемување ги сметаме парите кои пензионерите не ги плаќаат за автобуски превоз, посета на бањи и лекови.

Ваквата логика на Рашковски предизвика остри реакции и на социјалната мрежа Твитер.

View image on Twitter

View image on Twitter

Сепак, најголемата трагикомедија се случи откако Рашковски, не можејќи да прифати критика за неговиот неразумен, нерационален, нелогичен и необјаснив став, се впушти во жолчна дебата и објаснување дури и со комичниот лик Миле Паника, кој логиката на Рашковски ја објјасни на следниот начин:

На тоа, Ракшовски се најде повикан да одговори, па влезе во уште поголеми нелогичности.

Бламот на генералниот секретар на владата не заврши тука:

Граѓаните кои ја коментираа ваквата реакција на Рашковски порачуваа што побргу Македонија да се врати во нормала, односно подалеку од рацете на вакви луѓе кои не се одликуваат ниту со способност за работа, ниту за логика.

Очајниот СДСМ го пушти низ вода и Шкариќ – сите се бламираат во заштита на губитникот Заев

Небулозни обвинувања, шпекулации и драмолетки наместо издржани правни мислења и толкувања на Уставот. Последните парламентарни избори од „најнеизвесни“, станаа  најскандалозни, не поради самите себе, туку поради самоволните толкувања на Уставот од страна на дел од „стручната јавност“. Така, професорот Светомир Шкариќ од етаблиран стручњак по уставно право, со последните тврдења може комотно да се окфалификува како сенилен шарлатан кој со своите манипулативни толкувања на Уставот ги подгреа постизборните шпекулации и комбинаторики.

Не навлегувајќи во тоа дали Уставот е добар или лош, единствената уставна одредба што се однесува на оваа проблематика е претставена во членот 90, а тој гласи:

„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата“.

Наспроти обвинувањата од страна на ценетиот професор Шкариќ дека Претседателот на државата требало прво да утврди кој може да обезбеди мнозинство во парламентот, а потоа да го даде мандатот за формирање влада,  прво и основно, е што Уставот не налага таква обврска.

Како би можел Претседателот да го утврди тоа? Постојат ли какви било механизми со кои лидерот на одредена партија би гарантирал дека е способен да формира Влада? Кој Претседател во историјата на Република Македонија досега има направено претходни консултации со партиите по ова прашање? Кој претходен лидер/претставник на партија што освоила најголем број на гласови на избори, дал некакви гаранции дека ќе формира Влада?

Уставот не дефинира што во случај кога повеќе партии ќе освојат ист број на гласови. Уставот не му налага на претставникот на партијата што го добил мандатот за состав на нова Влада, доколку не успее да ја формира истата, да го врати мандатот назад. Дури и да е така, Уставот не дефинира кому во овој случај Претседателот на државата ќе ми го додели мандатот. Уставот не налага во услови на неуспех за формирање на нова Влада, дека треба да бидат распишани нови избори…

Како тогаш одлуката на Иванов мандатот да му го даде на Груевски е противуставна и како тоа Иванов требало да направи консултации со партиите?

Во услови на непостоечки правно-обврзувачки механизми, целата оваа полемика околу прикажување на цврсти аргументи за формирање навлада се сведува на траги-комична приказна за мали деца, која единствено може да функционира на „лепи очи“ и  празно ветување како „жими мајка ќе формирам Влада“

Ако се земат здраво за готово, тврдењата на Шкариќ, во скоро сите претходни избори циклуси имаме прекршување на македонскиот Устав. Само за потсетување:

– Во 2006-та, тогашниот претседател Бранко Црвенковски му го додели мандатот за состав на нова Влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, чија коалиција освои само 45 пратеника. Ниту тогаш, која било партија успеала да има мнозинство во Собранието, но никој не го обвинил Црвенковски  дека постапил противуставно…

– Во 2002 та Бранко Црвенковски во функција на лидер на СДСМ, го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Борис Трајковски. Коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ, на овие избори освои 60 пратеника, односно,  и во овој случај немавме мнозинска партија во Собранието.

Најскандалозна ситуација околу определување на мандатар се случи во 1992 та година, по падот на експертската влада, кога претседателот Киро Глигоров, му го додели мандатот на Бранко Црвенковски, иако СДСМ на изборите во 1990 (тогаш СКМ-ПДП) имаше освоено само 31 пратеник, наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои освоија 38 пратеника.

Каде беше тогаш професорот Шкариќ да настапи со критично мислење и да и ги отвори очите на јавноста дека Глигоров го прекршил Уставот.

Неговите небулозни тврдења ги побива и професорката од правниот факултет Татјана Каракамишева- Јовановска, која вели дека не може да има резервен или втор мандатар.

-Ниту Уставот, ниту Законот за влада, ниту Деловникот на Собранието, ниту кој било друг правен акт во земјата не регулира резервна варијанта која би се применила ако мандатарот не успее да состави влада во уставниот рок од 20 дена, изјави Каракамишева – Јовановска.

Она што професорот Шкариќ го нарекува „механичко делување“ на Иванов, е всушност најкоректно делување на Претседателот, согласно Уставот и досегашната установена пракса во Република Македонија, која можеме да ја видиме и во претходни изборни циклуси. Иванов не е ниту модератор, како што вели Шкариќ, ниту психолог, ниту врач за да одредува, претпоставува и проценува кој е способен, а кој не,  да формира нова Влада. Претседателот треба да делува согласно Уставот и тоа и го прави.

Му се допаѓало некому или не, единствено релевантно е тоа што го пишува во Уставот. Наспроти сите недоречености во нашиот Устав, едно е јасно пропишано, а тоа е дека додека не се избере нова, на власт ќе биде последната Влада. Жално е што ваквите „совети“ на професорот Шкариќ, кој е на платената листа на СЈО и се единствено во функција на политиките на СДСМ, ги плаќаат токму граѓаните. Доколку Шкариќ навистина е убеден дека Уставот е повреден, тој како стручњак може да се повика на правно расположливите механизми, или да поведе иницијатива до Уставниот суд. Но по се изгледа дека  неговите експертски ставови се задоцнета фрустрација по неможноста тој лично да стане судија во Уставниот суд.

Во продолжение е приказот на освоени мандати на сите досегашни парламентарни избори во Република Македонија.

Парламентарни избори 1990

Партија Број на мандати
ВМРО-ДПМНЕ 38
СКМ-ПДП 31
ПДП 17
Сојуз на реформски сили 11
Сојуз на реформски сили / Млада демократско-прогресивна странка 6
ПДП-НДП 5
СПМ 4
Независни пратеници 3

Поради несогласувања кои избија меѓу партиите, веќе во август 1992 година во Собранието на оваа Влада ѝ беше изгласана недоверба. Претседателот Киро Глигоров мандатот за формирање на нова влада прво му го додели на Љубчо Георгиевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, партија со најмногу пратеници во Собранието, но тој го врати. Глигоров потоа мандатот го понуди на Петар Гошев од редовите на СКМ-ПДП, но и тој го одби. Потоа претседателот можноста да формира влада му ја даде на Бранко Црвенковски, лидер на СКМ-ПДП. Тој го прифати мандатот и ја формираше втората Влада, која овој пат беше политичка за разлика од првата експертска. ВМРО-ДПМНЕ тогаш тврдеше дека е направена неправда, бидејќи мандатот по одбивањето на Гошев од СКМ-ПДП требало повторно да се врати кај ВМРО-ДПМНЕ, наместо два пати по ред да се нуди на СКМ-ПДП. За формирањето на Владата Црвенковски влезе во коалиција со партијата на етничките Албанци, ПДП, што потоа стана непишано правило, во секоја влада покрај најголемата македонска партија да учествува и партија која ги претставува албанските гласачи. 

Парламентарни избори 1994

Партија Број на мандати
Коалиција „Сојуз за Македонија“ предводена од СДСМ 87
ПДП 10
ЛПМ 5
НДП 4
Независни пратеници 7

Опозицијата, ВМРО ДПМНЕ и Демократската партија го бојкотираа вториот круг на изборите и тврдеа дека имаше сериозни нарушувања во изборниот процес. Поради овој бојкот, кандидатите на Сојузот за Македонија во вториот круг успеаја во голем број да бидат избрани за пратеници. Тогаш речиси едно-партиско Собрание нанесе непоправлива штета за демократијата, приватизацијата, неопходните реформи и политичкото зреење на Македонија како држава.

Парламентарни избори 1998*

Партија Број на мандати
ВМРО-ДПМНЕ 49
СДСМ 27
ПДП 14
Демократска алтернатива 13
ДПА 11
ЛДП 4
СПМ 1
Сојуз на Ромите 1

Љубчо Георгиевски го добива мандатот со освоени 49 пратеници (со ДА вкупно 62)

Парламентарни избори 2002

Партија Број на мандати
За Македонија заедно (СДСМ, ЛДП и др.) 60
ВМРО ДПМНЕ и ЛПМ 33
ДУИ 16
ДПА 7
ПДП 2
НДП 1
СПМ 1

Бранко Црвенковски го добива мандатот од Борис Трајковски со 60 мандати

Парламентарни избори 2006

Партија Број на мандати
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 45
За Македонија заедно (СДСМ и др.) 32
ДУИ, ПДП и ДЛБ 17
Демократска партија на Албанците 11
НСДП 7
ВМРО-Народна партија 6
ДОМ 1
ПЕИ 1

Никола Груевски го добива мандатот од Бранко Црвенковски со 45 мандати

Парламентарни избори 2008

Партија Број на мандати
За подобра Македонија (ВМРО-ДПМНЕ и др.) 63
СОНЦЕ. Коалиција за Европа (СДСМ и др.) 27
Демократска унија за интеграција 18
Демократска партија на Албанците 11
Партија за европска иднина 1

Парламентарни избори 2011

Партија Број на мандати
Коалиција ВМРО ДПМНЕ 56
Коалиција СДСМ 42
ДУИ 15
ДПА 8
НДП 2

Никола Груевски го добива мандатот од Ѓорге Иванов со освоени 56 пратеници

Парламентарни избори 2014

Партија Број на мандати
Коалиција ВМРО ДПМНЕ 61
Коалиција СДСМ 34
ДУИ 19
ДПА 7
ГРОМ 1
НДП 1

Никола Груевски го добива мандатот од Ѓорге Иванов со освоени 61 пратеник (од вкупно 123)

НЕ САКААТ БЛАМАЖА: Колегиумот на МРТ се извинува за непрофесионалното интервју со Јанева

Партискиот уредник со политички нарачаните интервјуа го руши угледот на националната телевизија и ги доведува во заблуда граѓаните.

Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено?, се вели во реакцијата на Колегиумот на Првиот програмски сервис на МРТ по емитуваното интервју со Катица Јанева.

-Случувањата и настаните поврзани со интервјуто на специјалната јавна обвинителка во Дневниците на МТВ1 и настаните кои следствено се случуваа потоа со протекување на снимката ги карактеризираме како неуспешен обид да се даде нова професионална слика на Јавниот сервис преку вештачко билдање на програма која што, не смееше да му случи на ниеден уредник и Телевизија без потребната подготвеност и професионалност во продуцирање на истата. Иако одговорниот уредник, пред една недела беше известен дека постои желба да се направи интервју со г-ѓата Јанева, сепак уредничката Аргирова сосема недоследно и без одобрение на Колегиумот на Првиот програмски сервис, на своја рака го продуцираше интервјуто и без консултација со Колегиумот го емитуваше истото, за потоа да следат лавина од реакции за тоа како било сработено? Се разбира и уредничкиот Колегиум на МТВ1 имше прашања кои сакаше да ги постави до обвинителката Катица Јанева, но завршеното инкогнито интервју не претече сите, надвор од нормалните и професионални принципи на работа (пријава на интервју на колегиум, план за реализација и продукција и емитување на истото). Овие работи повеќе и ги нема како реалност во МТВ, по преземањето на уредничкото место во Информативната програма. Ако ништо друго, очекувавме, барем консултација по однос на содржината и монтажата на истото. И повеќе од убедени сме дека така измонтираното и реализирано интервју не му е местото на ниедна телевизија. Но на желбите и нарачките им нема крај, стои во реакцијата од Колегиумот.

Во истата се нагласува дека доколку одговорниот уредник на МТВ1 или Колегиумот на Првиот програмски сервис беа директно инволвирани во реализацијата на интервјуто, за истото да изгледаше по сите стандарди и нормативи на професионално работење, сега немаше да дојдеме до ситуација никој да извинува на никого.

-А кога сме кај извинувањата сметаме дека токму главното извинување треба да дојде од другата страна, Информативната програма, која што во максимално непрофесионален процес го продуцираше истото и емитуваше без согласност и увид на Главниот и одговорен уредник и програмскиот Колегиум на МТВ1, извинување кое треба да биде упатено, не само кон Специјалното јавно обвинителство туку и кон колегите од Информативната програма и целокупниот новинарски тим од МТВ1, стои во реакцијата.

Првиот програмски сервис на МРТ се извинува на гледачите за објавеното интервју и недоследностите кои излегоа од него.

СДСМ ЗЛОУПОТРЕБУВА, ПА ПЛАЧЕ: Димова го кршеше законот и го злоупотреби имунитетот, а сега плаче и се бламира

Откако пред еден месец го кршеше законот и злоупотребувајќи го пратеничкиот мандат сакаше со пратеничка легитимација да одбегне да плати сообраќаен прекршок, пратеничката на СДСМ Лидија Димова сега плаче и се бламира пред македонската јавност обидувајќи се преку медиумите да изврши некаков притисок.

Лидија Димова изгуби контакт со реалноста. Дури и пратеници од СДСМ неофицијално се срамат и оградуваат од неа и нејзините постапки. На театрална прес-конференција одржана денеска, Димова изјави дека во текот на целиот вчерашен ден дома доаѓал полицаец од сообраќајната полиција, кој ја известил дека мора да и’ врачи потпишување записници, за случајот од пред 1 месец.

-Со кое право ми доаѓаат и ме вознемируваат во вечерни часови мене и семејството?! Во тоа време навечер во маалото има луѓе, како што гледате тука има и игралишта и целта е јасно, да се прави некаков филм на притисок, рече Димова денеска.

Иако на дело беше фатена како го крши законот и притоа го злоупотребува пратеничкиот мандат, Димова сега глуми жртва и се бламира пред целокупната македонска јавност за некаков притисок врз неа.

На 27-ми јуни, Димова од страна на полицијата беше сопрена во близина на Зелениот пазар додека управувала товарно возило. Униформираните полициски службеници констатирале дека Димова сторила два прекршока по Законот за сообраќај и еден прекршок по Законот за јавен ред и мир.

-Ми побараа документи, ја покажав пратеничката легитимација. Ме прашаа дали се повикувам на пратеничкиот имунитет, реков ДА, изјави тогаш Димова.

Димова се повикала на пратеничкиот имунитет одбивајќи да постапи по полициските наредби да го отвори комбето за да се изврши претрес. За да се заштити од санкции Лидија Димова на помош ги повикала и хулиганите задолжени за насилство на протестите на СДСМ да испровоцираат инциденти и судири со полицијата, објави тогаш медиумите.

Експертите веќе коментираа дека пратеничкиот имунитет во земјата многу пати до сега е злоупотребуван од страна на пратениците во опозицијата.

– Секогаш кога треба да се заштитат од сторени незаконски дејствија надвор од Собранието, пратениците на СДСМ без никаква правна основа, и без никаков срам се повикуваат на пратеничкиот имунитет, свесно злоупотребувајќи ја својата положба во системот, изјави универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска.

Таа потанцираше дека загрижува фактот колку пратеничката Димова не го познава Уставот на земјата, колку не го познава Деловникот на Собранието на РМ, колку не ја познава категоријата пратенички имунитет.

– Да имаше основни познавања од овие акти ќе знаеше дека пратеничкиот имунитет не ја штити од сторените прекршоци во сообраќајот, за кои полицијата вчера инфлагранти ја фати, ниту ја штити од сторените повреди на одредбите од Законот за јавен ред и мир. Тоа што пратеничката Димова вчера се повикала на пратеничкиот имунитет, бидејќи била свесна дека направила неколку прекршоци и повреди на законите во земјата, не ја ослободува од правната одговорност како граѓанин на Република Македонија. Ако мисли дека ќе се ослободи од правната одговорност, се лаже, вели Каракамишева- Јовановска.

Нова бламажа на СДСМ – Што пуши Јани Макрадули?

Што пуши Јани Макрадули? Ова е прашањето кое се наметна во јавноста откако поранешниот пратеник и висок фунционер на СДСМ Јани Макрадули на својот Фејсбук профил самиот се бламираше и излезе со целосно невистинити тврдења за денешниот проект за млади лица кој го објави Владата.

Имено, Макрадули денеска покажа дека е целосно аут од политичкиот живот, но и од реалноста. Тој на социјалните мрежи напиша дека “изгледа Груевски, Ставрески и Пешевски ја тестирале марихуаната пред пресот за кредити за куќа за лица до 35 години. Услов било мажот и жената да земаат заедно плата над 1.300 евра“.

Што пуши Макрадули за вака јавно да се бламира не е познато, но очигледно е дека поранешниот пратеник на СДСМ е во голема заблуда. Вистината е дека за да може да се аплицира за проектот, услов е примањата да бидат до 900 евра за поединец или до 1300 евра за брачните другари, како што изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Makraduli-FBПремиерот јасно кажа денеска дека проектот ќе важи за брачни другари кои имаат до 1300 евра приход, а не над како што се бламира Макрадули. Ова само покажува дека во опозициската партија се целосно полудени и се обидуваат со вакви провидни лаги да го оспорат овој мега проект кој е поздравен од целата јавност.

Ако се изразиме со речникот на овој сдсмовски перјаник, останува дилемата што пуши Јани Макрадули. Во секој случај Макрадули покажа дека покрај тоа што е во аут од политичкиот зивот (иако моли Бога некој да го активира), веројатно е аут и од реалноста штом се обидува со вакви лаги да прави евтини спинови. Едно е сигурно,ова е невидена бламажа на Макрадули.

Во секој случај, Владата треба да му е благодарна што со вакви незрели ФБ статуси, освен тоа што се брука самиот, го популаризира и владиниот проект, а тоа воедно го прават и Бранко Героски и Плусинфо, кои дури и се одлучија ваквиот досега невиден бисер на Макрадули да го објават ударно на порталот.